Bил еден уценик, професорот го прасал дали постој бог уцителот рекол апсолутно дека постој, професорот му рекол: дали си го видел па сто твврдис, уценикор рекол не ама сигурно постој,професорот му рекол. ај докази дека бог постој, за крај уценикот му рекол: професоре дали имас мозок, професорот рекол секако дека имам, уценикот му рекол.е ај докази ми дека го имас, тој рекол, па го имам ама не се гледа, уцителот му рекол епа јас мозокот не ти го гледам, а верувам дека во глава имас мозок,така и бог верувам дека го има дека постој,ама не го гледам. ,мудро момце
јас верувам во бог и како што напиша Saya нема ништо лошо во тоа да се биде верник па и атеист секој си има право на свое мислење
Јас пак знам 11 причини да не отварам теми со ваков глуп наслов. Спојлер Ко некој нему да му давал 11 причини да биди верник и со сила да го терал . Туку сакаат нешто паметни да се прават
Глупа тема. Како и да никој не може да ме натера да бидам атеист. Ај да ти дадам тебе 12 причини зашто да си верник и биди верник, ок?
Нема потреба јас да наведувам. Наведено си е тоа во многу свети книги. Секој верник треба да ги прочита за да верува. А, впрочем јас сум никој и ништо, па да наведувам некој да верува во мојот Бог. Спојлер Првпат слушам за тој Вог.
во ред ама ти како верницка која верува во бога, тие кој се залутани од верата треба да ги повикувас во вера,како исус сто го повикувал својот народ да веруваат во бога,и како кај нас сто Mухаммед бил пратен од Aллах да го повикува својот народ да веруваат во еден бога.знаци тоа нас ни го оставиле насите пратеници да го сириме а не да го цуваме за себе. засто нависитна тој сто знае за верата не ја сири,нависитна е скрзав цовек, све сто те прави срекна споделиго и сири го со тие сто ги сакас. а верата е нај слатка радост за еден верник.
А да ве прашам, зошто сите ни се нафрлате на нас атеистите? Зошто пробувате да ни објасните нешто преку приказни кои не држат вода? На пример онаа приказната со ’’умното момче’’ што не му гледа мозокот на учителот ... глупост. Еве едно прашање до сите верници, дали верувате дека бог е семоќен?
FACT: God loves you and offers a wonderful plan for your life. God created you. He loves you so much that he wants you to know Him and spend eternity with Him. Jesus said, "For God so loved the world that He gave His only Son so that everyone who believes in Him will not perish but have eternal life." Jesus came so that we could know God in a personal way. Jesus alone can bring meaning and purpose to life.
И ако бог е семоќен, може ли да направи камен толку тежок што нема да може да го крене самиот? Шала на страна, јас кога кажав дека темава е глупа, некој ме нарече трол.
Јас ќе ти дадам само една причина да бидеш верник: Тоа што си се родил! (најголемото од сите нешта-создавањето).
Прво да кажам дека верник сум, можеби не најголем, не сум ја читала Библијата, не ги знам сите светци и празници, ама секој петок постам и верувам дека има некоја виша сила за одредени работи. Ги почитувам сите поголеми верници- Како Вајлд, АМА ги почитувам и атеистите! Секој има право на свои мислења и ставови и навистина безпотребно го нападнавте Алхемичар кога ја отвори темава, он само сакаше наше мислење, не не разубедуваше во ништо!!! И уште нешто- ама да не сум погрешно сфатена- КАТЕ21 пишува постови и се кара со атеистот, а под нејзиониот профил пораката и е "не верувам во невидено"! Не е малце контрадикторно? Несакам никого да разубедам или убедам, јас верувам, има луѓе кои повеќе се разбираат, а други кои не веруваат. Среќа што не сме сите исти! Поздрав
Алхемичарот во темава е тој што е контрадикторен. Вели дека е атеист, а од друга страна и дека Господ постои. Врати се и прочитај му ги мислењата...
Ганшајн, реченицава е толку силувана по нет од страна на атеисти што навистина ми звучи соу ласт сизн. Инаку да се изјаснам, јас како верник единствено не го почитувам ставот на милитантните атеисти и на религиозните фанатици, поради секаквото отсуство на толеранција кон другите, а секоја останата определба па нека биде и сатанист, ја почитувам.
Атеистот е човек, кој си изградил куќа без ниту еден прозорец, а го обвинува Бог што мора да живее во мрак! Потсмевањето и насилството им се единствените аргументи на атеистите против христијаните Безбожниците зборуваат за Бог почесто од побожните!
Знам дека е контрадикторен, го сфатив тоа, ги читав мислењата. Ама не навредуваше и не беше дрзок. Затоа ако смета дека е атеист, ок е. А ни сам не го сфаќа тоа значење. Не верува во Бог, ама го сака Бога. И кажав кој друг е контрадикторен. Некогаш ни сами не се сфаќаме. И пак повторувам, без навреда ова е ни за Алхемичар, ни за Кате21 ни за тебе Вајлд. Само некогаш ми изгледа дека некој едвај чека некое мислење со кое не се согласува и да почне расправија со навреди. А форумов е баш убаво место за разговори, совети и мислења, нема потреба од лоши работи, секако млади многу сме за тоа
По мое мислење религијата е создадена како причина за контрола на народот,како поделба,како што е бојата на кожата,националноста,што било. Раздели па владеј. Колку и да не ми се јасни некои појави,попрво би си ги објаснил со вонземјани отколку со Бог. А во темава не би имало некоја посебна дискусија,повеќе би завршила со кавга меѓу верници и атеисти. Али ипак,ако се декларираш као верник,get your facts straight,не само инаетливо да стоиш на ставот Јас верувам и тоа е тоа. Верувај,никој не ти брани. А тоа дека причината што јас сум се родил е господ,некако не ми држи вода,пошто ако почнеме така ќе завршиме до Адам и Ева,за кои не ми е баш веродостојна причата за нивното настанување. Како и да е,секој си има свое мислење,нели =)
Политиката, ксенофобијата, национализмот, расизмот е начин на контрола на народот преку поделба на луѓето на наши и ваши. Религијата никогаш не проповедала зло туку напротив, чинење на добро, толеранција и обединување на луѓето. Никој никого не натерал да стане верник со притисоци и уцени, додека пак политиката и идеологијата ДА. Оние вистински верници кои ја практикуваат верата на вистински начин како што е проповедано во светите книги виделе само добро од тоа. Мене ми се многу интересни луѓето кои им е полесно да веруваат во вонземјани за кои не постојат никакви историски и веродостојни докази. Исто така ми се интересни оние кои им е полесно да веруваат дека настанале од мајмун (според некоја Дарвинова теорија која е преполна со контроверзии), отколку да веруваат дека се божји битија. Но нејсе, која како си се осеќа, така нека си прави.