Јас иако доев 21 месец исто се чуствувам одкако го одбив, и цело време ми е мисла дека згрешив, дека требаше уште малку да издржам, ама тоа е тоа. Мајки сме, ако не е доење за нешто друго ке чуствуваме вина, ваљда е нормално, така да не се секирај, нека се живи и здрави само, секако ке пораснат.
Јас имав сопствен притисок да дојам и бев упорна, ама смирена и сигурна дека ќе дојде млекото. Во болница немав млеко, а и никој не се замараше со мене дали имам или не. Со царски после 5-6 дена капна првата капка и веднаш почнав со пумпа, со силиконски, а до тогаш АД давав со шприц. Мм малку се нервираше заради тоа, му личеше како на маче да даваме млеко. И успеав да извлечам млеко, па направив хиперлактација и имав млеко и залихи за три деца. Сите беа со хвалоспеви околу доењето, а посебно дека бебето качуваше прилично. Одеднаш бебето почна да урла и да плаче иако саат и пол висеше и шмукаше по цели денови и ноќи и тука бидна првиот неодобрувачки коментар од мајка ми. Се осеќав ужасно затоа што очигледно беше дека нешто не е ко што треба и сакав да ја барам Јасна, да видам што е проблемот, оти млеко имав, а бебе вришти од плачење. И наместо поддршка мајка ми ме нападна дека сакам на глупости да фрлам пари, дека бебето си е ок. Ми наби грижа на совест и уште некое време се помачив додека да ја контактирам Јасна. Јасна на прво гледање увиде дека бебето има подврзан јазик и дека премногу се мачи да цица. Додека да се воспостави лактација млекото шибало во усте и со малку напор се најадувала. Кога се средила количината, потребен бил и напор за цицање за да испие доволно, а самата не можела никако да фати. За брзо време го сецнавме јазичето и продолживме со доењето до 11 месеци. Ниту еднаш не се осетив пријатно, доев за нејзин бенефит, исто имаше коментари од страна до кога со тоа цицање, исто од мајка ми коментари во периодот кога се мачевме со доењето и имав болки и се убедував дека треба да издржам за да не се одбие, дека мајка сум, мора да боли и што не. Сега сум трудна со второ и не можам да опишам која одбивност ја имам кон доењето и сѐ што ме чека со сето тоа. Верувам дека ќе пробам пак да дојам, иако најискрено очајно се осеќам и немам на кого да му кажам, баш заради еден куп осуди од мајка ми. Мислам дека тоа најмногу ме боли, што мајка ми не ми дава никаква поддршка. * Извинете на долгиот пост Секако сум ЗА доење, ама само доколку сето тоа е психички здраво и за мајката.
Немав притисок од никој за доењето, само што јас се опседнав дека мора бебето да биде само на мајчино млеко, и тоа се од форумот што читав. Многу ми влијаеше форумот, во тоа време стално читав на Фемина, се преоптеретив дека бебето мора да цица и крај. Имав тежок почеток на доенечката приказна, првите две недели буквално не знаев да го наместам на градите, он плаче дека гладен, јас плачам уште повеќе што не знам да се снајдам. А на филмовите толку лесно ми изгледаше доењето, вади цицка и магично е. Епа не, мене вовлечени брадавиците, бебето поспано со жолтица, едвај влечеше. После две недели се научив да го местам сама на градите, инаку се маж ми ми помагаше, како несмасна во рацете бев. Среќа он беше дома тие две недели, па да му го намести главчето да фати вакум на градата. Многу упорна бев, на крајот успеав, синко качуваше по 1кг првите 3 месеци, после помалку, ама беше само на мајчино до 5.5 месеци, после почнав со каши, а го доев до 18м. Сега кога ќе размислам немало никаква потреба да плачам и да се секирам, сум можела да комбинирам со АД, не е страшно вештачкото млеко. Ама тогаш во мојата глава беше незамисливо да дадам АД, будала сум била. Сама си створив притисок за кој немаше никаква потреба.
Еве јас дојам и потврдувам дека ме исцрпува и дека треба одмор кога и да се има можност. Имав среќа бебе одма фати да цица и на бокс дури кога бев цицаше. Сега е 8 недели и откако се роди бара да цица по цел ден некогаш на саат, два ама некогаш на 30,40мин. Само преку ноќ знае да бара на 3,4 саати. Неможам да излезам сама на подолго. Дури ми се има случено да се симнам до маркет пред зграда и да ми звони мм дојди плаче отвара уста за цицање. Секаде мора да ја земам ако сакам да излезам по маркети, на мои прегледи, молови. Во однос на тоа дека дома седам повеќе(пеколно време) не се осеќам осамено пошто со другарките немора да излегуваме на кафе, се слушаме на тел, се допишуваме, си праќаме слики од бебињата или ќе дојдат на гости. Убаво се осеќам сами сме дома со мм да ја гледаме како расте, како учи и покажува нови работи секој ден. Може не ме фати постпородилна депресија ама не ми недостига шетање по кафани, журкање. Навистина ми беше потребна помош на почеток ама сега гледаме со мм се сами да правиме пошто никој неможе да ни се меша и мир ни е потребен. Бабите се од друг град, ќе одиме некогаш за викенд некогаш тие ќе доаѓаат на ден, два. Голема помош ми е тоа што мм работи од дома и малце да ја причува може многу да завршам и плус не сум сама. Домашните обврски гледам набрзина да ги завршам во однос на чистење, машини. За јадење претежно нарачуваме или нешто што е побрзо. Пробувам да го организирам времето и да балансирам се: бебе да е нацицано, јас да спијам барем на некоја негова дремка и да средам дома колку што можам.
Немав притисок околу оваа тема. Поголемиот син не го доев затоа што немав млеко. Помалиот цицаше до скоро 3 години. Имаше коментари дека доењето е здраво, ама никој не ми солеше памет. Јас сум ЗА доење, ама кога нема избор мора со АД. Сестра ми не смееше да ја дои внука ми.
За првото коментари одма за доење фати ли, цица ли убаво е да цица адаптираното е скапо. (Цицаше до 2 години) За второто никој не ме праша Затоа што за првото им одржав предавање кое и на мене ми го одржаа... дека немаат појма на тема доење. ИНФОРМИРАЈТЕ СЕ!
Притисок има и ако доиш и ако не доиш… за жал. Цицачи сме, доењето треба да е природна работа, ама ете се прави фама од тоа. Јас сум сигурна дека повеќе доилки ќе имаше ако не се крева толку фама околу сето тоа, па тетки, баби ти се џарат во градите, те убедуваат дека немаш доволно, затоа плачи бебето… дека некоја те урочила затоа немаш млеко, па докторки/сестри ти прават притисок оти не качило 1 кг бебето, ами 700 гр, значи не е доволно… на толкави притисоци и камен ќе пукне, а не жена во толку деликатна состојба. Премногу дезинформации дури и од стручни лица, па тоа што е нормална биолошка карактеристика за нас го прават толку комплицирано непотребно. Па толку минути на една, толку на друга града, па мерат па фаци прават, само олку само онолку грама, па не смееш на еден саат, не смееш на два, на три, па придај му вештачко за секој случај. Правилото е едно, бебе цица кога сака и колку сака, со тоа телото ќе си се прилагоди според потребите на бебето, а килажа ќе си крева онолку колку што треба, не по книга. Некогаш пола кило, некогаш кило, некогаш повеќе/помалку, природа. Што помалку се комплицира, толку подобро.
Еве некоја информација и од мене за идни мајки 1. Првото цицање не мора да е на бокс, може да е и повеќе од три дена! ( да тече млеко) 2. Првото цицање на бебето е само 5 капки и не е бело( можете да замислите колку мало желудниче има) 3. И бебето учи да цица (затоа уживајте) 4. Камен гради е нормално во првите недели. Не е маститис без други симптоми! 5. Вовлечени брадавици е нормално. (Влечете со пумпица) 6. Цицање од една града е сосема доволно 7. Време не е битно. 8. Уживајте и медитирајте сами со бебе. 9. Игнорирајте коментари
@Malesia свекрва ми на времето престанала да дои оти на три месеци и омекнале градите, престанале да и течат. Викам на сите ни омекнуваат на кај 3 месеци и не ни течат, лактацијата се регулира тогаш, нормално е тоа. Уште е убедена дека снемала млеко… тоа го прави недостигот на информации. Се што си пишала е на место.
Најголем притисок се прави врз сите родилки зошто при првата комуникација 'ајде,живо и здраво нека е! ЦИЦА?! фати ли? нека цица,тоа е најубаво ' свесно или несвесно се притиска мајката. Ептен пазарски се прави тој муабет,а е многу повеќе од тоа интимен и длабок. Јас првото дете го доев година дена,второто два месеци. За првото како новопечена мајка дозволував влијание врз мене да има тој притисок на почеток,иако имав успешно доење. Со второто,сплет на околности и виша сила можев да го дојам само кратко време и бев во муд 'одјебете'.
Млекото е најмагичната напивка! Количината на млеко се зголемува/намалува односно адаптира спрема потребата на бебето. Самата структура на млекото се менува на утро, друга е на вечер оти лачи повеќе мелатонин и му помага на бебето да се смири, опушти и заспие. Структурата на млекото се менува од недела во недела, од месец во месец, така што се прилагодува на потребата на бебето како што тоа си расте. На почеток на цицањето млекото е водлесто за да ја задоволи потребата од вода оти на доенчиња првите 6 месеци од живот не треба дополнително да им се дава вода, а потоа со цицањето надоаѓа покалоричното млеко кое ја задоволува потребата за храна. И ако тоа не е најволшебно нешто на свет, стварно не знам што е. Две деца имам, двете доени до 15 месеци. На ден на полни 15 месеци одбиени. Пред да родам првиот пат, бев возбудена околу доењето, меѓутоа воопшто не беше како што замислував и воопшто не уживав во истото. Знаев дека е најдоброто нешто за моите деца, па им го овозможував. Со првото дете беше мачење цели 2 месеца, рагади, болки и на крај силиконски брадавици цели 15 месеци. Со второто дете беше мачење скоро 5 месеци со рагади, болки и маститиси. Уште две да имам пак би доела. Мојата жртва беше многу мала за она што тие го добиваа. Ако можам секој ден да висам на мобилен со саати да терам онлајн шопинг и детално да избирам за нив, не гледам зошто да не поминам саати во учење како најдобро да им задоволам нивна примарна потреба со најдоброто нешто што го можам и имам. Кога постојат здравствени причини каде е оневозможено да се дои е сосем оправдано и не е предмет на дискусија.
Имав на почетокот притисок од целата околина, мајка ми второто прашање што ми го постави уште кога бев во болница беше дали имам млеко, свекрва ми исто. Е сега па кога веќе дојам, а бебето не фати шише, потресени се како ќе ја чуваат, па требало и ад да давам за да можам да им ја оставам. Почетокот беше многу тежок, градите камен, тоа прво молзење од патронажната ќе го памтам повеќе од пораѓајот, сите околу мене ми зборат како е важно да се дои, добро е за бебето, божем јас не знам. Го пребродивме тој почеток и дојам веќе 4 месеци, сакам да дојам, но ќе излажам ако кажам дека ми е секогаш лесно, гладна сум и жедна цело време, не уживам баш секогаш во доењето, но исто така знам дека ќе дојам додека можам и додека на двете ни е убаво. У суштина сфатив дека притисок и коментари секогаш ќе има без разлика дали дојам или не, па сега веќе научив да игнорирам и да не се замарам, ама морам да признаам дека на почетокот не ми беше сеедно кога првото нешто што сите ги интересираше беше дали дојам и дали имам млеко, а јас уште не бев средена ни психички ни физички.
Здравјето на бебенцето е најважно од сѐ. Доењето е биолошко-света должност и ниту еден поглед на манијак или на караконџола не е пречка. Само...жал ме фаќа единствено поради луѓе што не можат да имаат пород....
