@Tiktaalik , на што го засноваш својот атеистички став? На што го поткрепуваш своето верување дека Бог не постои? Бидејќи, да имаш став некаков, треба да биде заснован на некакви факти за да не биде само просто верување/не верување.
Јас сум агностик, велам дека не знам Атеистите не веруваат по дифолт во ништо, за што нема докази. Верувањето е субјективно чувство. Некои, едноставно немаат чувство на 'слепо' (ако смеам така да се изразам) верување.
Не е став туку е неверување. На тоа што нема доказ за постоењето на ниту еден бог. Не е тоа мое верување. Ќе прашаш некој што верува во тоа. Немам став, не верувам, не сум убеден... во прикаските од религиите со богови. П.С. Да те прашам јас нешто тебе. Во кој бог ти веруваш? Во христијанскиот?
Е ова за мене важи. Не верувам во приказни кои се нелогични. А во религиите има нелогичности, колку ти душа сака.
Не знам баш зошто упорно се поставува прашањево. Има еден концепт за вечност, кој не е само во една религија.
Јас повеќе би била заинтересирана да дознаам, од каде е потребата да се верува во нешто недокажано? Религиите, ајде, ги разбирам... институции се. Незнаење, исто придонесува до потреба за верување; но мислам дека имаат удел и потребата да припаѓаме на нешто 'поголемо' од нас и потребата од надеж за подобро утре.
Нема доказ дека ниту еден бог не постои, напротив, има издржани научни докази дека може да е универзумот креиран од Бог, а има и издржани докази дека не е креиран од Бог. Дали постои или не постои Бог моментално не можеме да знаеме научно. Како може да немаш став? Со тоа што не веруваш дека Бог постои треба да имаш релевантен став на кој го базираш тоа тврдење. Јас од друга страна не можам да го отфрлам постоењето на Бог за разлика од тебе. Мојот став е дека не знам дали Бог постои или не постои затоа што до сега нема научни докази кои ќе ја поткрепат ниту атеистичката, ниту теистичката теза з постоење на Бог. Кога ќе имам научни факти и докази дали постои или не постои Бог, ќе имам мислење по тоа прашање. До тогаш ниту можам да тврдам, ниту да го базирам мојот став на верување/не верување.
Тука си некаде...на трага на потребата ...а некогаш не е ни потреба, некако инстиктивно иде, кога ќе преживееш и поразмислиш околу нештата во светов. Ама не е тоа тема, темата е причини да бидеш атеист? Појма немам што причина би имало за било што, јер ја по дефиниција ништо не знам... ама по чувство некако ми се чини дека атеизмот е спонтан отпор кон догмата од религијата. Кој побогу и би немал отпор кон такви догми- не ме гледај што правам, слушај ме што зборам
Засега нема научни докази дека постои бог, (повели демантирај ме која тоа научна студија тоа го тврди), не се докажува во науката што не постои туку што постои. А научни докази дека нема никогаш немало ни ќе има Ти ли треба да ми кажеш дали имам став или не? Немам тврдење ни став, ало, по кој пат да ти кажам? Моето Неверување е само тоа, неверување. Ти од друга страна си исто што и јас, атеист, по секоја можна дефиниција, само не знам од кој причина не ти се допаѓа зборот „атеист“. Можеби поради стигмата на спротивниов табор. А ти гарантирам дека ти си поголем атеист од мене, а јас сум поголем агностик од тебе.
Прашав инспирирана од муабетот погоре за Биг Бенг, дека некој го создал тој момент. Тој концепт на вечност е реално невозможен човечкиот мозок да го разбере зошто ограничени сме со сетила, веројатно и интелигенција. А и животот каков што го знаеме тука на планетава, на сè има почеток и крај, па уште потешко е да се укапира таа вечност. И припаѓаме на нешто поголемо - универзумот. Мене тој факт ми причинува задоволство. Во контекст на ова, може ли да го дефинираш бог?
Во Библијата се кажува дека љуѓето збореле и што знам со Бог, зошто другиве не им се случува тоа. Зошто јас, ти и останати не им се прикажува Бог??
Ne veruvam vo bog zatoa sto samo sto ke se nviknam na nesto ubavo, mora da imam sopka. Mora. Zosto taka a? Zosto ne mi traj ubavoto? Jas sum idiot, debil, sto sum? Ne vlegvam vcrkva poveke i ne palam sveka. Pa Sega dami i gospoda slobodno kritikuvajte.
Затоа што таков е животот, верувањето во Бог не значи дека ќе ти биде супер и "ќе ти трае убавото". Во секој случај, ако така си сфаќаш, ти си знаеш.
Став ми е дека сум неутрална Не можам да кажам дека верувам во Бог, пошто нема доказ за тоа дека постои. Од друга страна не можам да кажам дека Не верувам. Прашање ми е што ке се случи ако веруваш во Бог? (Овде не мислам за обичен верник како сите нас денес, туку верник што ги почитува сите правила и строго се држи за тија правила кои ни се наметнати од христијанството) Ке му се исполнат желбите? Ке биде здрав и жив? Ако е тоа точно зошто во денешно време има куп болести и лошотии? А ипак сме верници? Имам ногу нелогични прашања... Некои кога ке каже "Верувај во Бог, да ти биде добро" еве верував/м и зошно НИШТО не е добро? Сметам дека бог не е тој што ке те извади од проблем. Еве пример верувам дека постои карма тоа барем е докажано Но дали постои Бог??? Никој не знае... Гледам лугето веруваат во разни џуда само за да не веруваат во Бог. Како течат годините се повеке и повеке Атеисти се рагаат. А оние кои веруваат се ЛАЖНИ верници. Мислам дека за неколку години вербата во Бог скроз ке ја снема....