Може би, ако веруваат во Исус, Ким Јонг Ун и диктатурата што ја имаат ~*`*`*`МАГИЧНО*~*~*~ ќе исчезнат, само што се преглупи и неморални и не им текнува Кеј-поп да прават (како и невините Јужни корејци) камо ли да веруваат во Бог. Треба да ја побудиме свеста кај тој народ! За жал забранет им е и интернетот.
Come little darling, I will make you a rock star... сé што треба е, да ја предaдеш твојата душа на сатаната. Потоа,јас и ти ќе владееме со светот. Ти ќе бидеш мојот Хитлер, јас ќе бидам твојoт Сталин.
Интересно што ја спомна Северна Кореја; Кристофер Хиченс има направено одлична паралела помеѓу власта во Северна Кореја и организираната религија - сличностите се зачудувачки. Инаку, кога веќе сме кај слики со христијанска тематика - приказ на христијанските земји во Африка и земјите со најголем број на луѓе заболени од ХИВ: За разлика од Јужна Кореја, за што чисто се сомневам дека нејзиниот напредок се должи на христијанската вера, за бројот на заболени од ХИВ во Африка е барем делумно одговорна кампањата на католичката црква против користењето на кондоми.
Кој е тој толку паметен што ја отворил темава, сметам дека е за во канта. Аман бе, ме интересира колку од тие што ти ги прочитале причините да бидеш атеист, си ги сменил и си ги претворил во атеисти? Ако тоа ти била целта. Ако не, зошто си се мачел бе душичко да ги пишуваш глупавите причини на форумов? Сите имаме свест и секој си одбира дали ќе верува во Бог или не! Темава не врши буквално никаква функција на форумов, не е воопшто корисна во никој случај.
Верувањето дека ,,Живата материја може да настане од мртва'' е побиено со експериментите на Луј Пастер кој го оформил Законот на Биогенеза т.е ,,Живото настанува само од живо''.Такви експерименти направил и Франческо Реди и го докажал истото.
Не е грев да кажеш дека си атеист и да грешиш, грев е да се нарекуваш верник а да грешиш, да не знаеш ниту една молитва, да не го знаеш значението на сопствениот светец кој го славиш, да не постиш во среда и петок и да не набројувам. Не е доволно само да кажеш јас сум верник, за да бидеш верник треба многу да истражуваш и да живееш по божјите посланиј. Да славиш слава не е само да ти дојде дома друштво во миничи да се налокате и да се исполапати, туку основно е да знаете да се прекрстите и помолите. Одењето во црква не е само да отидеш кога ти е тешко и да мислиш деа бог е златна рипка, Да постиш во среда и петок не е само да не јадеш мрсно и да чекаш да се стемни за да се плеснеш со дечкоти, туку тие денови да ги поминеш во молитна и доближување кон бога. Не, јас не сум верник, јас сум обичен човек но ужасно ме нервираат луге кои што се квази, квази верници, квази интелектуалци....
E добро де. Ама биогенезата не ја побива еволуцијата. Како што и самиот постираш, станува збор за теорија развиена на база на експерименти, т.е. процедури со кратко траење во контролирани лабораториски услови. Еволуцијата е многу повеќе од тоа. А еволуцијата всушност се бави со развојот на едни форми на живот од други форми на живот, а не со настанувањето на најпрвата жива форма.
Атеистите не веруваат во бог и не ги интересира што пишува во библија ни куран, затоа и не е грев да они прават грев т.е да прават работи што се спротивни на библијата. Додека да тврдиш дека си верник а да правиш се спротивно на учењето во библијата и да не знаеш ниту една молитва е само по себе грев, затоа што се декларираш како верник. Незнам дали ме разбра но не е ни толку важно.
Ја побива со тоа што го побива прво самиот нејзин почеток.Да,ескперименти ама НАУЧНИ експерименти.Како може да се бавиме со Еволуција кога Живото настанува само од живо?
Те разбирам.Само ова како да го дефинираме,што прават сега ако не грев? Колатерална штета? Ме интересира како ќе го дефинираш ова НИВНИОТ ГРЕВ НЕ Е ГРЕВ.
Може би само не зависиме од гревовите и не веруваме во нив? Така да според атеистите никој не е грешен...