Забранета љубов (Ask-i Memnu) Можам да кажам дека за сите глупости кои се изнадесија и допрва ќе се дешаваат, најмногу е крив Аднан. Разбирам, 11 години си жалел за жена ти, сам си бил, не си одел никаде, дрн дрн...ама нагло се зеде со Бихтер и како очекува ќерка му (знаејќи си ја како незгодна по тоа прашање што е и оправдано со оглед на тоа што мајчината смрт особено ја има погодено од една страна и тоа што е во чувствителни години од друга страна) да ја прими снашкава 7 години постара од неа со широко раширени раце... Два семејни ручеци не се доволни да му претставиш нов член во семејството на твоите деца. Тоа е, одеднаш многу се затворил во себе и вакви нагли моменти ќе има... Некој ќе рече, ама се глеале секој ден на гробиштата...ама само тоа ли е битно, шо на нив двајца им одел муабетот? Сам ли живее тој? Требало полека, полека, да ги навикнува децата на неа, а не вака, шокови да им приредува. А Бихтер ја оправдувам што од почеток си се постави така газдински да не речам Па, да се поставеше мирна и мека, мадмоазелов и Нихал ќе ја изедеа жива. Од старт се стега обрачот, после е многу потешко. Е сеа не ми се допадна тоа што и` го спомна на Нихал дека ги видела во весник, затоа што нормално е Нихал тоа да го сфати како уценување. Исто така не ми се допаѓа тоа со собите. Да, изненади ги, убава идеја е, ама украсите, предметите и спомените остави ги пред врата во една поголема кеса, па после децата што сакаат нека си прават. Како да сака да им ги убие спомените, како да сака да го погребе споменот на мајка им (и да не е така, така се чини). А Бехлул ми е срце Легенда, човекот се` гледа, се` слуша, на сите им се смешка ко нишо да не било...
Забранета љубов (Ask-i Memnu) Бихтер само сакаше да ги изненади, да направи нешто да ја засакаат децата, а Нихал е таа која е крива и се однесува љубоморно спрема Бихтер, на неа спомените ама ич не и значат ништо, така изреагира само затоа што бихтер и ја преуреди собата, разгалена е премногу, ке видиш после таа самата ке си ги исфрли сите тие спомени, ке ја смени целата соба 100%, ке се замислува како кој знае што да е, завршила средно и готово, пораснала преку ноќ мисли дека светот околу неа се врти
Забранета љубов (Ask-i Memnu) http://www.youtube.com/watch?v=KkUn6Tr8 ... re=related Превод на песната. Оние кои ја гледале серијата ќе ја сватат содржината. Спојлер Како мајка ми Сакав да бидам своја Но никогаш немав прилика И кога се изгледав среќна во себе си не бев Ама тие беа задоволни Колку вредев јас? Онолку колку што само знам јас? Ти секогаш беше во право, како мајка ми. Кофер полн со неправди, понесена од осаменоста Во благодарам на сите Одам, но не велам Благодарам
Забранета љубов (Ask-i Memnu) Нихал е само жртва на похлепноста на Фирдевс за парите. Со цел да не се разведе Бихтер од Анднан она и ја наполна главата дека Белул ја сака. А Нихал е дете растено интернатски, за неа куќата е цел свет. Заштитувана под стаклено звоно од смртта на мајка и. Единствено машко кое го видела е Белул и нормално во тие тинејџерски години кога хормоните и работат 300 на саат она мисли дека е заљубена во Белул. Од една страна Фиредевс и беше како мајка во поглед натоа дека ја дотера, ја воведе во тој круг на високо друштво, но тоа си имаше само еден цел. Да ги оддалечи Бихтер и Белул не знаејки дека со тоа и иа препишува смртната казна на ќерка и. http://www.youtube.com/watch?v=0EJPJaE6spM Клипот е од 39 епизода.
Забранета љубов (Ask-i Memnu) Нена, клипот не е од 39- та епизода... Проверив сигурно не е ... Ај ако го најдеш дај ми линк.
Забранета љубов (Ask-i Memnu) Кој ја има телевизјата Канал д може повторно да ја гледа во 12 и 45 секој работен ден јас денес ватив и од сега ке ја гледам пак тие се уште на почетокот кога Пејкер ќе се мажи за Нихат и кога Аднан ке и понуди брак на Бихтер... http://www.kanald.com.tr/askimemnu еве најава
Забранета љубов (Ask-i Memnu) Aх бре што убави очи имаат глумциве...ауууу од боја, до форма до све... Спојлер
Забранета љубов (Ask-i Memnu) Не, на работа сум а и си ја имам веќе гледано 2 пати, Плус ја има на нет па ако сакам таму ќе ја гледам) на youtube ја има цела на турски а мене не ми е проблем јазикот Теси од сликиве ја единствено се топам на татлијава Ја не знам која мајка го роди кој татко го направи вакво совршнство од маж, И лик, и стас и све бре на него. Мх,мх да ми е ....
Забранета љубов (Ask-i Memnu) ^^ Савршенство беа мане Едвај чекам да дојдам од работа да си глеам раат.
Забранета љубов (Ask-i Memnu) А па таму после 38 епизода кога му е подолга коста, ауууууууууу болиииииииииииии .... Признавам дека сум како шипарица заљубена во човеков и ич не ми е гајле. И може ми е најдолга љубов зашто го сакам од Ѓумуш кога ја даваа.
Забранета љубов (Ask-i Memnu) ^^ се изнасмеав бе... Значи завршив со гледање на 9тата епизода....уф колку ме нервира она Џемилено, а имам и осеќај дека допрва ќе праи глупости...типично просто и завидливо девојчиште па уште се надева на љубов од Бешир...кој ќе ти сака таква простакуша...Бешир барем пристојно и културно дете, а оваа со теткиве само трици јадат која кога прднала која кога земала воздух... Ми падна жал за Бехлул шо се` не видел и не претрпел. Од мал... Иначе ме нервира Бихтер така шо им се издерава на децава. Не ги родила таа па така да им се дере...мислам не на Булент туку на Нихал и Бехлул...добро шо и` беше тоа...ццц и уше Нихал и` се извини греота. Викале, па шо...во нејзина куќа е, ќе си вика ако сака...нема право да се истресува така. Не зборам општо, ама оваа постапка конкретно од кожа ме извади... да не е љубоморна случајно...и стварно шо *** му се пика на Белул во соба, убаво и` кажа мајка и` (иако од сосема други побуди и интереси). A и оваа Пејкер...ја сакав ама сега ме изнервира...осети дека овој почна да не ја врти толку и одма муабети со него пред маж и`. Брука...oчaj... Ауу Бихтер трудна да ти била ццц .... ама не сака да го роди, врти-сучи и таа ко мајка и` станува Ама убаво им списка на слугине...па стварно ја претераа. Наместо да бидат благодарни шо Аднан цела фамилија ја вработил, небаре Црвен Крст се, уше г**на да јадат за газдите и за нивни гости. Да, затоа што Бихтер, со самото стапување во брак е и самата газдарица, тоа е нормално.