1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Присуство на мажот на чинот на породување

Дискусија во 'Бременост' започната од rossonerka, 5 јуни 2011.

  1. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    мала дигресија :)

    Жената е благословена, а не казнета што природата и го дала тоа право, таа можност да раѓа. Болката за која зборуваме исчезнува веднаш по пораѓањето, се заборава, се брише како никогаш да не постоела. Се сеќавам дека првото чувство што ме обли беше среќа, гордост. Можда и немав сила ама сакав гласно да викнам Ејјј видете имам ќерка, сакам сите да знаат. Светот се сврте за 360 степени и се само заради тоа малечко кое го држев во рацете.

    ... а мажите, тие се казнети од природата :) . Не им останува ништо друго туку врв во кариерата да им бидат војничките денови....ууупппс, така беше некогаш...којзнае што ли ќе биде врвот на сегашниве, денешниве мажиња :)
     
    На okcenzi, Dennings, jana31 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Во суштина зависи од желбата на мажот, односно ако тој има голема желба да присуствува на породувањето, тогаш може и да се размислува, да се разговара.

    Мојот сопруг не присуствуваше на породувањето, а нити изрази желба. Всушност знаејќи го каков е и како реагира на болници и крв, за ова не можеше ни да стане збор. Добро, во тоа време (пред 13 години) не беше ни актуелно прашањето околу присуството на таткото на породувањето

    Туку, јас се плашам ова да не стане сега некој вид на помодарство, а тоа би било многу лошо. Од пораѓајот не смее да се прави циркус. Односно, да се става во функција на промоција на парот демек како со современи, европски сфаќања, доказ за нивната љубов и поддршка. Следно најверојатно ќе биде таткото да го снима чинот на излегување на бебето на свет, па после дома да си го гледаат.

    Не ми се допаѓаат и изјавите во смисол -Како што знаел да го прави така и треба да го гледа породувањето. Таквите мислења ми се малку со доза на садизам, односно- ако се мачам јас, нека се мачи и тој.
    Конкретно за мене не би можела да кажам дека ако присуствуваше мојот сопруг на породувањето дека ќе ми беше полесно, можеби ќе ми беше дури и поголем притисок, а не поддршка. А за поддршката.... еее имало милијон други ситуации во животот во кои неговата поддршка и присуство ми биле многу, многу позначајни.
     
    На Annath и rossonerka им се допаѓа ова.
  3. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Ово со онесвестувањето на партнерите и шибање камери долу има само по американските филмови, јас во долгогодишното работно искуство сеуште немам видено маж да се онесвести а камери се ваделе после породувањето да се сними новороденчето.

    Тука е сосема нормално да присуствува мажот дури и кога се прави царски рез, си стои покрај главата на сопругата и воопшто не гледа ништо од операцијата.
    Единствени мажи кои не присуствуваат на породувањето се оние тазе дојдени од муслиманските држави, кои не дозволуваат ниту машки медицински персонал да влезат во собата ( не споредувам сега македонски маж со овие муслиманскиве тука само кажувам тоа што го знам).

    Сега назад на темата,мене многу ми се најде сопругот при породувањето, едноставно ми даваше сила да издржам, породувањето ми беше тешко, поради големината на плодот, и широките раменици на син ми кои го заглавија на патот кон надвор :lol:
    Да не беше тој можеби ќе пристанев на царски кога се заглави син ми а тоа за мене ќе значеше крај на проширување на семејството, како што сум веќе правена 2 операции, царскиот ќе беше трета и крај на повеќе деца или ептен ризично за мене доколку се решев на уште деца.
    Мм ниту ми викаше пуш, ниту ме гледаше долу |( ме држеше за рака односно му ја стискав раката при секој напон и ми олеснуваше, и јас не се дерев, не рикав, не му пцуев на мм се по список, само се препотував и му ја стискав раката на мм.

    Како и да е јас мм не го принудив да присуствува сам сакаше и благодарна сум што беше покрај мене кога ми беше најпотребен, а ни на крај памет не ми било дека треба да биде сведок на моето мачење, демек така повеќе ќе ме цени, присувството негово го гледав само како подршка и ништо повеќе.

    Таткото што има желба да присуствува треба да им се овозможи тоа, во тој момент ниту гледа каква си ниту го интересира единствено им е важно и мајката и бебето да бидаат во ред, другото се е небитно.
    И оној татко што не сака да присувства не го гледам како грев секој си ги знае сопствените граници, што може а што не може да издржи.
     
