1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Притисокот "да се дои "

Дискусија во 'Бебе' започната од Misskirova, 23 јули 2024.

?

Дали сте почувствувале притисок од околината дека мора да го доите вашето бебе?

  1. Да

    76 глас(а)
    57,6%
  2. Не

    56 глас(а)
    42,4%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. Bella Nella

    Bella Nella Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2024
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    341
    Пол:
    Женски
    И со притисок и без притисок би доела доколку ми се пружи можност!

    Млекото што го произведува моето тело е наменето за моето бебе, никој со притисок или без не може да промени ништо во врска со тоа, затоа никогаш никој не слушам на оваа тема.

    Првото го доев една година, на првата контрола имаше премалку напреднато за после еден месец да има 1.5 кг накачено, ме советуваа строго за АД не дадов, имав притисок да давам но не дадов и се беше во ред.

    Сега и второто си цица, но разликата од претходно сеа сфаќам дека претходно сум требала и можела многу повеќе да уживам во процесот, не дека не уживав но некако послободна бев за разлика од сега, сега морам да се посветам и на поголемото дете.

    За мене доењето е преубаво, жал ми е што некои од вас го искусиле на друг начин, да бидам искрена никогаш до сега во живо не сум слушнала дека некоја доела а не го сакала тоа, или дека не и убаво додека дои, можеби затоа и се изненадив кога прочитав тука некои членки, прв пат се среќавам со такви искуства, посакувам да се се помалку и да повеќе се ужива доколку се дои.

    Скоро оформени личности сметам дека треба да сме за да сме родители и да сме одговорни за друго човечко суштество кое сме го создале, затоа не треба никој да слушаме во врска со оваа тема.
     
    На снежана2023 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.902
    Допаѓања:
    20.118
    Пол:
    Женски
    Прво беше притисок, после беше "жалење", како не сум успеала да дојам. Греота било детето.

    Мене ми беше убаво ( до некаде ) кога доев. Не ми беше убаво кога ме болеше и не фаќаше убаво малата, нормално. Ама ми беше убаво во тој краток период кај шо ме гледаше со оченцата додека цица.

    Long story short; има притисок - од околина, од родилиште, од самите себе. И ден денес слушам како било подобро да ја дојам. Викам фала, не знаев, јас од естетски причини не сакав. На неповикани совети се враќа крајно некултурно, никад во живот да не им текне да спомнат дека ќерка ми била ГРЕОТИЧКА дека не цицала.
     
    На intj_girl, Coldheart, Skyler и 9 други им се допаѓа ова.
  3. LadyInPainting

    LadyInPainting Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2023
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    Исто така скроз контрадикторно од притисокот да доиш кој ни се прави на почеток е и притисокот да престанеш да доиш веднаш магично откако бебето ќе наполни една година. Како тоа да е фластер па сега за секунда вадиме и целиот процес престанува. Истите тие кои ствараат притисок да го доиш бебето се згрозени ако одлучиш да го доиш и после 1 година.
     
    На jacqueline.s, kozuf, intj_girl и 7 други им се допаѓа ова.
  4. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.050
    Допаѓања:
    76.709
    Пол:
    Женски
    Не само што не треба да се става на срце, туку поентата ми беше дека ако некоја мајка од било која причина не сака да дои или доењето и ствара одбивност или не знам што да не пишува и збори против доењето.
    Мене чувството за доењето нема да ми се смени и покрај маките што ги имав првите недели (крвави и распукани брадавици, почеток на мастит, 40 температура итн)
    Ама и покрај тоа никаде не сум зборела против доењето и не сум го претставувала како мачење и хорор.
    Ако јас сум имала такво искуство со доењето (со сите три не одело глатко на почетокот, ама после тоа ми било песна поради огромната желба и упорност) не значи дека сите ќе го имаат тоа. Различни сме, различен ни е организмот и различно тераме од сама бременост, до пораѓај и доење.
    Јас прашањата поврзани во врска со бебето не ги осеќам како притисок (а имам секакви прашања, од дали давам вода од прв ден, дали јаде, што јаде, па зошто не му давам она или ова)
    Едноставно терам како што ме води умот и срцето и како јас мислам дека е правилно за моето бебе, а луѓе секогаш ќе има да прашаат или совет да дадат или да кажат како тие правеле со нивните.
    Последната реченица нема да ти ја коментирам зашто не и е место во темава и нема никаква споредба и смисла.
     
