Имаме соковник оној од Делимано Power Juicer,и цедам портокал,лимон,јаболко и морков и има вкус како цедевита..
Mn.ubav ceden sok,a voedno i mn.zdrav e od cveklo,morkov,jabolko,limon,nekolku lista nane i citron. Za tri casi polni jas stavam edno cveklo,3morkova,1limon,1citron,2jabolki i 3-4 mali lista svezo nane.
Колку кила можам да ослабам ако го користам 6-неделниот прирачник што го даваат заедно со Делимано џусерот?
Здраво, колку убава тема, јас обожавам природно цедени сокови и така го започнувам денот. Зимно време си цедев сок од калинка и го пиев наутро на гладно срце (одлично е за срцето, го зајакнува), а овој период цеден сок од портокал, цитрон или комбинација. Инаку обавезно месец април и мај правам прочистување со вода и анисон, ама тоа е веќе друга тема. Овожавам цедени сокови и во текот на денот, комбинации на овошје и зеленчук. Најомилена комбинација ми е портокал, јаболко, морков, целер и ѓумбир. Фантастично!!! А исто така обожавам да блендирам свеж ананас со кокосова вода (се продава во биокосмос). Многу освежува, а ананасот го прочистува и организмот. Поздрав
Zdravo...Neznam kaj da prasam ali mislam deka sum na pravo mesto.Dali nekoj znae nesto za domasen sok od bozel.Mnogu mi e ubav i sekoja sezona si pravam sirup od bozel no pred nekoj den slusnav deka bil steten i deka stvaral sterilitet,a nie sme mlad bracen par pa zatoa mi e mnogu vazno dali e tocno ili ne.Pozdrav koj znae neka odgovori.
Здраво драга, водата со анисон ја правев на следниов начин: во чаша вода навечер ставав две до три ѕвездички анисон (тешко се наоѓа како ѕвезди овде, го има на зелено пазарче на крај каде што се продаваат зачини) и ги оставав потопени цела вечер на собна температура. Наутро се вадат ѕвездичките и се пие течноста на гладно срце 10 мин. пред доручек. Штотуку на гоолге транслате видов дека е анасон а не анисон...на италијански е “anice“ Еве вака изгледа. Поздрав.
Фала ти.. ке пробам да најдам вакво .. доколку го нема вака во ѕвездички го има ли во прав или..? А добро е за целиот организам а?
Не знам дали има во прав, мене ми го препорача во Рим една докторка по природна медицина ги викаат натуропата во Италија на Мк би било хомеопат. Убаво е за прочистување на организмот во целина: ги прочистува органите за варење на храна, ја лечи главоболката, помага при болно грло и дишни патишта. Доколку зрмаш некои антибиотици консултирај се со доктор најнапред дали смееш да мешаш затоа што ова е природен лек, а доколку не земаш никакви антибиотици или лекарства тогаш ок. Само немој постојано, да речеме месец дена е доволно како третман. Ах ми текна, ако не го најдеш како ѕвездички тогаш во ваква форма дефинитивно ќе го најдеш Да бидаам најискрена јас го имам користено само како ѕвездички така да не знам која количина би одела во водата во овој облик. Како својства сигурно е исто. Поздрав
Добра за прочистување и детоксикација е саси водата т.е една краставица, еден лимун, 10 ливчиња нане (или една-две кесички чај од нане) и едно супено лажиче рендан ѓумбир(може и во прав) и се става во литар-два вода и така да отстои преку ноќ (пожелно во фрижидер) и утредента во текот на целиот ден си го пиеш..цел ден свеж ќе си..а и може по желба да се стави и некое друго овошје да се смени вкусот малце пример јас ставам по некоја јаготка или аронија и многу ми е вкусно
