Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини да се биде атеист

Дискусија во 'Религија' започната од Alchemist, 17 јули 2010.

  1. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Јас не сум ни верник некој (крстена сум сепак), а ни атеист. Верувам во најголемата сила на светот, дури и посилна од луѓето-(ќе ја именувам по мое, зошто тоа значи и Годсод кој е именуван како Исус, Буда и тн.)природата. Природата нас не создала и само нас таа може да не уништи . Колку и да се обидуваме да ја уништуваме природата, а да не се „самоуништиме“, сепак нема да се уништи зошто и ние сме дел од неа, а и без остатокот природа не би можеле да живееме. Сметам дека атеизмот и религијата се уствари многу поврзани едни со други, но некои луѓе не сакаат да го прифатат тоа, па меѓусебно се караат и создаваат одбивност меѓу себе.
     
    На Sunflowers и gangstergirl им се допаѓа ова.
  2. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Господ Бог го замислиле нашите предци за да создадат ред и мир на Земјата како и да ги објаснат оние работи кои не им биле сватливи. Денешната наука може да објасни речиси се а за редот и мирот тука се судството и полицијата. :!: Но како и да е сепак ќе постојат одредени работи кои ќе ме теаат да верувам во Бога. Работи и прашања кои ни науката не може да ги објасни..........
     
  3. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Има нешто што ни дава сила сега таа сила за некој е бог за некој потсвест за некој нешто друго ,а сепак има нешто како и да го наречете :)
     
    На presiosaP му/ѝ се допаѓа ова.
  4. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.018
    Допаѓања:
    52.025
    Пол:
    Женски
    Како единствената тема за атеизам на форумов што ја најдов, мислев дека ќе биде прикладно овде:
    [​IMG]
     
    На Papillon.Papi, kjukli, Mishela и 2 други им се допаѓа ова.
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Like natural sciences? Thank that to these eminent scientists :)

    Јоханес Кеплер - Основоположник е на современата астрономја; ги открил законите за планетарните движења , познати како прв, втор и трет Кеплеров закон.
    Роберт Бојл - Пионер на модерната хемија, физика, метерологија, и претседател на здружението за дистрибуција на Светото Писмо.
    Исак Њутн - Еден од најголемите, најгенијалните научници на сите времиња. Познат е по 3те Њутнови закони во класичната механика.
    Леонардо Ојлер - Врвен математичар и активен христијанин.
    Мајкл Фарадеј - Хемичар, но и пионер во истражувањата на електричеството, конструктор на електричниот мотор, на генераторот, трансформаторот, волтаметарот, електролизерот и др. Велечината ,,фарад" за електричен капацитет е така именувана според неговото име.
    Луј Пастер - Ветеран областите на бактериологијата, пастеризацијата, вакцинацијата и имунизацијата. Го формулирал и законот за биогенеза (,,Животот настанува само од живот")
    Вилијам Томсон - Лорд Келвин - Еминентен физичар, заслужен за термодинамичките закони, за скалата на келвинови степени и апсолутната нула, за првиот кабел под Атлантикот и за многу други нешта.
    Џејмс Клерк Максвел - шкотски физичар и математичар, воедно и најголемиот теоретски физичар на XIX век. Ги дал теоретските основи на радиобрановите.
    Сер Амброз Флеминг - електроинжинер, конструктор на првата вакумска цевка.
    Вернер фон Браун - конструкторот на ракетата Сатурн 5, која ги однесе космунаутите на Месечината.
    Грегор Мендел - таткото на генетиката;
    Браќата Вилбур и Орвил Рајт - конструктори на првите авиони;
    Франсис Бекон - татко на "научниот метод" и на експерименталните науки.
    Блејз Паскал - математичар, физичар и пионер-инжинер по хидростатика и хидромеханика.
    Исак Бароу - професор по математика на Кембриџ, учител на Исак Њутн.
    Готфрид Лајбниц - математичар и филозоф, современик на Њутн.
    Џон Далтон - хемичар и татко на атомската теорија.
    Самуел Морзе - изумител на телеграфот, Морзеова абука.
    Томас Андерсон - брилјантен шкотски хемичар; го открил пиридинот и други органски бази.
    Вилијам Рамзеј - хемичар и откривач на аргонот и на другите благородни гасови, научник од областа на радиоактивноста и пионер во трансмутацијата на елементите.
    Итн.
     
    На vickyy90, Captain-Omni и tessie им се допаѓа ова.
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Заборавив да назначам дека сите горенаведени емиментни научници биле верници - христијани.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Еден од моите омилени цитати:
    "Кога на луѓето им ќе им кажете дека Господ постои и им зборувате за божји чуда, тие ви веруваат без никакви докази, но ако им кажете дека бојата на клупата сеуште не е исушена тие ќе мора да допрат со прст за да се уверат"
    Нема што многу да се каже. Религијата луѓето ги заслепува и ги уништува нивнит погледи кон реалноста, ги извртува нивните погледи кон светот. Само затоа што некои нискоинтелигентни луѓе пред многу години не можеле да си објаснат некои појавиви, треба ли денес да бидеме навредувани, дури и убивани ако реално гледаме кон нештата и не прифаќаме нешто што не може да се докаже.
    Верувам единствено во науката, и ако некој веќе си ја почитува верата, не смее да ми суди за мојот избор со оглед на тоа што ако верата (демек) учи на добро, никој не треба да биде критикуван ако го избрал атеизмот
    Човекот е прифатен во црква за тоа во кое верува, а е одбиен заради тоа што го знае
     
    На ennaz, Papillon.Papi, kjukli и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Мошне интересно е тоа што категоријата религија во најголем процент е читана и коментирана од атеисти.
    Тука се отвара и прашањето, зошто во толкава мера се обидуваат да го негираат нештото за кое се сигурни дека не постои? И дали сфаќаат дека конекцијата меѓу нив и креаторот бива дискутабилна со секоја нова реплика, или обид за докажување на спротивната ствар?
     
    На Gordana10, Rama, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  9. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.018
    Допаѓања:
    52.025
    Пол:
    Женски
    Не, туку едноставно може да те интересираат религии и да не си верник. :)
     
    На Papillon.Papi и Valerin им се допаѓа ова.
  10. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Се тоа е сосема океј додека е во границите на ''нормалата''. Значи, неколку пати проверуеш, реплицираш и се тргаш. Туку, јас зборев за вршење константна опсервација на темава од страна на поедини членови, како и нивна потреба да го наметнат сопствениот став грубо, и по секоја цена, приложувајќи докази против. Мислејќи дека демек ќе успеат да докажат колку се издржани нивните аргументи па верникот ќе рече као ''ај бе сварно, батали религија Господ не постои''.

    На страна од ова, да не бидам погрешно сфатена, јас сум далеку од религиозен фанатик. Но, истовремено не можам да кажам дека потполно се оградувам од идејата за Бог, и го фрлам у заден план оној мал процент да сепак постои нешто, вoн нашите капацитети за спознавање.
     
    На Marossa, Captain-Omni, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  11. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.018
    Допаѓања:
    52.025
    Пол:
    Женски
    Мене на исто ниво ми се атеисти што плукаат по религија и верници кои пробуваат да ги преобразат атеистите во верници. А и не верувам дека на некој му успеало било кое од двете. :)

    Не би требало да има проблем, се додека двете страни го почитуваат спротивното мислење и верување, па да може да се развие добра дискусија или дебата. Ти ја разбирам поентата, наметнување на мислење во никој случај не е добро.
     
