1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Притисокот "да се дои "

Дискусија во 'Бебе' започната од Misskirova, 23 јули 2024.

?

Дали сте почувствувале притисок од околината дека мора да го доите вашето бебе?

  1. Да

    76 глас(а)
    57,6%
  2. Не

    56 глас(а)
    42,4%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. intj_girl

    intj_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2023
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    1.282
    Пол:
    Женски
    Фала ти :l: ќе пробам сѐ
     
    На DaftyCrafty му/ѝ се допаѓа ова.
  2. FitGirlK

    FitGirlK Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Така е. Секоја жена има различна приказна, но некои работи генерално исто ни се случуваат. А различно им пристапуваме или ги доживуваме. Меѓутоа она што сакав да го кажам е дека низ истото проаѓаме сите жени. Бременост, сите тие прегледи, секирации и стравови, пораѓај, каков и да е, траума е за телото, треба опоравок, хормонални промени сѐ сѐ... Некого ќе му помине како песна, за некого ќе биде тешко искуство. Јас имам пријателка две бремености дијаметрално различни една од друга. На ист човек па ете две скроз различни искуства, а камо ли на секоја од нас...Не треба да си судиме и да се навредуваме не си мајка ако ова или она... Сите се трудиме да сме најдобри мајки, колку што можеме и знаеме, мајка не е само да роди. Мајка е многу повеќе од тоа. Мајка е водилка во животот, снага и чувар. Јас сум за да си помагаме мајка на мајка и жена на жена. Не сме на натпревар една со друга. Треба да имаме повеќе разбирање една за друга и емпатија. Не ми се допаѓа кога ќе речат дека некоја се лигави или нешто слично имаше тука коментар... Па зарем не ли ви е верно дека некоја жена НЕ МО ЖЕ да се носи со некоја ситуација, дека е поосетлива или нема толеранција на болка како некоја друга?! Па може.. може е послаб карактер и ајде сега мавај со дрва и камења... Луѓе сме од крв и месо, дајте малце раширете ум, не се сите како вас.
     
    На Kolache na mama, DaftyCrafty, LadyInPainting и 4 други им се допаѓа ова.
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.055
    Пол:
    Женски
    Прашуваат затоа што "морално" е бебето да цица. Некои не сфаќаат дека не бива. Реално.... Нема подобро од доењето, ама не секоја жена го може тоа. Со првото дете немав доволно млеко. Се трудев да надојде млеко, ама ништо. Морав да му давам АД млеко. Ама затоа малиот ми наплати и за него :D
     
    На Aschenputtel му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.260
    Допаѓања:
    21.659
    Пол:
    Женски
    Јас фала бого немав притисоци да дојам. И двете ми беа на АД.
    Со првото и неможев, а со второто знаев дека полесно ќе ми биде АД ако му дадам.
    Немав никаква помош, а да висам цел со цицка надвор, не.
    И фала бого, и двете деца ми беа дебели бебиња. За второто дури ми кажа матичниот и на диета да го ставам :rofl:
     
    На Aschenputtel, Coldheart, molikaMk и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    2.036
    Допаѓања:
    4.715
    Пол:
    Женски
    Притисокот притисниго таму некаде и не се замарај, убаво е но не мора ако не може. Со сила ништо не бива. јас би им влепила по еден шамар на тие што инсистираат да дои жената или што вртат муцки и очи штом им кажеш не, на адаптирано е.
     
  6. dead.flower23

    dead.flower23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    Нема поубаво чувство од кога ќе го нахранам и ќе си заспие задоволно . Како јас придонесувам за оно да порасне многу ми е мило што и покрај се имам можност да го хранам моето бебенце.
     
    На sani99 и Bella Nella им се допаѓа ова.
  7. JasminaB29

    JasminaB29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2017
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Женски
    Се работи за здравјето на бебето а и на мајката. Ако некоја постара те советувала да доиш не ти го рекла тоа од што те мрзи.
     
  8. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.902
    Допаѓања:
    20.118
    Пол:
    Женски
    Не, од што ме сакаат ми викаа дека е греота бебето рандом бабички на улица :rofl:
     
    На Skyler и Anyshka им се допаѓа ова.
  9. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    8.646
    Пол:
    Женски
    Да де зошто ти не си свесна па рандом стринка на улица чекаш да те посоветува.
    6 месеци беа прашања "цица ли"
    Вчера 2 мајки на 4 и 7 год. деца ме прашаа :
    - "уште цица"?
    :^):D чекај сега не ми е јасно, бебево има 7месеци, пред 1месец почнавме каши, што ви е луѓе? :rofl:
     
    На Skyler, Isabel, pravnicka_2604 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.705
    Допаѓања:
    10.363
    Пол:
    Женски
    @LiquidLuna е аман, греотка, не е само доењето нај битно и само така си нај мајка...греотка е да го тепаш детето, ништо да не му даваш да јаде, да не е прошетано, бањато, негрижа за детето, а не ако не се дои..

