Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини да се биде атеист

Дискусија во 'Религија' започната од Alchemist, 17 јули 2010.

  1. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Викате дека не сте го виделе па затоа не верувате ..
    а да ве прашам Гоце Делчев сте го виделе па што верувате во него ?
     
    На sweet-star и elisabeta им се допаѓа ова.
  2. Miamigirl

    Miamigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    25
    :D Се си е кажано!!!
     

    Прикачени фајлови:

    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  3. badluck

    badluck Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Сепак, треба да се искористи малку и разумот. Да постоел бог во онаква форма во каква што се обидувате да го прикажете, на светот не би имало толку неправди и несреќи. Примерите се насекаде. Не сакам да бидам нападна, но претходните два коментари се најблаго речено смешни.
     
    На Aleks96 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Miamigirl

    Miamigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    25
    Зошто има толку страдања и несреќи? Епа размислете си сами зошто... Можеби од човековата алчност и ненаситност за моќ, земни богатства и ниски страсти!!! Епа извини драга моја, ама Господ не го создал тој пекол, туку самиот човек. Сами сме си ги предизвикале несреќите. Подготвени се да убијат за пари, да крадат деца за пари и не помагаат на сиромав во невоља. После не сте биле среќни...како сакате да бидете среќни кога среќата ја гледате во парите? И милиони да имате пак ќе бидете несреќни заради вашата гордост, суета и самосожалување. Наместо тоа би можеле да помогнете на некој што проси за леб! Ама затоа ни 10 денари не ви се даваат! Затоа не правете се многу паметни, туку почнете да делите милостина. Еден ден нема да го имате вашето тело, вашиот имот, се што ќе ви остане е вашата душа. Сите ние сме гости на овој свет и за време на нашиот живот треба да живееме за љубовта, а не за матријалните работи за кои некои од нас се спремни да згазат се пред себе.
     
    На elisabeta, Aleks96 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  5. badluck

    badluck Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Како прво, ти не ме познаваш, не знаеш каков живот водам и како гледам на работите, ниту како стојам со финансии и дали што, колку и кому помагам. Едноставно вадиш заклучоци кои тебе најмногу ти одговараат зашто така ти е тебе полесно. Настрана од мене - јас само се обидувам да бидам пореална во сфаќањата, јас не сум тема на дискусија - сето ова што го напиша кажи им го на луѓето кои не се виновни за својата несреќа, болест или немаштија, а ги има на овој свет и тоа многу (нема потреба да наведувам никакви примери), колку и да се правите слепи и да не сакате да ја искористите главата објективно да размислите за некои работи. Полесно е да ги сатанизирате оние со поинакво размислување од вашето.
     
  6. Miamigirl

    Miamigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    25
    Девојченце не се однесуваше на тебе мојата критика од горенаведениот пост. Приметив дека сакаш да се правиш многу паметна и да кажуваш како ние не верниците не ја користиме главата за да размислиме некои работи. На крајот на краиштата секој си има право на избор дали ќе биде верник, немам намера никому да му ги наметнувам своите верувања и чувства бидејќи очигледно е дека секој си сфаќа онака како што му одговара :hai:
     
  7. badluck

    badluck Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Да не му се обрати на сопственото алтер его со тоа "драга"? - не е важно. Во ред е девојченце, нема потреба од оправдувања. Остатокот нема ни да го коментирам, доволно говори начинот на кој се обраќаш за твојот побожен и божем христијански дух. Само се надевам ви е јасно дека два-три добри збора за бог и суетност на форум нема директно да ве однесат во рајот во кој верувате. Меѓу нештата што ви се потребни за тоа, сигурно не спаѓа "карање" на атеисти и останати поинаку определени од вас. :hai:
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Miamigirl

    Miamigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    25
    Се согласувам дека "карањето" на атеисти нема да не однесе во рајот... Само не ми се допадна твојот коментар од типот размислувајте малце, користете го умот и Господ не постои во форма како што мислите. Јас лично тоа го сфатив како навреда! Значи сведок сум била на чуда, сум одела во манастири и се чувствувам убаво во својата вера. Тоа што сме верници не значи дека не размислуваме разумно, што во денешницава е неопходно.
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    [​IMG]

    Човекот е комичар, но преку хумор и невините прашања на едно мало дете, опишува само дел од апсурдноста на Хистеријанството.

