Најосвежителен пијалак ми е лимонадата.. Еден лимон ќе го исцедам со цедалка, ставам две лажички шеќер, вода ии уживам! Брзо лесно и ефтино.
Како го обожавам овошјето, неможе да не ги сакам цедените сокови. Што имам при рака од тоа правам, но во глобала си цедам цитрон и портокал или лимон и портокал. И обичната лимонада со млака вода и мед е супер. Ем ми се вкусни, ем многу здрави.
Јас си цедам дома обавезно од лимон, мандарина, портокал, цитрон. Што има од овие работи обавезно ги комбинирам.
Кога можам да си дозволам уживам да пијам! Најубава а богами и најенергетска ми е комбинацијата цвекло,морков портокал,јаболко и малку лимон! Додавам и малце водичка да се разреди,викаат така било најубаво, 50 % сок 50 вода!
Природно цедените сокови пожелно е да ги консумираме секојдневно доколку сме во можност. Мојот овошен микс содржи портокал,лимон,цитрон и морков и мала количина ладна вода од фрижидер. Тоа е витаминска напивка
Во последно време мама секој ден ни прави вакви сокчиња.Во нашите става портокал,морков и јаболко(понекогаш). А за неа си прави сок од моркови и зелка,поради чирот на дванаесет палечното црево. Инаку мене најмногу ми се допаѓа она одозгора од сокот како кашичка што е.. П.С. јас сабајлево наместо во 7 да станам ,во 6 станав само да ми направи вакво сокче.
фреш од портокал и цитрон,многу добра ствар особено ако се пие насабајле,помага да се порчисти организмот од токсини,а исто и за слабеење е супер,го обожавам
Секојдневно пиеме од цитрон, портокал и лимон, некогаш од јаболки и калинки. Но, ќе мора да просурфам да видам некои други интересни комбинации на овошја и зеленчуци. Ако имате предлози, пишете...
Ммммм свежо цедени сокови ми се слаба страна, омилениот рецепт ми е - 4 јаболка, 3 големи моркови, околу 40тина големи јагоди и пола лимон...одлична комбинација. Исто така свежо направено зелено смути во блендер е одличен избор, еве за вечера си спремив од 5 големи листа блитва(може и спанаќ ама не можев да најдам), 2 банани, 30тина јагоди и 3 праски. Здравје во чаша
Дај предложете ми некој соковник да е добар да не се фрла многу од овошјето. Дали оној на Топ-Шоп вреди за парите или е само маркетинг. Предложете ми било каков само да е добар
Сакам да прашам дали некој/а направила сок од лубеница во соковник? Мислам дека семките ќе заглават во сечилото ( инаку делимано џусер имам), па затоа да прашам дали некој има искуство?