Притисок за да дојам сум немала, ама притисок за да престанам да дојам и тоа како. Ми се чини дека само тоа го слушав 'леле уште цица?', 'до кога планираш да цица?', 'еее полна уста заби, јади сѐ, знае сѐ да кажи, а уште цица?', 'бремена доиш? Знаеш дека не смееш?', 'не цица млеко, вода цица.'... Се одбивме на 2г2м, релативно лесно, без плачки. За второто (10м) уште од сега слушам 'ајде доста му е.', 'него до кога ќе го доиш?', 'нека помини летово и доста му е.'..
Да осеќав преголем притисок започнувајќи од сестрите на неонатологија. Породена со царски со огромни болки, само што ме симнаа од соба за будење, доаѓа сестра ме исправа а раната кине боли, јас се тресам од анестезијата она ми го тупнува бебето во раце и коментира дека сум згрчена и не знам да го држам бебето. Едноставно имав големи болки, млеко немав а нонстоп добивав неубави коментари и последните два дена си плачев таму и со душа чекав да си одам дома дека се осеќав неспособна и како немајка. Ме испуштија со температура и стврднати гради. Млеко немав, ме масираа дома 3 дена за да пуштат каналите и да ми падне температурата. Надојде малце млеко после 3 дема топли облоги, болни стискања...Коментари за доење добивав буквално од сите... како тоа е најубаво, како да не се откажувам дека нема мајка што нема млеко, нонстоп сите прашуваат а доиш ли... Бебево се нервира нејќе да фати убаво, тоа плаче, јас плачам од што сум неспособна да му дадам тоа што бара. Сега сме на комбинирана исхрана адаптирано и молзено ама претешко е, немам сон. Се трудам да го вратам на града ама тешко напредуваме. Иначе знам деца на адаптирано што се поздрави од деца на мајчино. Мислам дека тоа врска си нема освен можеби првите неколку месеци кога сеуште му пренесуваш твои антитела на детето.
Како доилка и јас да си кажам мислење. Ќе бидам баш баш искрена. Кога немав дете, секогаш викав кога ќе дојде ден да имам, сеедно ми е дали ќе дојам, не го гледав како некој приоритет, ми беше "чудно" како некои мајки уживаат во доењето, па како дојат до 2 год па не знам што. И сега се чудам како сум размислувала. И еве ме, ме стигна тоа, додека не осетиш на своја кожа не збори. Имам бебе од скоро 8 месеци, ја дојам. Да бидеме реални, доењето е и те како тежок процес и период, во смисла на тоа колку исцрпува. Не е сеедно ноќи непроспиени, на 2 часа бара бебе за јадење итн. Преку ден, истото, што и да правиш, пауза, да се надои бебето па продолжи. Да не го зборам периодот кога градата им е утеха, близина со мајката итн. И тоа како е тешко и исцрпувачки. Моево бебе и ден денес е такво, градата и е утеха, така заспива итн итн. Дека уживам во доењето уживам, таа близина со бебето додека ме чувствува како мајка, во смисол мирис млеко и топлина од мене, е тоа е посебен момент. Уживам во тие моменти на блискост. Планот е да ја дојам до кај година и 3 4 месеци, за повеќе не гледам потреба. Лично мое мислење и зборам за мојот случај. Тука ќе се надоврзам и за тоа дали некоја е не мајка ако дала АД. Не, не е не мајка. Поготово не ако не се пронаоѓа во тоа, ако има здравствен проблем итн итн. Зошто нешто да прави на пр со сила!? Среќна мајка среќно бебе. Ако е нешто здравствено и не смее, си постои АД. Сосема оправдано. Е не правдам да не дои некоја на пр од смешна причина, гради да не и виснеле не знам што. И моиве виснаа ама и те како сум горда на себе што бебето ми напредува само од доење(сега веќе со доење и плус храна зошто е поголема, ама до 6 месеци беше само доење) ниту дохрана, ниту силиконски сум користела, само града. Ама, големо ама, никогаш не сум нити ќе прашувам и ќе се мешам дали некоја дои, дали користела силиконски, до колку доела итн. Премногу интимно е тоа. Околината збори и ќе збори ама баш буквално за секоја тема. Ако не доиш зошто не доиш, ако доиш, леле уште ли доиш итн. За себе можам да кажам дека никој не ме притискал да дојам фала богу. Е сега, сите ги знаеме бенефитите од доењето, така да, јас сум за огромно за доење доколку мајката си има млеко и сака да дои и е среќна со истото. Во спротивно, и тоа бебе на АД ќе порасне, ќе има близина со мајката, ќе биде здраво и среќно. Само доење како доење не ја прави некоја мајка или не мајка. И кога ќе се престане со доење, мајката треба да е мајка и да прави детето да е нај среќно. Нема зошто вина да чувствува некоја мајка ако не може да си го дозволи доењето од оправдани причини.
