Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини да се биде атеист

Дискусија во 'Религија' започната од Alchemist, 17 јули 2010.

  1. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    4.559
    Пол:
    Женски
    Јас лично не , иако мајками сама си прави и си слави
     
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Бог не се крие, туку човекот се крие од Него.

    Верата не е предмет на докажување, затоа и се нарекува вера.
    Бог е Вечниот - затоа и нема почеток и крај. Бог е изворниот Создател а не создаденото за да има свој создател.
    Светите списи на различните религии можат и не мора да бидат во право. Можат да се сфаќаат буквално т.е. дословно но можат да се толкуваат и симболично. Во светата книга на исламот, Куранот има интересен цитат кој вели дека Бог не е налик на ништо. Во светите книги на хиндуизмот се вели дека Бог како нешто совршено ги поседува сите изобилија па според тоа ги има сите форми и ликови, не само човечкиот.

    Бог не може да се објасни, Бог може само да се доживее. Toa го потврдуваат бројните Божји пророци и просветлени луѓе низ историјата и денес. Тие од она „верувам во Бога„ стигнале до она „знам за Бога„. Она што е интересно дека нивните најголеми противници не биле атеистите туку оние кои тврделе и тврдат дека се божји застапници: свештениците.
    Зошто би се вмешувал Бог во нешто што не го предизвикал? Дали е Бог тој кој ја загадува планетата? Дали е Бог тој кој заговара војни или тоа се луѓето?
    Бог никого не казнува за гревот. Гревот може да се спореди со лоша семка. Ако ја засадиш, донесува лош плод. Но нас никој не нè тера со сила ние да садиме лоши семки во нивата на животот.
    Дефиницијата за невиност тргнува од претпоставката дека ние првпат сме на планетава и дека по смртта на телото душата повеќе не се враќа или истата дека не постои(има религии кои не веруваат во душа). Меѓутоа што ако не сме првпат тука? Што ако нашите животи се одраз на она за кое Исус од Назарет предупредил: „Што сеете, тоа ќе жнеете!„

    Но во животот на сите барем понекогаш ни се случувале преубави работи, па сепак биле вистинити!
    Се согласувам со ова, само што манипулациите не ги прави Бог туку оние кои тврдат дека наводно се негови застапници: свештенството. Ако се погледне низ историјата но и денес, Бог преку своите пророци секогаш го критикувал токму свештенството на верските институции!
    Значи како што самата кажа тоа го прават религиските организации а не Бог. Ние можеме во твое име многу нешта да изјавиме но тоа не значи дека ти тоа навистина си го кажала, нели?
    Интересно што многу некогашни и денешни научници велат дека веруваат во Бога, Виша сила, космичка интелегенција - разни зборови за едно исто.
    Вербата не спасува, туку делата.

    Исус велел по смисла: „Оној кој ги слуша овие мои зборови и постапува според нив, може да се спореди со мудар човек кој куќата своја ја изградил на карпа. Но оној кој моите зборови смао ги слуша но не постапува според нив, може да се спореди со будалест човек кој својата куќа ја изградил на песок. И кога надојдоа бурите, дождот и ветерот куќата се сруши и падот нејзин беше голем.„

    Од што спасуваат? Од страдања кои се појавуваат поради нашите сопствени грешки.
    Бог го сака за нас најдоброто, Бог сака да бидеме здрави и среќни. Бог во себе ја има сета полнотија, него не му е потребен некој да го задоволи затоа што тој е извор на задоволството.
    Ако е така тогаш тоа е само причина повеќе зошто некој да стане верник. :D
    Еве еден белградски графит: „Бог е мртов!„ потпис: Ниче. - по неколку дена некој одоздола допишал: „Ниче е мртов!„ потпис: Бог. :rofl:

    Инаку вицот е само виц, филозофот Ниче не верувал во црковниот Бог, но не го отфрлал вистинскиот Бог кој пак никого нема да умртви само затоа што некој не верува во Него.
     