Здраво девојки, со оглед на тоа што немаше некоја посебна тема, одлучив овде да ви постирам рецепт за една исклучително здрава и вкусна детокс вода. Може да се направи со најразлично овошје или зеленчук (јас си правам и верзија со краставици). Одлично го прочистува организмот, помага при исфрлување на токсините и вишокот на течности. Вкусна, здрава и без многу шеќери и вештачки бои. Ај да не должам, еве ви за што станува збор. Thursday, June 25, 2015 Детокс вода за прочистување на организмот и исфрлање на токсините Сигурно веќе знаете што е детокс вода, а сигурна сум дека и многумина од вас ја прават дома. Детокс водата е вода во која се додава разно овошје или зеленчук (по ваш избор), која одлично го прочистува организмот и го елиминира вишокот на течности. Овој напиток е одлична здрава алтернатива на купечките сокови, кои најчесто содржат шеќери и вештачки бои, а секако претставува и совршен напиток доколку ви е здосадено да пиете само вода. Навистина е многу лесен за подготовка, а доколку продолжите да ја читате оваа статија, со вас ќе споделам еден рецепт за прочистување на организмот и забрзување на метаболизмот, кој истовремено има и анти ејџ ефект. Рецептот кој сакам да го споделам со вас е мојата омилена овошна детокс вода за која потребни ви се следниве состојки: - 200 до 300 гр. малини; - 2 лимони (јас користам зелен затоа што ми се допаѓа многу повеќе од жолтиот); - свежо нане; - свеж ѓумбир; Изборот на овие состојки не е случаен: - малините се моќни антиоксиданси, изобилуваат со витамини и имаат ниска калорична вредност, а висока хранлива вредност; - ѓумбирот го забрзува варењето на храната и ја намалува подуеноста во стомакот; - лимонот помага во исфрлањето на токсините од телото; - нането го забрзува варењето на храната и го смирува желудникот; Во еден голем бокал (оној за лимонада) исечете два лимона (доколку користите прскани излупете им ја кората), додадете ги малините (малку исецкајте ги и нив за подобро да пуштат од својот сок), додадете неколку листови нане и исецкајте едно мало парче корен од ѓумбир. Количината на состојките зависи од вас и вашиот личен вкус. Јас обично мешам малини со боровници, ама овојпат боровници не најдов, така да ја зголемив количината на малините. Откако ќе ги ставите сите состојки, во бокалот ставете литар вода, поклопете го со капачето и ставете го во фрижидер цела ноќ. Утредента процедете ја течноста и уживајте во вашата нискокалорична течност од која ќе има бенефициите целиот ваш организам. Верувајте ми, вкусот е фантастичен и според мене нема потреба да се засладува, но доколку сакате, додадете малку кафеав шеќер или мед по ваш вкус. Еве како изгледа напитокот по цела ноќ во фрижидер. Овој напиток може да го ставите во едно пластично шише и да го конзумирате во текот на целиот ден, кога е многу жешко а имате потреба од нешто природно и освежително, како и за време на физичката активност кога губите голем дел од течностите. Се надевам дека ви се допадна рецептот за овој толку едноставен, а здрав и многу вкусен напиток. Дали и вие правите дома вакви напитоци? Како ја гасите жедта во топлите летни денови? Благодарам Вики
Здраво, еве ви уште еден рецепт за детокс вода, овојпат од краставица. Супер освежува а го помага и варењето на храната, а со тоа ја намалува подуеноста на стомакот и гасовите во цревата. Поздрав. Детокс вода од краставица за рамен стомак Пред извесно време објавив една интересна статија за детокс вода (односно вода за прочистување на организмот) од малини, која е фантастична за згаснување на жедта во летните жешки денови, или пак за време на физичката активност, содржи голема количина на антиоксиданси и ја оддржува убавината на кожата (доколку сте пропуштиле да ја прочитате еве ви линк http://biodevojka.blogspot.com/2015/06/blog-post_25.html). Во денешнава статија сакам да ви понудам една малку поинаква но сепак мноу вкусна детокс вода од краставица, која е одлична за прочистување на организмот, но и доколку страдате од подуеност во стомакот. Секако водата сама по себе нема да направи да ослабете или да ви го израмни стомакот по една испиена чаша, меѓутоа во комбинација со здрава и урамнотежена исхрана и физичка активност, секако ќе придонесе за подобро варење на храната, а со тоа и рамен стомак. Оваа детокс вода е навистина многу вкусна, ќе се изненадите од тоа колку освежува и ја згаснува жедта. За подготовката на истата потребни ви се следниве состојки: - една поголема краставица или две помали; - два