И јас ова го приметив, ама што да правиш, турска е серијава Но минимизирани се многу турски работи, за да изгледа европски и модерно. И мене ми засмета мебелот, фрлањето вода кога некој излага, ама тоа е, мора малку и културата да си ја промовираат.
Оние што хејтаат по серијава не се информирани дека серијата има претрпено повеке обработки,лиценцата ја земале латино американците и американците,отворете на инглиш и ке видете колку само американци ја гледале серијава и ја сметаат за врвно достигнување на Турците. Ние сме навикнати кога даваат турски серии да бидат сите покриени и пошто ги даваат оние најзаостанатите делови од Турција забораваме дека таму има многу богати луѓе и овј раскош во серијава воопшто не е филмуван. И не е вкусно овде да се зборува за убавината мислам секој си има вкус ама режисерот кога ги давал улогите точно знаел што барал Инаку информација за Берен...има играно улога заедно во филм со Моника Белучи http://www.youtube.com/watch?v=Jj79wfMwmgU http://www.youtube.com/watch?v=rVOTMwyNa-A
Значи зошто се расправате за глупости секој си има право на свое мислење не може секому да е убава бихтер или бехул секој си има различен вкус,мене лично многуу ми се свиѓа бихтеер а и бехул и булент детенцето е многу слатко се е ок со филмов и баш ќе ми недостига филмов..
....не е воопшто проблемот во кастингот..... мислам дека сите се соодветни за улогите и добро глумат.....мене ми засмета рекламата со „најубавите актери“ .... реално сме виделе далеку поубави глумци од овие овде и благодарно, неблагодарно тоа е.... а вие кога викате модерна серија сигурно мислите на облеката и не се разбираме тука....јас кога викам модерна подразбирам современа, современо дејствие, современа тема на обработка, оваа не е таква....па самата книга е напишана пред повеќе од сто години и на таков менталитет одговара, девојка се самоубива поради срам од пропадната врска со забранет човек и ради неможност да биде со него ..... а и моментот послуга ми го упропастува впечатокот...во шпанските серии дури и слугинките се средени со униформи како од каталог ....овие тука ем злобни ем никакви... и да ве потсетам дека не сме хејтери, само критикуваме и не е забрането колку што знам да критикуваш или да не ти се допаѓа нешто........ и не очекував толку реакции на моето мислење дека глумците не се така убави и дека серијата не е ништо посебно, дека е преценета и дека има и подобри турски серии од оваа..... толку имав да кажам сега сум off од темата....се надевам нема да се цитираме веќе, досадно се истото да се повторува
Инаку вилата се наоѓа во Piyasa Caddesi Sariyor од снимање била изнајмувана за 6000 долари Во сопственост на турскиот бизнисмен Rahmi Koc ,но не знам дали некој живее во неа или ја изнајмуваат единствено за снимања