Дарвин нема врска со атеистите. Терминот атеист означува личност што не верува во постоење на бог, било кој. Толку, ништо повеќе. Понатаму кај секој атеист е индивидуално кон што е наклонет. Апсурдно е да се поврзуваат атеистите со било што (најраспространето недоразбирање е со науката), освен неверување во бог.
Дете, Дарвин е творец на една теорија, многу важна патем. Пред него, ако не си знаел, најприфатлива теорија била таа дека Бог го создал Адам од земја, а Ева од неговото ребро. Дај не тресете само нешто од памет, колку да е кажано и колку да се инаетите. Дарвиновата теорија денес е и основата на тврдењата на атеистите.
Дарвиновата теорија кажува претпоставки за потеклото на видовите, но таа ништо не кажува за атеистие. Дарвиновата теорија не е креационистичка но не е ниту атеистичка. Освен тоа дел од атеистие ја прифаќаат дарвиновата теорија дел ја отфрлаат и нудат поинакви објаснувања. Самиот Дарвин инаку кон крајот на животот не бил атеист туку агностик. При една кореспонденција запрашан дали е атеист Дарвин на 7. мај 1879 (2-3 год. пред да почине ) одговорил: "Во моите најекстремни колебања никогаш не сум бил атеист во смисла на негирање на постоењето Бог. Генерално земено (и се повеќе и повеќе како што стареам) ..., би рекол дека агностик би бил најточниот опис на состојбата на мојот ум.„ извор: http://www.darwinproject.ac.uk/entry-12041
Објаснуваш нешта што веќе се познати. Нормално, Дарвин не е творец на атеизмот, но, да се отфрла теоријата на Дарвин како неповрзлива со истиот е апсурдно. Таа е основа на нови сфаќања и на нови погледи кон светот, меѓу другото и на одредени атеисти им дава подлога за да го утврдат својот став. Освен тоа, сум наишла на други цитати на Дарвин каде пак се изјаснува како атеист, но ајде, за конечна информација околу неговиот став да ја земеме оваа твојата. Сепак не заборавај во какво време живеел Дарвин и каков притисок вршело општеството тогаш. Секако не било време на инквизиции, но човекот морал да се приспособува на условите.
^ Поентата ми е дека не сите атеисти го прифаќаат Дарвин, и не сите верници (тука се вбројувам и јас) имаат верување дека Бог го создал човекот и материјалниот свет.
Во ред, јасна ми е твојата поента. Не гледам во што е недоразбирањето. Работата беше дека Дарвин има и тоа каква врска со атеисти, да не објаснувам сега нашироко што и како, додека неколку члена, вклучувајќи те и тебе тврдеа дека нема.
Епа каков е тој твој бог во кој веруваш? Кој нема можност да дејсвува врз материјалниот и нематеријалниот свет? Дали и твојот бог е некоја си творевина, која настанала со текот на времето?
Само ќе кажам, кога човек ќе е блиску до смртта, тогаш станува свесен за постоењето на духовното, постоењето на Бог.
Мене многу ме чуди искрено што на некој цврт верник му дошло на памет да ја отвори темава Зар вистинските верници се замараат во вакви работи?
Навистина имаш погрешен концепт за поимот атеист. Да ја влечам конверзацијата до недоглед, немам во план. Ќе повторам пак, "атеист" означува личност што НЕ верува во господ, и само тоа. Има атеисти наклонети кон дарвинова теорија, има атеисти наклонети кон медитација, други кон јога, трети со сосема различна духовна филозофија. Ама генерализација во која терминот атеист се поврзува строго со дарвиновата теорија е погрешна. Тоа е исто како да речеш дека велосипедистите се тесно поврзани со готвење, само затоа што некои од нив работат како готвачи. Тотално нелогична аналогија.
