Па не би рекла дека е баш така. Тазе породена жена, хормони удираат во глава, неспиени, нејадени и некој на глава да ти се качува секој ден со тоа дали доиш итекако тешко паѓа. Па да е само за доењето, ќе ти ја полнат главата со "совети" за се и сешто, а факт е дека сите не сме подеднакво ментално силни. Еве јас реков не сум имала проблем со никакви притисоци од страна, ама јас уште во сам старт јасно на сите им дадов до знаење дека мое дете, мои правила. Дека мајчиното млеко е најдобро сите знаеме, ама сите ние што сме дале ад сме имале некоја причина, не дека од ќеиф сме се решиле да не доиме.
Темава е многу чувствителна и секој си влече на својата страна, што мисли дека е правилно. Некако ми се создаде одбивност спрема доењето и немам желба за него. Доколку евентуално имам млеко без да се мачиме многу со бебе може ќе пробам. Но, не по секоја цена. Притисок имам, постојано праќање на статии зошто е добро доењето не само за бебето, туку и за мене. Ставам лајк и завршувам со темата. Сопругот ми вика како ќе одлучиш така. Што за мене е и најбитно. Дали мајка, свекрва, золва, сестра, јатрва, комшика мислат дека треба или не треба не ме интересира. На крајот ние сме најважни.
Има моменти во животот кога се бираат зборови или ако не можеш да помогнеш не одмагај. Ама тоа е за луѓе што имаат осет и емпатија за тазе породена жена што е ранлива во секој поглед. "Мека" мајка не постои. Секоја се бори со свои демони и дилеми да одржи во живот новороденче, а непотребни коментари и потпрашања само дополнително ја разнишуваат и онака кревката самодоверба. Фала ти што не просветли, веќе никој АД нема да дава чим мајчиното е подобро.
Не ,не сум рекла на никој ништо. Впрочем, воопшто не се дрзнувам да прашувам родилка дали дои колку и да ми е другарка. Можам да прашам како е бебето ,како е она, ама дали цица или е на АД не ми било битно .
Meka vo nikoj slucaj ne e zbor kako bi se opisala zena tuku sto porodena. Nekoja minala saati poroduvajki se, dr pominala niz carski i se sto nosi toj, strasni bolki i na edniot i na dr nacin, na seto toa dodadi nespienje ko sto spomna nekoja clenka, zed, glad i se dr po red pa i ustee nekoj so cestitkata da ti dobaci: pocna li da cica ? , kako toa da e isto kako na nekoj da mu posakas dobro utro, a zgora na toa ne te prasuvaat kako si. Plus na seto dodadi postoporidilna depresija i se sto taa nosi definitivno ne se poistovetuva so meka. Site znaeme za pridonesite od doenjeto ama podobro srekna zhena koja moze da si go gleda bebeto i ne doi, otkolku zhena sto doi ama toa ne go saka i go pravi zaradi komentari. I da definitivno i jas na nekoj imam nesto receno sto go ima poinaku sfateno ama definitivno ne vo vakov ranliv period kako postporodipniot, uste pomalku da prasam dali bebeto cica
На предавањата за родителство постојано се збореше за доење, доење, доење и колку е тоа подобро од АД. Една докторка дури рече дека интелегентните мајки дојат. Сите доктори и сестри на интернет, тв, статии зборат дека секој може да дои треба само упорност. Слушајќи го тоа уште кога бев бремена знаев дека ќе ми биде многу тешко ако не дојам. Кога се породив немав млеко. Притисок си направив сама дека треба да бидам упорна за да дојде млекото. Често од стари но и од млади со честитките одеа и прашања за доење и попување како треба. Првиот ден дома ми беше најлош ден до сега од родителството. Свеќи беше ептен разочарана дека не дојам. Не сме толку блиски за да попува и да врши притисок. Прашањата дали цица бебето ми ги тенчеа и така истенчените живци. За мене тоа е премногу интимно за теткици и бабици да ме прашуваат и да им давам репорт по колку млеко вадам од цицка. Верувам дека и нив не им бил лесен овој период, и не можам да сфатам како се толку безчуствителни. Сестрите во родилиште и патронажната ми рекоа џабе се мачам, млеко нема да имам. Ме споредуваа со други родилки колку таа и таа имала млеко а колку јас сум имала. Јас бев преупорна, бебе на града, па АД, па пумпање и се тоа во круг. Бебето плачеше, не спиеше уште во болница и така продолжи и дома. Додека јас се мачев и плачев имав коментари од мајка ми и мм колку малку сум испумпала, нон стоп сакаа да даваат ад не сакаа да почекат да изгладне бебе за да проба да цица. Во тој период од нив немав притисок но немав ни поддршка за доење. Најмногу се разочарував кога доктори и најблиски викаа дека бебето ми е гладно, мајка му го изгладнувала затоа плаче и покрај тоа што во првиот месец качуваше во просек по 40 грама на ден. Сега сме скоро 3 месеци и сме само на доење. Трудот се исплати но јас толку се измачив што не се сеќавам на пола и повеќе од работите од првиот месец ипол. Сега веќе мислам дека го пораснав тој период и до кога ќе можам ќе дојам после тоа без грижа ќе се префрлам на АД. На кратко моето искуство ми кажува дека притисок за доење директно или индиректно има од блиски и од медицинари, додека од друга страна поддршка во мачниот период на доење нема ни од едните, ни од другите.
