Причини да се биде атеист

Discussion in 'Религија' started by Alchemist, Jul 17, 2010.

  1. lilii

    lilii Активен член

    Joined:
    Nov 6, 2011
    Messages:
    22
    Likes Received:
    11
    Ако светот би бил совршен и би владеело само добро тогаш многу чувства кои постојат денес не би постоеле. Во совршен свет не би постоеле љубопитноста, стравот, омразата, храброста, истрајноста, упорноста итн итн ... значи би биле лишени не само од лоши чувства туку и од добри чувства. Би биле лишени од многу нешта. А кога нема да постојат дел добри чувства и дел добри нешта, добри ситуации (затоа што некогаш потребно е да се случи нешто лошо затоа што само така може постигне определена добра ситуација или случка) тогаш кога повторно подобро ќе размислиш пак светот не би бил совршен и кога би владеело само доброто, хармонијата и мирот. Светот е посовршен кога постои добро и зло отколку кох=га постои само добро или само зло.
    Ова значи го дискутирам затоа што Alchemist тврди дека доколку би постоел бог светот не би имал зло.
    За тоа дека бог нема да ти даде храна, пари тоа нормално дека треба да биде така. Значи бог ти дал глава да мислиш како да стигнеш до храна, пари и незнам што уште материјално. Ти дал раце и рамена доволо силни да работиш физички работи и да спечалиш за да го добиеш она што ти е потребно. Ти дал очи за да гледаш што е добро што е лошо .... значи ако бог би ти давал и храна и облека и пари и се материјално шо ти е потребно тогаш за што би ти служеле разумот, рацете, нозете, очите, ушите ....????
     
  2. lilii

    lilii Активен член

    Joined:
    Nov 6, 2011
    Messages:
    22
    Likes Received:
    11
    Да надополнам нешто што во претходниор комантет заборавив да кажам.
    Јас не верувам во тоа што го кажува црквата, не верувам во целост на христијанството или на било која друга вера, но верувам дека има Бог кој можеби не е суштество со лик на човек но е една натприродна, виша сила која се чувствува дека постои. Таа виша сила за мене е Бог. Бог не е црквата, не е џамијата или незнам каков друг храм. Бог не е христијанство, ислам или незнам која друга вера затоа што христијанството не е она што беше кога истото било создадено. Луѓето го злоупотребиле христијанството. Низ историјата верата и храмовите на верите биле злоупотребувани. Знаеме во средниот век какви ужасни работи правела црквата односно инквизицијата. Но тоа е не го создал бог! Бог никогаш не рекол да се спалуваат луѓе, да се мачат луѓе, да се продаваат индулгениции, да не смее да се развива науката туку сето тоа го создал човекот и го вметнал во христијанството како дел од него со што создал погрешна слика за самото христијанство. Не верувам во папи, попови а со тоа и во црквата. за да веруваш во бог и за да бидеш верник не мора да одиш црква. Одењето во црква не го прави човекот верник исто како шо и седењето на колата во гаража не ја прави колата кола. Луѓето се такви по природа што секогаш ги изобилчуваат нештата. како може христијанството и црквата во средниот век да проповедаат едно, а денес друго. Луѓето го користат христијанството и црквата за да постигнат свои лични цели, го прилагодуваат онака како што им одговара.
    Јас уште еднаш ќе кажам - тврдам дека постои бог. Тој е една виша сила која управува со целиот универзум. Таа сила го создала светот, човекот, животинскиот, растителниот вет. На човекот му вдахнал душа и факт е дека душата не умира после смртта. Ако не постоел Бог тогаш немаше да умира само душта на животните и растенијата туку или душите на луѓето, животните и растенијата ќе изумираа со смртта на телото или сите тие души ќе живееа после смрта. Значи постои виша сила која определила само човечката душа да живее и после смртта на телото.
     
    aerodrom likes this.
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Joined:
    Dec 7, 2009
    Messages:
    6,898
    Likes Received:
    9,194
    Gender:
    Female
    Тоа е така затоа што треба да има некаков баланс, некаква рамнотежа помеѓу позитивното и негативното, така било отсекогаш и ќе биде, неможе никако поинаку.Тврди доколку би постоел Бог не би имало зло, тогаш зошто злото би било доказ за непостоењето на Бог? Значи Бог на човекот му дал памет и се друго за да се снајде, па оваа логика, тогаш прибидејки е така, зошто човекот кој има можност да прави разлика меѓу добро и зло, зошто го одбира злото, наместо доброто, а секогаш како оправдување на своите постапки спрема другите луѓе кои некогаш му згрешиле? Еве пример, стресот е главниот предизвикувач на болести, тогаш зошто дозволуваме да се нервираме, кога знаеме што значи тоа? Едноставно е нели? Но, тоа е во човековата природа, епа ете ја целата филозофија за религијата и нејзината автентичност.
     
