1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Притисокот "да се дои "

Дискусија во 'Бебе' започната од Misskirova, 23 јули 2024.

?

Дали сте почувствувале притисок од околината дека мора да го доите вашето бебе?

  1. Да

    76 глас(а)
    57,6%
  2. Не

    56 глас(а)
    42,4%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. Trinity9

    Trinity9 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2023
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Женски
    Ако доктори, сестри, односно науката вели дека најздраво нешто за бебето е мајчино млеко, тоа не е пропаганда, туку едноставно некој вложил труд во истражувања и е факт. Но исто така негде читав дека многу мал процент на жени успеваат да се на ексклузивно доење, а многу ретко читаме за причините зошто? “Нема мајка без млеко, не постои малку млеко, мора само стимулирање со бебе…” а милион приказни каде што имало неуспешна лактација. Е тука е притисокот и чувството дека нешто не е во ред ако не успееме сами да си ги нараниме децата.
    Јас многу сакав да дојам и успеавме. Се мачевме некој период, имав млеко, малиот го мрзеше да влече, се навикна во болница на флаша дека е полесно. Беше на града 24/7 што би се рекло, плачев, но бев упорна. И сега уживам во доење.
    Има исто како мене упорни, но немале млеко. И знам дека е жално да го слушаш бебето дека е гладно, секако дека како мајки ќе одбереме бебето да е најадено.
    И поддржувам мајки што едноставно не сакаат да дојат, си постои АД, бебето ќе си ја добие храната што му е потребна. Никој не треба да се сили да прави нешто што не сака, на крај ќе му замериш на бебето за нешто што никогаш не го побарало од тебе. Доволно тежок период е со бебе, секој треба да го прави тоа што е во негови граници.
    Притисоци за сѐ ќе има од страна, не само за доење. И многу ќе се обидат да нѐ направат дека не сме добри мајки, некои од нив го прават не сакајќи, некои едноставно од злоба, но нема мајка што не сака да е бебето здраво и среќно. Мајка ми кога ќе ми рече: мене ми е уште повеќе жал од тебе за него - ми се темни, зашто јас сум таа што е со него 24/7.
    Наше тело - наш избор, за сѐ треба да е така!
     
    На Fenix05, pravnicka_2604, Трагедијаупмм и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Marsi*

    Marsi* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2023
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    1.084
    Да ти кажам и пак ако не успејам нема ич да се нервирам, на крај првото бебе требаше да пие специјална формула бидејќи имаше доста крв во каката , една кутија 50€ беше и едвај ја наоѓавме во Мк.

    Сега што е до мене ќе се потрудам, првиот месец ќе биде мајка ми тука и искрено повеќе тоа ме плаши :D
    Во комбинација со моите хормони ќе биде интересно:whew:
     
  3. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    Доењето не е само за бебето... колку и да е мачно, здравствени предобивки за жената има премногу, од кои најважното - значително го намалува ризикот од рак на дојка и јајници. На страна од тоа - ја враќа матката во првобитна положба побрзо, троши преку 500 калории дневно (повеќе од напорен тренинг во теретана), и сум читала дека го подобрува целокупното здравје на долги стази.
    Чисто ова да си го знаеме кога носиме одлуки :) На почеток е мачно, болно, тешко... ама па од корист е!

    Пак ќе речам, колку поприродно си го сфатиме, и не замараме други, и не дозволуваме да не замараат - толку почесто и полесно ќе биде. Долго време морав да молзам... деновите кога си правев притисок да измолзам одредена количина, и гледав во капките ко несалам и ги броев милилитрите молзев значително помалку од деновите кога седев, молзев и гледав филм, пример. Стресот си го прави своето...
     
    На Noemi, .baby.love., Marsi* и 6 други им се допаѓа ова.
  4. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    1.851
    Пол:
    Женски
    Не сакав да кажам дека млекото не е млеко.. и јас на моето му давам АД и преку ден и преку ноќ зошто знам дека со храната што ја јадат сега не внесуваат се'. Зборот ми беше за навиките што ги имаат многу поголеми бебиња или веќе деца и цицнуваат по цела вечер и единствено така презаспиваат.
    И овде на фемина сум прочитала за мноогу случаи на деца кои од моментот кога престанале да цицат почнале да сврзуваат повеќе саати сон. Значи има некоја поврзаност од цицањето и навиките за спиење, презаспивање.. место на спиење и сл.
     
