Во право си. никаква статја неможе ни мене да ме натера да го сменам животниот поглед на свет. Но едно знам сигурно. ЌЕ ДОЈДЕ ДЕН КОГА САМА ЌЕ ПОСАКАШ ДА СТАНЕШ ВЕРНИК. ЖИВОТОТ КЕ ТЕ НАТЕРА, ЌЕ ТИ СЕ ДАДЕ ШАНСА ИЛИ НЕШТО ЌЕ ТИ СЕ СЛУЧИ И ЌЕ ГО СМЕНИШ МИСЛЕЊЕТО. Верниците напнуваат сакајќи да му помогнат на секого, додека за некого не е доцна.Така е во верата, се молиме со љубов за сите и сакаме сите да обидеме браќа и сестри по вера, односно по законот на љубовта, тоа треба да се доживее, навистина неможе да се објасни со статија. Еден ден само ќе ти се каже.
Никој никого не може да натера да верува во нешто или не. Затоа не се ни обидувајте. А оној што е толку плиток па да се води според она што друг ум го зборува, слободно нека се фрли од некоја повисока зграда бидејќи и онака нема живот. Затоа верници-верувајте, атеисти-не верувајте и сите среќни и задоволни.
Само што проблемот е во тоа што обично верниците провоцираат. Ако атеист се изјасни, како што е случајот со отварањето на темата, тоа е пропаганда и наметнување (пропаганда е моментот -.-) а кога верниците солат зачини и каде што не е местото, тогаш тоа е продуховеност, просветлување и не знам ти што. Кога атеист влегол во теми како Библија, Божји чуда и слични на нив да зборува како тие што веруваат биле за жалење или болни умови? А како што може да се забележи на темава, верниците постојано го прават тоа.
Понекогаш дел од верниците (бидејќи не се сите исти, ниту сите верници имаат исти сфаќања за Бог, како што не се ни сите атеисти исти) несвесно сакаат преку тоа да го истакнат своето его, на пр. низ дискусии, за да ја затскријат својата несигурност во она што веруваат. Бог меѓутоа никого не присилува да верува во Него. Кога Бог тоа би го правел тогаш тој не би бил сèмоќен бидејќи неговото постоење или барем расположение би му зависело од други - а Бог е доволен самиот а себе си. Ако Бог не го прави тоа, тогаш ни ние верниците доколку искрено тежнеме кон Бога не би требало тоа да го правиме. Е сега конкретно за темата „11 причини да се биде атеист„ има секој право да ги изнесе своите сфаќања и убедувања, но тоа не значи дека треба едни со други да се навредуваме.
Е зошто баш 11 причини, а не 10? Најверојатно произлегува од тоа што атеистите не веруваат во 10те божји заповеди, па бараат 11 причини за тоа. Верувајте во Господ луѓе не се играјте Тој е во секој од вас. Еден ден ќе ја почувствувате Неговата моќ, само имајте ја вербата и надежта во Него. Еден ден со 100% сигурност ќе ве посети, само молете бога да е за позитивна и добра вест.
Морам да ти кажам дека за ова не си во право. Голем дел од другарите ми се атеисти и секогаш солат памет за тоа колку ние верниците сме биле глупави. Речиси секогаш почнуваат расправија околу тоа дека Бог не постоел, ако постоел зошто толку злобни луѓе шетале по земјава, зошто несреќи се случувале бла бла. Значи голем дел од атеистите си шират некоја своја пропаганда да не речам и зборат дека сите сме биле во заблуда. Од искуство го кажувам тоа бидејќи ми се има случено многу пати.
^ Не дека нема и такви атеисти, но повеќето што јас ги знам, а еве и јас вклучително, не се интересираат од религија. Воопшто. Ниту пак се обидуваат некому да ги наметнат своите ставови и гледишта, како на пример Ќе видиш, еден ден и ти ќе почнеш да веруваш , на што налетав тука во темава. И врвот на се, е кога зборувам со верници, кога ме прашуваат и кога ќе се изјаснам дека не верувам, ме гледаат како ѓавол да влегол во мене. Почнуваат да проповедаат. Како што забележав и во темава се случува нешто слично. Нека разграничат некои работи, дека атеизмот и сатанизмот не се ни малку слични. Треба да постои малку повеќе почит. Сепак си е личен избор, а со тоа јас на никого не наштетувам.
И ЈАС КАКО ВЕРНИК СЕ ЧУВСТВУВАМ НЕКОГАШ КАКО ТЕБЕ. КОГА ЌЕ КАЖАМ ДЕКА СУМ ВЕРНИК НЕКОИ АТЕИСТИ ВЕДНАШ ПОЧНУВААТ СО НАУЧНИ УБЕДУВАЊА, НЕКОИ КАКО ДА МЕ СМЕТААТ ДЕКА СУМ ВО ЗАБЛУДА , НЕКОИ ЈА ОМАЛОВАЖУВААТ ВЕРАТА И МЕ ВОЗНЕМИРУВААТ. Затоа веќе моето си го чувам во мене и зборувам за религија со верници и многу убаво се чувствувам. А оваа тема ја посетив за да видам како размислуваат атеистите и да видам дали ќе најдам некоја причина, аргумент кој би ме натерал и поинаку да мислам или откријам нечто ново. И открив: колку повеќе читам причини да бидеш атеист, толку повеќе ми е мила верата, а зошто, тоа ќе си биде моја тајна и на никого нема да му наведувам 11 причини зошто би требало да бидеш верник. Атеистите и верниците убедувајќи се едните со другите тешко можат да се разберат, и несакајки се чувствуваат навредени или неразбрани бидејќи размислуваат на два различни начини кои произлегуваат од теоријата и искуството
По прочитаниве мислења не наоѓам атеисти, туку анти-христијани. Атеистите не се замараат во никој случај со ништо. Ниту пак со докажување зошто да НЕ веруваш во Бог!
