интересно типче е не е лош, ама како што кажа nena2010 по толку мажи во Турција со кои има глумено мислам дека можеше некој подобар да најде
Еве ги бе, не се лоши ....барем поубав од господин Аднан во серијата....јас не можам да замислам како можеше во серијата да се омажи за Аднан.....од толку постари глумци со бели коси и по фраери и пошармери има, тие во серијата го одбрале најгрдиот....
Бихтер потполно ја разбирам,а Бехлул уште да беше навистина вљубен,лажго и подлец! Приметивте ли Нихал колку е слатка,како глуми,или навистина се вљубила А Фирдевс да ми беше мајка,после сите провокации би ја задавила . Пејкер ја разоткри тајната,и изгледа ја здоболе за Бехлул
И јас мислев дека можам да ја разберам Бихтер, но како што оди серијава, се` помалку ги разбирам и двајцата. Збеснати од живот во раскош... Само искрената љубов ги спасува во мои очи.
Бихтар ја разбирам,сака да и се одмазди на мајка и, бај д вуеј си го обезбедува животот,Аднан видел млада и згодна,има пари...,Беилул геда забрането овошје ,ама Нихал-прифаќа брак од некој кој не ја ни бакнал претходно,мислам...
Нихал е таква затоа што е држена под стаклено ѕвоно. Бихтер е прошетана и изживеана девојка. За оваа што искочи у град еднаш фама се дигна страшна, не и` даваа на кафе да излезе со дечко на 18 години, мислам со тој Денис, мораше со мадмоазел заедно да искочи за да се напие кафе. И како сакате таква девојка помалку наивно да постапи во ситуацијата. Мене ми е жал за Нихал. Маестрално ја искористија сите.
Абе така е под стакено ѕвоно е држана, ама сепак живее: има другарка Пелин ли како беше, оди на учииште...едноставно има некаковси социјаен живот, не живее апсолутно во бајките за да прифати брак така како гром од ведро небо... Мисам многу е контрадикторно дадено тоа во серијава, од една страна е Бихтар и сестра , Беилу ,Нихат, Елиф... кои се изживеани,прошетани, од друга страна е Нихал која има слични услови како сиве овие дури и подобри во материјана смисла, исто е прошетана се ,само поради блискоста со татко и не е многу изживеана, ама сепак според мене тоа не е доволо за ваква постака
Греотка беше Нихал кога побара прв бакнеж но ептен ми падна смешно тоа со саксијата што ја скрши Бихтер .И да ,Нихал е држена под стаклено звоно и се тоа ама сама си примеќаше дека Бехлул не ја сака ,тоа се осеќа па ако сака и стаклена принцеза да си.Овој па не е типично машко веќе,нели женкар беше,сега не може да ја бакне Нихал .А тоа што ја побара за жена без да бидат интимни врв
Глупаво е да се спореди Нихал со Бихтер. Нихал и самата призна во една епизода дека таа незнае ништо за животот. Освен Бехлул и Бешир ништо не знае. Гревота е зошто девојчето го користат за ова а и таа од што е толку внесена во Бехлул не гледа дека тој рецка не и мава. Но како ќе ни биде интересен филмот. Пејкер полуде ме изнервира што изреагира така ете си има маж и деца што ја интересира друго. Случајно да не и е жал за Аднан
Срцето ми е виновно,умот ми е виновен,патам .Вечерва најмногу чувствувам како е да се покаеш ах Бихтер и Бехлул ,прекрасно кажано. Зошто љубовта е толку комплицирана?