    На Marsi* и Spidy им се допаѓа ова.
  5. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.351
    Допаѓања:
    13.308
    Пол:
    Женски
    На долго и широко го пишав ова, ама чисто да дадам поинаква перспектива од муабетот "нема млеко, па затоа не се дои".

    Доев едно дете 11 месеца без проблем. Дојам второ веќе 5 месеца и не знам ни дали ќе издржам до годината. Секако не сакам да дојам после тоа, од аспект дека никаков личен мерак/задоволство/убави чувства немам од доењето. Моментот дека моето тело не е само мое психички многу тешко ми падна, ама затоа што немав никаква мака со првото дете истерав толку долго. Со второво толку сум променета, толку стрес видов од бременоста, пораѓајот, па грчеви, одбивање цицање при менструација, и сега последно магарешка кашлица на 4мес. Иако сосема сум свесна дека најдобро за здравјето е мајчино млеко, кое иначе го имав на претек и можев да нахранам и две деца, како казна ми беше муабетот на докторката "да цица што повеќе". Пропадна целиот ред што го имавме, пропадна ноќното спиење, пропаднав јас. Почна да ми се намалува млекото, и иако правев се да се стабилизира лактацијата, потајно се надевав дека ќе снемам млеко и ќе се спасам од доење. Од секогаш викав дека само ако еден проблем се јави, одма откажувам доење. Ама ако ми се намали млекото од 200 и кусур милилитра на молзење на 120-150, не е дека немам. Башка детето е болно, му требам и јас и моето млеко. Јас во мојата глава како тоа го преживувам не му е гајле на никој. Досега не сум се осеќала дека сум имала притисок да дојам, ама сега си го направив јас сама на себе. Некој друг да ми речеше мораш, ќе му речев иди у три лепе и ич да не ти е гајле јас што морам.

    Бебе е добро, после цел месец се враќаме назад во ред. Млекото се среди, бебе и цица и јаде веќе. И само чекам нешто да се случи за да пресечам веќе да не цица. Не се мешајте во туѓи животи. Имање/немање млеко не е главен фактор дали ќе се дои. И доење по секоја цена не е најдоброто решение.

    Муабетот "а цица ли" ми е еднаков на "на кого личи бебето", колку да се каже нешто. Ама кога тоа ти е болна точка, најмалце ти треба Трајанки да ти скориваат јадови. Затоа треба луѓето општо да гризнат јазик пред да прават бош муабети.
     
    На FitGirlK, Skyler, 1001Ana1001 и 13 други им се допаѓа ова.
  6. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    8.107
    Пол:
    Женски
    Две другарки имам. Децата им цицаа до две години - и двете со тумор на дојки.
    Не е правило апсолутно.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LadyInPainting

    LadyInPainting Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2023
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со се. И индустријата за бебиња дополнително ствара проблеми со силиконски, пумпи, цуцли, шишиња и така натаму. Дополнително педијатрите и сестрите се генерално неинформирани на тема доење ниту пак се емпатични према мајки кои штотуку родиле, особено прворотки за кои целиот свет е свртен во првите недели од добивање бебе. Само гледаат дали качило/симнало и тоа е тоа, други параметри за бебето и мајката небитни. Се што ни треба во тие први недели е толку љубов и поддршка не само од фамилијата туку и од целиот систем. До вчера трудница, постојано крвни слики прегледи и што се не, наеднаш кога си најранлива сите ги нема.

    Ги поддржувам сите мајки кои одлучиле да дојат, не можеле да дојат или одбрале да не дојат. Ако ние мајките не си бидеме поддршка една на друга што знаеме низ што поминуваме секој ден како да очекуваме од сите останати. Доењето не не прави мајки, туку љубовта и грижата.
     
