11 причини за да бидеш атеист? Само толку??? За да не бидеш атеист има милиони причини. Да, имало моменти кога моите молитви биле полни со незадоволство, но секогаш кога ми бил потребен Тој бил со мене. Одамна запознав една стара жена, бегалка од Егејска Македонија, ми раскажуваше дека пред да ги избркаат Грците од дома живеела во пребогато семејство. Кога ги избркале од таму на запрежната кола не можела и пристаништето што го имала да го качи. Со себе ги понела само иконите стари повеке векови. Ја прашав зошто баш тоа го понела и ми рече -Во животот се можеш да изгубиш освен верата. Жената претрпела секакви работи во животот, маж и го заклале пред нејзини очи, а беше стара над 80 години кога јас ја запознав. Ја прашав како ги преболе лошите работи во животот -За секое лошо нешто велам така било пишано од Бога и се помирувам со тоа, кога ми треба самодоверба велам Бог ке ми помогне и добивам сила да се справам со проблемите, кога ке ми се случи добро му се заблагодарувам на Бога што сум жива и здрава да се радувам. Денес ние глумиме некои модерни и учени луге, не веруваме во Бога и затоа патиме. Не знам дали сте ги забележале постарите колку сила црпат од Бога. Им умирале по неколку деца и велат Господ така сакал, ние денес (не дај Боже) едно да ни се разболе инфаркт добиваме. Тоа не значи дека треба да седиш пред иконата и да очекуваш од небото да ти падне, но кога ти треба поддршка многу е поубаво кога знаеш дека Тој е со тебе без разлика од која вера и да си.
Е па баш за тоа зборам и тоа ми смета. Значи јас, толк у време сум верувала во нешто, и тоа не по пат на убедување или па затоа што моите така кажале, туку затоа што јас така чувствувам. Мене од дома лично никогаш нити ме терале да постам или да сум многу побожна. Се што сум правела сум правела по своја воља, и сеа као божем некој ќе ми дојде на врата и со еден лист хартија полна со "факти" напишани од некој кој немал попаметна работа па бутал те во Библија, те во други книги и барал грешки. Еднаш еден другар ми рече, јас Ричи не верувам во Бог, се она што религијата го тврди, науката го негира. Каде е Бог кога најголемите криминалци шетаат слободно а невини луѓе умираат? Му реков, точно е дека се случуваат такви работи, но кој рекол дека ако умреш тоа е мизерија? Никој не се вратил да каже, можеби смртта е најубавото нешто што може да се случи (за оние добрите и чесни луѓе). Не може Бог да дојде и да ни го живее животот. Сами одлучуваме се! Тој е тука да ни даде сила, и помош кога е безизлезно, да ни даде љубов и мир, но не повеќе од тоа. Ние сме одговорни за се друго. Ми се случило кога сум беспомошна да ми дојде сила сама од себе, и кој сака нека ме прави будала и заостаната, јас верувам дека Тој ми вдахнува сила во душата за да се опоравам! А атеистите, слободно нека не веруваат во ништо. Како што кажав имам и другари кои не веруваат па не ни пробуваме да се убедуваме. Тие по свој пат, јас по свој и тоа е тоа. Она во што си веруваме си е само наше право.
Нормално. Тоа си е индивидуално кој во што ќе верува. Глупаво е да тераш некој со сила да верува во нешто или да не верува. Јас не мислам ни дека си будала, ни дека си заостанaта. Ова што го кажуваш го имам слушнато од повеќе луѓе така да речиси е невозможно да им се причинува на сите дека постои некаква виша сила. Секој си се пронаоѓа во различни работи. Лично јас никого не осудувам, ниту пак сакам некој да ме осудува мене поради нешто. Сепак, сите ние си живееме во различни реалности, создадени од нас самите и верувам дека сите ние сметаме она што правиме или она во што веруваме дека е во ред ... Разговарав на темава со еден професор и нели ова атеистите обично обвинуваат дека ако постои Бог зошто не е се на светов идеално, праведно, убаво.. а професорот ми кажа дека всушност Бог им дал на луѓето право на избор, тие самите да одлучат какви сакаат да бидат и да се сносат со последиците. Ова до некаде има смисла. Јас неутрално ги разгледувам двете страни и двете страни имаат аргументи за она што го тврдат, сепак сето тоа не може да се докаже бидејќи ако веќе се докаже, тогаш тука ќе станува збор за факти кои нема да можат да се побијат, а не за верба. Вербата доаѓа од срцето и не се потребни факти со кои треба да се поткрепи.. Едноставно веруваш. Не знам зошто на некои луѓе им пречат оние кои веруваат, навистина не знам.
