Фала што не просветли, баш ни требаше месија како тебе , а сега да не те задржувам слободно оди од форумов.
Јас ќе ја донесам одлуката, немаш некои посебни привилегии да донесуваш одлуки за кој ти воопшто не се засегаш. Што ти знаеш од Христијанството? Што знаеш за Бог? Колку години имаш бе?
Човеку дај олабави Кој си ти да судиш дали има Бог? Кој си ти да го проценуваш нашето инетлектуално ниво? Кој си ти да вреѓаш? Кое е тоа твое ниво кога ми се обраќаш со БЕ?
Исус рече: „Еве, стојам пред вратата (на твоето срце) и чукам; ако некој го чуе Мојот глас и ја отвори вратата, ќе влезам кај него (неа).“ Ако сакаш да го направиш ова, но не си сигурен со кои зборови да се искажеш, еве мала помош: „Исусе, Ти благодарам што умре за моите гревови. Ти го знаеш мојот живот и знаеш дека ми треба Твојата прошка. Те молам прости ми сега и влези во мојот живот. Ти благодарам што сакаш да имаш врска со мене. Амин.“ Од Божја гледна точка, твојата врска со Него е вечна. За сите оние кои што веруваат во Него, Исус рече: „Јас ги познавам и тие одат по Мене. Јас им давам вечен живот и никогаш нема да загинат и никој нема да ги отме од Мојата рака.“ Не сум го запознала лично, но верувам во Бога. Верувам дека постои, а и верувам дека ќе дојде денот и кога ќе го запознаам, но може да го запознае некој кој навистина верува во него. Доколку се поправиш и сакаш да го запознаеш, никогаш не е доцна. Темава може да поттикне дискусија, но е ДВОЈНА, а и набрзо ќе биде избришана од модераторите поради твоето дрско однесување.
Отворив тема за да ги видам вашите размислувања, не како знаете да навредите. Тоа што ти пишувам конкретно тебе е што цело време влагаш во непотребни теми кои не се во контекст на оваа, не знаеш ни 2% од Христијанството а тврдиш дека имаш еден куп аргументи, се залагаш за ставовите на твоите пријателки и покрај тоа што не ги разбираш. Доколку разлисташ по други форуми, ќе сретниш возрасни луѓе со цврсти ставови кој тврдат дека човекот настанал од кал. Едно 15-годишно девојче кое било имуно на дресури од страна на семејството, денес има доволно здрав разум за со своја глава да размисли и да ги сфати апсурдностите на некои работи.
Имам и јас здрав разум и размислувам со своја глава. Ајде биди барем малце фер и да ја продолжиме дискусијава како што погоре спомна и самиот. Чекам одговор и мислам дека не заслужив да ме ставиш на игнор. Девојчето што за тебе размислува со своја глава и ги сфаќа апсурдностите на некои работи не верува во ништо, па така да колку и да очекува некој да и помогне се залжува.
Човеку ти се ставаш над сите нас, вреѓаш ако некој има спротивно мислење од твоето. Ако речам дека верувам во живот и на други планети во овој универзум, ти што ќе ми одговориш: Си видела па да веруваш. Твојот атеизам се заснова на материјалното (не)присуство на Бог. Зарем треба се да ти се појави како материја за да веруваш дека тоа постои. Стравот може да го видиш и да го пипнеш? -НЕ , ама може да го почувствуваш Следствено на тоа и Бог не можеш да го видиш , ама може да го почувствуваш.
Коа чита човек од страна, на Alchemist постовите се зрели културни интелегентни и ни малку пропагандни, а на другите како на мали деца „ај сеа ја да ти кажам 11 причини зашо да какаш седејки на шолјата“...Човеко сакал дискусија и ајде сеа бангау 100 души бош маабет праат далеко од темата.
Сакам и јас дискусија, зошто ме игнорира цело време ? Културни се и моите постови, ајде цитирај ми дел каде што го навредив ?
Неколку членови од тука ме натераа да се однесувам не"човечки, како што споменав голем број од популацијата не знаат ни 2% од Христијанството а своите ставови ги искажуваат врз помош на тврдењата на останатите членови. Од тоа што го видов единствено Wild.Child се потруди да искаже некои ставови, останатите се нафрлаат како големи верници и го покажуваат своето вистински лице , доколку дискусијата од самиот почеток се развиеше сериозно така и ќе продолжеше. Доколку постои членка на форумов, која сериозно го сваќа овој став и знае барем мал дел од религијата ќе ми биде чест да дискутирам. За останатите, слободно напуштете ја темата.
Не си сопственик на темава, јас колку сакам ќе пишувам , моите мислења не се офтопик и го имам тоа право. Јас до сега од твоите постови сфатив дека целта ти е да го напишеш само она што ти го знаеш за Бог и за Атеизмот, мислиш дека со својата неверба си го открил светот. Еве не мора мене да ми се обраќаш , дискутирај со Вајлд.
Јас во првиот пост ги искажав своите мислења во врска со атеизмот. Но што ти докажуваш?, тоа ме интересира, ти и уште неколку членки цело време се задржувате на ставот дека бог постои а вусшност не давате никаков доказ за тоа, а за капак на се го понижувате мојот став. И покрај сите твои мислења, пак ми остави впечаток на интелегентна, супериорна личност, не сакам дискусијата да премине во омраза, доколку е потребно јас уште сега ќе го напуштам форумот и овој ќе ми биде последниот пост. Затоа пак ве замолувам, не излагајте од контекст на темата, доколку имате некој мислења во врска со тоа искажете ги.
Ни најмалку не те ингнорирам, цело време се обидувам на останатите да им докажам дека и атеизмот е сосема нормална работа. Едноставно, немам време да те цитирам.
Немаш време да ме цитираш или немаш одговор на моите прашања ? Си врежал во главата дека си атеист и ги игнорираш сите факти за постоењето на Бога. Кога веќе си имал време да ја отвориш темава и јас сум имала време да одговорам на истата, треба да ми одговориш на прашањата.
Секој став е добредојден, колку можам ќе образложам и ќе посочам некои примери. Како што и самата забележа, неколку членови цело време тераат хумор со мојот став и ја уништуваат дискусијата.
Ок. Бог е вонтелесен, тој се отелотворува само кога испраќа некого на земнјава ( Исус преку кој комуницира со луѓето). За да постоиш на овој свет мора да си телесно суштество, крв , месо и ДУХ. Крвта и месото се материја, а знаеме дека материјата не се губи туку ја менува својата форма( пример од учебник: хартијата е направена од дрво, запали ја ќе стане пепел, пепелта ќе ја дувне ветар и ќе падне на земја, земјата ќе ја апсорбира , растенијата ќе се нахранат од неа... итн) Но што е со духот, душата или како сакаш наречи ја, ти можеш да неправиш човечко тело , ќе го склопиш некако ама кој ќе му даде душа? - Бог Бог е вонтелесен и е комплексен, се состои од емоции и чувства. Нека не се вика Бог, нека нема име, ама ќе го чувствуваш. Како? Тоа се вика ВЕРБА Верба не е слепило, верба е наречено чувството кога знаеш дека нешто постои . Материјата не е доказ за нечие присуство, затоа што материјата е бездушна, нема дух во неа, се што нема дух во себе е материја. Телото има дух, лешот нема , затоа и повеќе не се вика тело туку леш, тоа менување на името означува менување на состојбата. А состојбата се менува поради неприсуството на духот во материјата. Бог е врховниот дух, духот над духовите, сите души доаѓаат од кај него и сите души одат кај него. П.С. Дух=Душа