Отсекогаш цитрусните сокови ми биле повкусни. Уште ако се погодат благи портокалите, нема утка. Почесто правам само од портокал. Еднаш пробав од портокал, лимон и цвекло (бев на гости). Вкусно беше. Киви отпаѓа од игра. Органски не можам да го поднесам. А калинка до сега не сум пробала. Ама ме подзамисли, па ќе пробам.
јас црвен цитрон форсирам, ама ова кога го пробав со лимон...лудница... исто го цедам на електрична цедалка како и се друго. инаку и јас не ги сакам ич киви и сл комбинации, цвекло со јаболко да, ама само таа комбинација, инаку ни јаболко не сакам..
смути ми е жива измишљотина, бебешка храна сервирана естетски само. блуткаво на јазик, бљак. или цедам или јадам се знае... ова... па ко ќе видам у кафиќ 2 саати го тегне, тоа оксидирало овошјето ништо не останало од витамини..
Сакам природно цедени сокови, посебно комбинација цвекло морков јаблко. Но повеќе преферирам овошјето и зеленчукот да ги јадам свежи. Бидејќи така повеќе можам да почуствувам што јадам, и самиот чин на механичко преработување на тој вид храна повеќе ми се допаѓа, пример, за мене нема поубаво од она кога грицкаш свежо зелено јаболко.. Но затоа кивите би ги маскирала во сок
Девојки сакам да прашам! Доколку изцедам портокал во едно големо стаклено шише дали би се расипал сокот доколку стои во фрижидер? Бидејќи еднаш заборавив чаша на маса со недоиспиен цеден портокал некои 5саати без излезена и коа се вратив дома реков ај да си го допијам да не цедам нов и имаше грозен вкус поточно како распан беше. Редовно си цедам свеж сок но би сакала да пробам вака незнам колку долго би траел да не си го фрлам овошјето за џабе