Колку различно зборуваат тие што живеат во странство, во споредба со нас. За нив, тоа е нешто најнормално, за нас, чувај Боже. Е, баш затоа ми е интересно да читам на форумов, гледам колку има различни луѓе. Инаку, онтопик, јас да се омажам па ќе ви кажам. Немам ништо против/за, ако сака, нека повели.
Кога ќе се потсетам како рикав како некое крволочно животно при голема болка, не би сакала ни сама да се видам во такво издание не пак мм...Можеби ако сум со епидурал, па да направам само две-три 'ух'...И во тој случај би можел да присуствува ама да е до мене а не 'очи во очи' со настанот...
Јас првиот пат не му дадов да биде во близина на болницата, а не па на породување Отидов вечерта во болница, немав болки, ама имав договорено индукција за следното утро, и му викам, е па ајде се гледаме утре, ти оди на работа, јас ќе ти се јавам кога ќе се породам Не сакав да дојде. Нема зошто да ме гледа како се мачам, зошто мачно е. Во суштина не сакам да ме гледаат луѓе кога покажувам моменти на слабост,а породувањето беше еден таков момент. Искрено, не е лошо да имаш некој познат лик во тие моменти, ама заврши работа и докторот, и онака ептен често се гледавме Бев заедно во соба со уште една жена, и таа имаше ептен јаки болки. Нејзиниот сопруг дојде, и само што не се онесвести кога ја виде, и тоа во соба, а не па на бокс. Вториот пат се породив со царски рез, и таму не ни може да присуствува. Ама тогаш бев пофина, му се јавив да му кажам дека ќе се породам, да знае (лежев во болница поради проблеми, и рано ми беше), и ако сака да дојде во болница. Во тој период, во болницата каде што се породив веќе доста се користеше епидурална, или спинална можеби беше анестезија за природно породување, и имаше доста жени кај кои спорузите присуствуваа на породувањето, затоа што така е значително помалку трауматично. Само и тогаш во моментите на породување, значи кога бебето излегува - ги вадеа мажите од сала. Што е сигурно - сигурно е
Работава е шта би било, кад би било Мислам, од кај да знам човече утре што ќе имам за ручек, камоли да знам дали мојот иден маж - кој и да е типов, може е и Бред Пит што го знам, ќе присуствува на чинот на породување. Ако ми е маж Бред Пит или Џош Хартнет, веројатно ќе видат зафатени со снимање на филм, па нема да можат ни да дојдат Јас лично за себеси не знам дали би сакала или не би сакала, но знам едно - не ми е присуството „ауууу Бог да чува! Никако! Вие луди ли сте?!“ Зошто се што е поинакво мора да е кај нас проследено со „Бог да чува и да брани“ ?! Ако тој сака да присуствува, јас нема да го спречам. Сосема е вообичаено и познавам другарки кои се породиле и нивните мажи биле покрај нив, а познавам и такви кои после породувањето хистерично врескале да им донесат пудра и шминка, затоа што секој момент ќе влета мажот па да не ја види упропастена и ненашминкана I mean. Get kindapped Кратко и јасно, сепак мислам дека во тој момент на породување, колку само би ми било гајле дали некој доброволно решил да присуствува на чинот, особено ако е тоа мажот чиешто дете излегува од мене во тој момент. Некој сака, некој не. Секој нека си прави како сака и како мисли. Јас против не сум - можеби би го предупредила дека не е породувањето баш најубавата глетка на светот, ама хеј, ако тој сака, нема да му ставам нож под грло. Впрочем сето ова е само хипотеза до хипотеза. Не стварно, од кај да знам што ќе ручам утре?!
Кај мене е тоа веќе семејна традиција Татко ми бил присутен кога сме се родиле и јас и брат ми,до ден денес го опишува тоа како најубавото искуство кој го имал,прекрасно нешто да бидеш присутен кога ти се раѓаат децата,да ја пресечеш папочната врвца,да ги држиш во раце децата минута од кога ќе се родаат,за него немало ништо ни трауматично ни гадно во тоа искуство. Брат ми исто присуствуваше кога се роди син му,и исто го опишува искуството како најпрекрасно нешто што доживеал,пушти и некоја солза кога ја сечеше папочната врвца,онака од гордост. И јас сега кога ќе се породам за некој месец ќе биде присутен вереникот,не сме правеле ни муабет дали да присуствува или не,самиот сака и мисли дека е негово право да биде присутен кога ќе му се роди детето. Во право е Doozy,во странство е ово веќе нормална практика со децении,да биде присутен таткото на породувањето,некогаш и тука ќе биде најнормално,нема да биде баук.
