Бог не го создал никој затоа што тој е вечност,тој не е човек тој е нешто семоќно,можеби само светлина,него никој не го видел,но затоа Исус можеме да го видиме,и ако ти не си нашол докази тоа е твоја работа,колку само докази има дека постои Господ...Во ред ако мислиш дека не постои Господ,кој го создал светот? Кој ги создал сите планети на целиот универзум,кој ги создал луѓето?Сами од себе а ?Ќе се увериш еден ден кога ќе застанеш пред неговиот суд па тогаш нема ни да имаш каде да бегаш.Зарем треба да ти се појави Бог за да веруваш дека постои?
Сметам дека не постои ниту една причина зошто би се било Атеист, исто како што не постои ниту една причина зошто би се било Христијанин, Муслиман, и така натаму. Секој има своја причина, која е единствена, уникатна. Тоа што човекот го прави среќен и буди позитивни чувства кај него, а во исто време не штети никому, тоа треба да го прави, почитува, или пак (не)верува. Да, сум атеист, но не, не можам да набројам ниту една причина зошто некој би бил атеист, затоа што тоа што ме прави мене среќна и тоа во што јас верувам (во случајов не верувам) не е нешто што треба да биде наметнато на друг, или пак универзална апсолутна вистина која треба да биде прифатена. Можеби грешам, можеби христијаните грешат, можеби сите грешиме и постои нешто сосема трето, или пак можеби никој не греши и постои се'. Ако се затвориме себеси и опседнеме со такви мисли, краткиот век на живот веќе ни поминал а сме заборавиле да живееме, туку сме го поминале времето преживувајќи. Бидете среќни и верувајте во што и да ќе одберете да верувате, се' дур го извлекува најдоброто од вас
Ова бројанкиве ми се најдобри, од двата табора (атеисти и верници (секакви)). Секој има причина зошто верува или не верува, е сега, има и доста лоши причини и за двете варијанти. Јас не верувам затоа што ми е исто како некој да ме тера да верувам во Дедо Мраз, на пример. Некој друг си има друга причина. Иначе, еден поздрав до збунетите ,,зошто атеистите пишуваат во Религија,, - затоа што таму е местото да пишуваат за атеизмот и/или религијата. Барем јас не гледам подфорум Атеизам. И нема потреба да има - се подразбира дека тука припраѓаат тие дискусии.
Остај ова шо видов карање у темава, туку мене не ми е јасно шо барат верници тука? Шо демек ако некоја тетка ме искара шо не верувам у Бог, јас автомацки ќе си променам мислењето и ќе си го пуштам мозоко на перење. Не, тоа е мое право, јас во шо сакам ќе верувам, шо сакам ќе правам, мој живот е. Многу малограѓански ми е тоа размислување. Ај сега како прво “не смееме“ да напишеме мислење во тема дека шо стрикно се дискутира за Бог и сите тие дузени дека е без врска според атеистите, дека мора да се најде некој шо ќе те искара или некој испад од некој “верник“ шо вреѓа и пустош праве по форумов за тоа дека атеист пишал пост под неа (прочитав и такви мислења, само не во оваа тема, ама има). И сега кога конечно има тема за атеистите да си даваат мислење за ралигијата, идат тетките и дотките у групичка и напаѓат се` шо ќе прокоментира контра нејзиното мислење. Зашо тоа се праве? Ама ај, ќе се искорене и тоа размислување еден ден.
11. Хумор тест - многу е полесно да се прават шеги за верници отколку за атеисти. Едвај чекам да чујам некој виц за атеисти што навистина може да ме насмее.[/QUOTE] Умрел Атеистот и заминал на другиот свет и Господ го прашува - Веруваш дека сега ме има? Атеистот- не верувам, сега знам
Неверување во Господ = ограничен резон на размислување и/или игноранција, немање доволно знаење, недоволно користење на дарбата памет. За да веруваш во него:
Понекогаш не се поднесува вистината, знам. Посебно не во денешно време кога бројот на книгите расте, а бројот на нивните читатели опаѓа. Затоа истражувај повеќе за да ја сфатиш смислата на животот. Peace
Е како која? Да веруваш во Господ! А, и да немаш орален секс. Ццц, ништо не си научила, џабе пишува дечково по форумов.
Не заклучив за тебе, туку на општо ниво. Општото опаѓање на знаењето е главната причина, меѓу другите минијатурни причини, за неверување во Господ, створителот на сето видливо и невидливо. Јас за себе ја знам смислата на животот, и после моето истражување на скоро сите монотеистички религии, се имам пронајдено во Исламот. Која е таа смисла, пронајди ја самата. Но ако мислиш дека смислата на животот е да се јаде, пие, врши нужда, искачање по дискотеки, имање уан најт станд и у сабајле да го прашуеш за името, да раѓаш, да остареш и да умреш, тогаш терај си така. Затоа треба да се мисли надвор од оваа ограничена кутија (to think out of the box) за да се сфати смислата на животот. Ова го пишувам за оние кои разбираат, секако.
Испаѓа ние атеистите си неаме појма од животов, и не знам од кај тоа нечитањето книги не' прави атеист. Ете јас не сум многу по читањето, повеќе сакам филмови и сум голем љубител на природните науки. И смислата на животот ја имам сфатено на многу други начини, не преку читање книги, уште помалку преку религијата.
Wow, и после моето гледиште на животот било ограничено. Не, не мислам дека нeшто од ова е смислата на животот, ама не мислам ни дека пронаоѓањето во некоја религија е смислата на животот. И читам доволно книги, така што задржи си ги твоите генерализации за себе. А кога сме веќе кај Ајнштајн: "I have repeatedly said that in my opinion the idea of a personal god is a childlike one. You may call me an agnostic."
Епа можеби токму од таа причина сум и атеист - не ми е јасно ништо за религијата, што е таа, зошто постои и за да не си ја мачам главата, не ја прифаќам. Марк Твен рекол - Не ме загрижуваат работите од Библијата кои не ги разбирам, туку оние кои ги разбирам. И освен тоа за смислата на живототјас би рекла е само да бидеш среќен и да се носиш со сите проблеми и страдања што не би го поврзала со религија.
Причини: 1. За да не бидам како форумскиот Петре. 2. За да не бидам ко дружево погоре шо замара за религија, у сите можни теми. 3. Види 1. 4. Види 2. Шала на страна, друже не го дрви веќе. Предосадно суштество си бил.