    На Trinity9, Cherry blossom89 и Bella Nella им се допаѓа ова.
  5. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.351
    Допаѓања:
    13.309
    Пол:
    Женски
    Ако некој има лошо искуство и го споделува, особено со цел да се нормализира таквото чувство, не го сметам како зборење против доење. Јас не викам немојте да доите дека страшно е, викам дека можно е да доиш бебе зошто физички можеш, имаш млеко, ама апсолутно да не уживаш во тоа, зошто не е магично, барем не за сите.
    Особено зошто доењето од секој аспект е жртва. А кога постои алтернатива која заради некоја причина е подобра, зошто тоа да се демонизира? Да не постои ад, па да речам и да умрам ќе дојам зошто бебето нема што друго да јаде. Има такви ситуации, алергично е, не фаќа шише, едноставно нема друга опција освен цицање и крај. Ама ако не сум физички/психички способна да сум на изволте на секои 2ч или помалку на бебе, а може да јаде и напредува сосема нормално и без тоа, зошто јас да бидам маченик?
    Поентата ми беше да ја покажам другата страна. Притисокот да се дои не е само додека почнеш да доиш, туку и да продолжиш. И во најдобра ситуација, и без стимулирање лактација, и без силиконски брадавици, и без пумпи, и без рагади, доењето е fucking exausting. Не ми треба оправдание зашто не сакам да дојам. Може сака маж ми да му дава јадење на бебето, може не сакам да ми пораснат градите, може сум на некоја терапија, што и да е, моја работа. Нормално ми е да се најдеш на муабет "а цица ли", ама што и да е одговорот на тоа, без разлика дали е да, не, се учиме, пробавме, не ни пробав, реакцијата треба да биде "ако, убаво, битно сте фатиле ред".
    Последната реченица во мојот пост баш има споредба зошто и двете работи еднакво немаат смисла да ги кажеш.

    Ви посакувам на сите успешни доенички приказни на сите кои тоа го сакаат. Зошто јас сум од тие што последниот подој ќе го слават, а не да го жалам или да ми недостасува.

    А на тие кои сакале, а не успеале да дојат, да знаете дека вашите деца се многу повеќе галени, нишкани, гушкани. Не се повеќе или помалку сакани, ама кога животот ќе те натера да мораш да одиш на раце место на нозе, тоа те прави херој. Тоа што јас можам да пикнам цице во уста и "магично" да го смирам бебето ми е повеќе како cheat code во играта на животот, отколку некој успех.
     
    На LadyD, LiquidLuna, violetblue и 3 други им се допаѓа ова.
  6. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.050
    Допаѓања:
    76.709
    Пол:
    Женски
    Не те разбирам искрено.
    Сите имаме слобода на избор.
    Не биди "маченик" ако не сакаш, толку е едноставно.
     
    На Bella Nella, joy1, Trinity9 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.679
    Допаѓања:
    174.606
    Пол:
    Женски
    На страна популарното мислење дека самиот процес на доење е магичен, повеќето мајки не уживаат во тој процес и тоа е сосем во ред. Сме доеле оти знаеме дека млекото е магично, доењето не мора да значи дека за секого ќе биде.

    Знаете што, негативните тестови болат, бременоста боли, почнувајќи од утринските мачнини кои траат цел ден, до стресови со прокрварувања, бактерии, инфекции, терапии, цервикси мервикси, подврзувања, броење денови до безбедната недела. Пораѓајот боли каков и да е, опоравувањето уште повеќе. Доењето боли, на почеток. Телото не било мое? Њус флеш, телото престанува да биде само мое во моментот кога решавам да имам дете. Тоа тело ќе го носи тоа дете, ќе го рани и ќе биде најбезбедното прибежиште на свет кога на тоа дете ќе му треба да се шмугне во него. Знаете има соодветна замена и за тоа. Дали секогаш сте расположени да смирувате вознемирено дете? Не, ама не го оставате во комшии, на баба или најмувате личност специјално за да го смирува нели? Се од тоа максимално исцрпува особено со мало бебе. Ама и се поминува. Менталното здравје на мајката страда од почнување со обиди и ќе страда без разлика дали ќе доите или не, ама ќе страда помалку кога ќе сфатите дека доењето е нешто природно и најдобро и не мора да уживате во тоа. Ќе биде подобро тогаш кога ќе го смените погледот кон доењето, не начинот.

    Верувам дека во еден момент сте почувствувале притисок од толку лупетања по форумов, ама реално “притисокот” не е ни блиску толку голем. Леле леле ме прашала комшиката дали дојам и ја сеа живци кинам како смеела да ме праша нешто што е толку природно и се прави од век и векови и го прават сите цицачи. Па сега ќе го преиспитувам целото мое постоење и ќе си најдам друшки да се поддржуваме во изговорите.
    Муабетиве ги праат мајки од секоја генерација и набиваат страв од доењето, дел од оние што читаат се следната генерација мајки што го прават истото, односно вие, и место да се форсира она што е најдобро каде со право се учи тоа во сите школи и курсеви и каде со право те прашуваат докторите и сестрите на родилиште дали доиш, ќе дојдат нови и полетни идни мами на форумот и осеќаат одбивност и отпор.
    Доењето боли никој не вика не. Боли на почеток ти доаѓа да се откажеш. А колку пати кога се жалите од бебето кое вришти велите сто пати сте помислиле што ми требаше ова? Нормално дека не го мислите тоа, ама сте престимулирани во тој момент. Сите сме биле. Ама не може секоја поддршка за доењето да се дочекува на нож и да се дефинира како притисок.
     