Сачувај Господе Не, не, не сакам ни маж, ни жена кога ќе додје тој чин, не фала Местото на мажот не му е во породилна сала, или ќе падне во несвест, или ќе го удри докторот па ојдовме јабана и јас и бебето, или веројатно никогаш не ќе му текне да спие со мене, ко што рече Трендафилка Не, стварно ми е глупо мене, и тотално непотребно, ама сакам да ме чека пред сала, и да биде првиот после кој ќе не види и двајцата. Ни мајка ми не ја сакам патем тогаш
јас многу сакав маж ми да присуствува за време на породувањето ама персоналот од болницата не пушташе мажи во ходникот, а не па внатре
Додека се пораѓав со првото дете,т.е додека траеја болките и контракциите,маж ми беше цело време до мене.И додека јас се виткав од болки,маж ми осмех од 6-ка до 6-ка.Како сум го стискала,и ден денес кажува дека мускулот на раката сум му го откорнала. Сакаше да дојде со мене во сала.Беше спремен,облечен ѓоа хирург,ама јас го вратив назад.Знаев дека ако е до мене,само повеќе ќе се разлигавам. Спојлер А и труеше на етанол,пола виски имаше во него,од радост. Откога се породив,ме сошија и кога се рзбудив дојде на бокс,го видел и бебето. Тогаш со солзи во очите ме праша како ќе се вика.Јас го кажав името на татко му за кое претходно по малку протестирав и не ми беше по ќеф,ама тогаш решив.Сега син ми има најубаво име кое совршено му стои. А кога ја раѓав ќерка ми,сама отидов,си запалив кола и отидов во болница.Потоа дојде маж ми,ја чекаше да дојде жената која го чуваше син ми.Исто како и првиот пат.Беше цело време тука,само не во сала. Според мене нема ништо неприродно да не присуствува мажот.Сепак се раѓа еден плод на обострана љубов.
jas bas bi sakala da bide do mene. ubavo bi billo, jas ziveam vo stranstvo i tuka koga bebeto ke se rodi i tatkoto e prisuten treba prvin toj da go oblece. ubavo neli
ахахахахаха да си жива и здрава Лилит ме изнасмеа уште да ја пресече и у око да му шприцне и врв Ги читам постовиве и се згазив од смеење на твојов, лол
Нека присуствува, што да не? И после секако ќе ми ја види расчепената ми вагина, нема да дојдат 3 пластични хирурзи и да ме средат одма, ќе ја види по ден два, расчепа, шиена, вака ќе го види и моментот како настанало чепењето. Иако ни под точка разно не е природен пораѓај сакам царски, и единствено така би се пораѓала. Така да врескачко-препотливите моменти ќе ги избегнам, а и у такво издание да ме види, па негово е детето, негов сперматозоид, нека види како слетува штркот. Не гледам ништо настрано, ако сака да присуствува, нека, мене ми е сеедно. Ме видел во слични издања, како врескам и плачам, секој месец гледа нешто слично, само во поблага верзија. Само ко што може жута минута да ме стрефи, па да почнам да го пцујам и тепам (леле Петко, црни Петко, скоте еден што ми напраи, сакаш дете, па роди бе, роди), и да им приредам драма во сала. Да ме кажуваат по народ, скокна родилката и го затепа таткото... Боже ти помози, кога ќе бидне тоа тогаш ќе му ја мислиме.
