Maz mi prisustvuvase , celo vreme bese pokraj mene i mi bese goolema podrska. I papocnata vrvca sekako toj ja presece. Kako i da e , nezaboravni,najubavi momenti koi ne mozat da se opisat so zborovi .I pokraj bolkite , koi jas licno gi nemav mnogu , na kraj se zaborava se koga ke go zememe bebeto vo race.
Исто како што напиша @mirandaa - и кај мене беше со присуство на мажот, со сечење папочна врвца со сѐ, ко на филм И за следно би сакала исто, не дека не би се породила без него, ама дека е тука да го држиш за рака, менува многу работи, барем психички
А како се однесуваа мажите? Мене ме предомислуваат доктори, зашто на многу им се слошувало, одмагале во процесот.. Многу сакам да го доживее и он ова искуство... @sanja.burgundy @mirandaa ?
Дали има некој вид на подготовка (обука во приватните клиники) за таткото кој сака да присуствува ? Во смисол да му дадат конкретни инструкции како и на кој начин може да придонесе за да и биде од корист на сопругата?? Освен морална подршка Инаку сум ЗА да присуствува доколку сака и се спреми да биде корисен . Во развиените држави ова е многу нормално да има трудницата лице за подршка цело време (контроли , часови за припрема за пораѓај со вежби , техника за дишење,масажи,итн...) и лицето што ќе ја придружува ги знае сите овие работи кои ќе и користат и олеснат при пораѓај . Значи не е само од чалам и за снимање , туку навистина можа да бидат од помош.
Им се слошува само кај нас изгледа Како не им се слошува во другите земји? Јас му реков и на мм, ако се пораѓам природно ќе седи до мене, па нека лежи и онесвестен на под ако треба, ич не ме интересира.
Хардкор! Ни јас не го жалам, ама знам дека се препотува од нервоза и мука кога сум ја во прашање. Муабет отворен си направив и со матичниот, другар од средно ни е. По негово дури ни тој немал "сила" да присуствува или пораѓа негови роднини (додека специјализирал), плус се изнагледал случки кога им паѓале па незнаат по кој пациент попрво да гледаат Ама да, излегува нашиве ептен се свилени
@Kitten & @tambelina па и нема многу што да прави мажот освен да стои и да ќути кога он би зборувал, не би ги слушала инструкциите на сестрите и докторката Барем во мојот случај, брзо се породив, па немаше многу време за зборување, за применување на техники и масажи. Неговото искуство кажува - дека му било тешко да ме гледа во болки, а да не може да направи ништо конкретно во врска со тоа. Инаку и јас се породив во странство, па не знам како стојат работите во МК. А ни тука не знам дали имало часови, бидејќи не би ни биле од корист на чешки јазик @mirandaa може да каже како е во Америките
Само мм беше со мене од почеток до крај. Ноќта ја преспа на две фотељи до мене. За време на пораѓајот сестрата ме држеше за едната нога, мм другата, и знам цело време го прашував излегува ли, се гледа ли хаха. Не можам да замислам да не беше таму.
Може да се онесвестува колку сака кога он ќе раѓа, а јас ќе бидам до него и ќе го поддржувам. Леле за првото кога ми кажа не можел да седи, да не се трауматизирал Другарка наша беше кога го изјави ова, не стигнав од неа на ред јас да го подберам, таа си ја заврши работата Траума ќе имал, траума
Konkretno maz mi mnogu mi bese od pomos.Kako da mi davase nekoja sila poveke i poveke i golema podrska mi bese vo celiot toj proces.I slednata bremenost definitivno bi sakala , a i toj isto taka , da prisustvuva pak . Nezaboravno iskustvo e i preubavi momenti koe nikogas ne se zaboravaat . Inaku ovde kade sto sum ,vo Amerika ,nemase nikakvi posebni podgotovki za mazot , od tipot casovi nekoi i slicno za negovoto prisustvo na toj cin.Imavme nekolku casa predavanje da , no zaedno dvajcata ,malku pred da se porodam,da se zapoznaeme so seto ova, so ogled na toa deka mi e prva bremenost.Ne zapoznavaa so prirodnoto poroduvanje, so carski , so nekolkute vida na anestezii i mnogu drugi korisni raboti. Inaku ne samo na cinot na poroduvanje , maz mi lezese so mene vo bolnica isto taka.Ima krevet i za tatkoto pokraj onoj na mama. Zaboraviv da naglasam , prirodno se poragav.Celiot proces,od vleguvanje vo bolnica so pocetni kontrakcii do izleguvanje na bebeto tocno 12 casa bea.
мм не би присуствувал.Или би ама дефинитивно нема да му е добро.Пред една година ми правеа мал захват во хируршка амбуланта(ме шиеја).Лекарот го викна да влезе и он да гледа и да е до мене.Му се слоши му дадоа стол да приседне .Почна да му се гади.Нема желудник он за вакви нешта
Третиот пат завршив на итен царски, па имаше друг развој на настани. Додека ме спремаа чекаше во соседната просторија а кога го вадеа бебето го викнаа внатре. За време на средувањето после зафатот бебето беше кај него, потоа сите тројца се префрливме во друга сала.
@mirandaa и јас природно, без анестезија без ништо, за 2 саати од влегување во болница Може и треба да ја напишам приказната во соодветна тема ама ме мрзи малку ) А дефинитивно се согласувам дека е голема поддршка да имаш некој твој во собата. Пак ќе кажам - ќе се породев и без него во соба, ама мило ми е што и он сакаше
Девојки да сте живи и здрави читајќи ги вашиве постови пробав да си го замислам мојот пораѓај во присуство на мм и се изнасмеав. Одиш на бокс вртиш глава на десно гледаш друга девојка на бокс која исто вришти се поти и нормално мм до нејзе те гледа тебе и мојот нејзе јер кој се породил во Чаир знае дека едно стакло ги дели двата бокса.Дур вие две вриштите на бокс во собата до тебе шетаат 3_4 жени кои чекаат ред да се породат,која прима провокација која гризе кревет.По ходник шетаат исто така жени во крвави спавачи јер исто така нема повеќе од една да ти дадат,а малку понатака излегува некоја што штотуку била во вц со клизма.Е сега замислете на сето ова мажи да прошетаат и да го гледаат и слушаат па и јас да не сум под адреналин би се онесвестила. Зошто бе зошто ни е толку клета државава зошто еден чин кој може да биде толку убав се претвара во хорор. И не ништо од ова не е смислено од збор до збор вистина,нормално без мажи во приказнава. Јас пробувам да се сеќавам по фини нешта на пораѓајот јер ако не е комедија би бил трагедијата,или можеби хорор. Алал да ви е на сите што сте имале прилика за таква подршка.
Баш така. И во државна е слично. Сите на куп во предродилна и еден стол за вагинални прегледи. Една лежи на креветот на цтг, друга расчепена на стол и прави преглед доктор. Никаква приватност нема за родилките, а не па уште и мажи да се стават во приказната. Сѐ се гледа во боксовите и само уште мажи фалат да шетаат. А баш е убав моментот, да стои до тебе кај главата и да го види кога ќе го извадат и ќе го стават на гради кај мајката. Ама ете. Далеку сме.
Ма каква приватност само жени што чекаа за пораѓај беа преку 10 плус бабици доктори сестри хигиеничарки да не претерам ама бевме повеќе од 30 луѓе во тој мал простор.И каква мотивација ми дадоа:Наташа после тебе се качи на бокс а пред тебе ќе роди ајде узбрзај(ова го користат како епидурал)хахах за полесно без болка да го исфрлиш од бес