Да, докажувањето од било која страна да си во оваа тема личи како некој на слеп човек да му објаснуваш како изгледа зелена боја. НИКОЈ ВО НИШТО НИКОГО НЕ УБЕДИ. И затоа нема повеќе да ги откривам тајните на верата кои се длабоко искусени од моја страна за да не навредам со тоа некого, за да не ја ставам мојата вера на исмејување и да не му давам на никого повод да ме сфаќа погрешно. Оваа тема е во категоријата религија и има други теми каде верниците можат да си разменуваат слободно сознанија, искуства и да дебатираат. Сепак добро беше што се постави оваа тема од повеќе причини, за на крај да се сфати дека припаѓаме на различни опции
Па основата за верба во Бога е да веруваш во него без да ти бидат потребни докази,факти и истражување.Тоа се чувствува !!! А со оглед на тоа дека атеистите,тоа не го чувствуваат затоа и бараат одговори на тие прашања.Не се секирајте,ќе дојде денот и сите прашања ќе ви бидат одговорени !
Како прво извини што доцнам со темава, и прашањава Ние нема потреба да докажуваме... Ти тие причини што ги наведе не се никакви докази, всушсност нема ни да ги најдеш верувај. Ти ако толку сакаш да го видиш, треба да веруваш,...како што кажа немам ништо против Бог, тогаш се плашиш ли? Второ Доколку неговата добрина беше таква, зошто во светот владеат немири?, зошто гинат невини луѓе?, зошто земјата е на чекор пред уништување? Секој си го добива заслуженото. Зошто гинат невини луѓе?, не тие не се починати, тие се на подобро место. Ние мислиме дека ги изгубивме, ама тие се тука, само се преместени на друго место (пробај да сфатиш) Ние сме криви за загадувањето и уништувањето на планетата, не ние друг крив. Трета работа Јас сум си јас, никој мене нема да ми кажува што да правам, имам здрав разум и сум доволно интелегентен да проценам што е правилно а што погрешно. За разлика од вас, не очекувам бог да ми купи алишта, да ми даде пари, да ми подготви јадење, едноставно така сум го сватил мојот живот, а мојот став не го менувам ни најмалце за нечиј тврдења. Не, не, ние не чекаме Бог да ни даде пари, или да ни купи алишта, ние не чеккаме туку се трудиме да заработиме за леб и да имаме нешто за своите деца, а тоа ќе ни биде ВОЗВРАТЕНО, прави добрина за да и се врати... Дај го и тоа најмалку што го имаш, за да после да ти биде возвратено. За други работи не сакам ни да зборуваме, нема потреба ние да те уверуваме со докази и триста чуда дека постои Бог, ако не веруваш, не верувај, твое право, само на крајот секој си го добива заслуженото така да си знаеш.. Ти посакувам среќа
Токму затоа и не можат да се најдат конкретни докази, истражувања за да се види дали има Бог или не, бидејки се работи за чувство, значи не е нешто што е надвор од човекот.Тоа е целата работа.
Не бадијала рекол Исус од Назарет: среде вас е царството Небесно, а некои стари грци велеле гносеи автон - спознај се себе си. Иронично но преку докажувањето со интелектуализирање можат да се докажат непостоечки и неразумни работи а да се оспорат постоечките и разумните. Затоа патот до Бога не е низ интелектот туку преку срцето.
Да дефиниција за Бог нема, тој е неразделно сврзан со чувствата ( некои најпросто велат ,,Бог е љубов,,), но исказот на dayligtht (спознај се себе си) ме потсети на еден разговор со еден голем, мудар, продуховен човек со кого човек ретко може да седне и прави разговор бидејќи не е толку достапен. Тој во врска со моите прашања околу верата, ми рече:,, емоциите и разумот можеме само теоретски да ги одвоиме.Негувај го чувството на љубов како закон , но ПОДИГНИ ЈА СВЕСТА ВО НАТСВЕСТА,,
Jaс ова го сватив прилично рано,всушност живеам и во такво семејство,татко ми е иден теолог и благодарение на нему јас сватив многу работи,ми се разјаснија многу прашања и на сите и атеисти и верници,ама баш на сите ви ја препорачувам и книгата ,,Колиба" oд Вилием Пол Јанг можете да ја најдете во Топер за едни мали 200 денари за разлика од тоа што ќе прочитате и колку ќе ви се отворат погледите.Се работи за вистинит настан.Поздрав
Добро, гледам си ја зазедовте темата.. Ама после да не зборувате како атеистите шират пропаганди, договорено?
Лугето барат доказ за да веруват во Господ тука грешеме како луге и како суштества па зар мене или на некој друг му е понудено доказ па да верува во Господ,верувам уште од мала го стекнав тоа чуство дека постои некој кој ме штите и чува од небото па зар овој народ би бил оставен сам без заштитник,ние ако не гледаме треба да ја осетеме божјата прегратка и помош што ја добиваме,а не сме свесни за тоа