Спојлер и јас многу сакав да е маж ми до мене кога се пораѓав ама не знам ни дали е дозволено на ГАК? и сега пак сакам зошто да не присуствува ? ич не се секирам за тоа како ке изгледам на порагајот па два живота се во прашање , нека гледа нека види со кои маки ги носиме на овој свет,нека го почувствува и тој моментот неговото дете прв пат кога ке заплаче , а, и знаето што сигурно докторине кога ке е тој присутен ке внимаваат како се однесуваат !!!
Ќе дојде и оро ќе игра! Иако имам доста време за таа работа, но сепак најголемата подршка тогаш ќе ја очекувам од него плус и моја желба е да со мене тогаш. Кога умеел да го направи, зашто и да не дојде да биде со мене во тој момент?! Сепак секој маж е различен, некој сака некој не и до жените исто дали сакаат. Само им посакувам на сите идни трудници,породилки со лесно и во најдобар ред да им поминат месеци и породувањето!
Министерот донел одлука - освен сопругот, на чинот на породувањето, да може да присуствува и таткото.
Кога бевме на преглед последниот пат докторката го праша дали ќе присуствува и тој одговори ДА, секако (срцко бе), после следуваа некои совети за како да ми помогне и кои ќе бидат неговите задолженија . Се изненадив зошто дури и на царски може да присуствува освен ако не е со генерална анестезија.
koga ke slusnat kako vikame site zeni tamu ko u klanica i so race i so noze ke trca sto pobrzo da izleze hahahhaahah
Не знам, јас не сум баш за тоа. Зошто мора да гледа како се мачам.. башка знаејќи го мојот што му се прилошува само кога гледам Grey's Anatomy, не би сакала да дојде на породување па да го носам на душа
Уф.. не знам искрено дали би го зела на породување. Во приватните знам дека може да присуствува и на царски рез а во државните не ги примаат внатре. Една моја пријателка се породи во саботата со царски рез во државна.. на мажот и му рекоа да си шетка додека не го викнат, а тоа траеше два саати.
Mojot koga vleze da me vidi posle carski od samata pomisla mu klecnaa nozete za malku ne se onesvesti a ne da prisustuva,sekoj den se krsti sto se rodil masko I sega e vozbuden I ispanicen sto ke bide prirodnomi vika so taksi ke te nosam ili drug ke vidi te molam da ne vikas mnogu epten se plasi
Примаат Мами, само со врски треба да си средиш Зборам за природен пороѓај, не ми се верува дека на некого ќе му дозволат да влезе во операциона сала на царски.
јас на почеток мноооогуууу сакав мм да е со мене на пороѓај, ама после она што го доживеав сватив дека со право биле што и не оставаат и што имам слушано и имам гледано (на филмови ) дека се онесвестуваат на пороѓај МАЖИТЕ мм влезе во породилна сала 5мин по пороѓај јас се уште бев на боксот. не му беше баш и сеедно ме баци го виде бебушот и прскалица да го нема.....
Јас сум по природа голем паничар за едно обично одење на лекар земам некој со мене ама здравје боже коа ке треба да раѓам не сакам он да биде со мене знаејќи го колку се плаши да му земат крф како семафор е менува боички а не па на пораѓај(дечо ми,мојот иден маж )
Ја не би сакала да си го земам на пораѓај(иако имам уште време до тоа) Некако ми е глупо да биде до мене кога ќе се пораѓам.Не дека многу се грижам за тоа како ке изгледам и сите тие глупости туку едноставно ми е ептен некако..без врска.
ајде некоја нека каже каков е сексот после порудувањето ама некоја на која мажот и присиствувал на пораѓај многу сакам да го знам ова за да донесам одлука
Не се плашам од породувањето. Мислам знам дека ќе има болки и се ама ќе издржам. Само мнооогу ми е страв низ сето тоа да поминам сама. Најголем страв ми е од 12 саати седење со болки само со сестрите. Мислам дека ако не дојде сопругот со мене нема да можам да дишам а не да се породам. Тој ми е голема подршка во се, ми ја држи косата кога повраќам, ми ја држи раката кога ќе ме фати мигрената. Ме има видено во секакви изданија и после лошите работи секогаш сме биле само поблиски. И сега за ваква битна работа, сега кога за негово дете станува збор нема шанси без него да одам. Во врска со предходните коментари за привлешноста после, мислам дека ако љубовта е вистинска хемијата секогаш ќе постои. Не е секси ни фактот што сега мора да ми ги врзува чевлите, ама тој факт може да направи само да го сакам повеќе, и да знам на што се е спремен за мене. Проблем е што ќе се пораѓам во болницата во Куманово. Уште од сега сите ме убедуваат дека нема да ми треба да е со мене. Не знам какви им се правилата на болнициве. Има ли шанси таткото барем додека се чекаат болките да е со тебе. Страв ми е дури и да прашам. Би дала пари за приватна клиника само за да бидеме заедно. Има ли некој што се пораѓал во државна со присутен татко или уште подобро во Куманово.
јас сакам да е мм со мене а и мм сака папучето да го пресечи и да го искапи бебенцето ( и дечките мој сакат да се со мене)
Па второто дете ваљда е доказ дека имаме секс и после присуството на мм на породувањето на првото дете. Сексот е ист како и пред породувањето, единствено нешто што се промени е дека бевме потивки затоа што имавме бебе и не можеш веќе да имаш секс кога сакаш туку кога имаш услови, бебето заспало, не се преуморен од не спиење итн. А дека нема да види кога се породуваш ќе си прави бајрам на мозокот и ќе си мисли дека штркот го донел бебето а не дека ти излегло од кај што излегло? Мм си присуствуваше на породувањето и првиот и вториот пат, ми значеше многу во тие моменти неговото присуство, неговата подршка а со оглед на тоа колкави бебиња родив мислам дека да не беше тука до мене ќе завршев и првиот и вториот пат на царски. Вториот пат и синчето одвај го избркавме од соба, тој едвај чекаше да го види братчето, цело време го слушав пред врата како се радува за братчето и татко ми како го убедува дека ако влезе во соба братчето нема да излезе. Мм сакал да присуствува, плус тука е нормално да присуствува, му било многу убаво кога ја сечеше папочната врвка, ми вика дека со неговото присуство како да придонесувал во породувањето, мене демек да ми е полесно, двајцата сме го направиле тоа бебе, двајцата треба бидеме во иста просторија кога ќе се роди, заедно да не види бебето, таков став има мојот сопруг.