Многу сакам такви филмови и серии со забранети љубови.Ама како оваа,уште една тешко.Каков пар одбрале,како е облечена Бихтер,како од најдобар бизнисмен Аднан е направен слеп дома,колку непораснато разгалено дете е Нихал,преобразбата на Бехлул од себичен дечко склон кон ноќен живот до некој кој прифаќа да живее и да се вери со Нихал без да ја сака..................... Супер беше ама мора и нешто друго да се гледа,по тешкиот работен ден мало освежување
Знам бихтерка како оваа серија тешко дека ќе има друга таква ама ти ја препорачувам и оваа многу добра серија е а и многу е убав бехлул во тој филм пробај види па кажувај дали ти се свиѓа
Викендов ќе пробам,ќе ти кажам.Додуше денес почнав да ја гледам Ѓумуш,зашто додека овде се даваше бев скарана со серии.А сега повремено за одмор по некоја епизода после работа
Како и на секој крај на туските серии и на вој си се изнаплакав :/ ама мислам дека требаа да дадат што се случило по неколку години 3 или 5 години
Да Бихтер е онаа која е носител,главен лик и се разбира најубава,најсимпатична таа започна со ,,пожарот" таа требаше да го изгасне.Што ми е гајле за Нихал и Аднан тие помогнаа да ја снема наша Бихтер.Само монологот на Бехлул ко малце порано да требаше он да го сфати?!Зошто дозволи ова да му се случи.Туку Аднан да не ја скршеше вратата мислам дека Бехлул ќе ја убедеше Бихтер да му го даде пиштолот?
Во потполност се согласувам,Бихтерка.Ни на Бехлул не му беше лесно,посебно заради тоа што тој беше сираче доведено во куќата на Аднан и мораше нив да ги усреќи,затоа и ја почна таа фарса со Нихал ,која всушност Фирдевс ја започна .Кешке ,кажа Бихтер ,ама тоа е,љубовта беше поразена и нашата Бихтер заврши мртва .Секако ќе се убиеше она,ја здоболе до срце одбивањето на Бехлул,во тие моменти никој не може да е присебен. http://www.natabanu.com/forum/index...no-voce-strasti-orijenta-ask-i-memnu/page-458,во романот кога умира Бихтер ,Бехлул требало да ја држи во прегратка ,ама во филмот не направија така.A Бехлул на крајот ,цел живот останува сам ,живеејќи тихо како скитник со своето куче .Често го посетувал гробот на Бихтер ,и оставал по една црвена ружа . Да не беше Aднан,да не беше разгалената Нихал,да не беше алчната Фирдевс,не би завршиле трагично Бихтер и Бехлул.
Тоа со Бехлул дека оставал ружи требаше да го прикажат во серијата, поавтентично ќе беше. Вака ми изгледа како он да си замине од Турција и по некое време ќе си најде нова и нова девојка.
Можеше да ја убеди,кога и кажа на телефон дека се враќа во куќата се израдува Бихтер,колку што приметив ,и кога рече не му кажувај на никој,всушност за тоа се враќа да ја спречи,потоа оваа отиде по пиштолот,а сигурно ќе ја убедеше и потоа,само да ја гушнеше доволно беше .. Можеле малку да го изменат крајот ,не морало да биде како во романот толку трагично Ама тоа ти е ...
Сега видов на гоогле па берен е млада има 30 год и е родена на 26 февруари исто како и син ми родена е во анкара се прочитав за неа цела биографија хахха,има и други серии со нејзе интикам е едниот и уште некои има не ги запамтив
Ја гледав серијата поради Киванч Татлитуг којшто многу ми се допаѓа како појава,иако ликот што го глуми во серијата е комплетно за осуда и поради содржината којашто многу ме заинтригира!Многу ме потсетува на трагедиите на Шекспир,Корнеј,Расин и на античките трагедии кадешто човековите страсти се ставени во преден план на случувањата и прават главните ликови да бидат ставени во ситуација сами против сите што,всушност и води кон трагедија и нивна смрт на крајот!И е една од ретките турски серии коишто сум ги гледала и коишто навистина ми се допаѓаат!
Серии 2004 Aşkımızda Ölüm Var 2005–2006 Aşka Sürgün 2006–2008 Hatırla Sevgili 2008–2010 Aşk-ı Memnu Bihter Yöreoğlu Ziyagil 2010–2012 Fatmagül'ün Suçu Ne? Fatmagül Ketenci Ilgaz 2013–2013 İntikam Derin Çelik/Yağmur Özden Филмови 2009 Güz Sancısı 2009 Gecenin Kanatları 2010 Toy Story 3 Barbie 2012 Brave Mérida 2012 Rhino Season 2013 Benim Dünyam
Во потполност се согласувам,Бихтерка.Ни на Бехлул не му беше лесно,посебно заради тоа што тој беше сираче доведено во куќата на Аднан и мораше нив да ги усреќи,затоа и ја почна таа фарса со Нихал ,која всушност Фирдевс ја започна .Кешке ,кажа Бихтер ,ама тоа е,љубовта беше поразена и нашата Бихтер заврши мртва .Секако ќе се убиеше она,ја здоболе до срце одбивањето на Бехлул,во тие моменти никој не може да е присебен. http://www.natabanu.com/forum/index...no-voce-strasti-orijenta-ask-i-memnu/page-458,во романот кога умира Бихтер ,Бехлул требало да ја држи во прегратка ,ама во филмот не направија така.A Бехлул на крајот ,цел живот останува сам ,живеејќи тихо како скитник со своето куче .Често го посетувал гробот на Бихтер ,и оставал по една црвена ружа . Да не беше Aднан,да не беше разгалената Нихал,да не беше алчната Фирдевс,не би завршиле трагично Бихтер и Бехлул.[/quote] Навистина,е така.Но зошто цело време Аднан ја обвинуваше Бихтер,колку што се сеќавам он во неа само посумња кога беше трудна,па си отиде од куќата.Колку што е Бихтер виновна толку е и Бехлул.Иначе некои порано ако добро сум разбрала,велеа дека Бихтер личи на мајка и.Вопшто не е така,незнам ама Фирдевс уште од одма ми беше антипатична заразлика од Бихтер.Тој што ја хејта Бихтер,дефинитивно не распознава добро и лошо!Ај да ја мрзиш Нихал или Фирдевс,па макар и Пејкер(која беше пресебична,значи сестра ти да не ти ја каже својата најголема тајна,вау!)и јас ги мразам ама Бихтер или Бехлул?
film-i-tv/beren-saat-t21071/ Да се разработи групата и да ја видат тие што не ја виделе, да споделуваме интересни фотографии, информации и сл. за нашата Бихтер.
Никогаш непреболена, нашата Бихтер, девојката која љубеше многу и која љубеше вистински. Ако одиме по некој морал, Бихтер и Бехлул се за осуда затоа што беа љубовници под покривот на Аднан, кој е маж на Бихтер и чичко на Аднан. Секое неверство е неморално, но нашата Бихтер сакаше се да жртвува и да побегне. Затоа ми е толку драга.
Баш така нашата Бихтер,и Бехлул е малце греота,ама виновен е.Колку би било убаво да постоеа вакви љубови и во вистински живот.