Темава не е соодветна за вакви коментари кон мајки кои поминале низ пекол незнаејќи во тие кревки моменти кај се наоѓаат. Повели изнеси го своето мислење доколку си мајка, дали си доела или си го труела со хемија....
Како да не. Ако бебето нема рефлекс на цицање како ќе го доеш? Еве мојава најпрвин немаше рефлекс на цицање, едвај фати шише, не сакаше да цица од мене. Уште што не пробав. Не фати да цица. И што требаше да правам? Да имам грижа на совест за тоа и да не се осеќам како мајка? Не фала. Точно е дека мајчиното млеко е најдобро за бебе и нема нешто што е подобро од него. Ама не секогаш е единствена опција тоа
Велам само дека тоа го слушав од нив или само тоа сум го запомнила, не дека се согласувам со тоа. Напротив мислам дека тоа не е така и треба да се зборува за причините што го отежнуваат или оневозможуваат доењето за да немаме ваков притисок или грижа на совест
Искрено мислев дека ќе го дојам бебе кога бев бремена, ама кога веќе се соочуваш со реалноста не е баш исто и лесно. Со царски бев и мислам третиот ден ми дојде млеко, ми донесоа веднаш пумпа и ми покажаа како да се измолзам. Бебе не успејав баш во болница да го наместам за да цица. Неможеше убаво да фати, повеќето од времето спиеше. Искрено и неискуство беше во прашање. Дома кога дојдовме се измолзував и му го давав со шишенце и плус пиеше формула. Од сите мајка ми највеќе ме напнуваше, ќе се јавеше и само ќе ми речеше па треба нонстоп да ти е на цицка така ќе се научи и ќе има млеко. Истото го зборувала со баба и сестра ми и кога тие ќе ми ги повтореа истите зборови од мајка се ми беше јасно. Посебно сестра ми што нема уште деца, а таа знаела нели. Јас го ставам тоа ќе потегли 3-4 пати и ќе заспие, го фаќам за носе го будам како во болница што ми кажаа ама ништо. Најискрена да бидам и воопшто не уживам кога ми се допираат градите и брадавиците. Од други стресови кај мене секна млекото и продолживме на АД. Воопшто не сум се осетила дека сум НЕмајка бидејќи не го дојам. Сега сум пак бремена и здравје ако имам млеко сакам овојпат повеќе да се потрудам за да цица бебе. Ама ако пак не бива или ми е премногу стресно, нема ич да се осеќам дека сум лоша мајка најсикрено.
Не ги сфаќам горе наведените точки дека се “притисок” напротив повеќе како совети дека доењето е многу голем бенефит, и баш би ми било мене штета ако имсм уште едно дете и не би имала млеко.Кога го велам тоа не станува збор само за здравствените придобивки кои ги пишува и на самите АД млека (дека доењето е најдобра опција за исхрана на новороденчињата, може да проверите на секој АД продукт) туку и емотивната поврзаност (секако дека се ствара и со шишенце) но не ми е споредливо искрено со доење. И во болница кога си заминував докторката беше задоволна рече- баш ми е мило,сите мајки што ги испративме денес дома,имаа успешен старт на доење и надојдено млеко. Да бидам искрена со второто дете поминав и низ потешки моменти првиот месец но издржав и после беше лесно како песна. Поздрав до сите кои дојат и до оние кои не можеле сите правиме најдобро што можеме,знам
Ич неќам здравје за второ така да се подрекувам. И си првото викав "обавезно ќе дојам " ама не беше така . А баш би сакала ако имам второ да имам успешно доење.
