1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прицезата Султана (Џин Сасон)

Дискусија во 'Книги' започната од WomanInRed, 2 август 2011.

  1. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Принцезата султана е една вистинита приказна за една Саудиска принцеза која раскажува вистинита приказна за нејзиниот живот како жена. Таа раскажува како во земјата која живее не е од никакво значење само затоа што е женско. Тие се десет ќерки и еден син затоа кон брат и на султана се однесуваат како кон бог. Таа се труди да докаже дека религијата не игра никаква улога за жените да бидат потчинети туку напротив религијата тврди дека со добрина и со праведност треба да се пристапува кон припадниците на понежниот пол.

    Таа кажува дека првите 4 години од својот живот наверојатно ги поминала смеејки се и играјки но понатаму нејзиниот живот станува толку мачен но таа навистина е среќница и силна жена што успева да ги скрши овие обичаи .

    Оваа книга ја пишува нејзина другарка од лондон од дневникот на принцезата султана и е права вистина.
    Таа се соочува со забрана да јаде, забрана да го искажува своето мислење, нејзината сестра е силувана и разведена но цел живот мачена заради тоа што мажот што и да прави жената треба да трпи, нејзиниот брат силува мали девојчиња од 8 години и тоа султана се го гледа..

    Оваа книга има 2 продолженија ви препорачувам да ја читате :)
     
  2. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Прицезата Султана-Џин Сасон 2005

    Преубава книга.
    втор дел - Ќерките на Султана
    трет дел - Кругот на Султана
     
  3. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Извонредна книга!!
    Ме остави без зборови, ја прочитав во еден здив!! :|
     
    На s.t.e.f.a.n.j.a му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.706
    Јас го имам прочитано Прстенот на Принцезата Сулатана.Ги барав и останатите делови но ги немаше во нашата бибилотека.Инатересна книга.Една од книгите кои го покажуваат тешкиот живот на жените во некои држави како и борбата за рамноправност.Немам лоши зборови за книгата,прекрасна е.
     
  5. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Прекрасна книга. Реална, базирана на вистинска сторија. Којзнае уште колку девојки ја доживуваат истата судбина. Би прашала во библиотека и за другите делови, кои за жал не сум ги прочитала. :)
     
  6. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Прекрасна книга.
    Една од моите најомилени книги. На главниот лик,Султана и‘ симнувам капа.
    Убаво опишана книга.

    Моментално го читам третиот дел Прстените на принцезата Султана.
     
    На s.t.e.f.a.n.j.a му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Леле сега ја видов темава :inlove: Јас ги имам прочитано сите 3 книги,Принцезата Султана,Сестрите на Султана и Прстенот на Султана.Јас сум воодушевена од книгиве мене премногу ми се интересни.Книги за несекојдневниот и тежок живот на жените од Саудиска Арабија,нешто што на мене не ми беше познато и баш затоа ме заинтересираа книгиве.Само позитивни критики и на секого му ја препорачувам.
     
  8. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    „Принцеза која блеска од скапоцени дијаманти и бисери и живее во незамислив луксуз, а во реалноста таа живее во златен кафез..“

    Јас пред некое време го прочитав првиот дел и книгата можам да кажам дека ме импресионираше. Совршено добро опишани моменти, чувства, ситуации, состојби. Секој збор допира до срце, перфектно е прикажан и најмалиот детал од нејзиниот навидум лесен живот.

    Прекрасна книга, една од најубавите кои што воопшто ги имам прочитано. Останува во сеќавање, вреди секоја минута потрошена на неа..
     
  9. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Во книгава се заљубив. Ја прочитав летово на одмор. :inlove:
    Премногу се соживеав, најмногу поради тоа што знаев дека е вистинска приказна. Не ми се веруваше што читам. :o
    Едвај чекам да ги прочитам и останатите дела.
     
  10. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Изминативе две-три недели ги прочитав трите книги ,,Принцезата Султана,, ,,Ќерките на Принцезата Султана,, и ,,Прстeнот на принцезата Султана,,
    Сега ми се како една целина, всушност содржината на сите три книги е една те иста ,,раскошен живот во златен кафез,,
    После овие книги можам да кажам дека е многу полесно да се биде жена во сиромашна земја како нашата, отколку во богатата со извори на нафта Саудиска Арабија ! После тие гнасни трагедии кои ги има во книгите на Џин Сасон раскажани од принцеза од владеачкото семејство, искрено сум благодарна на среќата да се родам овде а не таму!
     
    На s.t.e.f.a.n.j.a му/ѝ се допаѓа ова.
  11. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Можеби единствени книги кои ме оставија уште долго од кога ги прочитав да размислувам на некои теми.
    Дали е навистина толку прекрасно да си жена, кои се твоите предности, можности,значење...не секаде жената го има истото значење, во некои делови е создадена и постои само за да го продолжува родот, да биде една обична “машина“ за деца...
    Оваа трилогија ја прочитав за 6дена, беше навистина нешто што неможев да го оставам, едноставно таа недела живеев во светот на Султана, нејзините проблеми, маки, бев таму со ќерките, птиците во градината...
    Книгите се навистина прекрасни, а и целиот труд на Султана да успее да му го прикаже на народот начинот на живеење во нејзината желба, покрај такви конзервативни размислувања, граници, е навистина голем успех.
    Јас искрено во вториот дел дознав дека е вистинска приказна, а тоа беше причина плус многу да истражувам за муслиманскиот начин на живот, каде , во кои делови како се живее.
    На саем за книга ги имаше овие книги, јас кога ги читав ги земав од градската библиотека(во Скопје), но сакав да ги имам за себе, имаше прилично голема разлика во цената на македонското и српското издание, па се одлучив за српското(не ми смета воопшто).
    Од срце им ја препорачувам на сите
     
    На Jule.Sk и MaxyMax им се допаѓа ова.
  12. MaxyMax

    MaxyMax Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    99
    Преубава трилогија. Ги прочитав сите во еден здив. Многу потресна и истовремено поучна животна сторија. Ако ве интересираат вакви тематики, Џин Сасон ја има напишано и "Љубов во ранетата земја". Слична содржина, уште потрогателна, но и посилна... Вакви книги обожавам од причина што ме тераат да размислам за смислата на животот...
     
  13. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Ми остана уште да ги дочитам 2 и 3 дел.Воодушевена сум од книгата.Ја прочитав во еден здив.
     
  14. keti.kety

    keti.kety Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    52
    Трилогијата ме воодушеви. Прекрасни книги кој дефинитивно вредат да се прочитат, го внесуваат читателот во еден поинаков свет во кој владеат многу различни правила. Главната јунаќина Султана е борец кој ќе не потикне да размислиме за многу животни прашања. Ги препорачувам на сите кој сакаат да се впуштат во нова авантура и да запознаат еден поинаков свет.
     
  15. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Ги обожавам
     
  16. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.244
    Допаѓања:
    21.649
    Пол:
    Женски
    Сега ја видов темава.
    Пред некое време ги прочитав првите два дела, но третиот никако да го најдам. Го нема кај нас во градската библиотека, а многу сакам да ја завршам приказната околу Султана со читање и на тој дел. Вака осеќам ко да сум застанала на сред книга со читање.
    Се воодушевив од книгиве, препорачувам на сите кои се заинтересирани за животот на арапските жени и нивната положба во општеството. После овие два дела, прочитав уште многу други книги со слична тематика, и сите ми се допаднаа. Дури тогаш му се заблагодарив на Господ што живеам во слободна земја со свои мислења кои можам кога сакам и каде сакам да ги кажам на глас :)
     
  17. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Го има и тоа неколку само потруди се да го најдеш ;) само мене третиот најмалку ми се допадна
    Многу убави книги ми се допаднаа ептен Џин Сасон има прекрасен стил на пишување, има прекрасани животни приказни овде ќе ја издвојам и Љубов во ранетата земја прекрасна трогателна книга за моќта на љубовта, за животот на курдите и за војната.
     
  18. bube88

    bube88 Активен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Прекрасна книга, трилогијата ја прочитав за два дена.
     
  19. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Интересна е...?И за која возраст..?
     
  20. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.244
    Допаѓања:
    21.649
    Пол:
    Женски
    Дури сега го начекав во библиотека третиот дел Прстенот на принцезата Султана! Конечно после толку време! Ја земав книгата со нетрпение дека ќе биде исто или барем приближно толку добра како и првите два дела,ама се разочарав. Многу случки и настани се повторуваат, и не е тоа тоа некако. Добар е и овој дел, како некое заокружување на целата приказна за принцезата, нејзините ќерки, традицијата во Саудиска Арабија и сл. Можеби јас очекував премногу. Во секој случај, препорачувам да се прочита трилогијава.