Јас верувам во Бог и никој не може да ме натера да не верувам. Тој секогаш ми помага и сум му многу благодарна!
Кога се би било идеално, што би знаеле луѓето од животот? Ништо. Све дембелија, никој не би работел, и сигурно уште би биле во камена доба, без иновации без ништо. Баш бидејќи животов е тежок, луѓето се борат и секој ден се посилни, а сето тоа благодарение на кого? Се знае... А во што ќе веруваме и дали ќе веруваме, тоа си е индивидуално. Но искрено овие 11 причини ме изреволтираа. 11 причини да бидеш атеист! Со која цел? Ајде сега прочитавме и сите сме неверници.. Воопшто нема смисла, но не е ни битно искрено. Нивни проблем.
А колку болни и гладни деца има на светот тие каков избор направиле за да плаќаат? не се расправам да не ме сфатите така и мене никој не ми пречи ама ова за изборот го имам слушнато и друг пат а мене не ми изгледа уверливо многу, незнам.
Сум размислувала и за тоа и ќе ти кажам една работа. Кога сите би биле богати, кој би работел по нивите, фабриките, насекаде каде што е потребно? Кога сите би имале се што сакаат каде би одел овој свет? Што би правеле тогаш? И уште една работа, секогаш се се врти, Бог ништо не остава на случајности. Оној кој израснал во сиромаштија, има прилика и да се збогати, доказ за тоа ни се и многу познати холивудски ѕвезди, пејачи или шта год. И обратно, оној кој има лезет пари, цел живот, а притоа не се труди, истите си ги губи за да ги добие оној на кој вистина му требаат. И никое чудо не се случува случајно. Сите имаме шанса да бидеме нешто во животот, но зависи кој како ја искористува. Имаше и тука на фемина за таа бездомничката што добила стипендија на најпрестижниот универзитет. Значи за секој си има по нешто.
Не знам дали ги прочита моите претходни мислења, но јас не се сметам ниту за верник, ниту за неверник. И мене ме измачуваат слични прашања и баш поради прашања од овој вид не знам што да мислам. Нормално, одговорите ги немам ниту јас, ниту пак било кој друг смртник. Едноствано некои луѓе веруваат дека се се случува со причина. И јас мислев, т.е сеуште мислам така, но ја земам во предвид и опцијата нашето постоење да е случајно. Значи, кратко и јасно - ниту негирам, ниту тврдам дека постои нешто во што не сум сигурна, а јас сум желна за одговори и секогаш сакам да знам повеќе од она што знам. Да ја прифатам религијата значи да се помирам со тоа што религијата нуди и да не барам одговори, а јас сакам одговори. Знам дека никогаш нема да ги добијам и дека не сум до толку совршено суштество да сфатам се, но не сакам да си стварам чувства на одбивност спрема нешто и сепак длабоко верувам дека постои нешто над сите нас. Ама морам да дојдам до јасни сознанија. Едноставно сакам повеќе од она што ни е понудено.