    На Skyler, 1001Ana1001, Mom's_life и 10 други им се допаѓа ова.
  8. LadyInPainting

    LadyInPainting Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2023
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    Па секако дека после стварање, носење и раѓање живот ќе сме "меки". Не сме роботи ниту пак треба да бидеме. Постпородилните емоции се најнормална последица на се што си искусил и поминал во минатите 9 месеци и особено деновите околу и после пораѓајот. Јас не се срамам од нив ниту пак сметам дека треба да се срамиме и да ги криеме. Напротив. Колку сме погласни на оваа тема можеби и повеќе разбирање ќе имаат сите околу нас за тоа што значи да станеш и да бидеш мајка.
     
    На Skyler, Marsi*, Kikikikiri0405 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    8.107
    Пол:
    Женски
    Се согласувам.
    Колку погласни толку повеќе ке рушиме секакви стереотипи и сите срања што ги трпиме ,доеле или не.
     
    На Marsi*, atz1995 и LadyInPainting им се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.112
    Допаѓања:
    112.704
    Пол:
    Женски
    Ве исчитав сите и само едно ќе прашам: Како бре народов се осудува да праша " Цицаше?".. мене ми е рамно на тоа да го праша мажот после секс " Влезе"?

    Доење, не доење, е интимна одлука на мајката и нема зашто некој да се меша и да осудува! Се додека бебе е здраво, напредува, не е е занемарено никој нема право да врши притисок врз мајката.
     
    На intj_girl, SummerGirl, LiquidLuna и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.624
    Допаѓања:
    5.402
    Пол:
    Женски
    Јас како лабава дали ќе цица или не, тоа цицаше таков стрес ми направи.
    Бебе прематурче, што не можев да го оставам денови гладно за јас да чекам млеко да надојди, а во меѓувреме да паѓа под долна граница за тежина. Доктори, сестри на болница со прашањето 373828 пати на ден дали ти дојде млеко.
    Свекрва, мајка и цела потесна и поширока фамилија на телефон со истото прашање.
    Капак на се по повеќе дена на болница доаѓа педијатар и вика, затоа што не цица детево, ќе остане уште неколку дена на набљудување. Јас веќе крш тука и во моментот се јавува сосетка најнебитна во животот да ме учи како ќе сум давала куп пари за млеко, да се обидувам на секој начин за доење.
    Мислам тука веќе и слом доживеав.

    Е да е појако истиот педијатар што оцени дека ќерка ми треба да остане во болница бидејќи не цица, година дена после, дојдени ние за испитувања, пред нас мајка со 1,5 годишно дете кое само цица и ништо не јаде друго, ја направи мајката лом, како дозволила детето толку долго да цица, да е само со тежина од 8,5 кг и да не знае да јаде цврста храна.
     
    На intj_girl, Misskirova, Fenix05 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.112
    Допаѓања:
    112.704
    Пол:
    Женски
    А бе налесно е на жена во најранлива состојба сите над глава да и се стават.
    Бев как другарка ми да и помогнам кога се породи, и еве ти ја свекрва и со осуди зашто е на АД. И другарка ми и списка: На ти го, надој го ако имаш млеко, јас немам!
     
    На Skyler, ina..ina, Kikikikiri0405 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    8.648
    Пол:
    Женски
    Леле го имав заборавено тој момент дека сите доктори сестри болничари прво влагање прашуваа дали ти дојде млеко :x