    На kikikikirika му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    И од сите 11 причини, ниедна не е разумна :rofl: оф леле, 11тава е толку смешна што самата таа е виц за атеистите! Имало вицови за верници, а за атеистите немало? Вратете се на 11тото, ве молам :rofl:
    И да, постојат МНОГУ научници кои се големи верници во Бог, од било кој период во историјата до ден-денес, што значи дека поентата дека науката не може да се усогласи со религијата не ви држи вода. Проучете ја филозофијата подлабоко и ќе видите дека и таму има спротивставени мислења, како што видов јас, ама ќе се најдат многу умови што се поклонуваат пред религијата, кои се многу поголеми умови од оние кои ја отфрлаат.

    И едно ќе кажам, што се аксиоми дали знаете? - Вистини без доказ. Тоа е и Бог. Тие си постојат и никој не ги отфрла, едноставно верува во нив и ги прифаќа такви какви што се прикажани. Ве предизвикувам да најдете поразумен одговор од мојов :)
     
    На bluegirl7, daddys.princess и Serafima им се допаѓа ова.
  4. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    6.584
    Јас иако сум атеист, т.е агностичен атеист (ако некој незнае што е тоа ќе ви објаснам подоцна во постов) повеќето од причиниве ми се глупави и неразумни, ама стварно! На секој човек треба да му е овозможено да верува во што сака или пак воопшто да не верува. Можеме да се убедуваме и докажуваме до утре, дали постои Бог или не, ама вистината е дека секогаш ќе постојат две спротивставени страни кои ќе се држат за своето и ќе го поддржуваат своето со одредени аргументи. Затоа не ни сакам да расправам зашто јас не верувам, ама секако ги поддржувам тие што веруваат, зашто тоа што го учи религијата и што го пишува во Библијата, Куранот и сл. секако е добро и убаво е да се прочита и знае, не поттикнува омраза, убивање, смрт иако многу приврзаници на одредена вера и покрај тоа што тврдат дека веруваат во Бог и во нивната религија, прават многу гревови и убиваат, но ајде да не навлегувам во политики..
    Инаку агностичен атеист е човек што од една страна и е агностик и е атеист, т.е не верува во Бог зашто смета дека постоењето на некоја виша сила или Бог е непозната, не се знае нешто околу неа, едноставно не е докажано нејзиното постоење. Значи не тврди дека Бог постои или не постои, повеќе е неутрален, смета дека нема доволно докази за неговото постоење и се додека не се докаже спротивното нема да верува.
    Толку од мене. :)
     
  5. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Дома на моите не можам да им го наметнам моето неверување исто така ни тие не можат да ми го наметнат нивното верување.
    Не прославувам никој од горенаведените празници значи на Божиќ иако седнувам на трпеза, не земам леб со паричка за мене, значи не ми делат. Не одам на коледе, не се собирам на оган(иако мислам дека ова е пагански обичај), и за Велигден не се кршам со јајца, ниту одам во црква истото важи и за разно други празници. Значи ако некој е атеист нема логика да прославува некој од христијанските празници, едноставно тоа е ден како и секој обичен(а за вас празник).

    Инаку на темава.. јас сум од тие ‘слабите‘ атеисти, едноставно моето мислење не го наметнувам, ниту се трудам некому да докажувам дали постои невидливото.
    Ова единаесетава причина е булшит.
     
  6. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    857
    Тогаш би требале тие денови кога се верските празници да бидат работи за атеистите.Сепак тие не ги прославуваат и не гледам причина зошто да не работат.Сепак не сакам да навлегувам многу во нешта што не зависат од мене :)
     
  7. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    ^^
    Би требало ама никаде не пишува. Очигледно во светов како да постојат само Исламот и Христијанството како религија па само нивни празници се слават, не знам во кој кош се ставаат атеистите, антихристите, анархистите, секташите и тн.
    Што се однесува до мене нека бидат за нас тие работни денови, ама не иде 1:100.
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    Не осудувам никого секој има право на свој избор само ќе си го кажам моето мислење,до каде оди маштата на човечанството и докжувањето а се е така едноставно ама ние луѓето сме заслепени или пак едноставно се плашиме да почуствуваме со срцето и да веруваме само на една ВИСТИНА дека БОГ Е ЖИВ!!!
    И кој сака да биде атеист слободно- нека му царува на Сатаната и нека верува во бесмислици и науцни доказувања и филозофии!
     