Човекот има право на избор, возрасните, секој човек може да се најде на дното и на врвот, а никогаш незнае кога, секој човек може да биде болен, без разлика дали е дете или возрасен.Болеста не бира, кога треба да се појави.Децата не можат да направат избор, бидејки сеуште се кревки, се развиваат, но повозрасните можат, со својот разум или срце да одлучат што е правилно.Човек може да остане гладен, само ако тој не стори нешто, не работи за да не биде гладен.Секој може, само ако сака.А за војните во светот и ред други работи за кое е по милионити пат поставено прашањето, кој ги предизвикува, кој убива, кој страда итн...? Пак човекот.Никој друг.Зарем се очекува Бог од никаде да се појави и место нас да ги реши сите работи, па дури и болеста? А дали човекот внимава, што јаде и пие? Дали човекот внимава дали ќе повреди некого или не? А зарем има поважни работи во животот, за кои човекот треба истиот да си го уништува, а за потоа поради тоа што го уништил сопствениот живот, да го криви Бог и да вели дека после сето тоа тој не постои? Некои работи зависат од нас, но некои и не, сепак имаме право на некаков начин да делуваме врз нашиот живот.Што значи на нас останува што ќе правиме со истиот.Се е во нас, нема ништо надвор од нас.
Човечкото око е ненаситно. Ако Бог направи на сите да ни биде убаво, ке посакаме уште поубаво. Ке ни го даде и тоа ке посакаме уште и уште, не за џабе е приказната за Адам и Ева мегу првите во Библијата. Секој на свој начин верува, никој не ги тера некои луге да веруваат оти жената настанала од реброто на мажот, можеш да бидеш верник и да веруваш во Неговото постоење и без приказните од Светите книги ако се придржуваш кон Божјите заповеди и ако го чувствуваш Неговото присуство. Во врска со професори и научници. Во Македонија имам запознаено многу професори кои се атеисти. Што сакаат да кажат? Дека се попаметни и дека се увериле оти Бог не постои? Сум разговарала со еден од нив. Го прашав да ми даде доказ дека Бог не постои. Се насмевна и си замина.
Добро, разбирам дека секој има свое убедување и има право на тоа и јас не би сакала никој да ми наметнува или јас да наметнувам ве разбирам за тоа. Вака и до утре сабајле не може никој никого во спротивно да го увери.Ама еве веќе сум на темата и да го кажам ова Она што ме нервира а кај нас многу често се слуша. Ако на дете му се случи нешто лошо и се ќе се најде некој и ќе рече А еве татко му беше лош човек, ова или она направи и сега гледате што им се случи. мене кога ќе го слушнам тоа стварно лошо ми доаѓа и некако нехумано е. Ако е за таква логика тогаш разни објаснувања можеме да најдеме. А ако е навистина така тогаш неправедно е.
Тоа не го зборат верници, тоа се напротив суеверни луѓе кои мислат дека и црна мачка да им премине готово малер. Тоа е сосема спротивно од вистинската верба!
Доказ за постоењето не е слика Негова како шета по улица и дава пари. Постои, ако веруваш во него. Атеистите се луѓе кои уште не го почуствувале присуството Негово. Мојата приказна можеби за тебе не е доказ, но за мене е. Еве како јас почнав да верувам. Уште како мала читав книги за непостоењето на Бога, за масонството, за лошите работи што ги правела црквата, за радикалниот ислам и слично. Пред некоја година наеднаш ми се случија многу лоши работи во семејството. Што е најтрагично, бев далеку од дома а немав на кого да се потпрам. Талкав низ градот и стигнав до Соборен храм. Влегов внатре и се расплакав (и сега се насолзувам кога ми текнува на тие моменти). Тогаш се почуствував толку сигурно како да се наоѓам дома. Тој мир што ми дојде таму со денови предходно не успевав ни со лексилиуми да го добијам. Излегов од храмот како нова, ко некој да ми ја испрал душата и да ми ја вратил назад. За некое чудо сите проблеми се средија за недела две, но и да не се средеа немаше пак да не верувам во Бога бидејки веке ја почуствував Неговата сила. Секогаш кога сум тажна одам во некој храм најчесто сама, и внатре се чуствувам многу убаво. Друг доказ, понаучен. Пред неколку години научниците од Церн со помош на експеримент успејаа да докажат како настанал светот. Кога резултатите од експериментот беа објавени тие се совпаѓаа со создавањето на светот од хаосот во неколкуте Свети книги. Не тоа буквално првиот ден ова било создадено, вториот ден она, но почетокот бил потполно ист се разбира што во светите книги тоа е како приказна. Од сите свети книги Кабалата најдобро го опишувала создавањето (речиси идентично) можеби затоа што е и најстара книга, мегутоа и Библијата и Куранот не грешеле околу тоа прашање.
