У Европа не ни дојат 6 месеци не па 2 години а не знам како и ти се дои до 2 години секоја чест јас едвај чекам да прекинам ..
Мене само еден доктор на 11 месеци доење браво ми рече. Матичната ме изруга ме напрај од лајно подолу оти бебето ми било 11 месеци, не цицало млеко - вода било, ме нарече интернет мајка. Ја откажав во ист момент. На родилиште за второто докторот кога дојде на визита со сестрите ме праша колку долго сум го доела првото. Кажав две години. Ми се изнасмеа сосе сестри и ми рече - шо напрај ти, на училиште ќе си го пуштело на цицка. Му реков докторе вие ако не знаете СЗО што предлага, јас треба да ве учам? Само еден доктор кардиолог ми рече браво, продолжи така, ќе ти дадам природни лекови за тахикардија кои не сметаат на доењето, само продолжи си. Нека не те чуди, брливи се повеќето. @dead.flower23 шо демек Европа модерни 6 месеци дојат, ние прости па до кај година две? И таму некои дојат подолго некои пократко, секој според сфаќањата и желбите. Баш во Европа со сите лактациски консултанти што ги имаат се препорачува подолго доење, од таму се и препораките.
На мајка никогаш не треба да и се мешаш во одлука. Ама таков народ сме јебига. Кога оперирав жолчка после породување ми рекоа мора да се оперира полна е со камења итно е. Ама ми рекоа ако дојам да почекам . Хаххаха па ти види сеа....
Види ,факт е дека бебе после една година веќе примарна потреба не му е млекото туку цврстата храна и затоа многу педијатри ,т.е повеќето што ги знам сметаат дека нема потреба од долго доење зашто мајката била таа која повеќе се приврзувала психолошки за доењето а не детето ( ова исто кажано од доктор ) Затоа некои долго дојат ( што секако е нивна одлука и викам браво ) ама реалноста е дека дете после 1 година веќе е спремно за цврста храна . Имам другарка што верувајте заради доењето никако не може да го научат детето да јаде храна а веќе е година и три месеци. Кога и викаа сите на 6 месеци да воведува оброк по малку ,она упорно ставаше на града . Сега е исто . Наместо да намали подои барем денски детето е цело време на града и дење и ноќе и тоа им е веќе проблем. Не напредува во тежина неќе цврста храна .
Стварно си поминала низ многу. И јас како тебе, многу нестручни лица околу мене и педијатар кој не ми веруваше дека имам млеко. Не верував дека може толку тешко да ми падне тоа ,,да не ми верува педијатарот" како ние да сме на испит па треба да се докажуваме пред нив. Не си единствена со вакво искуство кај Паскалов, за жал.. На сета мака што си ја прошла си направила одличен успех, и треба да си горда! Си дала се од себе и тоа е најважно, а 70-80% твое е преголем успех верувај, дохраната не е ни важна. И да одлучиш да прекинеш со твое успехот е голем.
Се согласувам, ама бебето ми беше едвај два месеци и се роди 2800 во 38+3 што стварно му требаше мајчино, така и ми кажуваа сите
Не знам како може да добиваме најмалку поддршка од медицински лица на оваа тема, не можам да разберам едноставно. Па уште смеење?! Колку ќе дои мајката е одлука помеѓу неа и бебето, и никој нема право да се меша, суди а најмалце да се смее! Со лесно со која одлука и да ја донесеш. А за овие доктори..... Немам зборови. Се надевам со тек на време ќе се смени нешто на оваа тема и ќе имаме поддршка.
Тоа е поради фактот што медицинските лица и не се баш едуцирани во област на лактација. Реално најголем број од педијатрите појма немаат, за сестрите па ич да не зборам. И во странство не е нешто многу различно, само што никој не се замара со твојот избор што ќе одлучиш, ама ќе ти пружат најголема поддршка. Постојат цели клиники за лактација и лактациски експерти. Тие се всушност оние со познавање во таа област. Нивното мислење е најрелевантно. Факт е само дека мајчиното млеко е многу битна компонента од исхраната на бебето се додека дои. Каква глупост. Син ми исто не беше спремен за цврста храна на 6 месеци, ни на 7 ни на 8 до 15. Замисли некогаш, бебињата едноставно не се спремни, ама цицаат и главна храна сеуште им е млекото и напредуваат одлично. И да стагнира во тежина не е особено лошо, дури и да се случи да намали не мора да значи ништо. Заборавате дека се работи за живи суштества, а не за роботи. Ве молам вашите ноншалантни мислења не ги фурајте како факт. Тазе мајки читаат, само ќе ги збуните.