Притисок сум немала за доење . Мајчино млеко е најдобро за бебето . Првото го доев 6 месеци , после на АД млеко , второто 18 месеци доено. Третото само 3 месеци поради здравствен проблем. После адаптирано млеко за бебиња. Кога се може да се дои е супер , кога неможе има друга алтернатива. Најбитно детето да е најадено .
Сум имала притисок и на некој начин тој притисок ми стварал одбивност. Во болница ми створија толкаво чувство на вина и на неспособност затоа што не ми надоаѓаше млеко од одма, иако детето на града беше нон стоп буквално цела во рани, тие мене немајка ме прават оти нема млеко, дали сум свесна какви се бенефитите и дрн дрн., не добиваше доволно храна таму и беше гладен 24/7, значи уште потешко ми беше. Надвор од болница, роднините замараа со тоа ама не мене да ми викаат, туку по примери од други жени, како била немајка дека не се трудела доволно да дои. Морам да признаам дека доењето не ми беше омилен дел од мајчинството, не го осеќав телото за свое. Иамв помешани емоции. Прв пат кога сакав да го одвикнам се утепав од плачење, не бев спремна, а врориот пат се помина лагано.
Огромен притисок имав од свекрва ми и сестра ѝ за првото бебе. Тоа цицаше кратко до 3м. но во комбинација со ад. Не уживав ич, кога прекинав целосно се преродив. Цело време префрлаа, коментари дека сме биле многу богати чим ќе растело на ад, за да дознаам после 1,5г. дека свекрва ми на мм на 4м. му давала кравјо млеко со плазма. За второто сакав да дојам, знаев што ме чека и еве 2г. трае нашата приказна. Тој ужива, а јас никако да пресечам кога ќе е доста. Но, коментари аууу па тоа бетер од недоење добивам. Секако после првата година први почнаа погореспоменатите експертки дека "доста е", "немаш млеко", "џабе цица", па почнаа и комшики, колешки... до маалската продавачка сите даваа коментари на редовна база, "ги има сите заби", "оди, збори", "не е квалитетно млекото"... Ама сега пораснав веќе, баш како што спомна членката, си имам став и цев не боли кој што мисли и зборува.
Немој да се обвинуваш за ова, и да си набиваш вина без потреба. Нема никаква веза демек децата што цицаат се по приврзани со мајката, секое дете како расте учи за љубов и секако дека ќе биде приврзано со мајката. Кај мене веќе е поголем 3ипол години има, и секој ден ми го прави преубав, цело време ми вика: Ти си најдобрата мајка, мила моја мајко, ти си моја принцеза, па иде ајде да се гушкаме вика, итн... Моето дете исто не е доено, притисок имав преголем за доење уште од болница од сестрите, после дома од мајка ми, свекрвата, сите. Се мачев и дење и ноќе нон стоп го држев детето во раце ама немав млеко, по неколку капки едвај, после една недела од кога се породив завршивме пак во болница со бебето поради х други причини, таму иста песна, буквално психички ме малтретираа сестрите за да го дојам детето, беше корона, бев скроз сама таму плус огромниот притисок, идеа сите сестри ми ги стискаа градите, па не знаеш да го држиш бебето, буквално хорор ми беше. Кога се вративме дома по втор пат, стварно не можев да издржам ни психички ни физички повеќе, и се откажав, кога се откажав ми дојде млеко, ама бебето не сакаше да фати, па се одмолзував некој период, и на крај веќе не можев, премногу стресно ми беше и побарав апчиња за престанок на млекото од матичната. И после тоа веќе мислам дека едвај се собрав, да продолжев така да се трудам и обвинувам зошто не можам да дојам гледано од сегашна перспектива недај боже можеби и во душевна болница ќе завршев. Среќа после само на АД па си го најдов мирот.
Колку сте меки мајко мила, ви рекле и готово, и вие некому нешто сте рекле....Ко демек нож на врат ви ставил некој. И тие што ви рекле да доите не ви мислат лошо сигурно. Да не се лажеме, мајчино млеко за бебето е подобро него хемија.