    И да, знам која е важноста на мајчино млеко, што како оди, како движи цел процес, па со тек на време како се менува по потребите на бебето (членка некаде горе ме имаше цитирано со детално објаснување околу магијата на млекото па се надоврзувам) доволно предавања,вебинари,работилници поминав пред пораѓај да знам точно што значи доењето затоа и сама си створив притисок ко што и напоменав, ама моето мислење беше извадено скроз од контекст. Има мал милион причини зошто некоја мајка не дои и не треба да се осеќа помалце магично од нас останатите што имаме млеко. А јас скоро 7месеци ги проаѓам во константен стрес дали се намалува млеко, дали му е хранливо, дали во цел бубањ на обврски сум испила доволно вода дента или не па бебево плаче цел ден па слушам дали голта или шмука на празно, па нервозно клоца на града па чекај има ли млеко, па стискај гради да провериш - не, за мене не е магично искуство, жив стрес е и само го дојам ради придобивките и зошто ми е најлесен пат до тоа да бебево се смири од зајдување за секоја ситница.
    Немаше потажен момент за мене од муабетите на мајка ми и свекрва ми, аххххх не јадеш ти цели денови не мислиш на бебето,му треба храна.
    И да, освен што само стресираат одма после пораѓај ништо друго не помагаат, барем мене, а демек породена во Систина нели, јас сама со бебето избркав се живо и полека го наместив на града 3тиот ден (првите 2 бев во страшна психичка состојба од такви дегенерици,болки од царски,болки од крвави брадавици) па сестрата се осмели да ме набеди дека лажам дека бебево го ставам на града зошто не сум ги викала нив да ми објаснат, без прашање ме дрпна и стисна за града да видела дали тече млеко :o така да, не сме ние овде старешини да судиме мајки што имале млеко а во цел депресивен постпородилен период одлучиле да не дојат од страв,стрес,болка или што и да било нивна причина!!!
    Да научиме да дадеме мислење и совет кога некој ќе побара од нас.
     
    На firequeenn, Skyler, nena2010 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    2.855
    Пол:
    Женски
    Се разбира дека е поздраво бебчето да цица , него ли ад.
    Но во никој случај не е сеедно за мајката, тешко е, хормони, ненаспаност, психички мене лично не ми беше лесно, па одмолзувања навечер, па имав премногу млеко шо морав и да се одмолзувам и да замрзнувам да затоплувам кога имаше потреба па со шише. Многу ме болеа градите посебно на почеток и после кога можеше да трга каде и да сака. Кога му зедов ред успеав и да дојам и да се шетаме и се.
    Никој не ме тераше, никој не ме ни праша, сама го сакав тоа.
    Издржав психички со првото за второ ќе можам пак си велам ќе ми биде психички полесно оти знам шо како ќе биди.
     
  15. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.405
    Допаѓања:
    9.810
    Пол:
    Женски
    Јас од тој притисок "дој го бебето нема поубаво" мислам дека ми секна млекото. Ја доев до 2 и пол месеца и наеднаш секна. Преку ноќ. Ама немаше кој не ми се качи на глава, дои ја, дои ја, ок ја дојам, ама не дои ја цело време...Имав голем притисок, во комбинација со страшен стрес и секна млекото. И што е најтрагично од се, потоа јас се осеќав како немајка пошто немам млеко. Плачев секој ден. Бебе ќе си порасне, ене ја нека е жива и здрава порасна годинка направи. По улица кога ќе излеземе да се загледаме во луѓе знаеме ли кој цицал, кој бил на АД? Не. Има ли разлика? Не. Секако дека е поздраво цицањето, но не по секоја цена, особено е важна психата на мајката, за тоа бебе да израсне во здрава особа.
     
    На Skyler, Spidy, Aschenputtel и 4 други им се допаѓа ова.
  16. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.050
    Допаѓања:
    76.709
    Пол:
    Женски
    Колку ќе дозволите, толку ќе им бидете достапни за да ви вршат притисок.
    Темава искрено да ја читаат жени што тек допрва ќе се остварат како мајки, ќе им се створи одбивност и страв од доењето зашто се што прочитав беше како доењето да е најстрашната работа што една мајка треба да ја прави.
    Три деца имам, ниту еднаш не осетив притисок од околина дека мора да дојам. А сите три ми се доени, ниту еднаш не сум дала АД.
    Читам, во болница и болничари и сите вработени од врата прашувале дали доите. Малку преувеличено ми личи напишаното, ама ај, може грешам.
    Зашто во болница освен педијатрите на визита и сестрите за бебињата, никој друг не ме прашал дали дојам. А на горенаведените тоа им е работа, мора да прашаат дали родилката дои за да ја следат состојбата на бебето, да знаат дали да дадат дохрана, дали ако мајката има потешкотии во врска со доењето да помогнат, ако има проблем со дојките да дадат совет. На 50 родилки сигурно мене ќе ми дојде и ќе ми тегне дојки и ќе ме прашува ради реда дали дојам за да ме нервира и да ми врши притисок. Мислам...