А ти навистина или не ми ги читаш мислењата како што треба или имаш голема желба да излезеш паметен, што на жалост слабо ти оди обидувајќи се да вадиш ставови од контекст. Веќе објаснив дека не го поврзувам терминот атеист строго со Дарвин факт што очигледно го игнорираш, каква глупост, не планирам да објаснувам повторно. И нема потреба да ми објаснуваш добро познати работи, особено не со таков школски речник Ама тврдењето дека Дарвин нема врска со атеизам, а знаеме каков придонес даде неговата теорија во поглед на зацврстување на научните сфаќања кои на одредени полиња јасно ги побиваат религиозните, е навистина, и повеќе од небулозно. Очекувам и овој пост да ми биде избришан или редактиран, а со тоа и изваден од контекст во скоро време, затоа поздрав дете И не очекувам повторно да ме цитираш вадејќи нелогични заклучоци кои немаат врска со мојот став.
Науката и дарвиновата теорија имаат врска со атеистите исто толку колку што имаат и со теистите. Нели е срамота дете да ти разграничува основни поими?
Ах, дете, дете ... Атеизмот не е зависен од науката, ама да тврдиш дека научните откритија немаат врска со нечија нерелигиозност... Па да не беа научните откритија, луѓето уште ќе си мислеа дека Зевс или некое трето божество испраќа молњи. Кога веќе зборуваме за периодот во кој живеел Дарвин па и пред, ако напредокот во науката немал врска со разнишувањето на верата, тогаш зошто црквата со векови се спротиставувала на научните откритија, хм? Веќе претходно реков (но ме избришаа) дека за сериозни теми не ми се дискутира на место како интернет-форум, на аргументите местото им е на попродуктивни места.
Никогаш во животот не сум имала нешто против оној кој е атеист затоа што тој бира таков начин на живот,но некој да ме тера со сила да верувам дека Госод не постои ме вади од такт. Како овие 11 фамозни причини да не бидеш Атеист,јас можам да набројам уште повеќе зашто да бидеш верник,но зашто би го правела тоа? Кога некој ќе зацрта во главата дека Господ не постои Тој и да се појави пред него повторно нема да верува. Верник сум да и не ми треба причина за да бидам - доволно ми е што го чуствувам Господ во моите молитви,што можам да легнам мирно и да се помолам утре да се разбудам жива и здрава.Читав повеќе мислења и имаше ТРЕБА ДА СЕ МОЛАМ НА ГОСПОД ДА МИ ДАДЕ ЗА ЈАДЕЊЕ? Мешаат баби и жаби.Да си верник не значи дека треба да седиш и да чекаш се на Господ сфатете. И како демек сите научници укажуваат кон тоа дека Господ не постои а никој нема објаснување како настанал духот? Како ние чуствуваме? - Сите викате дека Господ не го гледате и дека затоа не постои,па тогаш според вас и љубовта не постои - не ја гледате,зар не? И вербата не ја гледате,и тагата не ја гледате..ШТО ПОСТОИ ТОГАШ? САМО ОНА ШТО СЕ ГЛЕДА? Како настанал првиот човек,скроз првиот? -* Да го измисли научник неможе,затоа што не постоел тогаш никој а најмалку научник.Кој му дал душа на човекот?,кој ги измислил сите животни и повторно им дал душа? .. кој ВООПШТО ГО СОЗДАЛ СВЕТОТ!? Не викам јас дека луѓето не откриле многу работи но морал некој да ги направи/открие и луѓето зар не? Морал некој да ги направи едни црни,едни бели.Морал некој да даде душа.Морал некој да одреди животен процес,инаку ЗАШТО НЕ ИЗМИСЛАТ ВЕЧЕН ЖИВОТ АКО ТИЕ УПРАВУВААТ СО СЕ? итн итн итн..
Буквално се што сакате да знаете во врска со религија!!! Атеизмот е болна состојба на умот. Ако си слеп ти, незначи дека и другите се слепи оклу тебе. Само затоа што ти неможеш да ја видиш светлината. Се што постои зборува за Божјото постоење. И има многу луѓе што го виделе Бога, духовно со срцето, а телесно е невозможно да се види. Не признавањето на Божјото постоење е состојба на духовно слепило. За таквите се вели дека се како прав што го растура ветрот по земјата и затоа тие нема да се одржат на судот како што се вели во 1 Псалм. Ова го пишувам затоа што прочитав некои постови за луѓе што не признаваат дека Бог постои и е насекаде присутен.
