Да, уште и натпревар има која кога дошла и кога се породила. Замисли стојат мажите до креветите и бодрат, ајде, ајде еве ја и оваа се породи, можеш, побрзо... Ко божем намерно се влечкаме од убавини, свашта. Пак да се пораѓам би го терала да е со мене ако има шанса, мислам сега и сам би сакал.
И замисли се породиш втора и маж ти разочарано ти вика де бе што не напна порано ради тебе изгубив кладба аххах
Мојов со душа чека да дојде денот, иако ќе бидам со царски рез он пак ќе присуствува на пораѓајот но пред време ми кажа дека нема да ја сече папочната врвца. Исто и за првата ќерка татко и беше присутен на пораѓајот (царски), влезе од како ми го пресекоа стомакот и наместо да ми биде поддршка од умот ме изваде, само што влезе и одма почна да паничи леле ова на патосов шо е крвта цела е од тебе ми вели или и од некоја пред тебе, леле господе боже само да видиш колку многу крв нема шанси ова да е само од еден човек ( а тоа сето измешано крв и плодова вода) и му реков ако си мирен седи тука и ќути а ако планираш да паничиш молим те излези Стварно жално што кај нас во МКД нема такви услови за таткото да присуствува на пораѓај, а и жално што мајките треба да гледаат и слушаат кога друга родилка се пораѓа, јас во таква ситуација од паника би умрела
Реално стварно би било така таму, но имало посебен, четврт бокс поизолиран, па кога ќе дошло време и ќе те качат на бокс тогаш го викале мажот од посебна просторија да влезе.
Маж ми беше присутен со тоа што договорени бевме до родилна сала заедно, после сама. Ама делот на бокс предолго траеше па докторката сама го викна да влезе и да биде до крај покрај мене. Мене ми сметаше, не дека он многу збореше и се приметуваше, ама во тие моменти ми требаше концентрација и фокус а вниманието се нешто кај него ми бегаше, како да го мислев повеќе него од себе. Ама бидна, ок. За второво дете категорично сака да биде таму, па нека биде чим еднаш бил нека го пак
Наводно ако имаш "свој" доктор се договараш со докторот. Јас немам, ќе пробам на лице место да ги замолам, зашто тој им е резервен бокс и не е секогаш зафатен. Не се наплаќа.
Се сеќавам и на твојов муабет од предавањата што си одела. Затоа и се надевам дека може ќе успеам да го внесам
Тука кај мене, мора да има некој присутен за пораѓајот. Дали сопруг, мајка или ако сакаш можеш и да платиш "doula" да ти помаѓа. Ние се одлучивме маж ми да биде присутен, здравје!
Ме расплака од смеа секоја чест за описов Баш така би било во реалноста. Јас би сакала да биде до мене, за да можам на мира да го пцујам барем него. И онака никој нема да ме разбере во туѓа држава, а имам одличен вокабулар на располагање. Сакаше бебе има да стои до мене и да слуша! Па макар се влечел и по плочки, ич не ме интересира како би се чувствувал. Мисла ми е само дека и самиот е доктор па да не почне да прашува и да смислува црни сценарија али ќе побарам да го исфрлат од сала ако дојде до тоа. Си знае он дека треба само да биде нормален човек и да ме слуша како пцујам. Падна договор ќе видиме во реалноста како ќе биде.
Планирам во систина да се пораѓам природно.. прашав дали смее мм да биде со мене ми рекоа дека може ако сака секако.. е сега не прашав дали се плаќа нешто дополнително или иста е цената..
Маж ми се препоти и му се слоши само за тие 3+ саати со болки што бев. Седна во ќош што подалеку од мене и чудно бледо ме гледаше, додека јас не знаев што со себе додека имав контракции. Му реков еднаш дојди да видиш апаратов рипа над 100ка, ама јаки болки имам, дојде ѕирна и пак на столот во ќош избега. Па после тек кога е проверуваа до кај сум отворена, па кога се растрчаа водата кога се замати... незнам во тој момент што беше со него, ама таму во ќош си беше. А тек на пораѓај да присуствува.... Нема да издржи Кога завршив царски, му се слошило уште толку и киднал до бифето доле (немал пари, а со картица не се плаќало) и ги замолил да му дадат кока кола, па им платил после кога дошол и свекор ми
За греота, се изнамачил чоекот дури раѓал Морав... извини... Кога се пораѓав, 2006та, во провинција... Ме прашаа дали сакам и маж ми да присуствува на пораѓајот.. и баш заради ова твоево, не сакав. Му реков на докторот: Да бе! Уште него да го мислам!
Па и така е, не се извинувај Незнам зашто воопшто и дојде, не ни планираше да присуствува на пораѓајот ако испаднеше природно. Море може и ке го излажевме некако, па ке дојдеше и ке беа драми Пред некој ден гледав баш реакции на мажи на пораѓаи, се изнасмеав Една раѓаше, а доле на земја маж и со кислород маска лежеше... така го замислувам и мојов @saramila09 јас мислам не се доплаќаше, ама нека кажат тие со искуство.