Добро бе, дали овие од Канал 5 се нормални? Како можеа да ја укинат оваа серија? Која е причината за да го направат тоа? Не верувам дека оваа серија имаше низок рејтинг како останатите кои ги укинаа бидејќи оваа серија е со поразлична содржина од сите останати турски серии и навистина вредеше да се гледа
Се очекуваше да ја укинат оваа серија како и многу други ,не се чудете на празно , ке има ехее уште колку за укинување, тоа е ништо не им можеме
Досега ги укинаа сите можни серии, истото ќе се случи и со секоја следна. Ова се меилови каде може да се пише desk@kanal5.com.mk info@kanal5.com.mk Ова е меилот на Совет за радиодифузија sovet@srd.org.mk Време е да се спречи ова
Не канал 5 една серија нека почнат да ја даваат со 100 различни наслови..а другите нека ги прекинуваат .. браво ама се паметни како на другите телевизии не им текнало ова...
Наместо да емитуваат реприза од серијата Девојката која ја сакав или сега со ново име Моето дете можеа да ја емитуваат серијата Притаени страсти
Големо УА за КАНАЛ 5 безобразни се,па не ги гледам ич веке.Незнам што почнуваа да ја даваат пак кога не им е докупена цела бре нездрави Не залажаа со неколку епизоди.
Серијата е укината. Не се знае кога ќе продолжат. Целата серија ја имате на интернет со српски оревод под називот Strasti orijenta. Гледајте и уживајте !!
И од која епизода да продолжиме? Ако нешто мразам тоа е гледање серии на нет, ама оваа сакам да ја догледам до крај, незнам по кој пат веќе ја прекинуваат. Место да ја репризираат од почетокот подобро ке беше да ја продолжеа и таман до сега ке завршеше.
нека каже некој до каде сте зашто ја синхронизирани не гледам. Инаку дечкото е Белул не Бетул!!! Едит Еве ви ја на нет серијата
15:25 - Притаени страсти - р 16:00 - Притаени страсти - продолжува 23:19 - Притаени страсти - р моментало ги даваат репризите
и јас штотуку ја видов и баш се израдував една од најдобрите турски серии е,може не по содржина или глума ама по стил гламур и изглед за глумците сите се преубави и преубаво ги облекуваат
И јас поради истата причина ја сакам оваа серија... Прекрасна е, ја изгледав online и сега ако продолжат да ја даваат повторно ќе ја гледам. Само ме разочараа режисерите на серијата во последната епизода. Значи, прекрасна серија не требало да направат тргичен крај. Навистина се соживеав со серијата и крајот воопшто не ми се допадна, ако не друго барем малку да ја ублажеле трагедијата. А за гламурот кој владее цело време не можам да кажам лош збор тоа највеќе ме воодушевува, затоа и очекував да има среќен крај, но бидна.