Не, сама си правев оти сакав да доам. Не, на предпородилните часови кажаа дека има и такви и такви деца.Откако ги одбив од доење моите беа најболни/се најболни. Да чуствував вина кога престанав да доам тоа беше на една година кај двете и почнаа да се разболуваат во градинка и си велев еве ако доев може немаше да бидат болни или немаше да кашлаат толку. Има и тоа е ок секој во свое тело со свои желби.
Имав јас такви слични коментари, дека бев со царски ,не директно ,ама индиректно да. Не дека не сум мајка туку ете јас незнам како е тоа или слично...
Притисок не сум имала ама еве мајка ми има ми кажувано подобро е да ја дојам биди упорна да го фати цицето. Ние не сме цицале ниту јас ниту сестра ми и за да не се мачам јас подобро да сум ја доила. Други ми немаат кажувано и јас сама сакав да дојдам многу. На почетокот немав млеко ама бев упорна и останавме само на ексклузивно доење. Јас уживав во доењето, ми беше многу убаво на почетокот т.е сеуште дојам ама веќе ми е мачно мора да ја одбивам 2 години е веќе.
Јас не сум сеуште мајка ама кога ќе бидам ќе дојам, мислам дека таа одлука е на мајката,од мои пријатели и роднини гледам дека многу се мешаат кога ќе се породи некоја пријателка или роднина, па одма телефоните доби млеко,доиш,знаеш како,леле се навикнавте го думаме бебчето ај душа гладно ќе остане,што им е гајле тоа си ја интересира само мајката.Нејзино тело,нејзини гради како таа сака така ќе прави и нејзино право дали ќе го дои.Кога ќе родам ако ми рече така некој ќе им речам моја работа и не кревам на телефони на такви радознали да им давам отчет дали дојам,дали знам,кога и колку.Ми рече докторот да мирувам ќе им речам и пријатно.А сестрите и докторите можат само да ме прашаат ќе одиш или не другото не треба да ги занима,што е тоа па и стискаше за гради како животно да сум а не жена,не би дозволила.
Апсолутно да ! Имав огромен притисок од потесното семејство да дојам . Освен колострумот , не добив поголема количина на млеко за синот . И сите ( освен мајка ми ) ме осудуваа , највеќе свекрва ми . Ме носеше по разни баби и жени да ме учат како се дои , па да ми ги масираат градите како би се стимулирале моите жлезди да почнат да излачуваат повеќе млеко итн, итн .. Долга и широка е мојата .. На крајот , и тој мал колострум ( 60 мл вкупно во 24 часа ) ми направи проблеми , по што завршив на операција . На крајот се испостави дека имам генетско пореметување ( ова ми е кажано од доктор ) на функцијата на жлездите задолжени за излачување на млеко ( наследено од мајка ми , сестра ми го има истиот проблем ) која исто така не отхранила со формула и шишенце .. никогаш не не доела , бидејќи немала млеко . И така , јас си пропатив , меѓутоа кога се родија девојките , веќе имав спремено таблети кои спречуваат лачење на колострумот . Веднаш по излегувањето од болница почнав да ги пијам според насоките од докторот , и немав проблеми . Свекрва ми се лутеше многу , меѓутоа , мене тоа не ме предомисли .