  9. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Tи сериозно со муабетов дека тој кој е Атеист верува у Сатана ??? :^)

    И дека цела наука е “дело“ на сатана ?
     
  10. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    Од секогаш ме интересирало зашто ако некој каже дека е Атеист по дифолт значи дека верува во Сатана,Гавол и сл. негативни религиски ликови??Ако некој е Атеист тоа значи дека не верува во никаков облик на религиско убедуување па макар тоа да е Господ или Сатана како вие нарекувате.Едноставно некои луге веруваат во научното поимање за настанокот и постоењето на светот и тоа не ги прави помалку луге од вас верниците или уште полошо Сатанисти !!
    И да,јас сум Атеист но не заради овие 11 причини кои ги имаат наведено во темата него затоа што едноставно јас во себе не осекам никаква поврзаност со постоењето на виша сила која треба да ми биде водилка во животот.За мене науката и медицината се мојата религија, но тоа не значи дека не ги почитувам и другите облици на религии како што се Христијанството,Будизмот,Исламот и сл.Ги почитувам како филозофии како историски остатоци од размислувањата и развитокот на човештвото низ вековите.
    И за крај не дека сакам некого да навредам на темата ама како што можев да забележам од коментарите сите кои се изјаснија како Атеисти во ниту еден момент не ги нападнаа верниците ниту пак се обидеа да им го наметнат својот став а ниту пак на некој начин се обидоа да ги навредат,туку само кажаа дека се Атеисти но дека ги почитуваат сите религи.За разлика од вас Верниците кои во неколку наврати се обидовте ако не поише да ги навредите разлишните од вас нарекувајки ги со разни имиња.
     
    На WildCherry, gothchick и Filiposka им се допаѓа ова.
  11. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Мене ми е криво што вака испадна со поставеното прашање и отварање на овој форум од еден атеист, ако е атеист или нешто друго. Мислам дека тој БАРАШЕ докази дека Бог постои и аргументи кои ќе го натераат да верува. НО ТАКОВ ОДГОВОР НЕ МОЖЕ ДА СЕ ДОБИЕ СО ДЕБАТА, ИСТО КАКО НА ПАРЛАМЕНТ И ДВА ДЕНА ДА СЕ ДЕБАТИРА СЕКОЈ ОСТАНУВА СЕ ПОВЕЌЕ НА СВОЕТО,А САМО ПАЃААТ НАВРЕДИ. ВеРАТА, НАДЕЖТА И ЉУБОВТА се скапоцени нешта, кои заедно создаваат еден вид филозофија на живеење и поглед на свет. Мора да се проучува библијата, книгата над книгите , да се отвори пандорината кутија и на крајот ќе се види еден зрак на надеж, кој раѓа вера а верата љубов. Јас растев во атеистичко семејство, и поради мои причини ја барав суштината на животот и законот на постоењето. Што ли не проучив, кои ли не филозофи, кои ли не религии и на крајот дојдов до тоа самата да се крстам во црква без знаење на моите родители. Во библијата со активно проучување се најдов себе си и тоа што го барав најдов збир од многу нешта и како што ГОСПОД ВЕЛИ: Чукнете и ке ви се отвори, барајте и ќе ви се даде.И уште ја проучувам и секогаш наоѓ,ам нечто што одамна ми требало или не ми било јасно. Ми дава сила, ине сакам да објаснувам што значи верата, затоа что човек сам треба да тргне по нејзиниот пат, а не насила и со докази, бидејќи доказите можат да натераат некого да верува само поради лична корист, а тоа не е тоа. А атеист ако веќе сака, ќе му се даде, тој веќе тропнал на вратата.МУ ПОСАКУВАМ МНОГУ СРЕЧА ИСО ЖЕЛБА ДА ГО ИЗБЕРЕ ВИСТИНСКИОТ ПАТ, ПАТОТ НА ДОБРОТО
     
  12. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    2. Бог е несфатлив - Што е бог? Само едно сведоштво на непознавање на нештата. Како она што е несфатливо, необјасниво, може да ни го објасни тоа што не го знаеме. Ако бог постои, кој го создал? Според повеќето од светите записи тој многу личи на човек, значи може да се сомневаме дека тоа и е.