Каков е тој маж кој е МАЖ и јунак во спалната соба да го прави бебето, а потоа е вистинска кукавица да биде со жената во најзначајните моменти од нивните животи и да биде тука да го пречека малото суштество кое го создале и двајцата???? Ова за мене не е маж, туку кукавица! Му било грозно?? А, на жената не и` е грозно, страшно, болно, панично???? Или пушти ја жената зад вратата, а ти фати се на весеље со другарите. Е, многу јак маж. И потоа да ми дојди во посета целиот накезен/насмеан потечен во очите од пијанство, а јас да не можам да се подмрднам во креветот од болка. Не, тоа задоволство од мене не го добива. Нели сите кога се венчаваат си ветуваат да бидат заедно во добро и во лошо? Нели сите се советуваме меѓу нас дека - тој што те сака ќе те сака таква каква што си??? Па зошто тогаш да се плашам дека ќе ме види испотена, каде викам и офкам, расечена со крв??? Нели ако ме сака, нема никава пречка за него??? И треба да види низ што минува жената!!! Да види низ колкави болки поминува за да го донесе заедничкото дете на свет. И за повеќе да ја цени и почитува потоа! Од друга страна, како може вашето најмило, најсакано да го оставите на милост и немилост на туѓи раце??? Како може да ви е страв и грозно? Да ја оставите личноста на вашиот живот сама во тие моменти? Не ви е ли жал? Не сакате ли вие да бидете покрај неа, да ја држите за рака и да ја тешите, да и` давате сила, храброст, снага да издржи??? На улица Спојлер се случи сообраќајка, повредениот беше облеан во крв, јас се најдов со двајца на местото, додека дојде брза помош бев тука и го храбревме и му помогнавме на повредениот да издржи. Мене ми беше жална глетката и многу болна, најлесно ќе беше да пуштев нога и да заминам од тој непознат човек, но останав до крај. После неколку месеци ме најде (ме барал секаде) и од се` срце ми се заблагодари. Ако можев јас половина час и повеќе да бдеам над непозната личност, расцепена по главата и телото од крв, зошто да не може мажот да бдее над својата жена? Доколку јас би била маж, едноставно не би можела да ја оставам жената низ таа ситуација сама, а јас да завртам грб, да пуштам чекор и да одам на славење.
Јас па мислам дека и на мажот не му е лесно. Замислете само како се чувствува додека шпарта по ходникот нагоре надоле. Исчекување, исчекување, милион недоумици, тежина околу срцето, телефон што постојано звони.... Јас не сакав (мада никој и не ме праша) мм да присуствува на породувањето. Мислам дека како и секоја жена ќе се разлигавев, ќе барав помош (а неможе да ти помогне никако), ќе бев послаба... Игнорирајќи го медицинскиот персонал, тоа е момент на мајката и детето. Му даруваш душа, те дарува со првиот плач. Себично или не, волшебноста на тој момент кога детето ќе ви го дадат во прегратка, кога ќе го почуствувавте мирисот на бебешката кожа, топлината на телото, кога брзате да направите брз визуелен преглед и да се смирите дури кога ќе видите дека се е во ред, не е за делење ... дури ни со таткото
нема да дозволам мажот ми да дојде со мене во салата за породување(или мамичка со мене или сама) кога би дошол тој момент би бил со царски рез и една коњска доза анестезија
Би сакала да е покрај мене, да види кој му ги донел децата на свет, да ги види солзите и болките низ кои ќе поминувам во тој момент. И да не сака, таа слика ќе му остане во главата, ако има бар малку совест, и некогаш, недај Боже, да го излаже ѓаволот и наведе на погрешни мисли, да се сети неговото место покрај кого е, каде му е домот. Збориме за совесен човек, останатите присуствувале или не, ќе ја гледаат жената како фабрика за деца, некој кој треба да ја одржува куќата чиста и да се грижи неговиот стомак да е секогаш полн, неговата кошула да е секогаш испеглана додека флертува и го има оној дебилен поглед кога покрај него поминува привлечна жена/девојка... Ми се лоши од овие типови на мажи. А ако е муабетот, дека глетката не е толку пријатна, тогаш немора да гледа таму доле, па нормално, таа глетка и мене не би ми била пријатна, доволно е да биде покрај мене, едноставно со поглед да ти даде поддршка, да знаеш дека тој бил тука во најбитниот момент, кога сме донеле на свет дете кое е плод на нашата љубов, кое е од срцето откинато(така се вели), а не негде во кафана да се пијанчи. Понекогаш само присуството многу значи, не се потребни зборови, само да биде таму, да знам дека е покрај мене. Бар јас така мислам, секоја почит и за оние кои не размислуваат како мене.
Кога ќе дојде време за породување, мислам дека поинаку ќе размислуваш. Секоја чест за ова во спојлерот, малкумина се такви и искрено ти се восхитувам за тоа што си го направила. Ама што се однесува до породувањето, кога ќе дојде време да излезе бебето, жената воопшто не мисли на ништо, најмалку на тоа дали е мажот покрај неа или не. Со тие болки што се трпат, најубаво е да си сам, ничие присуство не може да ти помогне, ниту пак некој да те држи за рака, ниту да ти зборува или не знам што. Не сме разговарале на таа тема со мажот ми, ама мислам дека тоа за него би било трауматично искуство, затоа што никако, ама баш никако не може да ти помогне, а те гледа дека се мачиш. Но добро, тоа е сепак мое мислење.