    На Captain-Omni, EvAngelos, tessie и 5 други им се допаѓа ова.
  12. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Znete shto. Ima tolku odgovori vo religioznite knigi, za i onie koi ne veruvaat da mozhat da vrzat dva so dva, da vidat zoshto neshto e napishano vo niv, na baza na fakt, pa koj kako ke go protolkuva. Ako ja ima nekoj prochitano Kochiite na bogovite, od Erich Von Dankien, koj se pomachil da sporedi slichnosti vo site i da zeme i shto fizichki postoi za dokazi po zemjinava topka, ke se soglasi vredi da se prochitaat site religiozni zapisi, ne samo biblijata. Pa da se pogledne togash istorija, i toa od nauka shto go znaeme, i da si objasnime prashanja koi drug ne mozhe da gi objasni na nashiot ljubopiten um.
    Jas ne go baram Bog. Ama pochituvam deka nekoj go ima. Bog za mene ne postoi, i zhalam shto go nemam toj spokoj koj go imaat vernicite, sum ljubomorna na sekoj shto naoga mir vo religijata, oti jas toa ednostavno go nemam, ama od druga strana pa se tupkam po ramo deka ne se ostavam na milost na nekoj nad mene.

    Daddy issues ha!
     
    На ennaz и tessie им се допаѓа ова.
  13. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    И уште нешто
    Прво - Велите ако не постои бог, тогаш како земјата има совршени услови за живот (вода, температура итн)
    Па ако ги немало овие услови, животот вопшто немало ни да настане. Не може да настане живот на Венера, поради високи температури и висок атморсферски притисок, нема на сатурн и не знам веќе каде поради ниски температури. Животот се создал овде поради поволните услови.
    Ако нешто не може да биде објаснето од науката, овде запираме. Религијата е само една илузија која се потхранува со наивноста на луѓето верувајќи во нешто кое само им е наметнато самите не го истражиле.
    Второ - Некои пак велат дека атеистите во некој поглед се глупави и не ја разбираат религијата, затоа ја отфрлаат. Да точно, не ја разбираме, затоа што сум успеала да се извлечам од таа илузија, и не можам да разберам што толку врховно има во мислите на еден верник.
    Уште два омилени цитати
    Не ме мачат нештата од Библијата кои не ги разбирам, туку оние кои ги разбирам - Марк Твен
    Кога еден човек страда од привиденија, тоа се нарекува лудило. Кога многу луѓе страдаат од привидениа, тоа се нарекува религија




    Лошо е да исмејуваш некого заради физички недостаток, сиромаштија, облеката итн, не е човекот секогаш самиот крив за своите недостатоци
    Но зошто да ја подржуваме религијата која е илузија на совршеното?
     
    На ennaz и kjukli им се допаѓа ова.
  14. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Машки
    Што сакаш да кажеш со овие имиња? Дека биле побожни?
    Номинална религиозност и практицирање на религија се различни работи, во времето на Кеплер или уште повеќе Бејкон не било возможно декларирање на атеизам поради здравствени ризици:), во тоа време целокупната европска популација била номинално религиозна.

    Орвил Рајт сигурно постел редовно а Вернер фон Браун се молел за прошка за илјадниците робови кои умирале од исцрпувачка работа принудно градејќи ги неговите Ф-2 балистички проектили кои пак убиле неколку илјади цивили во Британија и Белгија.:)
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Поради какви „здравствени ризици“ не било возможно декларирање на атеизам? Ако мислиш на тоа дека Католиката црква ќе ги прогонува или ќе ги пали на клада, не, тоа не е тоа време. Сите горенаведени научници живееле и твореле после 16ти век, т.е. после протестантската реформација на Црквата после која Европа излезе од темното доба и немало веќе инквизиција на научници, немало забрана на слободна мисла, говор, творештво (научно, литературно), имало слобода на вероисповед итн.
    Некои од нив не ни биле припадници на Католичката црква. Исак Њутн на пример има напишано повеќе духовна литература отколку научна. Никој не го терал да пишува на духовна тематика.

    Познати христијански изјави на Њутн се следниве:
    ,, Сите мои откритија беа резултат на молитва. "
    „ Имам темелна вера во Библијата, која ја сметам за Божја реч, напишана од луѓе што биле боговдахновени. Библијата ја проучувам секојдневно.“
    „Најубавиот систем од Сонцето, планетите, кометите можел да произлезе само од намерата и власта на интелигентно Битие.“
    „Набљудувајќи го Сончевиот систем, гледам дека Земјата е поставена на оптимална оддалеченост од Сонцето, за да добива соодветна количина топлина и светлина. Ова не се случило случајно! "

    „Колку што повеќе ја проучувам природата, толку повеќе Му се восхитувам на делото на Создателот.“ (Луј Пастер)
    „Науката ги доближува луѓето до Бог.“ (Луј Пастер)
    „Запознавајќи ги Неговите дела, ќе Го запознаеме Него ( Господ ).“ (Роберт Бојл)
    итн.
    Алберт Ајнштајн не бил христијанин, ама кажал една мудра мисла:
    „Науката без вера е осакатена, а верата без наука е слепа.“ (Алберт Ајштајн)
     
    На vickyy90 и Captain-Omni им се допаѓа ова.
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Јас сум многу скептичен и ставам прст и на бојата, ама и на Божјите чуда, па дури и ставав прст и на постоењето на Господ (пред да поверувам во Него).

    Се сложувам дека генерално е така, дека религиите генерално се опиум и ги заблудуваат луѓето. Велам „генерално“, затоа што сум убеден дека изворното христијанство (не она што го проповедаат повеќето цркви денес, туку она што го проповедале Исус и апостолите) е вистина.

    Понатаму, христијанството не настанало како производ на тоа што луѓето не можеле да си објаснат некои појави или природни феномени. Тоа најчесто е случај со паганските религии каде што имаш бог на грмотевиците, бог на ветриштата, бог на плодноста итн. Но тоа не случај со христијанството.

    Во древни времиња, многу луѓе верувале дека со Месечината, Сонцето, другите ѕвезди, природните појави, плодноста и сл. управуваат некакви митски божества, секое со своите сопствени правила и закони. Сепак тоа не било случај со евреите (Јудеизмот) и подоцна со христијаните кои не верувале во овие божества, имале забрана да им се поклонуваат и верувале само во еден Бог кој поставил небесни и земни закони (природни закони) да управуваат со нив. Па така кога луѓето истражувајќи дознале што всушност се Сонцето, Месечината, другите ѕвезди и како тие се движат според еден ист закон (а не според правилата и законите на различни богови), митските божества почнале полека да исчезнуваат, а оние кои верувале во Создателот кој поставил едни исти природни закони во природата, се восхитувале на научните откритија и добивале инспирација за понатамошно истражување.
    Па така, кога познатиот научник и основоположник на современата механика Исак Њутн го открил законот за гравитација, тој не рекол: „Аха, еве сега знам како планетите се движат, не ми треба Бог“ :) Не, туку тој ја напишал Philosophia Naturalis Principia Mathematica – една од најпознатите книги во историјата на науката, каде меѓу другото напишал:
    Најубавиот систем од Сонцето, планетите, кометите можел да произлезе само од намерата и власта на интелигентно Битие.“ (Исак Њутн)

    Точно така, треба да се има меѓусебна почит и толеранција кон различните убедувања и светогледи.
    И јас верувам во науката и имам голема страст кон неа, талентиран сум во повеќе природни науки со многу награди на државно и меѓународно поле (физика, математика, астрономија). Сепак постојат граници на научниот метод.
    Дајте му торта на некој хемичар и тој може да ви каже од што е направена, може да направи анализа и да ви каже точно од кои хемиски соединенија е составена тортата и кои се нивните својства. Но она што нема да може да ви каже е зошто сте ја направиле тората. Тој, анализирајќи ја тортата, не може да дознае дали на некој од вашите блиски му е роденден, или можеби правите годишнина, или можеби ете едноставно ве фатило криза за благо. Слично е и со Универзумот и животот. Науката не може да одговори на суштинските прашања кои си ги поставува човекот: Зошто постојам? Која е смислата на животот? Дали со смртта ќе престанам да постојам? Постои ли духовен свет?

    Понатаму научниот метод е ограничен помеѓу микро и макро светот. Микроскопите не можат да набљудуваат екстремно мали честички, а телескопите бескрајно далечни галаксии.

    Исто така научниот метод е ограничен и во донесување на теории за минати неповторливи настани, бидејќи може да ги набљудува само последиците од тие настани, но не може експериментално да ги повтори. А и кога би можел, тогаш би дал одговор само на прашањето како тоа би можело да биде, но не и дека така сигурно било. Тоа се хипотезите кои всушност претставуваат веројатни научни претпоставки. Затоа често пати постојат повеќе хипотези за еден ист настан/појава и останува на вербата на научниците да веруваат како би можело тоа да биде. Историјата на науката изобилува со примери каде своевремено уверливи научни теории денес изгледаат смешно, како на пример неделивиот атом, геоцентричниот систем на Птоломеј и Аристотел, етерот, апсолутноста на времето итн.
     
  17. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Машки
    Од изложеност на високи температури, тапи и остри предмети, општествена изолација, прогон - ризиците биле многу. Не само црквата, католичка, протестантски или православни туку пред се самата религиозно индоктринирана средина каде што јавна декларација на атеизам би значела крај за оној кој се декларирал.

    На клада најмногу палеле протестантите, наспроти популарното мнение за таа високоморална појава.:)

    Не може да се негира улогата на реформацијата во развојот на општествените односи во Европа, но не може ниту да се затворат очи пред злото кое го вршеле протестантите, нивните геноцидни активности, прогонот на ``вештерки``, трговијата со робови, верските војни и многу други убавини.

    Во претходниот пост го спомена научниот метод. Дали знаеш како гласи и дали мислиш дека е компатибилен со религиозност? :)
     
    На Priroden му/ѝ се допаѓа ова.
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Друже, дали можеш да ми наведеш еден евидентиран историски пример на научник од 17ти век (па натака) што бил спален, убиен, општествено изолиран, прогонет или сл? Сите научници-христијани што погоре ти ги наведов се од 17ти век па натаму, а инквизицијата на Католичката црква завршила во 16ти век (значи еден век претходно)
    Еве на пример Исак Њутн бил роден во англиканско семејство, ама не одел во Англиканска црква и неговите верувања не биле во склад со Англиканската црква, ниту одел во таква црква. И тој не ги криел своите верувања, туку пишувал книги на таа тема и јавно ги објавувал :) И Англиканската црква го сметала за еретик ама на него уво го болело за тоа :D Инквицијата била еден век зад него и ништо не му можеле. Слично било и за сите други научници.

    Протестантите биле далеку од совршенни и тогаш и сега, ама пак ќе кажам, крајот на инквизицијата, реформацијата во Црквата, излезот на Европа од „темното доба“, слободата на говор и пишување книги на „несветите јазици“, за сето ова е заслужна протестантската реформација. Да инало војна, имало и крвопролевање, ама жртва морало да падне за да се скрши силниот јарем на Католичката црква со која што го држела во ропство народот.
    Штета што протестантската реформација од западна Европа стигнала само до Словенија, а не и на балканот. Во Словенија денот на протестантската реформација (31 Октомври) се слави како државен празник и е неработен и за католиците, муслиманите, атеистите итн. за сите, затоа што сите се свесни за придобивките од неа.
    Не е ни случајно што Словенија е единствената развиена земја од бивша Југославија на ниво на развиеност како западна Европа.

    Не знам што подразбираш под „религиозност“, ама јас ќе се оградам од сите религии и ќе зборувам само во името на христијанството кое единствено го сметам за вистина.

    Научниот метод се состои од набљудување, вршење експериметни, систематизирање податоци, претпоставување хипотеза, тестирање на хипотезата под различни околности и вредности на параметрите; и ако експериментот се покаже како успешен под сите вредности, се формулира теорија.
    Сепак научниот метод не е единствен начин на откривање на вистината и истиот е лимитиран за материјалниот свет. Тој нема ниту за цел да навлегува во нешто повеќе или над материјалниот свет.

    Но постои и друг начин на откривање на некои вистини. Тоа се нарекува откровение или откривање на вистината од нејзината страна. Што значи ова?
    Ние, со научниот метод, можеме да се мачиме 1000 години и никогаш да не дознаеме дали има живот на некоја далечна планета од друг ѕвезден систем. Но можно е некој своевиден жител од таа планета да дојде кај нас, да ни се претстави и да ни ги даде сите потребни информации за животот на таа планета. Овој метод се нарекува откровение. Многу вистини во животот, иако не сме свесни за тоа, ги дознаваме по овој метод. Има посвоени деца кои дале се од себе и направиле секакви истражувања да откријат кои се нивните родители и не успеале, се до оној момент кога добиле телефонски повик од нивниот родител. Значи тие со помош на истражувањето не ја откриле вистината, ама вистината која е субјект и има свесност и интелигенција, таа им се објавила на нив.

    Таков е случајот и со Бог. Ние не можеме да го ставиме Бог во епрувета и да Му вршиме научна анализа. Ние можеме да го дознаеме за Бог и од Бог само она што Тој ќе реши да ни го објави. И тоа јас сум убеден дека Бог го направил преку Исус Христос и преку Библијата. А убеден сум затоа што Бог обезбедил докази за тоа, за секој разумен човек без предрасуди да може да ги истражи и да се убеди и сам.
     
  19. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Сега ми е појасно зошто си толку гласен во темите за политика каде што ова време го нарекуваш фашизам. Па тебе ти е страв од сè што мрда и ги оправдуваш сите оние што се плашат од сè што мрда.

    Како тоа не било возможно декларирање на атеизам? Секако дека почетокот на вториот милениум од новата ера донел едукативен мрак во Европа (не и во светот, од тоа време има стотици научници од исламска вероисповест) но времињата на Кеплер и Бејкон родиле некои од најголемите научници на сите времиња кои го смениле сфаќањето за светот и поставиле комплетно нови правила.

    Гелилео Галилеј живеел во истото време со Бејкон и Кеплер, а Коперник живеел пред да се родат. Двајцата, прво Коперник, а потоа и неговиот „наследник“ Галилеј, директно ја оспориле теоријата на црквата за создавањето на човекот, а двајцата твореле 70 години, значи цел живот, речиси без да бидат допрени од црквата. Коперник воопшто, а Галилеј трпел опструкции во последните години од животот.

    Во превод, за разлика од некои други тука по форумов, имале муда и способност да го работат она што го сметаат за исправно.
     
    На Marossa, crimson и Abeja им се допаѓа ова.
  20. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    412
    Мошне интересно е и тоа што верниците се екстремно неинформирани за религиите на кои припаѓаат. Слават празници кои не знаат од каде потекнуваат, и светци чие дело им е комплетно непознато. Светите книги ниту ги виделе ниту ги прочитале. Јас не сум атеист ама уште помалку сум верник. Се сомневам, прашувам, истражувам. Мојот ум и мојот дух се отворени за нови искуства и спознавања, а не се оптеретени со канони и правила. Религииве денес ми се чинат ко игра за големи деца. Денес е Среда и се пости, денес е Петок и се пости на вода, сега 40 дена ќе постиме, кашкавал може ама растителен, и чоколада посна е дозволена. Се е дозволено само прашања и мислења се забранети.
     
    На anina, crimson, Tan4ence и 3 други им се допаѓа ова.