И кај нас падна овој муабет, кога го прашав одговорот беше “неее нема шанси, докторот нема да ме пушти“ , ова со докторот ми се вади дека му е пријател, но не попуштам, како што сум плашлива има да влезе со мене па последно нека е. Здравје доколку биде се во ред би сакала да биде природно со епидурална анастезија, па со оглед на тоа очекувам да биде по релаксирана ситуација. А во однос на тоа ЗОШТО би сакала да е до мене ??? Па заедно го правевме детето, заедно и ке го раѓаме(нормално секој на свој начин ќе придонесува во дадената ситуација). Така да многу ми е банално она страв му било ,крвови да гледал, ваква -таква-онаква испотена, препотена, бесна да ме гледа.... Е ќе ме гледа, ако му одговарал да ме гледа испотена од секс , ќе гледа и сега, а и мене ми е страв од крвови, игли и сл зезанции па кој ме прашува.... Се правиме , ствараме заедно и .
Не разговаравме на оваа тема сериозно никојпат, затоа што јас не ни пројавив желба да присуствува. Ми беше некако навистина небитно. Јасно е дека заедно го правевме, и дека низ целиод период до породувањето бевме заедно, но самиот чин на породување ми беше нешто со кое не сакав и него да го замарам. Нормално, се плашиш од непознато, за болење секако боли, зошто да ме гледа како офкам или пак да е таму а јас поради него да се трудам да се правам дека ништо не ми е. Некако како мода од запад ми е ова со присуството. Исто како на операција да одам и сега да дојде внатре во операционата сала. Знам де, ова не е операција, ама па не е како на филмовине секако. И нормално има крв, болка, и триста чуда, но се истрпува а после брзо време сето тоа се заборава. Не верував, ама и јас заборавив на сето тоа. Мој совет е да не си ги зимате мажите до вас, бидете храбри, сепак нов живот носите на светов и тоа е токму она по кое секојпат ќе бидеме во предност за разлика од мажите.
Се породив во странство ..Мојот сопруг присуствуваше на порагајот. Беше со мене 3 дена додека бев во болница пред да се породам . Си одеше дома само на спиење .Додека ги имав најголемите болки он беше до мене .. За мене беше најнормално да присуствува на порагајот И до ден денес ми расказува како нема да го заборави изразот на моето лице. Полно со срека кога го родив бебето ... Кога за прв пат го земав во прегратка Он ја пресеЧе папоЧната врвца на детето ..Нешто најубаво
Овде се се врти околу тоа ако се мачам јас нека се мачи и он....Зар раѓањето мачно ви паѓа...??? Болно е..сите знаеме, мачно е, но тие се слатки маки...Но, кога ќе кажеме нека се мачи и он, да види како е не е само за чинот(и пак не е мачење). 9 месеци, мајката е таа што се грижи, се лишува.....Она што може таткото да го направи е она најубавото, да види како се раѓа неговото детекога се зимате ве прашувваат во добро и во зло .....И не да не е со убедување, туку сакаш неќеш..... Значи без навредување дека ако не дојде не е добар татко. зар вие жени ако недај боже му се случува нему негде ќе седите дома мирно и ќе спиете, и ќе си викате неморам и јас да се мачам?????
1 - не се работи за тоа и тој да се мачи, туку за подршката која ти е потребна во тој момент, а ако не е тој до тебе, тогаш кој ќе е? 2 - не е навреда, ама не дека е лош татко, а тој сеуште не станал татко. Туку е `лош` сопруг. Во наводници, бидејќи не мислам стрикно лош, туку ете, како сопруг тој мора секогаш да е до жената своја, а посебно во вакви ситуации. Зборувам, ако сака жената да биде мажот на породувањето, мажот не би требало да ја одбие, би требало да биде нејзина подршка. Но, доколку двајцата не сакаат, тоа е веќе друго.
Иако уште ми е рано да размислувам на оваа тема,не би сакала да присуствува на тој чин.Кај јас ќе се мачам и напрегам уште тој да ме гледа нема шанса.Често пати со мајка ми се зезам на оваа тема и она стално ми вика мама ќе дојде со тебе Па мајку му колку жени издржале сами,зарем не можеме и ние?Малце оф ама мене прва асоцијација за ова ми е скечот од К-15 кога Тошо го снимаше породот на жена му и цело време се онесвестуваше таму
Искрено со овие услови кои ги нуди денешната медицина, мене ми е чудно како еден иден татко не изразува желба да присуствува на раѓањето на своето дете. (при нормална бременост) Ете и маж ми никогаш не пројави желба за присуство, но разговаравме и пред се ради мене е свесен дека мора да присуствува. Јас сакам и ми е потребна неговата поддршка во тој момент. Незнам, секој си има свое мислење, свои сфаќања, меѓутоа мислам дека за ништо на светот не се пропушта таков момент.
Мене ама ич не ми е потребен во породилна сала....што ќе ми е ...може да ми помогне, знае што и како треба да прави за да ми ги олесни болките или пак ќе ми помогне побрзо и полесно да се породам ....не, појма си нема. Подршка каква подршка....заедно ќе офкаме или јас ќе викам- ама ме боли, знаеш ли колку ме боли ...а тој -добро душо/злато/мила ајде, знам, знам, ќе помине....што знаеш бе.. може само да ме нервира, а сигурно нема да ми помогне. Мм ми е потребен надвор од породилната сала, да биде на готовс ако нешто е потребно да се направи, да се донесе и сл....па и да се грижи за другото дете...... а јас, и со него и без него ќе си ја завршам работата. Потребен ми е стручен тим, некој кој знае што треба да прави, а не некој кој може да тупне и да се онесвести на пр. па кај ќе си ги имам моите маки уште и за него да се секирам.
Ааа не girl.23 готово решена е оваа дилема, се договоривме и ќе присуствува. За стучни лица нормално дека ќе има, секој својата работа ќе си ја гледа, односно сите мене ќе ме гледаат Срам немам пред маж ми, а и зошто би имала, така да немаме проблем околу ништо. Досега што сум прочитала искуства на жени чии мажи присуствувале, ниту една не зажалила што мажот и бил таму, напротив сите до една раскажуваат со топлина во душата колку бил прекрасен тој момент и тоа искуство, така да не гледам зошто мене би ми било криво.
и значи мене ми е потребна констатација- постои ли воопшто можност за такво нешто, за присуството на мажот, како во приватните така и во државните клиники во нашава Македониичка????
да да постој но треба да зборуваш со твојот гинеколог кога ке го закажувате пороѓајот, и баш е супер искуството мажот ми беше присутен на еден пороѓај мој
Аууу да,да сакам да присуствува кога ќе се пораѓам,баш би било супер. До душа има уште мноогу време до мојот прв пораѓај и не сме правеле муабет на оваа тема до сега, но деновиве ќе го прашам и ќе видиме што ќе ми одговори.Познавајќи го малце ми е паничарче ама ке сака да присуствува на тој свечен чин кој што никогаш не може да се заборави.За тоа каква ќе бидам во тој момент во смисла на испотена,испаничена,со крв и дека тој тоа ќе го види воопшто не ми е проблем бидејќи јас со него споделувам се,па и тоа сакам да го споделам. Хехе баш би било супер одвај чекам ,се надевам дека ќе е за брзо
Јас немам дефинирано мислење по ова прашање. Од една страна би било убаво да биде таму да ве држи за рака и да види низ какви се болки поминуваме во тој момент, но од друга страна па не верувам дека е убава глетката со целата таа крв и разни течности.
Да дефинитивно ќе присуствува, инаку он ќе биде до мене потоа има чаршав и од другата страна се случува чудото, значи он нема да ме гледа во такваата. И плус им даваат да ја пресечат папочната врвца така да се чусвуваат важни малце
Мојата желба уште од мометот кога дознав дека ке имаме бебуш беше големо ДА исто и кај мм имаше голема желба. Секогаш ми бил подршка и сила за се во животот па не сакав да го изсоставам на еден толку битен момент од нашиот живот.Кога одевме на предавањата на ГАК првото прашање ми беше овој момент, добив позитивен одговор, и двајцата се радуваме многу, а мене искрено и како да ми падна некој камен од срце, нормално чуствував поголема сигурност. Но... за жал кога дојде мометот, персоналот од ГАК не дозволи мм да биде со мене.Зошто? - Ни сами немаа аргументиран одговор бидејки првата нок кога ме примија и не се породив имаше 7 родилки и ајде да речеме тогаш немаа слободни сали, мегутоа наредната нок кога јас се порагав бев единствена родилка. Спојлер Во мегувреме кога бев во предпородилна сала,(првата вечер) донесоа една трудица со критична бременост - притсок премногу висок,не се знаеше дали ке ги спасат и жената и бебушот го видов сопругот на жената како молеше да си ја види сопругата не го пуштија.После тоа мм исто цело време бил во салонот со сопругот на жената и ми кажа дека човекот се заангажирал од долу му дале картича да ја оствори вратата и да оди во сала кај сопругата, но кога ја отворил вратата за да влези се појавила некоја од чистачките и го избркала Замислете, не ни му кажала кака е состојбата.Страшно Ете тоа е моетот искуство од ГАК пред 5 месеци , се надевам вие кои имате желба ке имате повеке срека.
Па за мене беше неопишливо добро што мојот сопруг беше цело време со мене И до ден денес со голема гордост го опишува целиот момент кога се породив кога за прв пат го видовме бебето, и го чувме нејзиниот плач Он ја пресече папочната врвца и за второто дете исто здравје планирам да е покрај мене
Зет ми кога раскажуваше за пораѓајот на сестра ми, беше воодушевен, а мм не можеше да се изначуди како баџанаков влегол да гледа таква работа. Така што ич не прашувам дали би гледал, бидејќи му го знам ставот од порано. Не замерувам,бидејќи и јас на јутјуб не можам да догледам снимки од раѓања, тек да гледаш во живо.
Мене ми изгледа убаво кога таткото присуствува на самиот чин на раѓање, но ми останува уште некое време пред да одлучиме за тоа. Сепак мислам дека тој нема да го издржи бидејќи малку е паничар! Браво за тие што веќе поминале низ ова
Јас со второво се породив во ГАК. Прво се оди во претпородилна сала, а потоа низ едно ходниче до родилната сала т.е. до ходникот со породилни боксови. Од самиот прием, па се`до породувањето мм беше надвор во ходникот, со стакло одвоен дел од родилните сали. Во тој дел се` се слуша, секое викање на секоја болка, на секоја жена. Се` имам изјаснето на темава дека не сакав мм да присуствува (иако ми рече дека ако сакам ќе биде покрај мене) и сега знам дека сум ја донела правата одлука. Ова второво породување ми беше подолго и траеше околу 4 часа, цело време мм бил надвор во ходникот и се шетал како Балтазар и ми рече дека тоа му било најстрашното искуство во животот....значи само слушал викање (и тоа не мое, туку на сите жени кои трпевме болки и си го чекавме моментот), а како ли би му било ако беше со мене внатре во бокс можам само да претпоставам сигурно би паднал во несвест. Така што дефинитивно според мене местото на мажот не му е во боксот.