И јас давам едно големо ЗА тоа мажот да присуствува. Мажите често не знаат низ што се поминува жената, па со тоа и не ја ценат доволно, и веруваат дека грижата за детето е само нејзина (не сите, но повеќето). Често и не веруваат дека самиот чине болен и стресен. Да видат што се прави нивната жена за да им го даде најубавиот подарок, за кој тие се труделе само со алатот, не се лишувале од ништо, буквално ништо не им се сменило. Вака ќе размислувам секогаш, зошто и од секогаш така сум размислувала. Мојот дечко нема никаков проблем со тоа, вели дека ќе биде и сите денови постојано со мене во болница, дури и ноќе(доколку е возможно, а не е знам), а не па на чинот. Тоа е наше дете, заедно го правиме заедно ќе го раѓаме. Не ме секира дали ќе се онесвести, не се ни замарам. И тука некоја пиша тој потоа ќе ве гледа со поинакви очи, како ќе те гледа бе ко зомби???? НЕ, може само подобро да те гледа, а ако е спротивно, тогаш тој нема чувства. Како и да е вака јас размислувам, не наметнувам.
girl.23 низ животот поминуваме низ многу убави а и неубави ситуации. Породувањето колку е природен процес толку е и на еден начин операција, додуше кога е царски е веќе операција. Значи едноставно тоа е болница, за време на операциите најблиските чекаат што ќе се случи сеедно дал се обични интервенции па до сериозно операции. Мене сосема нормално ми е да не сака да присуствува на тој чин мажот. Па и јас да сум маж ако не сакам да присуствувам на еден вид операција не барам некој да ме критикува и нарекува кукавица и пијаница. Јас лично не познавам маж кој уште како што ја истоварил женаму пред гинекологија отишол во кафана и се пијанчи. Сите мажи чекаат, а откако ќе добијат добра вест е тогаш се слави. Не ја гледам причината да се хистериша зашто мажот не сака да гледа крвови, лекари, да биде присутен на породување. Јебига природата била сурова кон жените и одлучила ние да раѓаме, тоа не значи дека мора да ги малтретираме тие околу нас и да ги тераме да присуствуваат да не гледаат како вриштиме, како се шириме, како крвариме, како го мразиме светот. Ако он сака ок, ама ако не сака уште поубаво. Јебига природата решила јас да се пораѓам, а не решила дека он мора да ме зјапа додека детето искача. Тоа е ствар на избор. А за изборот не се дискутира и не се навредува. Може да си најхрабриот маж на светот, ама да не сакаш да присуствуваш на пораѓајот. Далеку полоши работи има од тоа. Јас знам човек што присуствувал на пораѓајот, ете значи он не е кукавица, он не е само типот кој го направил детето туку и ја бодрел женаму додека се пораѓала. Е после тоа он ни и помагаше околу детето, ни стануваше ноќно време, ни менуваше пелени, ни ништо. И сеа он е подобар татко од овие другиве за кои секојдневие е грижата за дечињата? Нели он е храбар татко кој присуствувал на пораѓајот така? Ма не, нека е добар татко, а пораѓајот нека го остави на мене, тоа е моја работа. Тоа е женски процес. Гледалиште и публика со пуканки по желба, а не е морално и не е кукавички чин. А кога ќе слушнам дека некој го снима тоа, е тогаш цревата ми се креваат. Да не после земат и го гледаат тоа во кругот на семејството? Одвратно!
Роси, тоа не е операција (освен за царски рез), туку е најнормална и најприродна работа. Спојлер Јебига природата била сурова, јебига жената треба да се породува, абе јебига не требаше толку од јебига. Може и на културно да се разбериме. Како и да е, овде не коментирам каков бил таткото после породувањето, дома, туку се држам стрикно до темата. Својот став го кажав. Секоја жена со своето мислење.
Секако различно мислење, но ти ги исповреѓа мажите во твојот пост, како крај на светот да е ако не сакаат да присуствуваат на породувањето. А тебе грл те цитирав зашто имам мислење дека тебе ти е најбитното да види како е мачиш. А за мене тоа не е значајно, он ќе знае дека се мачам бил на 1 метар од мене, бил во ходникот на 20 метри од мене. Ако сака да присуствува тоа ќе му биде дозволено од причина што ќе може уште првата секунда од раѓањето да го види своето дете, а не за да ја увидува со поглед мојата болка. Ако мажите се кукавици и пијаници според твојот пост тогаш мора да кажам дека 99,9% од мажите се такви. Се надевам имаш маж кој ќе е од оние 0.01. И ќе сака да го гледа твоето мачење, зашто ти тоа го сакаш...