Буквално се што сакате да знаете во врска со религија!!! Хорсе морам да не се сложам со тебе, тоа не е слепило... Бидејки ние само одлучуваме дали ќе гледаме или не, дали ќе веруваме или не! Тоа дефинитивно не е слепило, тоа е празнина во душата, една голема шуплина, тоа е тишина. Бог не се лути на луѓето што не веруваат во него, тој вели дека секој има право на избор! Ти ако си личност која верува толку многу во бога, никогаш е би ги навредувала атеистите, туку би го прифатил нивниот избор! Тие не велат дека бог не постои, тие велат дека не веруваат дека постои, во тоа има поголема разлика и од таа што ја прават со Исус, го преувеличуваат... Велат дека е бог, велат јас верувам во исус, но треба да се удрат по глава и да се сетат, Исус не е бог, тој е божји син, што значи има поголем од него! Не навредувам никого, само си го кажувам своето веродостојно мислење, затоа не се навредувај!
за тие што се атеисти сакам само да ви го поставам овој пост да го погледнете... поради едно поставено прашање на кое не можел и не знаел да даде одговор прочитајте што изјавил најпознатиот атеист во светот кој воедно бил наречен и "икона на атеизмот" пред неколку дена: http://www.vestinet.rs/najcitanije/priznajem-postoji-bog
Јас мислам дека сите имате право, и аргументите за тоа дека Бог не постои и тие за тоа дека Бог постои држат вода.. Само не ми е јасно зошто толку сите го напаѓате Alchemist, тој сигурно ја отворил темава за да им докажи на тие што сеуште не се сигурни дали да веруваат во Бога или не (на пример како јас) дека Бог не постои.. вие наместо да коментирате отворете си тема - 11 причини за да бидеш верник ... Атеистите нека се тргаат настрана од вашата тема, а вие од оваа, сите имаат право на свој избор, и сите можат да се одлучат дали да веруваат во Бога или не.. Јас не сум ни атеист, ни многу голем верник, секогаш кога ќе помислам дека Бог не постои се замислувам од каде тогаш Библијата, тие што ја напишале, како е можно сите да го пишуваат истото, но потоа се замислувам - а зарем тоа навистина не е можно?? можно е секако, можеби некој со креативен ум едноставно решил да напише таква приказна, но потоа повторно нели се замислувам и си викам - но зарем луѓето не виделе дека тој лажи ?? аргументи има многу, а ако сте прави верници и христијани (вие што коментирате против атеистите) вашите коментари овде го докажуваат спротивното, зарем Исус на сите им велел - верувај во ова, верувај во она!?!?!? НЕ, тој им го раскажувал тоа и со дела им докажувал (и тоа уште не е докажано но нели тоа го читаме во книгите и го гледаме во филмовите), на нив останувало дали ќе веруваат или не.. зошто кога го распнувале не им докажал дека навистина е Божји син, зошто не направил бура, или штознам јас, било што??? тоа го направил бидејќи сметал дека му е потребен на Бог и бидејќи оставил на нив да сфатат дека тој навистина бил Божји син .. зошто и вие не го направите тоа, зошто не ги оставите на мира атеистите и да ги оставите сами да решат дали ќе прифатат или не.. знам дека текстов ме прави да изгледам како атеист ама не сум.. дел од мене верува во Бог, дел од мене верува во науката, но секогаш во умот ми се врти прашањето - Ако Господ навистина постои, каде е ?? Каде е кога најмногу му треба на луѓето, на невините деца кои страдаат од глад и жед, зошто не им помогне, зошто ???? Спојлер Инаку Alchemist, мислам дека не требаше да ја ставиш темава во Религија
Испадна дека религиозните се преокупирани со атеистите, а не обратно. Чудна работа. Постојано приложуваат некакви причини и докази зошто треба да веруваме. Не оди тоа така, секој сам за себе си решава дали ќе верува или не. Последно нешто што ќе ме натера да почнам да верувам е некаква си статија, или нечие мислење дека атеистите биле болни умови. Види види, не сум знаела за ова сеуште...