Гледајќи во околината колку блиските пројавуваа ППД баш од коментари оти не родиле природно, оти не доеле, реков нека е здраво, право дете, па на било кој начин, да се храниме ќе порасни. На болница гради меки, капка млеко не се појавува, вовлечени брадавици. Ајде со вештачки, ајде сестрите да пробаат со стегање, капка млеко не се појавува. Ајде дома со пумпа да пробуваме. Јас лабава в крај, ако не цица ќе си пие млеко вештачко и толку. И да, на болница уште не знам кој ме ми се јави да ме праша дали бебе цица. Едно 10-20 повици во ден, со истото прашање и уште коментар така жален, ајде ќе порасни, не е страшно. Е дома друга приказна. Коментари како еден куп пари ќе сум трошела на Ад млеко. Место да му ги штедам на детето. Свекрва со чаеви, боза и 300 чуда што не се појави. Ајде молзење. Во 15-20 минути јас по цели 5-10 мл успевав да извадам. Ајде ноќе демек има повеќе, солзи ми течеле за спиење, се додека по неколку дена не пресеков дека тоа е крај. Себично или не побитно ми е дете да има мајка која може да функционира нормално отколку да паѓам од умор. Во овие година и пол, имало моменти каде што со часови сме се успивале и сум помислила како со доење ќе се успие побрзо. Ама дека нешто многу жалам, пак и не.
Апсолутно постои притисок да се дои. Почнувајќи од болница кога доаѓаат сестри и те стискаа за гради, па се до бабите што ти викаат дека слабо е млекото. Ќерката ја доев до 1 година. Ама рамно до 1 година, 3 дена после прв роденден ја одбив. Апсолутно никакво уживање немав во доењето. Откако беше родена немаше повеќе од 600 гр качено, и тоа 600 само првиот месец, после тоа по 300 400. Ама не докторот инсистираше да не давам АД, а бебе а се стемни плаче, ќе цицне 5 пати, па вришти. Супер било и толку качувала, не била на хемии. Е кога дојде 4 месеци ајде мајка давај АД сега, не качува килажа. Ама ајде натерај 4 месечно доено бебе, што шише не видело да пие АД. Никогаш не прифати. На година дена имаше 7 кила. Да не ми правеа притисок за доење сите, хемија било АД, да не ми беше прво дете уште одма ќе и дадев АД кога видов дека не качува килажа. Ама тој притисок ти прави грижа на совест. Дека си лоша мајка, дека не си способна да си го прехраниш бебето, дека хемии му даваш. Второво сега, иста приказна е. Од прв ден во болница фати да цица. Супер си викам нема да е иста прича како сестра му. Цица бебе, браво мајка. Пак не уживам во доење, мачење ми е. Цица на 2 саат, на саат ипол. Е дојде време за мерење, шок иста прича, 600гр качил. Само што сега нема мајка грижа на совест дали хемии ќе дава. Пак ме форсират, неделава сме на мерење ама решена сум после мерењето да давам дохрана. Не дозволувам пак поради притисок од страна, моето дете да е гладно и да е 7 кила на година, само зашто мора и мора да е само на доење. Има мајки што уживаат во доење, дојат до 2,,3 години. Никогаш не се пронајдов во доењето. Го гледав единствено како храна за моето дете. Дали ме прави помалку мајка тоа? Секако дека не.