  4. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Joined:
    Dec 1, 2009
    Messages:
    1,674
    Likes Received:
    7,653
    ^ религијата не учи само за доброто. Го величи невиниот, светол свет кој е само лага, тој не постои! Во секое добро има некое лошо и во секое лошо има некое добро. Животот не е нулти степен на фигурација, тој е тежок оксиморон. Еден крадец, врши грев, за да си ја нахрани фамилијата, некој можеби е сиромашен, но има богата душа, можеби тој е грд, но ги има најубавите очи на светот. Доброто и злото, грдото и убавото не се поставени паралелно, тие се заедно, тие се наша водечка сила, еден контраст кој се прелива и станува едно.

    Религијата е толку ограничена за оние кој не знаат да ја протолкуваат. Светот не е зло, за религијата да одржува некој баланс. А религиозноста на човекот не е симбол за неговата добрина, неговиот дух и неговата човечност!
     
    WildCherry likes this.
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Joined:
    Dec 7, 2009
    Messages:
    6,898
    Likes Received:
    9,194
    Gender:
    Female
    Токму затоа, тие две нешта опстојуваат во човекот, љубов и уништување.Не мислев за тоа дека религијата е таа која би го одржувала балансот, туку тоа е нешто што опстојува и без религијата, затоа и спомнав позитивно - негативно :)
     
    Magnolija likes this.
  6. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Joined:
    Jan 31, 2012
    Messages:
    782
    Likes Received:
    468
    Да поврзани сме, секој месец дебело ни го зголемува банковното конто. -.-

    Девојко, сатана не постои
     
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Joined:
    Mar 1, 2010
    Messages:
    7,226
    Likes Received:
    41,470
    Jас до сега не сум нашла ни една добра причина, зашто би била Aтеист. :)
     
  8. Lady97

    Lady97 Популарен член

    Joined:
    Aug 19, 2011
    Messages:
    1,172
    Likes Received:
    524
    Не бидете да не речам секти ама да тераш некого да стане нешто што не е, е навистина глупаво.
    Кои докази ги имате вие, што ги немаме ние?
    Ако веруваш биди верник каков што треба да бидеш ако не не верувај.Ама немој и другиот да го тераш да биде како тебе,секој е таков каков што се решил да биде,а се надевам дека сите сме доволно паметни да се определиме за сопствено мислење.Што ако навистина еден ден ти се случи нешто по што си мечтаел без никаков труд,тогаш ќе почнеш да веруваш во бога? Добро да не филозофирам многу ако сте атеист бидете ама не очекувајте да биде и некој што верува во нешто и нешто што му дава некаква надеж ;)
     
  9. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Joined:
    Oct 30, 2011
    Messages:
    988
    Likes Received:
    319
    Не можев да се воздржам а да не напишам дека вистина има личности кои се мн изгубени и тоа е за жалење,под верба се подразбира верба со срце и душа,да го чуствуваш бог ,вистинска верба е да веруваш во него а не си го видел,а во срцето знаеш дека он не те напушта никад...

    Ја лично немам против атеистите али да немаш верба мислам дека е жално
     
  10. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Joined:
    May 30, 2011
    Messages:
    3,279
    Likes Received:
    2,306
    Gender:
    Female
    Не постојат причини за да се биде атеист.Ако не веруваш твој проблем,значи не веруваш во ништо.Ние луѓето ако сакаме можеме и самите да си ги измислиме причините..цц
    (Се надевам дека нема да бидам погрешно сватена) :)
     
  11. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Joined:
    Jan 31, 2012
    Messages:
    782
    Likes Received:
    468
    Иначе не се ни потребни 11, се може со еден збор да се објасни-рацио.


    А што тоа ти подразбираш под изгубеност, мислам ако знаеш да одговориш.. Зашто јас најпокварените луѓе кои сум ги запознала и за кои сум слушнала биле уствари верници.. Така што не разбирам кој критериум ви е религиозноста за квалитетот на човекот.. Тоа е тешка дискриминација. А тоа убаво што си изразуваш чувства овде на форум и т.н, само не ќе е лошо некој верник кога веќе решил да ги омаловажува и навредува атеистите да излезе со вистински аргументи во своја полза кои можат да се поткрепат, а не само чувства, рекла-казала и т.н..
     
  12. aerodrom

    aerodrom Истакнат член

    Joined:
    Dec 17, 2010
    Messages:
    116
    Likes Received:
    87
    Во пеколот освен неверници ке има и христијани кои знаеле што е добро а не живееле така, нема ниту една разумна причина да се биде атеист , со тоа го одбираш гаволот и пеколот, после ке сакаш да излезеш од вечните маки но нема да биде дозволено, времето за покајание е сега во овој живот а после ке биде или вечни маки или вечна радост со Создателот Господ!
     
  13. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Joined:
    Feb 27, 2011
    Messages:
    578
    Likes Received:
    857
    Едно прашање до македонските атеисти :D - Дали вие на некој начин го прославувате Божиќ,Велигден и другите верски празници со вашето семејство?
     
