1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Притисокот "да се дои "

Дискусија во 'Бебе' започната од Misskirova, 23 јули 2024.

?

Дали сте почувствувале притисок од околината дека мора да го доите вашето бебе?

  1. Да

    76 глас(а)
    57,6%
  2. Не

    56 глас(а)
    42,4%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    8.099
    Пол:
    Женски
    Како што мене ме боли ( според вас ) темата доење ,тебе те боли,што бебето не ти јаде цврста храна.
    Сите имаме некои болки. Тоа е тоа.
     
    На FitGirlK му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.183
    Допаѓања:
    8.130
    Пол:
    Женски
    Со првото детe доста се измачив за да фати града, нејќеше, плачеше, а јас млеко имав многу, ама сакав да се потрудам и да го дојам. Мајка ми ми викаше дека можам и дека ќе успеам, свекрва ми од прв ден не сакаше ваљда да го "мачам" па збореше да му се дава АД, ама не сакав и не послушав, за една недела успешно се научивме да цица, 6 месеци беше на ексклузивно доење, а до 9 месеци го доев. За мене немаше ништо поубаво, си легнував и со бебко си одмарав заедно тој период додека цицаше. Имаше периоди кога ми беше страшно напорно кога цицаа по 100 пати во ден и ноќ, ама помина и тоа.

    Второто дете беше лесно како песна, од прв ден фати да цица, се си беше како што треба, до 1 година го доев.

    Двете приказни ми беа успешни, за мене беше предизвик да успеам, не сакав да ги слушам другите дека треба да му дадам АД и да се откажам иако имав млеко, мило ми е што успеав.
     
    На kozuf, LiquidLuna, Skyler81 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.050
    Допаѓања:
    76.706
    Пол:
    Женски
    Кај виде дека ме боли? :D Споделив искуство и пример, не болка (facepalm)
    Не се на дугме бебињата, растат, вадат заби, почнуваат да јадат, нормално е да не иде ко подмачкано.
    Нема дете што не јаде, некое порано, некое покасно ќе пројаде убаво, така да не се потресувам и не ме допира пример кога читам во темите за исхрана за бебиња што си лапкаат се со сласт и бараат уште. Ама, тебе тука во темава се те допира, тоа е разликата.
     
  4. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    8.099
    Пол:
    Женски
    Не ме допира се . Ама ме нервира кога се шират дезинформации.
    За другото ,се слагам.
    Сите деца се различни .
     
  5. Mahrisa

    Mahrisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2024
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    1.334
    Пол:
    Женски
    И до 3 години знам мајки шо имат доено па децата им се како топки,преслатки. Исто јадат и оброци ама си пијат и млеко од мама. Мислам оти доењето е најубаво чувство.

    Си го доев син ми до 1год ама морав да го одбијам бидејќи почна на градинка,и имаше навика во секоја негувателка да бара цицка,инаку уште ќе го доев.
     
    На Mumoftwo30, LiquidLuna, Yowannty и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    8.099
    Пол:
    Женски
    Веројатно со второто е полесно а и веќе не те тангираат толку муабети и притисоци . Се надевам на успешна доенечка приказна со второто ,дај боже. :inlove:
     
    На Aschenputtel, снежана2023 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  7. Stela Maris

    Stela Maris Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2023
    Пораки:
    1.523
    Допаѓања:
    2.021
    Пол:
    Женски
    Da ne te razočaram, ja sum pred 8 dena porodena, nit mleko mi nadošlo ubavo, bebe gladno mora dohrana, ne se snaogjame da fati cice ubavo, pritisok od maž mi pa nadalje kolku sakaš, u depresija mislam kje padnam od toa
     
  8. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    6.899
    Мајка, проба да се консултираш со некој од консултантиве?
    Да им пишеш на инстаграм или вибер?

    Инаку, да се надоврзам, мојата на АД е од 4 месеци, абер немаме од одвикнување на млеко, значи исто ми е мака и кога би доела.
    Бара пред спиење, се буди навечер, некогаш не и се ни пие, буквално две голтки ќе шмркне и толку.
     
  9. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.183
    Допаѓања:
    8.130
    Пол:
    Женски
    Pritisok ne treba da ima, ako treba dohrana kje se dava, golema rabota, kolku se taka porasnati, pa zhivi zdravi.
    Dokolku sakas probaj da piesh chaj Laktamiks po 1L, plus nekoj sto e refus na hipp ili na biko koja marka. Stavaj go celo vreme na grada bebe, da ne dojde do vristenje sekako.
     
    На Aschenputtel му/ѝ се допаѓа ова.
  10. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    2.162
    Пол:
    Женски
    Бог да чува. Си сретнала возрасен на ад или цицање? Или на блендирана? Освен нели, не дај боже со скршена вилица.
    Сите учат да јадат. Некое на 6, некое на 8,некое на 12м.
    За што да и е болка?
    Има ли полесно од цицка и шише?
    А не цел ден во кујна, и на крај фрлаш...
     
  11. Ena05

    Ena05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    755
    Пол:
    Женски
    Јас пред да се породам бев убедена дека ќе го дојам, дека е тоа лесно, така тури на цицка и оп како на реклама сите насмеани задоволни.
    Амааа од кога се породив дали дека со царски и маките и стресот од тежок пораѓај млеко немав. После 2 дена имаше капка две ама па не смеев ради терапија да дојам и тие капки ги снема. После една недела кога дојдовме дома градите колку главава :D ама млеко ни за лек немаше. И тука почнаа сите патронажна, мајка, свекрва и остали: имаш млеко стискај масирај ќе протече, поубаво, поефтино, полесно е на мајчино бла бла бла. Ужасно ме болеа градите и да ми простите се осеќав како крава по цел ден гола и прво маж ми стиска јас плачам од болки, после под топол туш масажа па топли облоги па пумпај по пола саат од града па локај сок вода боза и се што ми викаа да пробам за да дојде пустото млеко и по цел ден така у круг. Успевав максимум 30мл од двете гради со пумпа. Бебе не сакаше цицка да фати никако. Се мачев со саати за тие 30мл ќе му ги дадев па давав ад.
    И после 3-4 недели ми здосади по цел само тоа и реков крај толку. Е тука фала богу никој не ми рече ништо, сама си одлучив. Имав желба на почетокот а на крај заврши со одбивност. Второ дете не сакам ама и да се предомислам некогаш од старт знам дека не сакам да дојам.
     
    На Coldheart, Aschenputtel, Marsi* и 2 други им се допаѓа ова.
  12. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    6.712
    Јас имам преубаво искуство со доењето со второто дете.
    За првото дете се ми беше некако ново. Уште од болница го ставав на града ама не сакаше да цица. А плачеше,не прекинуваше додека не зајде од плачење и не се вцрврни целиот. Јас мисли се што е работата. Дома кога си дојдовме мм (стоматолог) откри дека има подврзано јазиче и дека затоа не влечи убаво. И цуцлата што му ја дадовме не ја влечеше,му паѓаше. Замислете си, на болница куп педијатри не открија дека затоа не може да цица. А безброј прегледи поминаа. Додека го сецнавме јазичето јас од нервози поради тоа бурно плачење снемав млеко. Не знаев како да балансирам измеѓу емоциите кои ме обвија и неговото плачење. Така заврши нашиот обид за цицање и премногу ми беше криво. Уште немам прежалено за тоа.
    Со второто дете наоружана со читање, посета на разни вебинари некако се спремно дочекав во врска со доењето. Од прв ден од болница ниедна сестра не ми објасни што да правам, си го наместив сама и одма си тргна бебе да цица. Мене солзи ми капеа од среќа. Самата си славев победа. И дома кога си дојдовме без проблем си продолжи,јас си имав млеко. На сите што ме прашаа дали дојам им велев даа замислете кое чудо!! Не ми сметаа прашањата со гордост им кажував и без тронка нервоза.И јас самата не можев да си поверувам. Еве 7 и пол месеци е уште си ја дојам.:inlove:
    Трето дете не планирам да раѓам и ми е мило што барем со едно ја искусив магијата на доењето.
    Да се разбереме, што и да одлучите е ок. Јас не осудувам никој, погоре пишав дека првото дете од старт ми беше на ад така да, немам право на осуда:)
    Терајте така како што мислите дека е исправно и како што морате. Кој како знае и умее.
     
    На Marsi*, LiquidLuna, Skyler81 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    7.970
    Пол:
    Женски
    Многу слично беше и кај мене. Толку имав желба да дојам и бев убедена дека ќе биде, мислејќи ќе има млеко, дете ќе си фати ред и дури купив ад за секој случај ако нема некој ден, а на крај испадна тоа да е примарно.
    Исто царски, беше итен мојот, малце стрес, таму терапија, нема млеко одма, се живо ме боли, дете не можам да си земам, а не пак да пробувам да дојам.
    Дојде еднаш една сестра, еве вака, така ќе ставиш, ќе наместиш, а јас едвај сила да го земам плус страв, прво дете, ништо не ми е познато.
    Дојдовме дома, градите ми беа потечени, имаше млеко, почнавме, ама тој мал, не фаќаше убаво, се направија рани, па ајде ланолин. А нему му се јаде, лаком си беше уште во болница.
    По пола саат на града, завршува, и одма силно плачење, па ајде ад. И се смируваше.
    Џабе и чаеви, и овес, и течности, и ова јади, тоа не јади, ништо.
    Полесно му беше од шише, нормално, и се научи на тоа. Што ќе го држам на града кога не се најадува, малку му беше. Џабе мака.
    Првиот месец само го доев и ад беше примарно, моето колку имаше.

    А за притисок, немаше баш, ама затоа сите со прашање дали цицал. Ајде баба ми стара жена, упорно вика да го дојам, не и замерувам толку, што ќе се објаснувам. Ама, затоа вујни, тетки, прво прашање на тел.беше тоа. Божем децата што пијат ад нема да се здрави и прави, абе ајде. Како што ми вриеја хормоните, ми се идеше сите да ги отерам.
    Остај роднини, па и на кумот сестра, на маж на пријател мајка, сите со тоа прашање.

    Здравје за второ, ич не се замарам ниту однапред се надевам. Ако има има, ако не, правец аптека, купувам ад и мирна ми глава.
     
    На marrisa и Ena05 им се допаѓа ова.