    Не сум ти јас некој верник, не сум ти ни неверник, онака од неутрален, филозофски аспект ќе ти кажам дека Бог е несфатлив за човекот бидејќи тој постои надвор од времето и просторот, на нашите мозоци, ако совршени, не се до толку совршени да размислуваат надвор од времето и просторот бидејќи ние сме сепак ограничени.
    Нормално е да се размислува дека Бог не постои, или дека постои, но она со вербата, па што е тоа? Значи штом имаш верба, веруваш во нешто возвишено. Има различни религии кои имаат различно сфаќање околу што е Бог, од научна гледна точка, значи зборувам за наука, а тоа е она што постојано пробува да ја побие религијата, тоа е енергија. Сепак има нешто, зарем не?! Има нешто посилно од нас, повозвишено што не можеме да го сфатиме, а универзално се нарекува Бог. Мислам дека баш поради ова и веруваат луѓето. Бидејќи е несфатлив. Ќе дополнам ова мислење.
     
  13. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Секако дека е енергија, ако човек кога ќе отиде во црква, се чувствува смирено, тогаш ќе разбере дека е енергија, но не е само да отиде во црква, туку и на било каков начин си има своја молитва, која истата му дава мир, исполнување.Според тоа, сосем е логично дека е енергија, затоа и не можеме да го видиме. Не е несфатлив, туку напротив, ако човек знае да го согледа светот подобро, а со тоа ќе осознае и каде е, дали постои или не, всушност се што е во врска со оние прашања кои остануваат навидум неодговорени. Дека е виша сила, за која постои надвор од времето и просторот, би рекла и дека не е само надвор од времето и просторот,како и тоа дека ние луѓето сме ограничени во тој поглед, најверојатно е нешто што ни е блиско, а не го забележуваме, но далеку од тоа дека не можеме да го разбереме.Можеме ако размислиме подобро во однос на овие работи.
     
    На luvena, Serafima и Ordinary им се допаѓа ова.
  14. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    сакам само да кажам фала богу што сум атеист :!:
    :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На anneyy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Зошто луѓето кои не веруваат во Бог односно се атеисти се толку упорни да ги убедат и другите луѓе во тоа? Па јас сум верник бре и како што не терам никого да верува во нешто, не мора некој да ме тупи дал постоел Бог или не. Божем сега од кога ги прочитав овие 11 глупави причини, ќе се запрашам во што ли сум верувала цели 20 години, добро ајде нека бидат 14, откако знам за себе.
    Вербата доаѓа од внатре, или веруваш или не веруваш. Му паднало на памет на некој ќе исправува криви дрини. Остајте ги луѓето да веруваат во што сакаат, а потреба од убедување нема!
     
    На Ordinary, Serafima и Gordana10 им се допаѓа ова.
  16. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Благословени се оние кои ја бранат верата , кои се напаѓани и исмејувани поради неа.
     
  17. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Не дека одам против овие или оние, ама сепак за да кажеш дека си атеист треба да си добро запознаен со религијата. Од каде би извлекол некој заклучок дека не верува во Бога, ако претходно не проучил се што нуди религијата?
    Исто и за верниците. И тие мора да се добро запознени со се за да кажат дека веруваат.
    Во врска со таа потреба атеистите да ги убедуваат другите луѓе дека Бог не постои мислам дека не е толку страшно, бидејќи секојдневно за било какви ситници ние сме убедувани дека не се така како што мислиме дека се. Всушност, мислам дека верниците се оние кои ги убедувале луѓето, уште од минатато, па се до ден денес. Ако не ја ширеле религијата и пробувале да ги убедат луѓето со убедувачки, сепак непотврдени факти дека Бог постои немаше да има толку многу верници. Еве истото го прават атеистите. Со непотвредни факти ги убедуваат луѓето дека Бог не постои. Само што тука доминира религијата, бидејќи повеќето од луѓето си одлучиле да веруваат. Не можам ниту да негирам, ниту да потврдам дека има или нема нешто за што не сум сигурна како што прават и верниците и атеистите, но и тие и тие се убедени дека постои Бог и дека не постои Бог и тоа е тоа. Можеби ти лично не чувствуваш потреба да разубедуваш луѓе, си веруваш за себе и тоа ти е доста, но верувај ми познавам доста луѓе кои наметнуваат религија. Особено оние што се шетаат по куќите со тие книгите. Мислам, се океј, убаво е да научиш нешто и САМ да одлучиш дали ќе веруваш во тоа, но тие буквално ти се наметнуваат, кажувајќи нешто што не е факт како факт и додавајќи „Се согласувате со мене, НЕЛИ?“
     
