Здраво! Ве молам за мала помош! Пред еден ден правев анализа на крвта и мокрача! За прв пат во бременоста во анализата на мокрачата имам присуство на протеини. Дали треба да ме загризува тоа или пак не?
Протеините може да бидат присутни во урината поради зголемена физичка активност или за време на бременоста, кога тоа не е знак за патолошка промена или состојба. Појавата на протеини во урината, во сите други случаи, начесто е знак за некој воспалителен процес на уринарниот систем и бара доплнителни иследувања.