Кој не сака да го знае крајот на серијата ,да не отвара Спојлер Епа Бихтер ќе се самоубие на крајот,Бешир се ќе му признае на Aднан,а Бехлул ќе отиде на гробот на Бихтер и ќе плаче ,а ништо особено не прикажаа што со него понатаму,кажа само Бехлул бега.Аднан , децата и госпоѓа Денис заминуваат на крајот да живеат во друга куќа.Бешир исто така умира и него ќе го погребат,баш беше жално
Значи овој Бехул не само што не испадна добар маж,не испадна ни добар како човек Спојлер Баш ми е криво за Бихтер,девојката цело време се бореше за нивната љубов,да останат заедно,да бидат среќни,ама тој алчен гад неможеше да го остави богатството на Аднан
А извини по тебе Бихтер беше светица?? Влезе во брак со Аднан за инает на мајка и не од што го сакаше многу многу, се сплетка со Белул, па уште кога бегаа првиот пат госпожата што нели не е по парите го олесна Аднан за 100 000 евра или долари не се сеќавам, и оп ќе бега. Ако толку беше да го задржи бракот што не му кажа на Аднан кога ја бакна Белул во атењето, него го чекаше по цели ноќи, го зезаше за Елиф, му се врцкаше пред него. А тек сега ќе видите што ќе прави Бихтер, ќе го шекне Белул со психичките испади. Па од камен да е човек ќе пукне. Во серијава нема ни еден потполно невин ни еден потполно крив. Се заљубија двајцата во криво време и на криво место, Фирдевс препредена кучка си играше со целата фамилија Зијагли како со кукли на конец. Тоа ми се допаѓа кај турските серии што има тродимензионални ликови.
Не е светица Бихтер, не е за оправдување ама искрено го сака Бехлул а дотичниот мајтап си игра не само со неа,туку со сите.Бешир му попушти само за да ја види Нихал среќна,е тоа е љубов иако и неговото молчење не е убаво ама љубов е да сакаш да е среќна таа личност ,без разлика дека тоа нема да е со тебе.A Бехлул ја сакал сега Нихал ,ма немој бре .Пак гледа да се спаси себеси,да беше човек на место барем веќе сплетки немаше да прави,или ќе заминеше сам од таа куќа или со Бихтер,но ќе заминеше!!!!Tолку има лице и образ,кукавица!Жал ми е подеднакво и за Нихал и за Бихтер,не заслужија и двете ваков лажго.И јас да сум на местото на Бихтер ќе му правам сцени ,може она се понижи но барем се бореше до крај за љубовта.Не е жртва Бехлул на Бихтер како што тој самиот кажа ,обратно е. А Фирдевс ја повреди Бихтер и не е тоа решение што таа се омажи од инат на мајка си,ама барем имаше причина за тоа,заради татко и.А на Бехлул која му е причината што ги повредува сите?Што не може да си ги контролира страстите ,и тоа го нарекува љубов ?
Серијава мие ТОП! Една од поубавите до сега. Да искоментирам и јас нешто околку серијава. Бихтер мие во најтешка ситуација. Жално е што е така. На срцето не му се наредува кој да го сакаш и кога да го сакаш, едноставно ете тоа се случува. Барем колку толку ја сфати мајка и зошто изневерувала. Но ептен се претера со тоа и очигледно инаетот према мајка и на глава и скокна. Целата фама е што човекот кого го сака е Бехлул, да беше некој друг до сега ќе го напуштеше Аднан. Нормално е дека млада жена како неа убава и да не редам ... нема да остане со дедо покрај себе. Но од друга страна па Аднан е толку добар човек што не го заслужи сето ова. Ни тој ни неговото семејство. Цело време се трудеше да има среќен живот со Бихтер ја направи да се чувствува како кралица но ете не вредело и тоа. Бехлул е навистина најголемата кукавица. Некако мие лик со сто лица и неможам да го анализирам што сака овај лик со неговата улога да постигне во серијава. Би му дала титула за најголемиот кукавички заводник. Малку околу крајот Спојлер Крајот некако мие добар во споредба со она што се одвива низ цела серија не би одговарал некој друг крај како на пример Бехлул и Бихтер заедно би било премногу сурово према Аднан но можеше да биде нивно протерување а не смрт на Бихтер и започнување на нов живот на Аднан со Макмазел и децата
Дефинитивно Бихтер и Белул се најлошото нешто што можеше да му се случи на Аднан во животот. И двајцата се за ќотек.
Убаво кажа Белул на крајот: ..јас сум нула, убиец, кукавица над кукавиците, не успеав да те фатам за рака, човекот кој ме нарекуваше син го изневерив, Нихал... Фирдевс има најголема вина, алчна за пари и за репутација во општеството градеше среќа врз несреќата на ќерка и. Да, некој ќе рече кој ја тераше Бихтер да се омажи за Аднан?! Тоа можеби е и најголемата вина, зошто заљубувањето и копнежот по Белул јас лично не го сметам за вина. На сите може да ни се случи тоа. Љубовта не е грев! Можеби се` ќе беше поинаку ако Белул ризикуваше и ја одбереше Бихтер. Немаше да има потреба ни од Нихал, ни од ништо, ама како на нас ќе ни биде интересно за гледање, нели?! Тој ја немаше таа храброст како неа, незнаеше да се жртвува за својата љубов. Знаеше само да кука и плаче, без да најде решение. Единствено што му одеше од рака беше "бегањето". Не е дека неможеше, туку несакаше. Цело време викаше дека Бихтер треба да биде со Аднад, и ете на крајот Аднан побара развод. Требаше само да почека некој период за да почнат нов живот со Бихтер, но тој ни тоа не го прифати. Секогаш наоѓаше оправдување... Ако ја прифатеше и јавно искажеше својата љубов, кога тогаш сите ќе прифатеа, а вака сите животи останаа без надеж. Нихал е жртва на Фирдевс. Требаше да ја послуша Бихтер кога и кажа да го прифати Белул само кога ќе ја почуствува неговата љубов. И во неа имаше желба пред сите да се докаже дека она е таа која го има најубавиот дечко, по кој сите нејзини другарки лудуваа. Можеби некој нема да се согласи со ова погоре, но ете така јас го доживеав сето ова. Серијава е толку поинаква, што неможам да најдам зборови за да ја опишам. Сите епизоди се мирни и нормални, за во последната се да искочи на површина.
госпоѓа Фирдевс е ми е најодвратната типка во цела серија која ја направи цела работа да заврши се катастрофално иначее... оф топик, така малку... Спојлер се шират гласини дека Берен Саат си е малку бремена...незнам колку е вистина
Ај не ми ги превртувај зборовите те молам! Јас никаде не пишав за Бихтер дека е светица,она за разлика од Бехул се што превеше правеше од љубов,ама он ја натера да се претвори во тоа што е.Од почеток знаевме зошто Бихтер се омажи со Аднан ,така?
Спојлер Да бремена ќе биде со Бехлул ама тој нема да го сака бебето и ќе и рече да го абортира а,таа ќе го сака бебетоо....
мило во приватен живот сакав да кажам хехе приватното име го спомнав, значи за Берен зборувам не за Бихтер
Се очекуваше. Ама што најде во него освен пари ја не знам. Еј да глумиш со најубавите мажи во Турција и да се омажиш за акреп бе.