лимони; - малку корен од ѓумбир; - малку свежо нане Во еден голем бокал најнапред убаво исецкајте ја краставицата (доколку користите прскана излупете ја, во спротивно оставете ја кората). Потоа додадете го лимонот исечен на поголеми парчиња, ситно исецканиот корен од ѓумбир и нането. Додадете литар вода, убаво промешајте, покријте го бокалот со капаче и оставете го во фрижидер преку ноќ. Следниот ден процедете ја течноста, ставете ја во едно шише од литар (или две од пола литар) и пијте ја во текот на денот. Ете толку едноставно, а имате прекрасен здрав напиток. Сега да ви објаснам зошто токму овие состојки. Краставицата е зеленчук кој организмот многу лесно го преработува. Одлична е во спречување на воспаленијата и го елиминира вишокот на течности од организмот, а со тоа ја спречува и надуеноста на стомакот. Лимонот го помага варењето на храната, помага во брзото разложување на состојките во организмот и го спречува формирањето на гасови во цревата. Ѓумбирот го забрзува варењето на храната и ја намалува подуеноста во стомакот. Нането го забрзува варењето на храната и го смирува желудникот. Секоја од овие состојки посебно одлично делува во лечењето на подуеноста на стомакот, а сите заедно се вистинска бомба и даваат огромни резултати. Не може ни да замислите колку убаво одговараат вкусовите на овие четири состојки заедно, како да се создадени за да ги искомбинираме во еден ваков напиток. На крај што да ви кажам, пријатен ден и на здравје напитокот! Вики
Прашање на тема цедени сокови? Знае ли некој колку време може да стојат во фрижидер и како може да се пренесуваат? Јас сум слушала дека јаболкото оксидира и вистина е дека менува вкус ако стои повеќе од пола саат. Затоа не се осмелувам да носам со мене во пластично шише, а стаклено па ретко се наоѓа. Некој стручен или запознаен со темава?
Здраво драга, свежо цедените сокови најдобро е да се испијат одма по правењето за да се уживаат максимално сите витамини и хранливи состојки кои организмот веднаш ги зема. Доколку сакаш да ги чуваш во фрижидер истите по правило се чуваат еден максимум два дена, ама јас сепак би ти рекла еден ден. Додека милк шејк се пие веднаш, не е убаво да се чува во фрижидер. Јас наутро си правам чист кефир со овошје во блендер и пробав еден ден да направам повеќе за да имам за утредента (нели да заштедам на време), меѓутоа напитокот следниот ден горчеше и воопшо не беше за пиење, а нормално го чував во фрижидер. За пренесување, најдобро ако најдеш термос за да ја оддржува колку толку температурата на сокот. Поздрав.
Се гледа дека си упатена во темата, ти благодарам на инфото. Сега за популарните смуди, незнам дали имаа соодветен превод. Јас несакам да го викам милк шејк затоа што не ставам млеко. Прашањето ми е следно, бидејќи сум трудна и активна на работа, ми треба да внесувам витамини, дали смуди направено од пола банана, јагоди, чиа семе, чисто со вода, можам да го подготвувам навечер и да го конзумирам утре дента до 10 - 11 часот? Имам такви специјални чашки ( Nutri Bullet користам ).
Пробај за една вечер нема ништо да се случи, меѓутоа квалитетот на сокот ќе биде послаб. Сама ќе направиш разлика во квалитетот. Мој совет ти е сепак со оглед на тоа што си бремена и ти требаат витамини да го правиш наутро. Знам дека е тешко и бремена си, меѓутоа многу е поздраво и секако похранливо. Доколку имаш помош дома замоли барем да ти помогнат во правењето. Еве на пример нека ти ги измијат јагодите од вечерта и стави ги во фрижидер, и наутро само изблендирај 5 мин. заедно со банана. Поздрав.
Јас имам НутриБулет, Божиќната верзија т.е. имам само еден сечач. Јас многу сакам лен, ама купен ми е сега во паковање цело зрно и гледав и на ТВ дека можам со блендерот да го сомелам (кога правам смуди ленот целосно се мели во смудито), прашање ми е, нема проблем со било кој сечач, без додатоци на вода ова-она, ќе го сомели и ништо нема да му биди на блендерот?