Една сестра од приватниве наши клиники, кажа дека нив им е подобро кога иде мажот на пораѓај, оти во 90% од случаите се онесвестуваат, и потоа му наплакаат за кревет и инфузија и грижа на мажот Значи, 100 евра плус у џеб А на државно, ке се онесвести и не му наплаќаат. Инаку, да требало мажите да бидат таму, и они ке раѓале. Мојот маж нема да биде таму, здравје.
Мојот не би се онесвестил, ама од сега сме договорени дека нема да присуствува. Ниту тој имма желба за тоа, ниту јас сакам таму да биде
Мојот ќе се онесвестеше барем 3 пати дури го тргнат од бокс Шала на страна ама во право сте,местото не им е таму Може физички се градени и спремни за физичка издржливост ама психата им е слаба страна
Мене ме чудите со она , ќе се онесвести ? Од што де? нема сигурно да гледа он да ја пораѓа жената , него ќе биде од нејзина страна ќе ја држи ваљда за рака Мојов беше до мене и кога природно се породив и кога ме породија царски ... па ете го здрав жив . Повеќето е до мајките ... не ќе да е до мажите за таквиот став
А бре мамички, кога ние не се онесвестуваме од толку јаки болки, и нив ништо нема да им биде. Камо срека да може да присуствуваат сите да видат низ што поминуваме, па така повеќе ќе не ценат(не велам дека сега не не ценат, но пак друго е). Како што кажа и MacenceEna, нема потреба да гледаат таму доле што се случува, и јас тоа не би го дозволила. Но би била многу по силна и сигурна кога би бил до мене во таков тежок момент и би ме држел за рака
Кас не сакам сопругот да биде во родилна сала со мене Може ке се предомислам незнам ама засега не Можеби сестра ми бидејки е медицинско лице ама и за тоа ке видиме
Јас се породив во присуство на мм. Ние сме во Германија и тука присуство на близок е задолжително.Значи може сопруг, дечко, партнер ,девојка, мајка итн. Мм на почетокот не сакаше имаше страв, но подоцна се согласи. Јас се породив во јули топол 27степени како 50 ми беа.Мојот сопруг многу ми помогна во ладење бидејќи салата немаше клима.Ме држеше за рака и ми правеше смеи.Ми кажуваше на цтг сега идат болките Не му даваше бабицата да гледа долу сепак тој видел многу крв. Вели стресно и страшно е за персоналот, а му беше криво што не ми помогнал повеќе . И кога напнував ми велеше не така вака оти тој родил 5 и знаеше како Денес кога му спомнам вели што потсеќаш на хорор, значи му било грозно и глупо. Али мене ми беше супер .Тој го мереше бебето го сликаше и го буташе до собата.Нека видат како е и да не ценат повеќе и ако не е така
Со двете деца мм беше до мене и тоа го сметам за многу убаво пријатно искуство. За првото ме држеше за рака, долу не гледаше баш што се случува освен шиењето, а за второто целиот чин го гледаше и ми даваше инструкции како да давам напон. Огромна поддршка ми беше, а да не зборам колкаво задоволство, гордост и среќа беше за него да го гледа раѓањето на своите деца. Додека мене ме средуваа, тој одеше да ги измери, облече (овде бебето ниту една секунда не се остава во раце на сестрите без присуство на родител или блиска особа). Раѓањето е убав чин и приказните од типот дека ќе се онесвести мажот се глупост, ако беше така тогаш секоја втора жена на бокс у несвест ќе паѓаше
Soprugot insistirase da prisustvuva na poroduvanjeto pa bidejki bev carski toj gledase preku edno staklo,imalom slucaevi mazot da se onesvesti pa doktorite neznaat dali nego ili rodilkata da ja gledaatmojot ostana na dve noze xaxaxax
Ke pisam zdravje i nase iskustvo od poragajot mm sam izrazi zelba da prisustvuva, jas sum presrekjna, pa ke vidime kako ke pomineme
Jas sum ZA da prisustvuva soprugot na cinot na poraganje,prekrasen moment,ke ti pruzi golema podrska a i zaedno ke go precekaat bebceto vo negoviot nov svet,jas sakam mm da prisustvuva.
Ne fala,koga ne dojde vreme za toa,sama vo sala. Ne sakam nikoj da me gleda kako se nategam. A ne sakam ni guzva po hodnici i sto dusi pred vrata. Ke doznaat koga ke se porodam.Moe mislenje.
Кога ќе дојди ред за мојата бременост и пораѓај не би сакала да е до мене.. Шознам, би ми било повеќе страв, мислам дека нема да можам да комуницирам со докторот како што треба... П.с да ви кажам една случка со наш другар.. Женава дошла да се пораѓа, арно ама се праел силен па сакал да присуствува на големиот ден... На сред пораѓај се онесвестил, па него го сместиле на едниот бокс а жената на другиот раѓа Затоа подобро нека си седи пред врата..
I jas na pocetok ne sakav, no koga me fatija bolkite zaedno otidovme na bolnica, me primija vo 3 po polnok i mm bese celo vreme so mene. Sedevme vo soba, me druzese na ctg koe btw mnogu go mrazev, zaedno igravme vo soba koga mi rekoa da tapkam so nozete da se spusti bebe : D. Negovoto prisustvo mnogu mi znacese i mnogu mi gi olesni makite. E sega koga zaminav vo rodilna sala okolu 8 saat gospodinot si ostana da si lezi vo soba da si gleda tv, pa od sestrata dobi i kafe, ama ne sakavme i dvajcata da prisustvuva tamu, da ne mozam na raet da se macam posle poragaj odma dojde i 2 saati dodeka traese masazata na matkata isto sedese do mene, mi davase sokce i si ja gledavme bebuska
Ни јас несакав да присуствува, бевме и така договорени, до родилна да е со мене, после не. Арно ама се искомплицира на крај, долго бев на бокс па докторите сами некако ми го внесоа внатре облечен у зелено и покрај тоа што викав да не влага. Вероватно мислеа за поддршка добро ќе ми дојде 2 часа седеше позади мене, ме притискаше за стомак, држеше за грб и изиграваше бабица по инструкции на докторите...хаос Јас и така бев полусвесна исто ми се фаќаше а бил а не бил до мене
Дали мажот смее да присуствува на чинот на породување во Чаир? Јас сега за сега мислам дека е подобро да не присуствува дека кога би знаела дека ме гледа како се мачам би ми било плус уште повеќе тешко што и тој го гледа тоа. Но до тогаш може и да се предомислам.