Браво мајка! Го знам тоа чудење што попрво да направиш. Дали да ставам акцент на цицање,дали да биде најаден, дали да се одморам... буквално кога немаш време да отидеш до вц. Слични бевме, 3 месеци бевме на екслузивно доење, бебе многу малку креваше на тежина и нон-стоп плачеше. Кога ќе дојдеше свеки и ќе ме гледаше како цица, само ццкаше како е гладна, не знам како се воздржував да не и акнам бокс. Кога некој ќе ти стави сол на рана. Ужас. Па надвор исто, кога почна адаптирано еднаш ми дојде рандом жена на улица и ме праша без срам и перде зошто не ја извадам цицката и не и дадам да цица? Многу ми е криво што бев во шок, да имав време да размислам и да не бев падната од марс тој период ќе и кажев убаво. Почнавме со АД + цицање (не вадев млеко многу со молзење) и фативме ред. Ако ти е утеха, бебе е 15 месеци и е страствен цицач, имам мака сега да ја одвикнам. Такада немора да значи ако е дохрана дека дефинитивно нема да цица. Чисто сакав да ти споделам мое искуство.
Не си во право . Ова педијатар ти кажал ? Верувам дека не . Примарна храна после година не е млекото.!!!!! Детето од 6 месеци се учи на цврста храна. Да не збориме колку е тоа од круцијално значење за мрдање на вилица и директно поврзано со говорот.
Да педијатар ми кажа, да лактациски експерт ми кажа, да јадењето е од големо значење за развој на вилицата. Ама и да, децата не се роботи и не може да имаме исти очекувања за сите во секое време како по книга. Да, некои ќе отскокнуваат и сепак се ќе биде во ред. Припази како пишуваш реков и претходно, тазе мајки читаат ќе ги извадиш од памет. Совети не давајте ако немате појма дека не секогаш се оди како подмачкано, ама сепак може да не значи ништо и се да е во ред. Од вакви што доењето ви боде очи, а појма немате од истото само стварате конфузија.
Незнам кај виде дека доењето ми "боде" очи. Боже свашта. Секако дека не . Секое дете е различно многу нормално . Ама млекото ,било доење било АД после година не е главна храна и примарна . Детето на таа возраст веќе има 3 оброци и две ужинки. Уствари може и да нема ако не му створиш навика ама потреба има ! Тогаш зашто би се инсиситирало на цврста храна од 6 месеци?
Не да ти боде, нема тема во бебешкиве да те немам прочитано а да ја немаш запоседнато со доење во некој момент. Ох боже. Да многу битно за бебињата е и да лазат за да можат да одат ама многу бебиња нема да пролазат нели? Да, се почнува со храна од 6 месеци, тоа не значи дека секое е спремно и има потреба. Очигледно појма немаш колку многу бебиња не се спремни на таа транзиција и јас појма немав и во тоа време дозволував неумесни коментари ко твојот да ми влијаат за жал. Иначе да, многу бебиња не се спремни до 12,13,14,15,16,17 месеци да се на цврста храна и тоа замисли, само замисли е сосем нормално. Среќа постојат експерти што знаат па советуваат правилно, дека на бебињата околу 15 месец им се дешава огромен мајлстоун. Ментален, стануваат многу посвесни за себе и околината, веќе се проодени па стекнуваат поголема самодоверба и независност и си пројадуваат. Млекото им е сосем доволно до тогаш српрјаз српрајз оти има се што им е потребно и плус дојат почесто. Така што пред да ги обвиниш мајките дека не им створиле навика о ти божице на навиките, пак ќе ти кажам, не трескај глупости за работи за кои ниту имаш искуство ниту познавање. Јас до тука.
Јас не обвинувам ,кажувам факти . Ако се пронаоѓаш ,тоа е твое. Нема да навлагам во дискусии . Фала ти што ме следиш што коментирам и каде. Впрочем не се ни кријам штом сум на форумов така ?! Да ,многу сум коментирала за доење зашто многу сакав да цицаме а издржавме само 2 месеци . Јбг тоа е. И без тоа супер сме ,супер напредуваше и јаде све. За да одат не е битно да лазат. Моето не лазеше па на една година веќе одеше ,бај д веј
И два месеци што си издржала да знаеш дека голема услуга си му направила до 8 недели е НАЈхранливото и најголемите имуноглобулини си му ги дала да не се секираш. И се согласувам со тебе не за џабе СЗО препорачува ексклузивно доење до 6 месеци после тоа млекото НЕ ги задоволува целосно потребите на детето и треба да се започне со цврста храна.
Сзо исто така препорачува доење минимум до 2 години, ако веќе се водиме по СЗО. До 6 месеци ексклузивно после до 2 години и подолго.
Кај виде притисок жити се? Ти се обрати тебе некој лично за да ти каже дека мора да доиш? Не! Значи, тебе општо зборот доење и општо темите за доење и се поврзано со истото ти ствара притисок. Затоа, најдобронамерен совет, избегнувај ги темиве, не читај и не пишувај, полесно ќе ти биде. Ако некој пише нешто позитивно за доењето не значи дека на тие што не дојат им ствараат притисок или ги тераат да дојат. Не си ставајте се на срце и не си земајте се како за вас да е кажано или пишано, не се пронаоѓајте одма. Еве на моето седум месечно сеуште примарна храна му е мајчиното млеко, со воведување оброк тешко оди, одвај неколку лажички дневно и толку. Водете се по сопствените деца, искуство и можности, не по туѓите.