Од старт реков дека сакам да ја дојам беба, но ко се потодив сфатив не е така лесно колку и да си упорна. Се породив царски покрај честитањето за беба одма беше коментарот а а дошил ти ја донесија за да цица, а јас уште под анестезија и цела се тресам, не можев на свекрвата и на др постари да ин објаснам дека не ги носат бебињатс офма поради царскиот. Секое есно јавување тоа беше прашањето а не како сум и мн ме нервираше, сум си ги преплакала ноките и демовите во болница додека бев. Млеко имав многу ама кога и да ја ставам ке фати малку ке пупти и се така во круг, ми ппкажуваа како сестрите неизмерно благодарна сум им ама ете не знаев ваљда како. Дополнителна пречка беа инфузиите болките и сл. Си дојдив дома со треска, температура, пак истиот муабет. Пробав секакви позиции ама не бива. На еден таков комемтар со пругот на свекрвата и возврати зошто мора да цица ако не бива не бива има др храна битно е само да не е гладна и да не плаче, пошто она плаче за јадење а јас од болки. Во мегувреме јас се одмолзував прво на града после измолзено и на крај се откажав искрено мн полесно мо беше вака, плус веќе изгубив и воља и желба за доење , ко ке дојдеше време за цицање немав желба да о дадам да цица од силна болка. Мн тетки па и свекрвата која едвај 1 медец доела ми велеа мора да цица ако боле ке се навикниш
Со првото апсолутно никаков притисок за доењето немав од никој. До толку неспремна бев околу тоа прашање што и дохрана дававме на почеток, по препорака на педијатар. Од денешен аспект апсолутно немаше потреба од АД, напротив можеше многу лесно да завршам со доењето и да преминеме на АД. Бебе беше цицалче и сам се избори да го тргне шишето и да е само на доење. Секој месец по кило качуваше. Имав обид за притисок да му скратам подои. За мене тоа е апсурдно и тотална глупост, не планирав дете да гњавам за да се вклопи во калапот. 21 месец доев и уживав зошто го гледав како он си ужива. Со второто уште од болница штом почнав да ги осеќам градите полни побарав пумпа, сестрите ме убедуваа дека не е ништо, ама инсистирав. Си го познавав телото веќе. Уште од таму е само на мајчино. Само овој пат, не планирам толку долго да дојам, не знам може ќе се предомислам во иднина. Доењето како одлука и можност е апсолутно само на мајката. Секој си знае со што се бори и како се чувствува. Околината, хормоните и идеалните услови за растење бебе што ги гледаме од филмови до социјалните мрежи го прават притисокот уште поголем кај секоја мајка. Затоа мојот совет кон сите нови мајки е, читајте и информирајте се за се што ви следува. Само знаењето дава самодоверба, да не потпаднеш под влијание на муабетот "слабо млеко" или дека секој плач е глад.
А што ако детето не сака да се дои еве мојот штом го ставам на града вришти плаче сите околу мене почна ли да цица , што направивте никој не прашува како сум него дали цицал. Купив пумпа бидејќи имам млеко и се измолзувам еве веќе месец така го хранам навечер му давам 1 формула во 5 сабајле кога многу ми се спие не ми е до молзење а од едно АД ништо нема да му биде. Не уживав во доењето едноставно се ежам од допир на дојка па можеби вака е и подобро напредува супер за 2 недели покачил 600грама. Доењето не е единствениот избор за храна.
Јас ги доев двете деца до скоро 2 години, повеќе ми правеа притисок да не дојам, зошто уште цицале, имам и здравствени проблеми и многу негодувања и од лекарите и несогласување зошто дојам ама јас си го истерав по мое.По мене доењето иако е напорно на почеток и може да биде исцрпувачко е нешто посебно, нешто што е единствено помеѓу мајката и бебето, таква блискост и поврзаност која ниедна формула, шише играчка и слично може да ја замени.Не ги разбирам мајките што свесно одбиваат да дојат, дури што не ни пробуваат, не ги сметам за помалку мајки ама сметам дека не се свесни што пропуштаат и дека вреди барем да се обидат.
Не сум имала притисок од никој за да дојам, притисокот си го направив сама. Толку многу сакав да го дојам синко што не сакав ни едно шишенце да купам пред да се роди, демек јас ќе дојам и нема да ми треба. Арно ама не излегува секогаш како што ние сакаме. 3 недели се изнамачив и себе и бебе, мислејќи дека млеко ќе ми дојде. Што уште не испив демек е добро за лактација, со пумпата по 30 минути ќе испумпувам, тоа две капки само. Ќе го ставам синко на града, тој плаче и буквално ме удира со рачињата, се трга. На контролни мерења не напредува, а роден месец дена порано, секако помал. На крај за доброто на бебето си реков батали, дај ад, само он нека биде добар, нека напредува како што треба. Денови и денови поминав плачејќи, не можев да се помирам дека се откажав од доење. Уште си мислев ете сега детето нема да има близина со мајка, нема да се поврзе со мене. За џабе само стресови си направив, еве го 8 месеци, не се дели од мене ни ден ни ноќ. А дека до ден денешен ми е криво што не го доев, криво ми е.