  18. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Немаме веронаука во училиштата,имаме само сиромашно и оскудно познавање за религијата и вербата во истата само доколку имаме верници дома,кои се потрудике да не научат.Библијата те учи како да живееш правилен и здрав живот,да се оформиш во здрава личност,да имаш креативен ум насочен кон продуктивност-Библијата ти е бесплатна животна школа-земи или остави.А ИСУС;СИНОТ БОЖЈИ,тој е претставен како таква личност,која била доблесна,која помагала,чинела добри дела,имала чиста душа и МОЌ ОД ГОСПОД-последното е ваша одлука,дали ќе верувате,но акцентот не е ставен на него,туку на добриот и чесен начин на живот.Ама порадо ви е ЕМИНЕМ;СЛАТКАР и ЛЕЈДИ ГАГА да ви бидат икони и репер за тоа како да го живеете животот,отколку Бог.Јас верувам во Бог,не ми требаат факти,го чувствувам тоа и ќе продолжам да верувам-чувствата и интуицијата никогаш не ме прелажале за разлика од ТВ пропагандите кои перат мозок,потоа науката,политиката,злото и се она што се наоѓа на Земјата.
    П.С."СЕКОЈА ЧЕСТ" ЗА СИТЕ ШТО СЛАВАТ ВАЛЕНТАЈН И СВ:ПАТРИК_КАТОЛИЧКИ ПРАЗНИЦИ.Толку од мене.

    И уште нешто-ПОПРВО СИТЕ ЌЕ ПОВЕРУВАТЕ ВО ВОНЗЕМЈАНИ БИДЕЈЌИ НЕКОЈ ТАКА ВИ РЕКОЛ,НАВОДНО БИЛЕ ГОРЕ И ВИДЕЛЕ,ПУСТА НАУКА ОТКОЛКУ ВО БОГ..ПАТЕТИЧНО.
     
  19. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    79
    епа добро кој сака нека верува, кој не сака нема да верува, зошто толку го напаѓате членот тој само отворил тема :) мислам дека нема потреба од вреѓање и да се сфаќа лично темата :)
     
  20. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Сакам да појаснам нешто во врска со верниците и атеистите. Јас како верник кога одам на литургија семолам заедно со другите верници искрено и со љубов за сите: и за непријателите и за оние кои ме мразат , кои ме сакаат , за болните, за мене, за сите нас.Со чувството за љубов се воздигнува душата, се всадува кроткост, милост, простување, покајание.Со текот на времето, со навлегување во тајните на верата почнуваш поинаку да размислуваш и почнуваш да ги сфаќаш нештата.Јас знам што е Господ ама не можам да го опишам со проста дефиниција како напр. дефиниција што е љубовта . Некои работи не можат да се сфатат само со интелектуални дефиниции.Има и поинакви работи на сфаќање на нештата.
    А во врска со наметнувањето по секоја цена било какво мислење и убедување, тоа веќе не е вкусно. Може човек културно да ги искаже своите ставови, да се обиде од етички причини да убеди некого да ги прифати неговите погледи на свет, но никако да досаѓа, вреѓа да биде нападен и слично.Должност на секој вистински верник е кога ќе види дека некој е во неволја или прави грев да му укаже и да му го покаже патот , но никако да го присилува нешто да прави , или како да размислува. На крајот на краиштата секој има право на избор, и што ќе си посее тоа и ќе си жнее. А НИЕ ВЕРНИЦИТЕ СИ ЗНАЕМЕ СО СИЛАТА НА МОЛИТВАТА ПРОТКАЕНА СО ЉУБОВ што се се може...