    http://www.youtube.com/watch?v=jxo81Ok9Urk

    @ MIAMIGIRL - Како тоа човекот го создава хаосот и Господ како создавач на Универзумот и се околу нас нема никакво влијание врз ништо тука? Па тој нели не создал по своја замисла, ни го дал умот и интелектот што го имаме денес. Зарем тој не би сакал да им помогне на своите деца, наместо да ги остава да водат војни и да умираат од болести? Зарем не е се напишано у утврдено однапред, дека сите ние си имаме наша судбина и секогаш ќе биде Неговата волја? Тогаш зошто и се молите, ако се е однапред напишано? Целата религија е фантастично нелогичка и контрадикторна, а најмногу што може да се каже е дека ГОСПОД ГЛЕДА, ЌЕ ТЕ КАЗНИ, ЕДЕН ДЕН ЌЕ ПЛАТИШ СО ДУШАТА...
    Вашиот Бог се заканува и заплашува? Верувај во мене или ќе гориш цела вечност? Ми мириса на средновековие.

    И не си сериозна со сликата со бебињата, дефинитивно. Која шега, се било кажано со два едвај оформени фетуса кои не се свесни за својата околина? Ти неоформен фетус ли си?

    Верата е страв прикриен како доблест. Страв да не те казнат, страв да прифатиш дека твојот живот зависи во многу поголема мера од тебе, никој ништо не видел ама еј мора да постои некаква сила, како тоа да не постои, па кој не создал нас, па кој одлучува за нас...

    Колку религиозни луѓе тука знаат дека периодот од 3,000 години пред Христос постоеле стотици религии низ целиот познат свет во кои главната фигура имал бил роден од мајка девица, имал 12 следбеници, имало смрт па воскреснување после 3 дена, го викале Богот на Сонцето, пастирот, Вистината и/или ред други имиња...

    Тоа е уште една копија на купишта претходни религии начната од поробен народ, од очајни луѓе под Римско владеење.

    И дај разгледајте видеа со дебати меѓу верници и атеисти (или празни души како што си шепкате во себе) на интернет ќе видиш разум и употреба на логика и интелект vs слепа верба и преведувани и прераскажувани, непотврдени и непроверени приказни стари 2,000 години. Во секоја една разумна дебата верниците немаат што да кажат, верниците се размонтирани.

    Без Господ НА КОЈ ЌЕ СЕ МОЛИТЕ И ШТО ЌЕ ВИ БИДЕ УТЕХА ВО ЖИВОТОТ? Ете тоа е стравот тука.

    И да, тоа "секој си има право да верува во што сака, јас не можам да си го замислам животот без Бога" е само одегнување на разумна дискусија, во себе религиозните луѓе се чувствуваат многу повредни и тие се тие што повеќе напаѓаат.
     
    На imelda и WildCherry им се допаѓа ова.
  10. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283

    Верата за мене е само една тешка филозофија. Можеби бааги сум затерана по филозофијата, па затоа се сведувам на филозофија. Не сум некој верник, но го почитувам Христијанството, исто како и неговото учење, па и учењето на другите религии како Хиндуизмот Јудеизмот итн.

    1. Не сме сигурни дали Бог постоел. А како си ти толку сигурен дека постоиш?
    2.Ex nihilo. Сте чуле? Што е големата експлозија? Не го претставува настанокот на светот? Не го претставува процесот на преминување од безредие во козмос? Бог е само начин да се објаснат нештата.
    3. Секоја вера е иста. Има нешто +, -, но е иста. Секоја вера не учи за моралните обврски на човекот. Некои луѓе незнаат како да ги скротат своите страсти кон било што земско, па затоа на се имаат одговор - Бог ќе те казни, Бог не` гледа. Ако сме убедени дека некој не` гледа тогаш не правиме одредени работи. Лично јас се имам откажано од некои глупави навики со таа помисла. Смешна но функционална. Бог не превзема ништо против злото? Ако го нема злото тогаш нема да го има и Бог. Како би дошол до израз тогаш? Доколку не постои злото Бог ќе нема суштина на своето постоење, се ќе биде во ред и готово.Колку е поинтензивно црното, толку белото ни изгледа побело во секој миг. Бог го казнил човекот поради задоволување на она забранетото, токму поради искушението. Но, зарем поради исполнување на своите страсти не може да се умре? Од каде сте толку сигурни дека после смртта нема ништо? Можеби за телото нема ништо, повеќе не функционира, но каде оди самото битие во нас?
    4.Тебе ти требаат пари за да те мотивираат да работиш повеќе? Така, верата учи дека што повеќе труд се вложува толку повеќе си блиску до целта. Исто вербата дека нашите најмили кои се мртви не’ гледаат од небото и не водат, не’ наведуваат на поголема самодоверба, и поголема желба за успех. Затоашто нели, мртвиот би се гордеел со нас. Ако не треба да бараме прошка за она што сме го згрешиле, тогаш не барајте прошка доколку скршите чаша!
    5.Зарем ти не си догма за самиот себеси? Почитта кон другите е еквивалентна на почитта кон себе. Почитта кон нешто што не си сигурен дека постои значи уште поголема почит спрема себеси.


