Soprugot prisustvuvase,i poraj toa sto bese carski poragajot go sledese preku eden prozorec ili kako da go narecam,i sega pak ke prisustvuva,i zosto da ne ako ima zelba neka gleda ima vreme i za da casti i da se iapijani
Blaze tebe. Jas gi molev nikako ne sakaa da go vnesat vnatre ,edna sestra go.vnese na necela.minuta dodeka doktorot ne bese tuka i go izbrkaa posle....e togas so maka vidov...bezobrazni epten bezobrazni!
http://www.motika.com.mk/idniot-tatko-se-namachi-dodeka-zhena-mu-se-poragashe/ Вероватно мојот од ова се плаши..
Jas sum za da prisustvuva mazot na poragaj, mislam deka ovde vo Avstrija e zadolzitelno prisustvo na blizok od semejstvoto, jas sakam mojot da prisustvuva da me drzi za raka, prv da go vidi bebeto, ama toj nekako se dvoumi pa mi veli aj mozi do toga ke soberi sili bidejki i na TV ako vidi nekoja operacija ili krv ne mozi da gleda veli ke mi se slosi. Ama pred nekoj den celiot radosen mi kaza deka na internet izgledal video so carski rez i ne mu se slosilo hahaha isto i zaedno gledavme video od priroden poragaj pa si mislam deka ke prisustvuva ima vreme do avgust
Мојот присуствуваше на двата и ја сечеше папочната врвца. Му имав кажано за време на контракции да не ми се обраќа, да не ме допира...само да стои и да слуша додека викам или да трпи додека му ја стискам раката. Измеѓу контракции бев многу пофина . Првиот пат мајка ми остана со мене во болница за да ми помага, вториов пат он спиеше таму. Првата заедничка ноќ со малата, гушнати сите тројца. Не можевме да и се изнарадуваме.
Јас одамна го имав ставот маж ми да биде покрај мене за време на пораѓајот. За среќа овде каде што сум е задолжително а секако и тој самиот сакаше да биде покрај мене без исклучок. Да сум била и на друго место би си платила приватно. Пораѓајот е најпрекрасниот момент во нашите животи, тоа е момент кој се памети и вечно останува тука, зошто маж ми да биде лишен од сето тоа, зошто да не ги доживее и тој емоциите и најпрекрасниот момент кога му се раѓа детето. Па и подршка, помош, доста ми беше да е тука да ми прозбори и даде храброст и сила во тие моменти. Не знам. Јас многу сум приврзана за маж ми па може затоа така размислувам, но за мене самиот чин и таа среќа е душло поголема кога ја доживуваме и гледаме и двајцата. Кога само го погледнав кога бебето се раѓаше, како солзи му навираа и се радуваше од срце како никогаш до сега.. ми се стопи срцето. Единствено беше, најпрекрасно . Никогаш порано и го немав видено со таков поглед и такво срцебиење.. Маж ми остана со и до мене и бебето се додека не си дојдовме дома.. Моментите се мали, ретки и кратки но засекогаш остануваат длабоко во срцето. Тој на крај ми рече дека ништо не било толку страшно и гадно, се гледал а чуството убаво било и воопшто далеку од страшно.
Мм не присуствуваше на ниту едно од двете породувања , бидејќи овде такви се правилата . Не смееше ниту до пред родилна да дојде . Чекал , слушал и давал поддршка од надвор . Ме слушал додека сум викала додека ме шиеа на второто породување и викал : издржии ( мислел дека бебето сеуште не е излезено ) . Јас сум за тоа да се смени законот и таткото на бебето да присуствува на породувањето ( доколку сака ) , како и да е тоа е и негово бебе . Ама во нашава мила мала државичка , тешко дека ќе се случи тоа некогаш
Ќе присуствува и тоа како .. кажано му е дека без него внатре не влегувам (секако овде зборувам за природно породување бидејќи на операција не е дозволено секако). Ќе си собери сила и храброст како знае и умее и не ни помислувам да го прашам да не нејкеш или да не ти се гади, како што ни мене никој не ме прашува а станува збор за истото заедничко дете. И секако мислам дека СЕКОЈ сопруг треба да присуствува.
Порано мислев дека нема шанси мажот да ми седи на пораѓај и да ме гледа. Сега, бидејќи мм ми е ептен поддршка, не можам да замислам да не е до мене
Кај мене и на царски рез си присувства сопругот, му даваат само облека, маска, за нозете покривки и си стои до сопругата, партнерката, ја држи за раката, прв го зема бебето во раце, сече папочната врвца, поактивен е од мајката.
Ваууууууу.. иииииииии...кога виде како се сече папочната врвца, не ли паднал во несвест....бррррррррр
Кој да падне во несвест, мажот? Јас до сега немам видено маж да падне во несвест, работам како бабица скоро 18 години, тоа по американските филмови само го има. Царски рез кога ги праваат со спинална анестезија е, од кичмата надолу ништо не се чувствува, будни се, гледаат кога се сече папочната врвца. @fana не те нападнав или нешто, само се надоврзав на твоето мислење дека во странство и на царски рез е дозволено присувство на сопругот.
Сватив дека не ме напаѓаш и не дека јас не би го зела на царски(ако до тоа дојде скраја да е) туку би сватила ако не дозволат докторите бидејќи се смета за операција. И нема да ми е грижа дека паднал ТОЈ во несвест .. мислам стварно нема ... Сите мои сили, мисли и цела моја лјубов и посветеност во тој момент ќе бидат насочени само кон БЕБЧО и што побргу да го гушнам.
Маж ми виде се што не видов јас. Појавувањето на главата на бебето, плацентата, сите крвишта, плодовата вода и сечење на папочна врвца. Рече дека ништо не е ненормално напротив убаво и мило му изгледало се.
Мислам во нашава земја никаде не дозволуваат (тоа бебето прв пат го гледаат кога мајката ја зимаат од болница, не па присуство на раѓањето), освен во приватниве во некоја мислам можеше
Јас кога бев рекоа ако нема друга родилка може, зашто се се гледа во боксовите и бесмислено е мажи да се шетаат. Кога се пораѓав сите боксови беа зафатени и немаше шанси. А јас во тој најнакрај бев дури.