    @Fenix05 8 месеци дојам, ниеден човек до сега ме нема прашано дали цица. Изгледа среќа имам што не ми се погодиле вакви во околина. Само еднаш, една познаничка, кога ме праша као уште ли цица(малава 6 месеци беше, ко мислиш 6 год) реков да, нормално, и као подврте очи и цинично се насмеа, ја изигнорирав и си се насмеав само...ама знаат ли луѓево за срам!? Колку само ова никогаш не сум прашала ниту ќе прашам...а што им менува дали цица или не? Значи "судат" една мајка по тоа дали бебето е доено...каков народ сме, бруки живи, мешање во интима на друг човек..сеирџии и оговарачи..а мајки па ко ќе прашаат, што сака да каже со тоа, ако нашето цицало 2 3 5 месеци нејзиното 2 год, она е по мајка?? Божеее...исто како прашањата кога ќе се мажиш кога деца кога второ (facepalm) мене што ми изреагирале и тоа роднини беше кога ми честитаа на тел за бебе па ми мереа колку сум била во брак и као еј конечно и ти роди...не сакав да си расипувам таков момент, па да враќам...требаше да објаснувам дека и јас сакав одма да бидне ама се борев толку год за бебе :doh:
     
    На ane.bella, Isabel, Fenix05 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.902
    Допаѓања:
    20.118
    Пол:
    Женски
    Прво беше (не)доењето, после беше па зашо е на АД, кравјо требало.

    Колку луѓе, толку чуда. То е
     
    На Aschenputtel, Isabel, Fenix05 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. LadyInPainting

    LadyInPainting Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2023
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    И мене така првите 2,3 месеци секое прашање беше дали цица бебето, а сега е 14 месеци и е уште доиш ама со осуда :)
     
    На Skyler и Fenix05 им се допаѓа ова.
  13. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.705
    Допаѓања:
    10.363
    Пол:
    Женски
    Осуда? Кога не доиш зошто не доиш, нај убаво е така, кога доиш ау мн го доиш бебето...селска чешма..никогаш нема да нè биде, кога гледам културни луѓе од др земји, ми се плаче каде живеам :drunk:
     
    На Skyler, FitGirlK, Isabel и 4 други им се допаѓа ова.
  14. marrisa

    marrisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2024
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    560
    Пол:
    Женски
    Повторно јас, сеуште дозволував да ми делуваат коментари од типот дека ќе имам посмирено бебе ако го дојам, ќе имам поголема блискост.. го ставав на града ама нејќеше да фати убаво, ќе пушти по 5-10 минути и вришти нејќе пак да фати. И ете сега имам мастит... толку ми е смачено од сите неуспеси со доењево и температури, масажи, антибиотици, чаеви и молзења.
     
  15. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    2.848
    Пол:
    Женски
    Вчера бев на лекар имам комплициран проблем и беа присутни 3-ца доктори (две жени и еден маж) и две сестри. Ми посочија дека мора да одам на операција и прво прашање ми беше колку е итно зошто дојам. Ме прашаа колкаво е детето, викам 2 години. Кога почнаа да се смејат, па тоа не е бебе, па дали знаеш дека до 1 година се дои, одма да сум го одбиела, џабе го дојам...едната докторка ми вика дојди кај мене ја имам три деца да ти објаснам дека не треба да доиш уште...Таква блокада ми се направи едвај на нозе стоев. Излишно е било што да пишам дека се медицински лица и каков треба да им е пристапот. Само се прашувам дали на запад би ми се смееле пет медицински лица и би ми давале вакви ‘стручни совети’.

    Еее Славице ја па мислев само ти мудрости сееш. Да живее Македонија.
     
    На jacqueline.s, LiquidLuna, sani99 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.348
    Допаѓања:
    13.303
    Пол:
    Женски
    Не дека не треба да доиш на 2 години, ама за здравјето твое ако се работи нема потреба од размислување. Сепак не се работи за доенче кое зависи од твоето млеко, туку за дете кое верувам си има и оброци и ужинки. Не е во ред како ти пристапиле, ама и ти не треба да одложуваш интервенција заради доењето. Си му дала се од себе 2 години, гледај сега за себеси.
     