    Бог не благословил да износиме дете, да го донесеме на свет и после телото да ни произведува храна за тоа дете. И место да сме благодарни и среќни, ние тука пишуваме колку е страшно доењето, па колкава одбивност имаме од тоа, па како мајките што дојат биле психички паднати, преморени и не знам веќе што не прочитав.

    Јас имав желба да дојам и фала му на Бога ми се исполни желбата со сите три.
    Почетокот нормално дека е малку тежок, ама кога ќе се воспостави лактација, бебе ќе научи да цица, после доењето е песна. И да, на почетокот колку повеќе се става бебето на дојка, толку поголема лактација се прави. Измолзувањето не може да го замени тоа.

    За мене нема поубаво чувство искрено, ова се моменти што не се враќаат, а остануваат во сеќавање. Таа близина, таа топлина со ништо не се споредува.
    Не навлегувам и не ме интересира која мајка дои или дава АД, и од која причина се одлучила за тоа. АМА, не сакам ни за доилките да се збори дека се преизмачени и дека бел ден не виделе.
     
    На andromedae, Cherry blossom89, Trinity9 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.351
    Допаѓања:
    13.308
    Пол:
    Женски
    Овие две реченици ќе ги издвојам од твојот пост. Тоа што си сакала да доиш, и што убаво ти било додека си доела, не е универзално чувство. Не сите се осеќаат така. И доењето не е песна за сите, дури ни после 6 месеца.
    Ти ја сфаќам логиката дека не треба се да се става на срце, јас лично не сум се потресувала кога ме прашувале сите дали дојам. Ама јас немав проблем да дојам, и не можам моето искуство да го споредувам со некоја што броела капки 3 месеца. Или некоја што крварела од брадавиците по секој подој. И покрај сето тоа што не ми се случило мене, и јас не сакам да дојам.

    Нормално е да немаме исто искуство за било што во животот. Темава е за тоа да не се малтретираат психички оние кои отстапуваат од "нормалното", иако не сакам да го наречам така. Треба да биде нормално и да речеш "не ми е убаво да дојам од х причина и затоа нема да дојам". Ако викаме може да не доиш ама само ако стварно си направила се (читај си забегала од стимулирање лактација) и сеуште немаш млеко, тоа ми е исто како "може да абортираш ама само ако си силувана".
     
    На FitGirlK, happygirl, nena2010 и 12 други им се допаѓа ова.
  18. Bella.alleB

    Bella.alleB Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2019
    Пораки:
    984
    Допаѓања:
    3.501
    Пол:
    Женски
    Првенствено сестрите во родилиште ми го набија тој став дека морам да дојам. Така беше и кога дојдов дома, немав притисок кој знае каков од блиските, сама си го стварав со тоа дека морам да дојам по секоја цена. Бебе успано со жолтица, цел ден на града и молење резултираше во постепено намалување на млекото поради умор и глад. Да не зборам колку ми беше нервозно дека доев со силиконска, па се одлепила, па течело млеко по бебе и по мене, хаос. Како и да е морав да воведам ад:). Сега тераме комбинирано, се измолзувам и му давам и мое, но повеќе внесува ад.
     
  19. dead.flower23

    dead.flower23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    Мене ме нервираат коментари од типот гладно ти е детето зошто плаче а оно најадено не ти е квалитетно млекото водесто ти е малку ти е млекото. Нека идат во 3 лепе им кажав ако имаш ти дади му моето толку е.
     
    На Kikikikiri0405, LiquidLuna, Madi и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Bella.alleB

    Bella.alleB Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2019
    Пораки:
    984
    Допаѓања:
    3.501
    Пол:
    Женски
    Повеќе имав притисок ад да дадам од тоа “не ти е хранливо млекото” :D.
     
    На jacqueline.s му/ѝ се допаѓа ова.