Гледам нема таква тема па решив да отворам,ако има а не сум забележила слободно клуч Ме интересира колку вас ви смета или ве нервира кога некој упорно се обидува да прислушкува ваш приватен разговор било телефонски или не мене на пример ме нервира мајка ми,кога ке се затворам во соба и разговарам на телефон ја осекам како стои пред мојата врата и слуша и да сакам да кажам нешто што треба лично да го знае таа личност со која разговарам,неможам се кочам,ја имам неколку пати фатено како го преслушкува и на брат ми и имам кажано дека не е ок вака,ама очигледно и преминало во навика,сега свакам родител е и ми мисли се најубаво ама на пример некои работи несакам да ги споделувам со неа,сепак сакам да си имам своја приватност,што е нормално мислам ве прислушкуваат ли и вас дома и што би направиле и како би реагирале во вакви ситуации
ПРИСЛУШКУВАЊЕ НА РАЗГОВОР Мислам не.(Барем ги немам јас фатено). Секогаш кога ми ѕвони телефонот искачам од соба и на раат си правам муабет.
ПРИСЛУШКУВАЊЕ НА РАЗГОВОР Прислушкувањето е доста одвратна и подмолна работа. Не прислушкувам и не дозволувам да ме прислушкуваат.
ПРИСЛУШКУВАЊЕ НА РАЗГОВОР Не прислушкувам разговори, а не ме ни прислушкуваат додека разговарам на телефон.
ПРИСЛУШКУВАЊЕ НА РАЗГОВОР Никој не прислушкувам јас а и за моите сум сигурна дека никогаш не ми дремат пред врата кога зборувам на тел или сум со другарки, ама кога ќе се сетам јас понекогаш кога ќе се скарав со моите ќе излезев од дневна и ќе прислушкував од надвор да не ми збораат нешто зад грб , абе дете
Те прислушкува најверојатно поради тоа што претпоставувам си затворена и не и се отвараш на мајка ти. Јас со мајка ми од секогаш сум била најотворена, најдобра другарка ми е и секогаш и кажувам буквално се.Мајка ми е, нема што да кријам од неа. Никогаш ме нема прислушкувано, нема потреба од тоа, веќе се знае.
Исто како проверување туѓ телефон. Човек, да е било за тебе, на тебе ќе ти се јавеле, тебе ќе ти пишувале. Не го правам, не сакам да ми го прават.
Луѓе ова го најдов кај дечко ми и ми би помогнале кога би ми кажале што е. Изгледа како најобична кутија мала а во него има СИМ картичка како што видов и се полни на струја друго ништо нема.
И мене најмногу ме нервира мајка ми кога зборувам на телефон мора она се да разбере и неколку пати ја имам приметено ама се правам како ништо да не знам
Понекогаш ме прислушкува мајка ми. И кога ќе влезе во собата обавезно погледнува во компјутерот да види што работам ,ама како и секогаш зјапам во десктопот додека таа е во собата
Мајка ми мора да ме прислушкува, ама добро не секогаш.После кој беше тоа, зошто ти заѕвонил бла, бла. Се ја интересира, ама нека ја интересно ми е понекогаш да и објаснувам.
Мајка ми е мераклика за тие работи ,јас оти ја ругам и не смее да ме прашува кој ми звонел,а на брат ми редовно,кој беше,некој од роднините ли беше? ,а татко ми пак претерува понекогаш на пример брат ми седе на фејсбук и пишува и сега татко ми зад него стои и упорно гледа во екранот и јас одма му викам дека не е убаво така,дека треба да се почитува приватноста а он ми вика дека имале право да знаат приватност не почитува ,каков човек значи
Станува збор за два типа на луѓе,оние што се љубопитни и тежнеат да бидат информирани за туѓите животни случувања и другите кои сакаат да бидат слушнати нивните разговори со цел да создадат впечаток дека имаат беспрекорен начин на живот за кој останатите би им завидувале.Тоа што е заедничко за двата типа е недостатокот на култура. Ниту прислушкувам туѓи разговори,ниту пак моите ги прислушкуваат.
Кај дедо ми,незнам како му е направено ама долниот спрат кај шо живее он и горниот каде шо се чичо,стрина и братучедите,направено му е да имат ист број.Различни телефони ама сеа ако ѕвонам јас кај нив и кај двајцата ѕвоне и кој прв ќе се јаве.Ако едниот зборуваа другиот може слободно да си ја крене слушалката и се да си слушне,ама се приметува секако.Кога и да заѕвониме кај дедо ми,стрина ми никако не спушта Ја незнам шо толку сака да разбере.Дури и децата ги научи така.
Баба ми и дедо ми ме нервираат на моменти морат се да разберат со кого седам на улица, да не се дружам со овoј да не се дружам со оној,бидејќи живееме на ист спрат и сега кога тие одат надвор морат да дојдат до мојата соба и јас си седам овие по пола саат стојат на врата и ме гледаат,а да и морат да видат што сум облечена кога одам некаде -.-
Ахх , мајками и братми се по таа работа, но на бато секогаш јас му кажувам иако си слуша , но пак затоа и јас него го прислушкувам А мајками ме нервира кога правам муабет со дечкоми одам во соба , и мама се мотка во ходник , бара нешто кај мене во соба и ке завршам со муабет ми вика зошто одиш во соба седи тука не те прислушкувам , па после 1 саат пак јас на тел. и си правам муабет и од нигде никаде ете мама ми се убацува уз муабет јас со дечкоми се шалам таа ии леле не в икај така ова она па после 5 мин ме снима се тоа потајно и као нешто работи а внактички ме слуша а јас ја пратам и кога ќе завршам со муабет треба 2-3 пати мамо, мамоо да кажам и она што што мене ми зборуваш ,не те слушнав бев фокусирана во работава хахахахахаха абе остајсе хахахахаха Па после ќе ја искарам да не биде таква па 1 ден нема да биде ра после тепа по старо хахахах
Мене не смеат да ме прислушкуваат. Кога разговарам, одам на таван, си седнувам на скалите и дремам во темницата. А другите не го сакаат тоа место, така да не доаѓаат