Мене тоа ме асоцира на некултура. Татко ми е таков и во лице му плескам дека не е културно и убаво додека зборам на телефон да ми виси на вратата ама џабе како сама да си зборам. Ако е нешто за пред нив нема да дојдам во мојата соба и да ја затворам вратата. А тој доаѓа по мене ја отвора вратата и стои мислам Баба ми на времето имаше 2 телефони еден во дневна друг во ходник. Додека зборела на телефонот во ходникот братучедка ми ја прислушкувала на тој од дневна. Ако се збори на едниот телефон во меѓувреме ако ја кренеш слушалката на другиот се слуша и двете страни што зборуваат и ми раскажуваше после како некоја Цветанка од Борилчево умрела. А мене иначе тоа ногу ме интересираше.
Се има случено додека сум во кафич девојките седнати на маса до мене да го слушаат разговорот. Не проста, туку простачка работа. Ова се случува секогаш кога има девојки на соседна маса. За едни дознав дека другиот ден прераскажувале. Моите дома не се прислушкувачи. Мене ми се има случено дома кога имавме два телефони, некој да се јави на едниот а јас од другиот да кренам и са слушам Но се сеќаваше тоа и ми велеа моите спушти ја слушалката
Па како и на секој човек така и мене ми смета прислушкување. Сметам дека на некој начин прислушкувањето е нарушување на приватноста која е право на секој човек. Дома мислам дека до сега никој не ни се потрудил да ме прислушкува а ниту пак јас сум се осудила на таков чекор, мене ми е многу просто и некултурно
Некултурно, дрско, безобразно... Не сакам да прислушкувам, ниту да ме прислушкуваат. Ако треба нешто да знам од другата страна, ќе дознаам. Ако не, значи не тиче ме се. Исто и од моја страна, ако некоја информација е вредна да сподеување ок. Ако не е, продужи даље..
Толку ми е некултурно тоа значи...било кој и да разговара на тел со било кој ,секогаш стојам малку понастрана ,непријатно ми е ,едноставно не сакам да слушам што зборуваат