    На Srekicka и girl.23 им се допаѓа ова.
  4. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Сањаева зошто мислиш дека мажите се казнети, само затоа што неможат да носат бебе во утроба? Или дека мајката е секогаш побитниот родител, дека таа повеќе ќе го сака бебето, и дека прва таа треба да го види (она што го напиша во првиот пост)?
    Според мене и мажот и жената се рамноправни родители, ако Тој има желба да присуствува, нека повели. Чим бил доволно голем за да направи дете треба да знае и што го чека на боксот т.е. во салата. Дека не е пријатна атмосферата ниту гледката, ако е доволно храбар нека гледа.
    Немам право, а и себично од моја страна би било да не му дозволам да присуствува, колку јас родител, толку и тој, тоа е НАШЕ дете, а не мое, па да инсистирам сама да бидам во тој момент.

    Или доколку не сака, нема да правам скандали и да го деградирам само зашто не сакал да ме држи за рака дур се пораѓам. Не мора да значи дека е бездушник, можеби не може да гледа такви случки, еве братучед ми на пример неможе крв да гледа, се онесвестува во моментот-и доколку снаа ми сакала да присуствува на пораѓаите а овој одбил-ова го прави кукавица и бездушник?
    Не, не сака, не може, негово право, ако јас сум останала бремена, сум имала 9 месеци да се спремам психички за тој чин, неговото присуство или отсуство ништо не значи.
    На него останува да одлучи.

    Исто не се согласувам со мислењата од типот „да види која мака ја претрпев“, па не ја трпиш за некој друг, или за него, ја трпиш за себе мајку му стара, раѓаш свое дете. Тој го направил и ќе биде татко, но не те прави супериорна тоа што си го носела во утроба 9 месеци и си поминала низ макотрпен пораѓај. Не верувам дека те приморал да имаш дете, и твоја желба било, можеби болката е голема, но сатисфакцијата кога ќе го видиш бебето е поголема.

    Да резимирам, не битно ми е дали ќе присуствува, побитно ми е да присуствува и да ми помага кога ќе се вратиме дома отколку да ме држи за рака на бокс, а после со недели да го нема дома, додека јас мака мачам со бебето, и најбитно да е родител и сопруг како што треба.
     
    На slavica999, Peppermint, rossonerka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Хммм, јас баш читајќи ја темава сфатив дека не го знам неговото гледиште на работава, веројатно е рано, па не сме го направиле овој муабет. Ама ќе го прашам чисто од љубопитност.
    Иако јас повеќе би сакала да не биде со мене, да ме гледа во таква состојба, знаејќи се себеси има да урлам како луда. :wasntme: Па за негово добро може од надвор да ми ги слуша криците.
    Ама ако сака да биде со мене нема да му го одречам тоа право. :)
     
  6. Nine25

    Nine25 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    1.726
    Пол:
    Женски
    Интересно јас и мојот сопруг сакавме на двете мои породувања да ги поминеме заедно НО иако сакавме тоа не се случи.И со првото и со второто дете имаше и други во породилната сала што се пораѓаа заедно со мене значи во исто време така да небеше изводливо.Верувајте од искуство во тие моменти зборувам за нормално спонтано породување најголема подршка треба од партнерот (барем мене ми требаше) Верувајте тие моменти ретко кога човек може да ги опише тоада треба да се доживее.
    Здравје Боже за третото можеби и ќе имаме среќа заедно да поминеме во еден од најубавите моменти во животот.
     
  7. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    На првото породување маж ми беше присутен затоа што се породив во Берлин а не го знаев јазикот.
    Не дека ми беше потребен но докторот го внесе внатре.
    Со темава ме вративте многу години назад... и кога ќе се сетам :D
    Првото влегување во салата шок за него ,во соседната се породуваа две жени кои ја дигнаа цела болница од врискање.Не за чудење некаде болот е неиздржлив. Колку ли само се препотуваше,мислам дека раката повеќе ме болеше од несвесното стегање додека ме држеше за рака .Место да си ја гледам мојата мака , морав да му објаснувам дека не ме боли :D а болеше, па не знам колку пати ме праша , среќа што малиот брзо излезе .А за второто дете ме однесе и си чекаше си го знаев јазикот и немаше потреба да ми кажe ајде гурај озбилна иде ќерката :D Излезе момче Македонче.. е*ати докторите ми го згрешија полот а сиромашкиот леташе од радост, ќерка ќе му се роди .Не беше технологијата толку развиена или до докторите ќе беше .Важно малиот во розева облека си излезе од болница ... да не му се расипе меракот на таткото :D
     