    На Noemi, ArabellaStarfall, jacqueline.s и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    6.899
    Немав притисок од почеток, имаше коментари ама искрено имаше и за милион други работи па само игнорирање е лекот.

    Сакав да дојам ама за жал успеав само 3 месеци, пробував уште 2 со пумпање, секое слободно време го користев за тоа, многу малку млеко вадев, можеби беше до пумпата, можеби до мене, битно предијабетес и хиперинсулинемија добив од сокови и ледени чаеви пошто слушав глупи совети.

    И не, не е точно дека доените деца имале поголем имунитет или биле покрупни и не знам што.

    Сега сум бремена со второ, ќе пробам пак да дојам, се надевам ќе успее, глупи коментари пак ќе игнорирам.
     
    На Tiny Love и InnaR им се допаѓа ова.
  9. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    2.855
    Пол:
    Женски
    Јас забележав и дека кога преминавме на АД млеко бебето беше по задоволно и немаше плачки постојано, како гладно и слично, шо сметам дека е баш многу хранливо мајчиното, сепак моето беше по алчно и како да не му беше доволно моето, кога дадов АД се успокои си уживаше додека го пиеше.
     
    На deasmamas му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Anaksunamoon

    Anaksunamoon Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2016
    Пораки:
    720
    Допаѓања:
    1.838
    Пол:
    Женски
    Единствено самата си правев притисок (првиот пат), кога ги слушав бабите дека плачел од што е гладен, млекото било "слабо" и други бабини деветини што како интелектуалец и некој што школски ја обработил темата знаев дека се невистини ама ме разнишуваа секој пат кога бебе ќе почнеше приквечер да вришти. Ми се прикрадуваа сомнежи, посебно во доцните тивки часови, дека може стварно малку му е, потребна е дохрана, од друга страна знам дека ако дохранувам помала побарувачка=помало производство. А како што бев со царски и со двете, не можев да станувам по пола месец без поддршка, ќе беа гладни сироти ако не доев. Доењето е најприроден процес, нема никаква филозофија тука, ама искрено горда сум што доев три години (вкупно), посебно затоа што и по првиот и по вториот царски ми кажуваа дека после царски веројатно е дека нема да бидам во можност да ги дојам
     
  11. intj_girl

    intj_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2023
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    1.282
    Пол:
    Женски
    Што мислите на мојава ситуација, бебето беше 7 дена на интензивна, таму хрането исклучиво со шише. Мене во меѓувреме ми дојде млеко втор ден после царски и имам доволно, редовно се молзам со пумпа. Е сега откако си дојдовме дома, продолжувам да се одмолзувам со пумпа и да ѝ давам со шише и пробувам секој ден да почне да цица. Детево појма нема што треба да прави, ја лиже брадавицата и чека да му потече. Пробав и со силиконски брадавици, успеав неколку пати, ама веќе му направив голем стрес и заоѓа од плачење, да не речам веќе се плаши од мене. Имам голем притисок "да го ставам на цицка", не сум била мајка, џабе ми биле цицките (буквално), ништо не било тоа што му давам мајчино млеко ако се молзам со пумпа, кај и да е ќе ми прекинело млекото така... Се осеќам како монструм, детето не се смирува цел ден вришти, и јас кај и да е при крај сум со живците...
    Да не зборам дека критики добивам од сите страни, кој и да се јави прашањето е дали сум почнала да дојам и после ми објаснуваат дека нема подобро од мајчино млеко (а веќе сто пати им објаснив дека исклучиво мајчино млеко му давам ама како да не ме слушаат).
     
    На Sunrise!!!, Skyler81, Kikikikiri0405 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. dead.flower23

    dead.flower23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    Исто јас давам исклучително молзено млеко се молзам на 3 саати бидејќи плачки беше на града помодруваше од плачење. Детето си пие мајчино млеко без притоа да е залепено за мене а може и секој да го нахрани инаку за околината само кажувам да дојам а сега начинот на кој дојам нема што да го дискутирам тоа е исклучително моја работа.
     