Можеш да ми кажеш каде го прочита тоа? Би сакала и јас да прочитам. Инаку за тоа тебе што ти се случило - имам слушнато многу луѓе на кои им се случило нешто слично. Исто така ја прочитав и книгата „На живот и смрт“ од Дејвид Вилкерсон и морам да признаам дека е навистина импресивно раскажувањето на свештеникот. Немам причина да не верувам во тоа, ниту пак да верувам се додека не ми се случи мене нешто слично. Но, затоа како што напоменав и претходно, тоа си е индивидуална работа. Некои ја почувствувале таа сила, некои сеуште не, или никогаш нема да ја почувствуваат. Нормално, тоа не е општоприфатен доказ, но доволен за личноста на која и се случило.
Го гледав на Discovery. Побарај на нет може ке најдеш. Знам дека Црквата беше против екпериментот, на крај излезе дека е исто создавањето на светот, па научниците почнаа да се противат. Во секој случај светот е создаден од хаосот, јас Бог не го претставувам како човек, туку како сила која го создала тоа. Друг доказ дека светите книги ја кажуваат вистината, со некоја алегорија. Жената е создадена од реброто на мажот. Зошто баш од реброто? Зошто не од некој друг дел? Поврзи го тоа со денешното пресадување на коскена срж. Зошто баш од ребрата се зема? Од кај знаел тој некој што ја пишувал Библијата за ДНК и за коскена срж? И јас не су против атеистите, и самата не сум верувала во Бога долго време. Секој си верува на свој начин, атеистите сеуште не го пронашле својот.
Во ред е. Свесна сум дека има непобивливи факти од двете страни. Исто е докажано дека сите елементи што ги има во човечкото тело ги има и во земјата, зарем не? Навистина фасцинантна е религијата, но има пропусти, јас се стремам објективно да гледам на се и да дојдам до мои заклучоци. Ќе ми кажеш отприлика како се вика тој експеримент, некој клучен збор?
Не знам точно како му е името, мегутоа каде и да се спомне екпереиментот од Церн се мисли на тој за настанокот на светот. Мислам дека е од 2008 година не сум сигурна. Во екпериментот е направен судир помегу мали честички со што ке го симулираат Биг бенг, големата екплозија. Се мислеше дека таа екплозија настанала од нешто големо и огромно, но токму како што пишува Кабалата за ситна прашина така и тие мали честички (мислам дека се нутрина не сум сигурна) придонеле за екплозија, по која од хаосот се создал космосот. Од темнината- светлина, исто како во Светите книги. Дека верските заедници низ векови управувале и го делеле народот врз база на религија тоа е факт, но не е причина ние да не веруваме. Милиони луге умреле од ножот на крстоносците и радикалните исламисти. И денес ако имате забележано сите војни и сите поделби во светот се на религиска основа. Тие луге не се верници ни во христијанство ни во ислам, тие само ја користат верата за свои цели.
Тоа што постоеле луѓе (најчесто свештеници) кои ја злоубпотребувале својата положба ( а тоа го прават и денес) не значи дека некој ги следи или па им се восхитува на тоа што го прават. Отсекогаш се злоупотребувала Црквата, та оние што управувале со неа си земале за дозвола да прават што сакаат, факт кој воопшто не го оправдувам иако сум Христијанка. Но, ве молам, Библија од 1000000000000 страни нема од памет да се пишува, мора да се базира на вистина, на нешто што се случувало. Барем јас така мислам. Има многу работи од науката кои ги објаснуваат настаните во Библијата.