И јас тоа го имам коментирано претходно, значи се согласуваме Многу ме разочараа со завршетокот на серијата, затоа што ја гледав без здив и кога видов како заврши се разочарав, очекував малку подобар крај а не таква трагедија. Не мораше да заврши со самоубиство, можеше некој помек крај да измислат.. ама тоа е кој ме прашува мене
Такви лабилни и неодлучни карактери како Бихтер и Белул не ни може да имаат среќен крај во таква ситуација каква што е.
Tesi не се согласувам со тебе. не знам дали ја гледаше внимателно серијава и дали а изгледа до крај на нет. Белул е дете кое цел живт во сее го носи комплекост на сираче. Тој во Аднан гледа господ, гледа татко , гледа фамилија. Не знам дали ја виде онаа сцена кога се сеќава како седи на скалите кога ратот на татко му и аднан разговараат Аднан да го земе со себе. Мене таа сцена ми се врежа во глава и ми го оформи каррактерот на Белул. Тој несугурноста во себе ја криеше со глумење мачо став, не се заљууваше во девојки, животот му беше само една забава. Се додека Бихтер не влезе во неговиот живот. Тука се роди друг Белуал, разви чувства, доживеа љубов но за жал ако ја оствари таа љубов ќе го повреди својот чичко, својот спасител. Цел живот Белул патеше од тоа некој да го сака. Како што и кажа на Бихтер кога се бакнаа во колата на брегот Само со тебе не морам да глумам, само со тебе сум она што сум.. Не е кукавица, само животот му стави пред него голема одлука жената на својот живот или семејството... Тој го одбра семејството. Бихтер иако растена во раскош никогаш не осетила семејство, топлина дом. Каранцнте меѓу мајка и и татко и секојдневно ја буделе од сон. Зборот развод се спомнувал повеќе од зборот љубов. После смрта на татко и решена е да го освети татко и. Не помислувајки дека со вегувањето во Зијагли куќата ќе ја доживее својата најголема љубов, најголеото разочарување и себе откривање. Бихтер пати за љубов, за семејство за топлина. Во Аднан најде татко, сигурност, во Белул најде страст, онаа љуов која те вади од кожа... за жал во погрешно време и на погрешно место. Преслаба е психички да се бори со мајка и. Таа битка однапред и беше изубена. Понатаму после 60 тата епизода веќе се губи, се кине се дели во себе си. Љубовта кон Бехлул ја носи до психичка пропаст.
http://www.youtube.com/watch?v=C84qME6gQkQ Значи, буквално уживам во танцот, толку страст, толку женственост од страна на Бихтер, абе незнам... убавини
Јас не знам само како никој не виде дека тоа беше страст и љубов на подиум. Ма уште за новата година кога играа беа веќе привлечени http://www.youtube.com/watch?v=Af15dgLqjgQ На моржов пред нос му играа не виде Ама Фирдевс ги сними одма !! Инаку додека одела серијата во Турција премиерно ( до сега Канал Д ја има два пати репризирано што е преседан) за сцената во стакларникот имало дебата на тв помеѓу психолог и оџа за тоа дали била морална бла бла бла. Ах лепота моја
^ Епа претпоставувам кој шок била самата серија таму. Во другиве нема такви елементи, што искрено па и ми се допаѓа, поразлично ми е од холивудскиве сценарија, други вредности, друга филозофија...
најубав филм до сега ама за жал со тажен КРАЈ најмногу шо ме нервира во филмов е шо има многу шпиуни посебно Матмазел моментално си го гледам реприза
И мама го гледа,па чат-пат и ја подгледнувам. Сега и раскажав на мама што ќе се случи и ми вика не ми кажувај нема да ми е интересен за гледање. Тука Бихтер за разлика од таму каде што ја глуми Фатмаѓул е доста поубава.Овдека е повозрасна се гледа,како Фатмаѓул е помлада изгледа или грешка сум?
Каков таков,Аднан им пружил задоволство во животот и на двајцата а тие како му враќаат?Тоа е секако еден вид изневерување а изневерувањето е грев. Каква љубов,какви бакрачи,како можеш да бидеш заљубен во некој на кого му е страв да биде со тебе?Тоа е пролазна обична страс и ништо повеќе.Затоа и филмот се вика Притаени страсти.А љубов како од бајките ако сакате гледајте го Имотот на дамата(кој веќе е завршен ама на интернет сигурно го има)каде ликовите се жртвуваат еден за друг.Некои изневерувања можат да се оправдат и тоа само на филм ако на пример на сила биле омажени или слично ама со вакви ликови како Бехлул,фраерчиња,шизици кои го користат својот чичко и без срам продолжуваат со лагите за нешто што не вреди,не постои оправдување.Дури и Мадмоазел не би ја сместила во негативен лик,туку напротив како семејство се многу хармноични.
ПА Можи да е помлада 2-3 години во фатмаѓул иако тој филм не го следам ама колку шо гледам по рекламине
Серијата се вика Забранета љубов "Ask-i memnu". Какви притаени страсти какви глупости, колку што Annem ( мајка ) e Солзите на мојата ќерка! леле комедии ми се насловиве на сериите кај нас Ќе те прашам како ќе го оправдаш Аднан кога ќе ја силува Бихтер ( ако веќе не поминало тоа кај нас ). Ептен љубов шта да ти причам.