    На LadyD, kozuf, Skyler81 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.386
    Допаѓања:
    1.134
    Пол:
    Женски
    Koga ke ja otvori ustata, so raka drzi ja gradata i nasoci ja nakaj ustata. Koga ke bide gradata vo usta kaj nego so edna raka drzi ja so druga probaj da mu pravis na vilicata(kaj se otvara i zatvara usrata neznam kako da objasnam, ako treba na slika ke ti obelezam) gore dole da ja otvara i zatvara ili na bradata mrdaj go za da pocne da vlece
     
    На intj_girl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. deasmamas

    deasmamas Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2024
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    187
    Кога гледаш дека е напорно и за тебе и за детето, во секоја смисла, зошто си ја мачиш душата и детето? Јас сум била исто, мајка ми не се освестила 3 дена после пораѓај со мене, едвај двете сме преживеале и кога ме земала не сум сакала да цицам воопшто, значи ни еден ден, па еве сум толкава здрава жива :) Бебето си прима мајчино млеко, молзењето е пренапорно знам пошто и јас пробав. Не знам кај им е совеста на тие што ти зборуваат така. Сега те напнуваат за цицање, за 6 месеци ќе ти викаат мајка уште ли го доиш, доста му е(facepalm) од едно уво влегло, од друго излегло. Ако детето ти е нахрането, мирно, си напредува, зошто се форсираш? Уживај си во деновите со новата љубов, немој да губиш сон за некој што така ти збори :)
     
    На violetblue, intj_girl и Skyler81 им се допаѓа ова.
  15. FitGirlK

    FitGirlK Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Можеби тука поискрено ќе кажат поради анонимноста на форумот. Во лице ретко која жена ќе е искрена. Мене 2-3 другарки искрено ми кажале дека е многу тешко додека другите ми го романтизирале доењето. И дури откако јас го поминав моето искуство,не така романтично како што ми го правеа, истите тие поинаков муабет ми направија дека било болно и страдале психички, плачеле деноноќно итн итн... И јас во прашалници...?! Зошто прво се лажеме? Не е натпревар ова меѓу мајките која е најмајка. Сите проаѓаме низ исто, секоја од нас може да ја задеси ППД, да ја повреди нечив коментар. Пази пола од девојките овде кажаа дека имале притисок или коментар од сопствена мајка. Колку сакаш биди зрела личност, стабилна и не знам каква самоуверена, да не се лажеме ама ќе те дирне збор од родена мајка.
     
    На Sunrise!!!, LiquidLuna, Skyler и 8 други им се допаѓа ова.
  16. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.386
    Допаѓања:
    1.134
    Пол:
    Женски
    Vistina e deka na nekoi im e pesna doenjeto. Eve jas sum primer. Se porodiv prirodno i dodeka cekavme da dojde doktorot da mi ja zasie ranata mi go dadoa bebeto posto placese. Go stavija do mene i navalija nakaj grada. Bebe odma fati si cicase. Prvite 2,3 dena mi bese cudno kako malce bolni nadrazneti bradavici ama lanolin stavav i ok bese. Tesko mi e vo delot sto mnogu cesto bara da cica i mora sekade so mene da go zemam kaj sto odam ama ne sekoe bebe bara cesto i druga rabota sto znae mleko da mi nadojde naednas mnogu mleko pa da treba da izmolzuvam ili bebe na grada da cuvam podolgo pa grutki se pojavile...ama veke nauciv da se spravuvam. Sekoj razlicno go dozivuva doenjeto i sekoe bebe e razlicno samo sakam da kazam deka na nekoi im e tesko na nekoi bas onaka lesno vadi cicka daj na bebe.
     
    На FitGirlK му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    438
    Допаѓања:
    552
    Ако сакаш да се обидеш со доењето, топло ти препорачувам да позбориш со консултант за доење, Јасна (bebelogija на инста) или Наташа (doenje so ljubov). Тие ги знам од искуство, може и други има, нас ни помогнаа многу. А за луѓето што ќе кажат, тешко е, знам. Јас со месеци со никој не се слушав на телефон искрено, чет само и на такви работи не ни одговарав. Најдобрата мајка си за своето бебенце како и да испадне на крај. Инаку има многу мајки што ги хранат бебињата исклучиво со молзено (побарај има таква тема на форумот), ако го правиш како треба нема да се намали млекото, само ќе ти биде потешко да миеш шишиња и пумпи.
     
    На DaftyCrafty и intj_girl им се допаѓа ова.
  18. intj_girl

    intj_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2023
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    1.282
    Пол:
    Женски
    Знам и успеавме неколку пати ама толку се вознемирува од тоа и после секое наредно се плаши пред да цица... Денес цел ден не можеше да се смири, едвај заспа :( Не знам ќе баталам цицање изгледа, ќе се молзам па и тоа е нешто.
     
  19. intj_girl

    intj_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2023
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    1.282
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу, ќе ги побарам :l:
     
  20. DaftyCrafty

    DaftyCrafty Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2020
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Женски
    @intj_girl јас ти препорачувам да ја побараш Јасна, со неа можеш да оствариш и средба во живо. Доаѓа дома за консултација, мене многу ми помогна.
     
    На intj_girl му/ѝ се допаѓа ова.