    Уф, морав да одговорам, следните пет утре, ми се спие сега. Би сакала уште поопширно да ги одговорам мислењава на Алхемичаров, ама несакам да замарам и онака никој не би го заинтригирало.
     
  11. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    6. Религиските организации и Бог иако навидум не се, се премногу диферентни нешта. А што, на верниците не се врши терор за да престанат да веруваат во нешто? Не е исто?? (зборувам за војните кои имале цел да извршат христијанизација кај луѓето кои веруваат во пагански богови) Инквизицијата исто така, нема ништо поврзано со религијата. Религијата е само изговор, како што и денес многу влијателни луѓе да не конкретизирам, го искористуваат на ваков или онаков начин своето место. Инквизицијата е поим за средниот век, па самите треба да бидете свесни дека во христијанските земји, инквизитор = судија. И не е ни грам точно тоа дека Хирстијанството поради религиските војни има покорни верници. И религијата не е нималку штетна врз општеството. Колку што знам, одликите на една нација се верата, јазикот и културата. Социологија, си учел?? Ако нема вера, како ќе има култура? Ако има веќе некаква култура, како ќе постои ако таа е основана врз верата? Што ќе бидеме ние, роботско општество???

    7. Науката е плод на филозофијата, а и религијата исто така. Кој го интересира, може да пронајде фрагменти, записи и книги од античките филозофи кои се занимавале со проблематиката на битието, филозофи кои спаѓале во космополошкиот период на античката филозофија ( ако сакате ќе ви посочам). Потоа нека ја прочита библијата и ако има доволно во мозокот нека спореди. Како што кажав погоре, на некого му се допаѓала положбата па ја користел во своја корист. Впрочем, на црквата повеќе и’ одговарала тогашната состојба од денешната, затоашто технологијата и науката се далеку отидени денес. Затоа летале глави. Правете споредби. И не, Бог не е оттурнат на маргините. Ајде, објасни ми го поимот дух? Но, во смисла дека си видел дух и сл. Денес со далечните стапки на психологијата често го објаснуваме тоа како халуцинации и такви сра*а. А тогаш, човекот бил неписмен, незнаел и како решение на секој проблем го имал Бог. Во средниот век, немало секој таква привилегија да учи и да сознае за нештата околу него. Денес е поинаку? Секој има право да учи, но кој ќе ги добие вистинските инфромации? Не‘ сведуваат на најниска точка на интелегенција, без разлика на тоа колку си паметен. Материјалот за луѓето со малку ментални или психички проблеми е еднаков со нашиот.

    8. Вербата во себе спасува. Вербата во успехот. Ти веруваш во себе, а некој во Бог. А всушност тоа е исто. Некој можеби нема друго нешто што го исполнува и го прави среќен. Затоа, тука е Бог.

    9. Учењата на Бог никако не учат за задоволување на некоја илузија. Учат за задоволување на своето јас, за сопствена благосостјба.

    10.Овде можеби си во право, но дали нештата би ја имале вистинската вредност доколку во секое дејствие вмешаме прсти??

    11.Атеистите се скептици а нив неможеш да ги насмееш.. ниту пак да ги увериш во нешто, без разлика дали има силни аргументи или не. Го кажувам ова зашто знам да бидам скептик во мала мера, и во голема, на неколку одредени теми, затоашто не ми се јавиле добри аргументи што ќе ми го буцнат мозокот да размислам, или пак не сум размислувала доволно.. Но најбитното од се, за вистинско разбирање на нештата е нивно разгледување од неколку страни.

