Не конвертирам јас никого тука, а и не ми е тоа интенцијата. Јас едноставно мои мислења изложувам. Кој сака нека прифати, кој сака не. А игнорантите секогаш ќе тролат тука. Не ми е проблем тоа мене. Па макар и сите до еден да се тролат на моја сметка, бидејќи за нешто што јас верувам дека е вистина, тоа го кажувам без разлика на СЕ. Тоа за мене претставува храброст. Јас многу полоши нешта сум поминал низ животот, ова за мене не е ниту мачја кашлица во смисла демотивација, бесмисленост за моето пишување во овој форум итн. Инаку не е добар начин на изразување, се сложувам. Но истотака и ти не можеш да ми кажуваш што да правам јас.
@Hindsighter ти си како нарачан на форумов за да правиш баланс изгледа, а? Како што одат атеисти по темиве за религија и се докажуваат во врска со тоа дека не постои Господ, заради космичка рамнотежа сега ти им навали тука да ги убедуваш дека има Господ, м?
@Hindsighter значи секој си има право да верува во тоа што сака, ама некој да ми вика дека јас сум нискоинтелгентна, немам везе од животов само затоа што сум атеист, стварно ме иритира. Ако сметаш дека со религијата се разбира смислата на животот и се ужива во него, земајќи во предвид дека за религијата војни се водат, стварно си за греота. Човек што доживеал и убави и неубави нешта, но со се се изборил, и е атеист може многу повеќе да ти кажува што е живот отколку некој такозвани верник, што религијата ја става дури и пред човечки живот.
Треба со неа да си ги споите вашите религии, и да го излечите светот од зло и глупи атеисти што немаат прочитано книга. Cuz fuck the peasants, you are a gift from god. ЗАЕДНО СТЕ ПОСИЛНИ
Еј чекајте малку, греота толку знаење,читање, да отиде за џабе. Признавам, ме мрзи да читам религиозни книги, не давам ни изговор, време имам ама ете, не ми е интересно. Друго си читам јас, 50 нијанси, зоки поки... Ако кажам дека сакам да немам забрани кога што да јадам, што да пијам, само јагнешко не јадам ако помага во одлука. Телово греота е да го покривам вклучувајки и косава. Да не морам да посетувам храмови, никогаш. Свеќи, клањање и ритуали да нема, и флаш мобоови како на Харе Кришна и рипање во замрзната вода. Да не мора да читам религиозни текстови, па баба ми била неписмена а религиозна, нека може и така. Да не се покорувам на маж. Почитувам граѓански закони,не крадам, не лажам(по малку само), не варам, не убивам. Ај друже избери ми една религија што би ми одговарала. Спаси ме.
Хммм... Јас пак мислев дека колку повеќе човек се едуцира, толку се поголеми шансите да ја отфрли религијата, поради нели логични причини (пример: немање доказ за постоењето на Бог). Кај тебе ова обратен процес да ти било. А да не зборам за сите нелогичности кои се напишани посебно во Коранот (не би сакала да ги навредам муслиманите, бидејќи нелогичности има и во библијата). И нормално не можам да одречам, дека може морал и нешто паметно да се извлече од религиите. Затоа велам, секој со својот интелект и капацитет. На некои им треба книга-водич, за да би знаеле кои морални вредности треба да се почитуваат и да се просветлат. Некои едноставно знаат. Еве јас читам книги, религиозни, спиритуални, атеистички. Пишувам докторат. Се едуцирам на други полиња кои што ме интересираат. Некако не спаѓам во оние неначитаните што се склони кон неморал и немаат поим од ништо, како што велиш ти Велиш „изборот на религијата што јас сум го направил“. Па така кажи. Тие пронајдените во други религии се уште пострашни од обичните верници. Прочитај и погледај нешто поразлично од Коранот. На пример: Richard Dawkins, Lawrence Krauss, Hitchens. Не ти викам да менуваш религија, туку само да го отвориш умот. Секое добро
Ако сака некој да биде атеист тоа е негов избор .Некои станале атеисти зошто поради религија се случиле многу лоши настани како крстоносни војни , инквизиција и т.н. .Според мене религијата не е лоша туку лошо е како некои луѓе ќе ја протолкуват
^Секако, се сложувам дека религијата, атеизмот, агностицизмот или што и да е, се и треба да бидат личен избор на секој човек. Но, не би се сложил дека луѓето станале атеисти затоа што религијата е одговорна за некои лоши работи во човековата историја, иако во нејзино име се направени доста страшни работи. Но, не би било праведно сето зло на светов да и го препишеме на религијата – двете светски војни, на пример, не биле предизвикани од религиозни причини, па сепак се едни од најголемите зла на човештвото. Едноставно, религијата (било која од нив) е премногу контрадикторна, полна со нелогичности и во спротивност со здравиот разум и со она што е научно докажан факт. Согласно ова, мислам дека тука лежат главните причини зошто некој е атеист или едноставно не верува во постоењето на Бог. Религијата сама по себе не е лоша, во право си, и главниот проблем се луѓето и нивното толкување на истата. Она што би можело да се каже дека е „лошо“ кај религијата е што не учи на верување во нешто без да бараме докази за истото и без да ни дозволи да бидеме скептични во однос на неа. Ако начинот на размислување кој ни го наметнува религијата почнеме да го применуваме и во останатите сфери на животот, тогаш претпоставувам дека тоа е лошото што произлегува од религијата.
хахах епа нз кој ја слика али сигурно не бог... а за облаците тоа се учи све у школо од што и како се составени.. не дек ја знам нешто биологија, само знаете што: порано лугето било прости па религијата им било единственото објаснување, сега има наука развиена технологија и вие пак причината ја наогате кај религијата. Религијата не е ништо само стара приказна во која сите веруваат.. можеби звучи смешно но ако верувате во религија тогаш според мене е мн логично да верувате и во самовили, волшебници итн.. исто ти е тоа.. имаше еден ко цитат на гугл: adults with imaginary friends are stupid.. замислени другарчиња ви се тоа боговите... некои од вас неуште веруваат дека кога господ се лути има земјотрес аам тоа се си е убаво објаснето во учебникот по географија уште во основно.. затоа размислувајте малце логички во овој свет има наука во науката се е објаснето ама религијата не е наука..