Не успеав екслузивно да го дојам бебето, комбинирав до 3 месеци потоа само АД. Притисок и коментари немав, но и во околината, а и овде забележав дека постојат мајки што се особено горди затоа што дојат и тоа на глас го искажуваат. Притоа истите тие нон стоп се жалат како се ненаспани, преморени, бебето заспива само на града итн. Создадени сме да цицаме, но не може никој да ме убеди дека е во ред бебе постаро од 8-9 месеци, со 3 оброци да е по цела ноќ на града. Дека е во ред да се дои до 2 години, а при тоа градите да ти ги користи како цуцла цела ноќ. Дека е во ред да не сака воопшто да спие во креветче зошто мора да е блиску до градите. Треба да се проба со доење, но не по секоја цена. Исто како што сум против и тие мајки што од старт го сопираат млекото одлучни дека нема да дојат. Им се восхитувам на тие што успеале да најдат баланс, или можеби бебето им се "погодило".
Не сум горда дека ги доев децата туку благодарна сум што имав таков бенефит. Првото дете го доев до 1 година а второто до 2. И сметам дека е скроз нормално поготово за психичкиот развој на детенцето. Истото нема ли цуцла по цела вечер во уста?? 90% од бебињата имаат.(процентов го користам САМО за моето пошироко опкружување од мајките што ги знам и што сум зборувала чак и повеќе од 90%,само две мајки познавам што децата не заспивале со цуцли). Патем секоја мајка има различно искуство. Мене повеќе мака би ми било да станувам да мешам ад со вода во ниедно време од колку да седнам на кревет и да го ставам детето на града,за некоја мајка обратно. Ама не ми е ништо чудно.
Грото мајки се ненаспани, неважно дали дојат или не, оти бебињата не се будат за цицање, туку од други причини и со града е најлесно да се смират. До година дена млекото е основна храна, без оглед на тоа што е воведена цврстата храна во менито на бебето. Не ја потценувај моќта на мајчиното млеко, се додека бебето/детето цица, тоа се прилагодува на неговите потреби. Немој и ти со тие глупости дека после 8 месеци млекото не било млеко. Природата најдобро си знае што прави. Со првото дете осеќав притисок од самата себе поради сите приказни што ги слушав околу мене, а со второто не. Доењето ми беше убава приказна и со двете деца, одамна заврши, ама ми беше навистина убав период иако со првото дете беше многу потешко на почетокот. Која може да дои, ќе дои, која не може ќе даде адаптирано млеко, тоа е тоа, да не си дозволиме да потклекнеме на тој притисок што ни го врши околината или самите на себе. Тежок период е тој после породувањето и без сите притисоци од страна.
Па , не секој ја има таа привилегија да дои . Јас сакав да дојам , се испостави дека имам генетско пореметување , поради кое , мојот организам не си ја врши функцијата кога е во прашање лачењето на млеко . Морав на шише и формула . Тоа не ме прави помалку мајка , блискоста со децата ми е сосема ок . Не знам , еве .
Притисок немав си створив сама... Предвремено беше родена две недели бевме одделени (нешто што ми влијае на секоја гранка од родителството а почна со доењето). Првите три дена немав ни капка тогаш само свеки ми направи притисок кај уште неродена на антибиотик е уште ,,прашаци" после да и давам ама кога ни третиот ден немав ни капка почна ,,нека е здрава и жива само,па и така растат деца". Ама јас пак си го терав своето молзење на 2-3 часа максимално од кај 5 тиот ден имав веќе. Мене многу ме здоболе коментарот и погледот на сестрата кога ја земав што ми ја предаде ,,АД на 3 часа " викам ама јас имам млеко ,не може мајчино ? ,,ха ха како мислиш имаш млеко ,види си ги градите " . Среќа педијатарот се погоди да има поддршка и разбирање мислам никогаш нема да ја заборавам втората контрола односно контролата кога требаше да провери дали убаво качува килажа за да ни каже дали може со ексклузивно доење да продолжиме. Дали беше тешко - да. Дали беше убаво - апсолутно,дури и ми недостига. Мислам дека повеќе ќе има доени бебиња доколку има повеќе поддршка и совети КАКО да се дои а не зошто. Бенефитите сите ги знаеме ,не се зборува баш за предизвиците и како да се решат.
Вистина е дека мајки што дојат се поуморни, ненаспани, психички ослабнати. И да имат помош детето е од нив зависно и телото се црпи затоа што произведува млеко. Се забележуваше веднаш. Пријателки со ад веќе од втор месец можеа да терат прошетки и викенди без дете и некако не ги удрија хормоните толку силно. Го избрав тој пат, на моја иницијатива стварав притисок, имаше терсене моменти. Иако континуирано се жалам дека сум уморна, не жалам за изборот (ако има можност да се бира).