Забранета љубов (Ask-i Memnu) Бешир кој војаер ќе биде аууу. На живци ми иде во серијава. А Џемиле нема да е цело време таква. Мене од слугите најодвратна ми е Катја на Фирдевс.
Забранета љубов (Ask-i Memnu) Уф бе оваа Елиф, дотолку ли бре нема самопочитување, алооо...на едно машко толку да се понижиш...ццц, па принц да е и најубав на свет бре не вреди....
Забранета љубов (Ask-i Memnu) Касно беше за редактирање...мислам стварно не разбирам шо толку и` се налутија слугиве на Нихал кога и самите знаат дека не би имала избор...лелелеле шо ми падна жал за Бихтер Аднан коа и` ги даде обетките на Дениз Ах таа мајка нејзина...само да растури работа, да ја бивало толку за тактизирање у брак немаше да биде толку несреќна. Некад не е све до тактика.
Забранета љубов (Ask-i Memnu) Полека полека почна Бихтер да ме напиња...аман едвај чекам да дое до епизодата ко ќе се фатат со Бељул, тогаш белки нема да биде ваква хистерична, само штрака со штиклине и само држи предавања некому...уше со цел памет на Пејкер и` вика „седи си мирно мажена си и со дете, да те предупредам ја“. Добро бе мајку му, не смее спомени да има девојчето? Бог да чува! Па коа била во врска со Бељулов не и` праела вака...ама стварно откачи... Ама и Аднан за ќутек е...по која логика тој дое до заклучок дека Бихтер ја сака и дека ќе му е најубаво со неа??? Мене најхармоничен однос ми има со Дениз. И најмногу и си одговараат, такви мирни пасивни, среќни онаму каде што се, не сакаат многу патувања, авантури...епа чиче не моеш тоа да очекуваш и од 25 годишна девојка која студирала во Америка...извини... А и Нихал ја разбирам. Ни најмалку не и` е лесно. И годините и` се многу лоши за ваква промена. Аднан ми е најкрив за се`. Барем да одбереше некоја на која децата се навикнати, како на пр mademoiselle ај да речеш, ама ова... Пејкер ми е фина, ама искрено не ми се допаѓа како се понаша со Нихат...ама шо е она „моите/твоите“? Тој одговара за тоа што прави татко му? Тој од се` се откажа за да биде со неа, се` направи...шознам и она и Бихтер за некои работи разгалено ми се понашаат. А и тој Хилми (татко му на Нихат) тежок бисер е...аман ќе омекне ли чоеков некад или само ќе си ја покаже поквареноста до крај? За Бељул ми е жал заради она што му се случувало. Немаше среќа шо го заведе Бихтер, ама бре, секому му е дадено мозок да мисли и воља да одолее на искушението. Тешко е ама не ни невозможно...Сепак тој за него направил нешто што ретко кој би го направил за некого кој е толку далечна роднина.И за Бихтер има направено многу, но тоа му е обврска, таа му е жена, но за Бељул има повеќе и покрај тоа што реално нема никаква должност кон него. Па мајкуму соземи се бре, алооо
Забранета љубов (Ask-i Memnu) Добро бре Фирдевс, па биваше ли бре жено....го збуни девојчето, греота...
Забранета љубов (Ask-i Memnu) Фирдевс ќе им го зезне животот и на Бихтер и на Белул и на Нихал. Гадура.
Забранета љубов (Ask-i Memnu) уфф овие Бешир и Џемиле ...искомплексирани едни...ако се родиле како слуги Цацко им е крив...
Забранета љубов (Ask-i Memnu) Запознаена сум со ова поодамна ама мислам дека ниедна верзија нема да е иста како Ask-i memnu.
Забранета љубов (Ask-i Memnu) Серијава на моменти ми е толку полна со интриги и сплетки, што дури некогаш се нервирам кога ја гледам. Дознав што ќе биде на крајот, но самиот начин на кој се одвиваат ствариве како и карактерите на Бихтер и Белул не дозволуваат поинаков крај. На почетокот мислиш Бихтер којзнае колку интелигентна е, ама на крајот се покажа дека само за самата себе не беше итра...многу ми е жал за двајцата... А таа Фирдевс од кожа ме вади, ај шо без усул си се утрапи кај зетот, ем гостин ем командант, туку брзо брзо успеа на сите да им го уништи животот.
Забранета љубов (Ask-i Memnu) Чекај рано ти е да се нервираш. ЈАс имам уште 5 епизоди до крај и секоја ми е се потешка за гледање. Преубава серија е, ја после оваа друга турска јок! Се што ни даваат кај нас е живо ѓубре во споредба со оваа серија. Ама најскапа е па не можат да си ја дозволат ваљда нашиве па ќе даваат треторазредни од типот на Туркан...