Слично и кај мене беше и од тоа што ме тераа да пијам сешто за млеко да ми дошло јас повеќе килажа качив тогаш во 1 месец него во целата бременост. Исто и бебето не напредуваше па после 1 месец дадов и АД а млекото и тоа малку што го имав до 3тиот месец го снема и продолживме со АД.
Многу ме напињаа стариве со прашањето "цица?!" , "ако,ако,нека цица!!!" Мислиш магична напивка тече од дојкиве. Мислам дека од такт ме вадеше како некој да ме опцул. Цица да, ама јас си створив сама притисок дека мора да цица и крај! А еве 6++ сега некои ноќи си викам ахх камо да беше на ад немаше да се буди темпирано на 2-3ч за да подреме на цице. Има придобивки да,но притисокот врз мајката е 200% поголем првите 6 месеци, со муабетите: - малце млеко имаш - слабо ти е млекото - плаче бебево, сигурно е пак гладно - слабичко ми се гледа некако, она на Х... веќе е 7кг на 4месеци итн.итн Јас сакав да дојам не знам, сакав секој можен момент да е бебево лепенка за мене,убаво ми е дека ме галка,ме погледнува цел насмеан на сред цицање ама дека е затоа потешко да заспие со некој друг, да го оставам со шише да го нахранат па заспијат е невозможна мисија и еве како ближи време за работа сè повеќе страв ме фаќа. И едниве и другиве се мајки,си го сакаат своето бебче најмногу, сите бебиња ќе пораснат и ќе пројадат 300 нездрави работи, скроз небитно и непотребно тензично е за мајката во најкревки моменти да и трубат тетки стринки дали доиш и зошто не?!
Како доилка на 9месечно бебе да го пишам и јас моето искуство . Бебе беше на комбинирана дохрана некои 2 месеци, па после скроз ја исфрливме формулата. Сакав да дојам и мило ми е што успеав. Имаше период некои 2 недели каде што ептен ме болеа градите и секоја помисла дека треба сега да цица ме вадеше од такт. Толкава болка што ми идеше главата од ѕид да ја мавам, но и покрај се издржав. Сега можам да кажам дека уживам , а кога ја гледам како со љубов и она си цица , ме гали , ме гледа и ми се смее , ми се полни срцево. Ама луѓе ова ноќниве подои ми се хорор , цело време се развртува и ако нема цицка у уста кенка, ме користи како цуцла а цуцла не прифати од старт. Она сака и на лево и на десно коа ќе се сврти да има цицка и само амка со устата Е сега сакав да воведам формула пак само навечер пред спиење , ама нема бате женскава нит шише сака нит АД млеко ќе го помириса само и се мршти Да сум знаела дека вака ќе биде ноќната формула ќе си ја оставев уште од старт.. На тема притисок за доење можам да кажам дека до негде имав и од мајка и од свекрва. Но имав голема поддршка од мм кој ме гледаше како се мачам некој период и он беше свесен дека слободно можам веќе да не се малтретирам и да си го храниме со АД. И мило ми е што не потклекнав тој период и што имаме успешна доенечка приказна до сега . Ниедна мајка не треба да чуствува вина доколку не дои. Посебно не коментари од тетки стринки дали дои и дали има млеко. Само ние жените знаеме што ни поминува низ главата постпартум , и секоја мајка го одбира најдоброто за своето бебе , било доење или АД.
Баш ми е мило што се дебатира на темава женски. Јас искрено кога ве читам ,се осекам како " да и ускратив " нешто на ќерка ми ,со тоа што цицапе малку ама тоа е тоа......