    На okcenzi, antonina, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    -Се сложувам. Жената е благословена со тоа што таа раѓа, затоа што плодот додека не созрее таа го носи, таа му дава заштита. Навистина половина удел е од мажот, но врската меѓу мајката и бебето е многу посилна, не џабе се рекло: поврзани со папочна врвца. Тој дар да го носи бебето в стомак, да го донесе на свет, да го цица, ете таткото го нема и затоа не е на исто рамниште со жената, да не лажеме. Зборувам за моментот додека бебето е мало.
    -Навистина, порано мажите оделе во војска, се учеле на дисциплина и ред и затоа добивале карактеристики кои за жал денешниве мажиња ги немаат.
    Сепак, ако веќе зборуваме за казна, природата наредила жената да раѓа и расти деца, а мажот да заработува пари и да ги носи дома.
     
  9. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Најубава...
    СДК дека бременоста и чинот на породување треба да го сватите како нешто драгоцено. Благословени сме, да. Ја имаме таа привилегија да први го почуствуваме движењето на бебето, да го галиме додека е сеуште во утробата, да му кажеме колку сме среќни и дека сета таа среќа ќе ја споделиме со него.

    Мажите...па да, казнети се, ама не од мене, туку од природата што оваа чест да донесат на свет бебенце не е нивна туку наша. Сега, ова казна, мислам дека сме доволно свесни даго сватиме како предодреденост, зошто нели казната може да биде укината , помилувана ама не и ваквата „казна“.

    Тоа што е важно, е да сватите дека пораѓањето не е болка, тоа е праг до среќата. Да ви доловам ( на сите кои го немаат доживеано ова искуство) дека тоа не е нешто страшно, не е нешто за кое ви треба помош, можете сами, морате сами. И да стои до вас, и да лежи до вас, исто е . Сосема е неважно дали таткото ќе биде или не во родилната сала. Нека тоа биде негов избор. Не му наметнувајте. Не се замарајте со тоа. Не значи дека ако не е покрај вас, не ве сака, цени.
    Па на крај на краиштата, до вчера беше и непоимливо (кај нас) да мажот присуствува на пораѓањето. Ама многу филмови и тоа е ... :)
    Затоа и малку повеќе од женска страна ја анализирам ситуацијата.
     
  10. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Немам некој посебен став околу ова, може дека ми е рано. Ама сепак мислам дека би се одлучила за не-што ќе ми е таму, кога нема да ми биде од помош, а и тоа стискање за рака демек, барем мене нема да ми олесни. Ептен ако он има желба може би се согласила, инаку не. А да, и за снимање и слично, не сакам ни да чујам :hai:
     
  11. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    270
    Да биде до мене на тој чин? Не, фала!

    Не ми треба уште една нервозна и испаничена глава во моменти кога ни јас не знам кај се наоѓам. А не верувам дека постои маж кој ќе остане смирен во таква ситуација, па и да е со мене не дека ќе ја смени мојата болка или ќе го олесни целокупниот чин.

    Имам некаде прочитано дека маж кој присуствува на породување потоа добива некоја одбивност кон сексот со жената, најверојатно зошто е згрозен од целиот чин на крв, болка, викање... Станува сочувствителен со неа и потоа ја гледа како објект на жалење и мачење па не му оди умот на уживање. :!:

    Не ме плаши породување, толку поминале, па на времето без анастезии, царски рез и тн, се било природно, па јас сега ќе се жалам. Сакам тоа да си го поминам достоинствено и сама со сите пропратни грди слики (крвој и вриштење), а не тоа да му остане на саканиот во памтење и да ме сожалува, па уште и да е згроззен од помислата да е интимен со мене покасно...
     
  12. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Јас еднаш го прашав дечко ми дали би присуствувал на такво нешто и рече дека кога би гледал како плачам од болка или би го нокаутирал докторот или би паднал во несвест. :rofl: Значи нема шанси да би дошол, иако јас би сакала кога ке дојде време да виде низ што поминувам додека на него му беше 5 минути убаво |( . :)
     
  13. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Eве да се самоцитирам од пред неколку месеци (пред да се породам).