    На Skyler и LadyD им се допаѓа ова.
  17. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    2.848
    Пол:
    Женски
    Апсолутно тоа, така и ќе биде.

    Муабетот ми беше за нивните коментари. Колку има притисок да се дои, ист е и кон таа мајка која дои подолго од 1 година.
     
    На Skyler, jacqueline.s и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  18. FitGirlK

    FitGirlK Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Да не речам, врти сучи, што и да правиш, за сѐ нешто ќе се најде некој некултурен да ти се потсмее, да ти соли памет или да те искритикува. Затоа најарно секоја од нас да си прави како што чувствува дека треба и да не се замара другите што мислат за изборот.
     
    На Kolache na mama му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    911
    Пол:
    Женски
    Секако дека имав притисок од околината, коментарите од типот: братучетка ти колку имаше млеко прашај ја шо јаде шо пие, да си доиш и ти и да имаш толку млеко... Види она колку мали гради има, а колку млеко вади. Коментари и од мајка ми и од снеки, од маж ми најмалку. Јас секако дека сакав, меѓутоа навистина не знаев дека ќе е толку тешко. Патолошката ме извади од колосек целосно и додека да се свестам веќе се породив. Мене ми се роди со потфатено јазиче и никој АПСОЛУТНО НИКОЈ од Ремедика од сестрите или од Поп Лазарова или од Јадранка не ми беше кажано дека нема да може да цица. Ми фураа филм 3 недели демек со цуцла ќе се извлече првата година, па мал бил немал сила, па вилицата му била назад многу- абе филмови. Сѐ додека Јасна не дојде и не ми рече чекај кочи. Да скратам. По многу консултации го сецнавме и одма си зарасна супер, нит плачеше, ама требаше време да се адаптира на самото цицање. И не доцицуваше- мускулатурата не му беше развежбана, фаќаше плитко. Тргнавме и силиконски и супер почна да цица една недела, ама Паскалов не ми веруваше дека имам млеко пошо он не качуваше на килажа ко шо треба- не бевме уходани откако зацица. И никогаш нема да заборавам кога го замолив да пробаме уште една недела само на цицање да видам како ќе биде и ми рече: а што мамичка е битна? И тука ми се споија жичките. Почнавме ао шише по секое цицање, па молзење. Абе пекол ми стана животот од април до јуни. Ништо не се престигаше, дали да го наранам, да го ждригнам, да го утешам или да се измолзам. Почнавме оброци да му скратуваме дека не се престигаше. У целава ситуација он почна да нејќе да цица и Паскалов ми викаше дека сум нервозна, заради тоа нејќел- а не ради шишињата на секој подој. Па после еден преглед ми рече џабе ти е, ама да знаеш и цицањето е преценето- шибај.
    Оттогаш, со мм решивме да ја завршиме агонијата и почнав да не го ставам на града, само се измолзував и тука почнав да му се радувам на детето.
    Сѐ уште ме држи лутина, се чувствувам ограбено, требаше во родилиште додека бев да му го сецнеме јазичето и да не слушам никој. Требаше да бидам истрајна и да не дозволам одма шише на секој подој.
    Сега му давам обавезно еднаш во денот да цицне, чисто за утеха и за мене и за него меѓутоа сѐ уште не цица убаво, плитко ми ја фаќа брадавицата само…

    У целата агонија ми се поднамали и млекото, а што сѐ не пиев од лекарства… и тераме сега 70/80% мое др дохрана…

    Сѐ уште има коментари, ајде сега напиј се чаша млеко да видиш како ќе ти дојде млеко- а мене ми доаѓа смао кога ќе сум наспиена и ќе имам време за дремка.

    Гледам недела на доењето е, од што ми е криво, скролам брзо по постови, рипам сториња на инстаграм
     
    На Kolache na mama, Madi и dead.flower23 им се допаѓа ова.
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.553
    Да не ти била сериозна ситуацијата за тебе, немало да биде овој муабет. Сакале да ти кажат дека е небитно доењето сега за да не се осеќаш лошо дека го одбиваше бебето, да си речеш, еј ова е небитно, одам на лечење.

    Да не морало, да сте си правеле муабет онака, може и браво ќе ти речеле. Различни ситуации има.
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.