    Заклучок: Бог не е она што го замислувате. Блаженството на Бог значи блаженство на својата душа. И ако имате прилика да ја прочитате библијата ( иако верувајте ми јас ја немам прочитано, но имам прочитано дел од некои евангелија) постојано правете компарација. Се е МЕТАФОРА!!
    Од друга страна, прочитајте ја и грчката митологија, да не должам, ако некој сака споредба помеѓу потеклото на боговите во гр. митологија и Богот во Христијанството нека прати лп.
    И за крај, човекот 2500 години се труди да го објасни настанокот на универзумот, светот(а со самиот свет и човекот) ( метафора - Бог), верувам дека и да поминат уште 2500 нема да се дојде до вистински заклучок. Бог е насекаде, Бог е бесконечен. Зарем не е и универзумот насекаде, и според нашите досегашни сознанија, бесконечен?
    И само уште ова: не ми е убаво кога читам/слушам Бог те сака, ќе ти помогне и слично. Многу ми е примитивно некако. Но, ја почитувам одлуката на останатите да веруваат во себе на еден поинаков начин.
    Баш ми е жал Алхемичару што не си тука. Но ако некогаш го прочиташ мислењево, те замолувам на најубавиот начин што постои да ги прочиташ неколку стотици листови што ги предложив, па да си правиме муабет како луѓе.
     
    На mimiiiii и Gordana10 им се допаѓа ова.
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Сосема си во право, тоа е целата суштина на религијата, секако дека се што е напишано во Библијата е само метафора, плус и опишани нешта од секојдневието на човекот, во сооднос на тоа, сосема со право истата да е веродостојна.Незнам и зошто се очекува од тоа дека за да постои Бог, треба да се види, ако пак нели вообичаено поставуваните прашања „ зошто Бог дозволува да има зло, да се убиваат луѓе итн.“ треба да се има уште едно следствено на претходното прашање, прашањето „ Кој убива?“ Дали човекот убива? Ако убива, тогаш кој го дозволува и прави тоа зло? Пак човекот, нели? Ете ја едноставноста на работите во однос на темава, заедно со одговорот дека не треба поради тоа да се рече дека Бог не постои.Имаше , мислам во темава постирано видео за еден човек, кој веројатно држи предавања, незнам, истиот тврди со сигурност дека не постои Бог, затоа што си имал проблеми човекот и незнаел како да ги реши, па затоа и тврди дека Бог не постои.Уште еден пример е тоа.И сега заради тоа во светов се одвиваат нештата, онака како што се одвиваат, во погрешен правец.Иако било која религиска книга не учи на зло.
     