    Добро беше што не беше присутен на пораѓајот бидејќи бев со царски рез.
    Но, цело време беше со мене додека имав породилни болки (кој поминал низ ова знае колку боли), ми даваше поддршка да ги издржам. Сфатив дека во тие моменти неговата прегратка ми значеше многу.

    Инаку, дозволија да присуствува на пораѓајот, но :!: претходно се бевме договориле да не влегува во бокс-салата :lol:
     
  14. Elona

    Elona Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    9
    уфффф уште малку ми остана до породување ама најискрено не би сакала да присуствува сопругот или ако присуствува да биде подалеку од мене зошто ке му го скинам :D
    Најсериозно не сакам да биде таму бидејки уште од сега сум преплашена и ептен фрикувам за се и сешто.
     
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.567
    Пол:
    Женски
    Би сакала да е тој со мене. Еве зашто. Чинот на породување е исто интимен како и чинот на зачнување на детето. Па ако се може зашто да не биде присутен и таткото на тој чин. Ќе сум урлала, ќе сум била за никаде, а кога имате секс сите сте беспрекорно нашминкани и како од модно издание?? А бе ајде. Плус сакам да е со мене како единствено суштество во кое ќе имам доверба тогаш. Да ме бодри да се радува со мене. Кога веќе природата не му дала да може да го почувствува тоа благословено чуство да ти расте дете во утроба, може барем да се радува заедно со мене кога ќе го родам неговото чедо и да биде прв кој ќе го види.
     
    На ennaz, Nine25, Beauchamp и 5 други им се допаѓа ова.
  16. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Мене уште малку ми останува до породувањето, па нормално постојано се прашувам како ќе биде што ќе биде итн...... секако би сакала мојот маж да биде до мене во тие моменти да ми даде морална подршка која од се ќе ми биде потребна. Не гледам причина зошто не би бил тој таму на самиот чин на породувањето, а и убаво е да види како се донесуваат бебињата на свет колку е болно и не баш едноставно, а не само направи го па мајката нека се мачи.
     
  17. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Уште не ми е дојдено времето за вакви работи, но темава ме поттикна да размислам. Искрено, не верувам дека во тој момент тоа би ми било толку важно. Повеќе би сакала да не присуствува, зошто да се трауматизира и да го гледа сето тоа... Мислам дека не е потребно. После тој чин заедно ќе се израдуваме. А ако тој сака и настојува, ок-немам ништо против.
     
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Ако сака да остане без 2 очи, 1 рака, пенис ;), лево јајце, обрва и трпка на десно око нека повели да го ,,породи,, :D ама попаметно ќе му биде да си седи на страна и да не ме гледа.
    Мислам дека нема потреба од снимање на филмови и збогатување на домашната ДВД-тека само незнам дали ќе биде комедија или трагедија.
    И да изјавува желба да присуствува со Упат од матичен лекар ќе биде препратен на домашно лекување. За време на пораѓај ми беше потребна само една бабица и еден д-р (имав нормална трудноќа и пораѓај), кој фино ме закрпи со игла и конец на лице место.
    Таму не ми го треба а дома и те како да ми се најде при рака кога може :$
     
  19. ROSII

    ROSII Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    224
    ххааааааааааааааааан се изнасмеавввввввввв,јас се породив со првото царски,пред да ме внесат во сала се изнашминкав се ,средив,цакум пакум.Дури и тоа докторите викаат овака одамна некоја не ни дошла,демек ај на операција и со штипката на глава,викам сакам бебето да види убава мајка,,,,а за маж ми не зборам,дома седам па си се нашминкувам за мене и него,а не да ме гледа таму испомачкана,,,,,,,,,,,,,има време ке се видиме после тоа,,,,,,,
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Го прашав јас и ми вика, Што??? Нема шанси,не можам да те гледам како се мачиш.
    Па после јас почнав да го напињам, што ако мене ми е потребен, па како така сама ќе ме остави и слични работи и на крај се согласи да присуствува на чинот. И нормално откако го добив одговорот што сакав да го слушнам му реков дека не сакам да биде таму. :D Сепак, сакам да знам дека е и подготвен на тоа ако треба. :)
    Уште да бев трудна и пред пораѓај муабетов на место ќе беше. :lol: