1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Присуство на мажот на чинот на породување

Дискусија во 'Бременост' започната од rossonerka, 5 јуни 2011.

  1. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Аааа, баш он би ми фалел во моментот. :tmi: Како што сите опчекорени вриштат „Мајко/Господе помагај“, јас би требало да вриштам „Волу помагај“, со оглед на тоа дека он го напраил, што ми се мајка ми и Господ криви. И згора на тоа тој да е присутен на чинот, па со газа би го задавила. Он нека иде таму да се чепи ако е интересно и толку убаво присуството.
    И што има он да е таму? Што битно ќе глеа? |( Цел живот дупката за него, ама битно да не го пропушти моментот кога е најширока!
     
  2. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Ќе го гледа раѓањето на своето чедо!
     
    На ennaz и DeMelo им се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Ќе се онесвестел тој кутриот :D Ко во скечон „Уф, фала Богу што е женско, нема моиве маки да ги гледа.“

    Искрено би сакала, а и тој би сакал, не за друго затоа што покрај него најсигурно се чувствувам, со мајка ми не сме во добри односи, сестра немам, брат ми...не верувам дека би се нафатил а не ни сакам, снаа ми и золва ми (Бог да чува, само можат да го обесхрабрат детето да излезе), врти сучи, коа ми било лошо коа сме оделе по болници, не сум сакала никој друг да дојде со мене освен мм, коа ме болело нешто, нему сум му ја стегала раката...така што веројатно и тогаш така ќе биде. Сеа не внатре во салата, туку надвор чекална пример пак знам дека е тука. Башка сакам токму тој прв да го види детето.

    Ова зборувам од сегашна перспектива, не знам дали ќе ми се смени мислењето откако всушност ќе забременам, но ете...зависи и од природата на самиот однос меѓу партнерите...
     
  4. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Нема да го гледа раѓањето на своето чедо затоа што нема да му дозволат да стои пред "дупката што живот значи", таму стои бабицата, таа си има работа, тој ќе стои до сопругата.... да, ќе ја држи за рака, може и ќе попие некоја пцовка и ќе ги гледа нејзините маки, болки, гримаси, потења, офкања, туфкања итн. итн...и не, не е пријатна глетката ама ич.

    Кога го прашав мм дали ќе одиме на трето дете ми рече јас ќе одлучам затоа што јас трпам болки и не сака пак да се мачам...и тоа само што слушал а камо ли да гледал.... :!:
     
    На Nine25 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Зависи и од карактерот на мажот - ако не може да го истрпи целиот тој напор, зошто да го терам со сила? Мене лично нема ништо да ми смени. Не се согласувам со тоа „тој го правеше, јас се мачам, тој ќе ме гледа и поддржува“ затоа што раѓањето го сметам за врв на човечката совршеност, и не мислам да присилувам никого кој не сака, или не е сигурен дали сака, да го види тој чин. Јас го доживеав во секој случај, и тука е мојата предност 8)

    Не побарав во ниту еден момент сопругот да дојде со мене, ниту пак можам да кажам дека ми недостигаше....и искрено, многу е поважно што ќе прави за да ви помага ПОСЛЕ (и понатаму во животот со детето) тој чин, отколку во моментот на болка, кој вака или така, секако сами мора да го поминеме :)
     
    На LaChiquita, Annath, slavica999 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Мојот сопруг беше до последниот момент со мене. Дур ме однесоа во операциона сала, беше постојано со мене. Јас пискав, цркав, пцуев. Ја гледаше целата моја мака. Не ми беше мило да ме гледа таква, но бар со свои очи виде како се мачам да го донесам на свет нашето дете.
    Имам претходно коментирано дека сакав да биде присутен на самиот чин. А сега некако не сум баш сигурна во тоа :D
     
  7. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Да не се разбереме погрешно, маж ми како и 90 проценти од мажите во државата во која живеам САКААТ да присуствуваат на раѓањето на своите деца. Значи јас нема да го терам за да му докажам колку ќе се мачам!!!!
    Сите другари негови присуствувале на породувањето и искрено ниту еден од нив не се покајал туку баш го охрабруваат во одлуката да биде таму со мене.
    Смета дека е подобро да е со мене одколку 3 или 4 саати сам во ходник да се грижи како сме.
     
    На ennaz му/ѝ се допаѓа ова.
  8. IviA

    IviA Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    24
    Од една страна сакам , ќе ми биде подршка , а од друга не сакам да ме гледа како се мачам :( а сигурно и тој нема да сака да ме гледа ваква
     
  9. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Ич не го сакам да ми стои над глава и да ми дише и да ми стенка па уште ако почне да паничи ма ич не го сакам до мене, нека седи таму надвор и нека чека. ВО тој момент ако ми се испаничи дали на него да мислам дали да мислам да го изнесам бебушот. Не ми треба во сала кога ќе се породам ќе си му кажат се што си треба и нека иде мекици да спрема а јас да се одморам :) па после тоа има да гледа и да се изнагледа со мене заедно .
     
  10. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Ако е толку убаво за гледање, место во кино, на породилно ќе го носам. :lol: Божем не може после да не' види двајцата пицнати и чисти.
     
  11. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Како на филмовите, таткото влегува во собата и мајката со фризура, средена и бебето розевко како од списание :)
    Јас само сакам да си бидам сигурна дека ќе имам добар тим од доктор, акушер, анестезиолог околу мене, мажот ќе ми биде сувишен во мометот. Никогаш никаде не сум одела со некој да ме држи за рака за да ми држи страв, не ми треба ни сега, јас и бебето сме си доволни да си го истераме тој момент заедно.
     
  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.684
    Допаѓања:
    97.981
    Пол:
    Женски
    Ха ,јас мојот маж не можев да го најдам да ми донесе влошки а не пак да присуствува на породувањето :worried:
     
  13. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    и јас сакам мажево мое да е со мене ако се породувам нормално, затоа што секогаш бил до мене кога ми е тешко, и така сигурно и тогаш ке ми биде полесно ;)
    додуша засега е воздржан, ама исто незнаеме дали и воопшто е тоа дозволено во битоласката болница :?:
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Воопшто не би сакал утре маж ми да е до мене при породување.
    Не, не и не...никако не би можела тоа да го замислам.
     
  15. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Е јас кога ќе дојде ред ќе си го земам со мене :D кај јас таму и тој. Не, озбилно, како што сум страшлива и паничарка кога станува збор за болници и за лекари, мора да биде со мене од проста причина што ќе ми треба некој барем малку да ме ги одвлече мислите, да ме охрабри и да ме подржи.
     
    На Dreem.Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. violetmoon

    violetmoon Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2012
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    еве го и моето искуство...
    со првото се породив со царски,ми беше високо иако 20 саати трпев огромни болки знаете колкави се и бев 4 саати на бокс рашчепена со врзани нозе,па на страна едната врзана па вака па онака,па и рипаа ме стискаа,и уште маж ми да го гледаше тоа (треба смајли што пага у несвес).
    дома додека имав болки беше цело време со мене не ме остави ни минута сама,а ваму не ми ни текнуваше на него, а искрено и нема да ми е од некоја помош.
    е сега здравје не сум бремена ама за второ сакам да си закажам царски на гак,дали дозволуваат на царски да биде присутен сопругот?
    ако некој знае нека каже...позз
     
  17. Dreem.Girl

    Dreem.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2012
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    118
    Хехе и јас сум иста така да без него не влегувам во болница не па на пораѓај :lol: знам голема страшливка сум но тоа е не можам сама да поминам низ тоа мора да биде до мене :sweat:
     
  18. simonice

    simonice Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    99
    и јас не можам да се замислам на пороѓај со мм :x
    а не верувам ни тој дека би можел ,после првиот напон ке треба него да го освестуваат,а не па да дочека до крај да ја види крвта,па постелката....... :tmi: :lol: :tmi: :lol:
    нема шанси :puke: :x :puke: :x :puke:
     
  19. dlove

    dlove Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    3
    ау баш сакам па не можам да влезам во болница без него
     
  20. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Многу сакав маж ми да е со мене, и тргна човекот да дојде, но бидејќи немав ни болки ,па почнаа прво со провокации не беше изводливо толку часа да е таму. А што е по трагично е тоа што сите што треба да раѓаат се на едно место. А колку полесно ќе ми беше да е до мене додека траат болките :?: