Првото до 22 м Второво моментално е 13, секако уште цица и сигурно ќе цица до кај 2 г секако ако нешто не ми се случи со млекото па после здравје ќе видиме. Ама коментари си слушам да @praski4e со второто помалку коментари има иако сепак ќе коментираат.
Мојата приказна е многу слична на твојата. Ивф, ризична бременост, итен царски и нормално на тие трауми нема да доиш. Многу сакав да ја дојам ама уште во болница не сакаше да фати цице. Кога ќе ми текне како ја фаќаа за глава со сила да ја наместат на цицка и сестри, и педијатри и патронажна, уште ми е жал. Ме фаќаше за цицка кој стигне и ме убедуваа дека имам млеко, а детето не сакаше да цица и цело време плачеше дека е гладна. Мене ме фати и постпородилна депресија, многу ми беше лошо ми фалеа само коментарите "не јадеш и не пиеш ништо затоа немаш млеко", "ја научи на шише затоа не сака да фати", " не ја доиш нема да има имунитет" денес продолжуваат во " да ја доеше до сега ќе проодеше" "да ја доеше немаше цело време да ти е настината". Уште имам грижа на совест дека можеби не направив доволно, можеби не се потрудив доволно и дека можеби многу лесно се откажав. Се трудев колку можам јадев, пиев и се молзев на секои 3 саати со електрична пумпа и плус се стискав со сета сила да не случајно не влече пумпата доволно. Искрено ќе ми остане траума. Дури и да е вистина се што ми кажаа кога гледаш дека некој се мачи не му дотурај сол на раната. Нема потреба од мудрување. На крајот од денот има и жени кои свесно донеле одлука дека нема да дојат па и тие деца пораснале.
Срамота за тие околу тебе и ако ти се блиски да им го лепнеш дека не било во ред тоа што го збореле, не ќути. Јас со првото ќутев, со второто свесно одлучив да не дојам. И првото ми е на адаптирано. Имунитетот може помага додека дои детето, вака не гледам дека доените нешто помалце отуствувале од градинка вирусите и бактериите се тие. Не си ставај грижа на совест.
Боже кои глупости. Не ми се верува Ајде 1 вото , Големата ја доев ,додека цицаше не се разболе ниеднаш ,само шо ја одбив не задржаа среде лето со бронхопневмонија во болница ,оттогаш се разболуваше на 3м. ,дали тоа значи дека треба да го доиме до свадба. Малата ја дојам уште 15 м е. Не оди ,не збори. Со неа имаше 2 дена бев со стомачен вирус ни јадев ни пиев и башка повраќав па имаше млеко. Ич да не ти е грижа на совест си го дала најдоброто од себеси во тој момент ! Ништо не е вистина.
Јас немав притисок за доење. Напротив, многу повеќе ми сугерираа да им дадам шише вештачко или уште полошо кравјо млеко
Исто. И мене ми викале гладно е, дај му дохрана... мало е, комбинирај со адаптирано да порасне побрзо...
Моето е доено до 15 месеци, па на 4ри бронхит имаше, на 8 салмонела фати, па розеола на две недели од салмонелата, па после две недели ковид, па после две од ковидот во Козле лежевме од уринарна. Се вративме од Козле со рино вирус. Глава не кренавме од 8-10 месеци. Врска нема дека штити мајчиното млеко. На другарка само на Ад беше од почеток па не ни префати од ќерка ми, а на се ова бевме во контакт. И тек дури кога тргна во градинка и се разболе.