  14. verica81

    verica81 Истакнат член

    Joined:
    Feb 25, 2012
    Messages:
    123
    Likes Received:
    55
    Јас мислам дека нема апсолутни атеисти , некаде длабоко во нив тие имата верба. Јас на пример верувам во бога и Исусовото раѓање ама не на конвенционалниот и традиционалниот начин како што прокламира црквата . Славам и велигден и божич и сум венчана во црква.
    Според мене бог е енергијата , природта ,воздухот , љубовта кон доброто човештвото , нашиот дух кој не тера да правиме добри нешта. Исус синот негов бил створен со енергијта божја , од природата со лубов кон човештвото , човек визионер роден пред своето време. Ѓаволот како човек со опашка и рогови не постои постои злото кое се манифестира преку слободната волја ( слободниот избор помеѓу доброто и лошото) . Алчноста , злобата , претераната амбиција , лубомората( како човечки особини) се тие кои го создавата злото , па некои луге прават гревови како кражба , убиства , силување , сплитки и друго.
    Воскресението(не го свакам како вечен живот на небото) е леснотија ,ослободување кое им го остваме на нашите поколенија како дар со тоа што сме биле чесни , додека ПЕКОЛОТ (не е место под земјата каде ги варат грешниците во пеколот ) е тежината на направените гревови кои им ги оставаме на поколенијата.Преку раѓањето на нашите потомци нашиот живот се продолжива и така самите избираме дали ке живееме во пекол или рај ама не на небото туку на земјата.
     
  15. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,270
    Likes Received:
    4,344
    Колку неправедно од страна на праведниот Бог!!! Замислете, сте грешеле 70-80 можеби 100 години и сега за тоа некој да ве казни не исто толку години, не дупло, не 1000, туку бескрајно многу повеќе - цела вечност. :(

    Кога би постоело такво пеколно место, прв во него би се нашол создателот на истото како најголем неправедник меѓу неправедниците, а по него веднаш оние кои истото го заговараат бидејќи поради таквите лажни учења кои тие ги ширеа, многумина луѓе ја имаа загубено верата во Бога, нашиот сèљубечки Создател.

    Бог е совршен и затоа не содржи во себе омраза, туку вечно струечка љубов и милосрдие. Може ли некој нешто да ни даде кое што тој не го поседува? Бог никого никогаш не казнува, но тој не се ни вмешува во последиците кои произлегуваат од причините кои ние самите сме си ги создале а правовремено не сме ги преобразиле во позитивна сила преку поправање, простување и молење за прошка.

    Порано или подоцна секоа душа со Христова помош ќе го најде повторно патот кон својата изворна татковина, Небесното Царство. Никој нема да бидевечно изгубен ниту проколнат. Тоа е вистинската радосна вест. :)
     
  16. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Joined:
    Jul 14, 2011
    Messages:
    763
    Likes Received:
    653
    Тема за атеизам не најдов и мислам дека е крајно време насловот да се смени во Атеизам, па место карање да дискутираме и да ги изложиме своите објективни мислења за атеизмот.
    Што е до мене, секој има право да верува во што сака, али јас, како индивидуа не би можела да замислам живот без Бога. Мора да има некој таму горе. Некоја сила, енергија што ги слуша моите молитви (затоа што навистина ги слуша :!: ). Што е смислата на животот како атеист - сам, па како знам? Не знам, не ми се допаѓа, просветлете ме.
     
  17. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Joined:
    Jan 31, 2012
    Messages:
    782
    Likes Received:
    468
    А вам верниците Господ ви е смисла на животот :?: Шо знам, не сте ми јасни.. Според мене еден човек може да има милион други причини за живот пред религијата.
     
    pupi.girl likes this.
  18. Maxymous

    Maxymous Истакнат член

    Joined:
    Mar 5, 2012
    Messages:
    195
    Likes Received:
    70
    Целосно се согласуваат со овие 11 причини зошто и јас сум атеист
     
  19. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Joined:
    Jul 21, 2011
    Messages:
    4,464
    Likes Received:
    7,843
    Gender:
    Female
    Не дека јас сум некој голем верник... ама човекот тој негов Бог може да го именува како сака.... се додека е убеден дека постои и верува дека постои и ќе му донесе среќа, спокојтво и мир. Верувањето за мене е само утеха дека во животот ќе се случат подобри работи, а по тоа што ми се случи воопшто не верувам дека може да се случи нешто феноменално во мојот живот па да речам да да Господ ми помогна :^)
     
    crtanfilm, anneyy and verica81 like this.
  20. CIA

    CIA Популарен член

    Joined:
    May 17, 2011
    Messages:
    1,525
    Likes Received:
    3,029
    Ај да го цитирам прашењево бидејќи и мене не ми е јасно,а до сега никој не го одговорил...ги славите ли вие верските празници или..? :?: