Јас ја гледам Нихал искрено како наивно девојче. А каква би можела да биде чувана под стаклено ѕвоно. *************** Инаку друго ми беше муабетот. Знаеш дека си забегал со сомнителното понашање кога Несрин ќе те искара за прислушување на разговори.
Исто,по втор пат ја гледам,во летото на интернет ја гледав и пак ми е интересно можам уште 100 пати да ја гледам инаку не сум љубител на турски серии оваа е втора што ја гледам
Слатко се изнасмеав кога Несрин го фати Бешир кога прислушкуваше .Нихал си е приказна за себе,мисли светот е предобар и што не се запраша зошто Фирдевс толку и ја полни главата за Бехлул. Kолку и да е чувана под стаклено звоно,треба убаво да си ги отвори очите за да види дека Бехлул не ја сака.Aко не сака да види,тогаш проблемот е во неа. Бешир е ист кукавица како Бехлул,значи никакво соочување со проблемите,најлесно е да се избега. A Фирдевс како го притисна во ќоше Бехлул,нема кај да бега . Не ја оправдувам и Бихтер но барем таа се бори за љубовта и навистина сакаше да замине со него ,а тој само цмиздри не ме притискај те молам,не планирам ништо Eпа кога некого сакаме,сакаме и иднина со него ах бе Бехлул ,разгален маж ,е тоа го прават парите понекогаш,си се разгали човекот кај чичко му и мува за ништо не го лази. Зборот ми беше во голем број случаи машките биле кукавици,и не се бореле за саканата.Одма подлегнуваат на првата пречка,а јас тоа богами љубов не би го нарекла.Убаво му е со Бихтер скришно,си се забавува човекот,а за иднината гајле си нема.
Почна...Aма и на Бехлул не му е сеедно,само многу демек е наивен и добродушен,со цвеќето што и го подари на Нихал в раце и плаче .Убаво и кажа на Нихал дека тој не е за неа,ама тие испади влегување во соба и необјаснување за чувствата што ги нема е тотален идиотизам. Бихтер многу повеќе страда и жал ми е за неа,но заслужено им е на двајцата со Бехлул.Ете го и Бешир почна да се разболува ,се ќе се разоткрие
тоа е тоа зашо никад мажите немаат муда,он ја сака болен е по неа ама е тотален идиот и кукавица и сакајќи да си остане во топлото домче кај парите на крај ке се случи тоа шо ке се случи
Белул не е кукавица. Белул цел живот го носи комплексот на сирак, кој од сиромаштија и живот по домови го спасил Аднан. За него Аднан е се. Среќата на Аднан и неговите деца е среќата на Белул. Живее онака како што сака Аднан само да не го усрами, да биде достоен на презимето Зијагли, затоа што секогаш тој е само Белул Хазнедар, сирачето над кое се сожали големиот Аднан Зијагли. Сега се заљуби во жена му. Како да му ги приреди тоа, како да го разочара, како да ја изгуби единствената фамилија која ја има. Ако треба да се жртвува и да ја ожени Нихал, нека. Само нека не пати Аднан, нека не патат Нихал и Булент. Белул се жртвува на живот без љубов, без жената на својот живот, сакајки на тој начин да се измие себе си од гревот кој го нанесе на Аднан со тоа што ја засака жена му.
Точно Нена,ама сепак Бехлул е кукавица,само кукавица без храброст не се бори за својот живот и не се соочува со проблемите.Aма,лесно е демек да глуми жртва,е ако толку го сакал и почитувал Aднан ,човекот кој го сожали и го засака како син,што зад грбот негов е со жена му?Ако е толку фер,да не и беше љубовник на Бихтер.Или убаво е нему кога му одговара да си се гледа скришно со неа,а кога дојде ред да бира меѓу Нихал и Бихтер,што направи?Себично гледаше да се спаси себеси,иако имаше грижа на совест што сите ги повреди.На Бихтер и вика:ти не ме сакаш,тоа не е љубов .А нејзиното не беше љубов,неговото што е ?Лицемерие на квадрат . Жално за Бихтер што се самоуби,оти таква кукавица не заслужи љубов ,требаше ли таа да се убие за тој стварно да поверува дека она го сакала.На нејзиниот гроб вика,Бехлул бега. Не можев да дочекам да се емитува на тв,на интернет си го догледав крајот
Бихтерчево овенува..ама и е љубоморна на Нихалче,а на овој Бехлу му одговараше да си ја има Бихтерка за љубовница и он не планирал иднина со нејзе.Го сфаќам и него на некој начин,некако го притиснаа многу со последните случувања а и несакаше да ги разочара блиските негови пошо после клоцата и надвор без паричките на стариот а уште тоа му фали како што е голтар.