    На hermosa, Miamigirl и Ella.313 им се допаѓа ова.
  13. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Прво читам на темава , кај алцхемист не приметив навреди дискутираше баш возрасно и сакал да види мислења а многу рипнаа ко попарени си избега човекот луѓе ако некој нема мислење како вашето не одете со лични навреди .
    Јас религијата не ја сваќам буквално , за мене е верба во господ , труд да си добар и правичен во животот , да имаш компас кој те води да знаеш дека има нешто поголемо од се , дека универзумот има смисла а не дека се е една голема коинциденција и рандом случки . Библијата ја читам со задоволство во неа има многу метафори и скриени приказни кои носат голема мудрост но не ја сваќам буквално ... имам желба за многу одговори , многу нејасни работи ..
    дека сме направени од кал и дека сме создадени од реброто на Адам , Дарвин ми има поголема логика искрено ,и не е точно дека се откажал од теоријата неговите блиски велат дека рекол дека му донела многу срам и била невкусна но сепак се држел до неа ,во тоа време црквата имала големо влијание во сите пори на општеството .. Дали постои рај пекол ? Не знам иако сум верник не знам , дека енергијата циркулира ми е пологично ама сепак не сум запознаена со тоа толку
    Црквата , не секогаш ми е извор на утеха и најголема институција во религијата , не сите попови ми се пратенци од бога , знаеме за случаи кога свештени лица се педофили :puke:
    Вербата е во човекот , секој го носи бог во себе , како ја восприема религијата може да биде различно , барем за мене , а празници и христијански обичаи се за мене убава традиција која и јас би ја негувала , не верувам дека ако на пример прекршам пост господ ќе ми пише грев за мене се тоа тривијални работи . Но знам дека вербата никој не може да ми ја разниша иако не верувам буквално ..
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Мимс, многумина читате, ама навистина некои работи не ги разбирате.
    Напразно се мисли на празни зборови што не се од срце, ради реда. Кога Го спомнуваш, па макар да било тоа и за помош за колоквиуми како што рече, или за ручек, не е грешно доколку е од срце колку и смешно да звучи, доколку го спомнуваш со силна почит во себе.
    (За тоа Бог да чуваа, леле Божеее си во право од причина што тие неколку реченици се веќе навлезени во речников како исказ на негодување, што во некоја мера не е убаво)
    Никој не се моли на икони, (или барем јас), покрај иконите се оставаат пари и разни работи за придонес за црквата и за здравје на тој што ги оставил, а да не беа иконите важни во Христијанството, немаше да постојат.
    Секој има различни гледишта за тоа да бидеш или да не бидеш верник. Сепак, многу луѓе различно ги сфаќаат работите, ги изнесуваат на погрешен начин, на начин на кој тие мислат дека е исправен, и истиот е изнесен како да бил оригинално така искажан, што често пати е грешно.
    Многу луѓе ја читаат и библијата и заповедите но не ги разбираат.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Иконите се со цел да се претстави ликот на Исус, Богородица или друг светител.Тоа што постојат иконите, што други се молат, луѓето не се молат на иконите, значи не станува збор за идолопоклонство. Бидејки она што е претставено на иконата, не е само во иконата.Настанати се од плаштот со кој било избришано лицето на Исус на патот кон Голгота, второ со уште еден плашт за кој мислам дека се работи за погребниот плашт на Богородица, точно не се сеќавам.Токму затоа постојат иконите, напоредно и нивна претстава во скулптура.Она кое сака да се каже со тоа “ не прави идол или слика, на она што е горе на небото, под земјата, не им се поклонувај, не им служи“ е во сосем поинаква конотација, како што е и “ не убивај, не кради “ итн.Значи, за да се почитува Бог, во целосна смисла е да не забораваат основните нешта на религијата, да се има некакво почитување во однос на тоа.Тоа што го прави секој верник, што барем се прекрстува пред икона, со чиста душа е почитување кон Бог.Затоа што има преголема поврзаност во однос на Бог и човек, не се работи за тоа дека верниците не ги почитуваат заповедите со тоа што им се поклонуваат на иконите, тоа не е како што реков идолопоклонство.
     
    На MerlinMonro8 и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  16. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    За да ја почуствуваш љубовта на Господ треба НАВИСТИНА и со срце да веруваш во него. Сигурно досега не си ни пробал тоа да го сториш, па ни се можел да го почвствуваш тој внатрешен мир, таа исполнетост во душава. Затоа така зборуваш :)
    А и од кај те знам, може си го замислуваш како човек со брада :?: Тоа е енергија, нешто со што треба душевно да се поврзеш за да го почувстуваш.
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Liebe.Love

    Liebe.Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2011
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    24
    Господарот наш, волшебно надчовечко суштество кое е пресвето за да се појави во тело на смртник, Господа можеш да го видиш, доколку навистина веруваш во него. Го видов Господ кога бев на работ на смртта.
     
    На friendy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Океј, семоќен един бог не постои, тоа да не се лажеме, ама вербата која е индивидуална, и работата на јас, кое е од духовен, т.е. религиозен карактер ко шо вика Јунг, е тоа е веќе друго нешто. :)
    На истото можеме да работиме преку различни модели. Модерните модели се викаат психологија, моделите на старите светови се Тарот, Дрвото на животот, Кабала, класична Јога, Зен. У секој случај, се работи за нешто кое посекако е бесцелно, оти навистина светот сам по себе нема цел, нели, ама е убаво да имаш изградено подобро битие, подобро јас. Ама повеќето не сакаат да имаат јас, т.е. душа, оти ко шо вика Алан Мур, ако имаш, можеш да го изгубиш тоа, или да го „скршиш“, а никој од нас не сака одговорност за нешто толку скапоцено. :D
     
  19. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    И како изгледа ??
    Шо си прави у живот ???
    Си напрајвте муабет ? Кафенце нешто а у ???

    Бај д уеј, не сум саркастична, само прашувам. Сериозно !
     
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.780
    Допаѓања:
    169.524
    Пол:
    Женски
    Прочитав првиот пост, немаше ништо наредливо, он си искажа мислење - негова работа. Јас на пример сум верник и едноставно верувам, ако некој ме убедува да не верувам - нема да смени ништо. Имам МНОГУ пријатели кои се атеисти и искрено не ми пречат се` додека не почнат да вреѓаат ... (да, има и такви, гледај си работата и терај)