Никогаш не би барала причини зошто да се биде или да не се биде атеист. Не сакам да ме убедуваат во било која смисла. Си ја почитувам верата, тоа е нешто мое. Но, за жал не ја почитувам црквата наша, зошто ни таа многу многу не ја почитува верата. Но, тоа не значи дека не одам, не сум крстена или дека нема да се венчам. Ама, таму кај што ја сакам, и кој поп јас сакам- а не го што рече еден поп бог нек му прости гревовите ...Ти мораш овде да се венчаш, и јас да те венчам. Не ги обвинувам атеистите, како и оние кои слепо веруваат во тоа...Секој си знае како му е и зошто е дојдено до тоа. Жал ми е само, што луѓево се маченици и си бараат излез од некоја мака, а овие го користат тоа.(за поповите) И имам кажано и пак ќе кажам, ништо не значи редовно да се оди у црква и се со ред....Господ е насекаде не е само таму.
Абе од секогаш имало неверници т.е сега во модерно време атеисти. Нивно е да се разубедуваат самите во нешто што со векови никој не успеал и нема да успее да го оспори Бог постои,секогаш е со нас,наше да го почитуваме и да го славиме засекогаш неговото име а не да копаме докази и причини како тој не постоел
^ Има. И за сите останати, прекинете да вршите пропаганди на сите можни теми каде што ќе се најде некој атеист со вашата побожност и да разубедувате. Ако не верувам нема белки никој да ме преобрати со постови во кои и така логиката е занемарена.
А од кого го браните, кој ви забранува да верувате? Зошто ова го сфаќате како некоја борба, војна или напад? Ако некој го искористил правото да се декларира како атеист вие не сте должни на глава да му се качувате. Прелистај ја темава и види како е нападнат Алхемист, па размисли кој треба да се брани.
Па од вас вие ако имате причина да бидете атеисти бидете ,иние си имаме причина да бидеме со Бог па сме,ама не напишавме 11 причини да се биде со Бог туку некој друг овде напиша 11 причини да се биде атеист и тука се збора против нашиот Бог во кој ние веруваме ,значи ние си веруваме а не пишиме за вас атеистите што значи сепак заради тоа тшто го пишите ние реагираме нормално не ни иде некако дека е така како што пишите ,тие ваши причини треба да имаат вистинска вредност и објаснување а гледам тоа го немаат.И од каде вие атеистите овде во темата религија да трујате не ве интересира демек а сепак ве има овде .
Во моите очи тие причини вредат повеќе од вашите. Тој друг овде отворил една единствена тема за атеисти, а вие сте отвориле уште.. стотина други за вашата верба и не гледам што има тука спорно. Во описот на категоријава стои Религија Христијанство, ислам, верба, веронаука, атеизам. Заклучок - и атеистите смеат да пишуваат колку им е волја без да добиваат онаков третман каков што добил Алхемист и без да бидат изложени на термини какви што ти сега употребуваш „ај марш сега од тука, труете“. Можеби тоа се јаките аргументи од ваша страна, не знам. И друга глупост сум прочитала многу пати низ категоријава. Атеистите постоеле од помодарство, да бе, од држава со преку 90% верници, баш атеизмот е помодарство. Сериозно?
Прв паат слушам дека атеизмот спаѓа во религија ,ама ако немало кај да ве сместат па ајде тука кај комшиите и така си имате заеднички теми а? Кај да ве сместат ?
Според мене е за во ништовера не за во Религија.Бог е љубов ,Бог е радост,БОГ е среќа ,Бог е надеж,Бог е сето ова и повеке од ова .А што е атеизмот по старо ништовера
Од лингвистичка гледна точка коренот на твојот стручен термин ништовера нема врска со вера? Според мене и темите од категоријава се за во некоја нова категорија која би им конкурирала на Најубавите бајки на светот, но што да правам, не функционираат така работите. Јас се навикнав, навикни се и ти.
Нема потреба јас да се навикнувам нека се навикнуваат атеистите кај нас си се сменуваат работите така да нема потреба од навикнување
Нема потреба ни да изигруваш апологет. Јас ти реков да се навикнеш на реалноста и на различните ставови кои ќе ги сретнеш. Не си ти нешто повеќе од било кој атеист што дошол на темава само поради тој мал факт дека ти си верник а тој не.
Па ако е така зошто и ти не се навикнеш на мојот став да не ме коментираш,ама некако тешко се навикнуваш.
Јас само дадов краток одговор на едно твое прашање, остатокот не беше наменет стриктно за тебе. Ти навлезе во дискусии.
Јас невидов никаков одговор за тоа прашање дајми вистински факти дека не постои Бог никој досега ги нема па можеби ти ке ги извадиш од некаде.
Виде одговор, виде, со еден збор ти одговорив. А што фактите ти не си ги препознала? Многу се, сега да не треба да ти ги пишувам овде..
За мене тоа не се факти тоа се само заклучоци на земниот човек кој може само до тука да стигне затоа што до тука му се можостите на земниот човек .Тој може да достигнува со проучување на земните работи но неи со духовните .Итолку за вечерва добра ноќ.
А ти не си земен човек затоа си подуховна? Што дека ќе изложам факти кога ќе одбиваш да ги сфатиш? Баш затоа, коментирајте на темите за себе и не вршете пропаганди. Што ве интересира вас ако некој не верува? Се чувствувате како мисионери, апостоли или слично? Толку голема важност си придавате себеси?