Te razbravme ima i takvi.Ama da ne sumljash deka nema i vistinski vernici.Gi ima i vo deneshninava,kako shto ja ima i blagodatta,a i chudata.
Да, но тоа н ги засега атеистите затоа што тие не веруваат во тоа што пишува во библијата. Исто како што некој верник од некоја друга религија верува во нешто друго а не во она што го пишува во библијата. Секоја религија вели дека само таа е единствена и исправна се друго е погрешно, ако е така тогаш сите се грешници. Многу едноставно, гревот е автосугестија и доколку веруваш во нешто и направиш нешто што се коси со тоа тогаш се јавува чувството на вина односно гревот. Затоа велам, јас како атеист мене не ме засегаат норми кои се косат со библијата или куранот, мене може да ме засегне единствено ао прекршам некоја човечка граѓанска норма и да поувствувам заради тоа грижа на совест. Апсолутно да и тие имаат целосен респект од моја страна, но верувам ќе се сложиш дека има многу и квази верници особено кај младава популација кои не почитуваат ниту една дрма од она што може да ги окарактеризира ако верници.
Еволуцијата воопшто НЕ се занимава со настанокот на најпрвото живо суштество, клетка, амеба, штоидае. Еволуцијата не тврди дека живото настанало од неживо, не знам од кај ти е тоа.
Да претпоставиме дека ова е точно. Сепак, постојат неколку проблеми со твоето претходно тврдење: 1. Биогенезата не ја побива еволуцијата. Настанокот на живиот свет и еволуцијата се два тотално различни поими, неврзани еден со друг. На еволуцијата не и е гајле дали животот настанал по пат на био- или абиогенеза. Битно е дека кога еднаш настанал, продолжил да се развива согласно принципите на еволуцијата и природната селекција. 2. Биогенезата не е никаков доказ за постоењето на Бог - напротив. Баш Бог е тој кој би можел да направи живот од нежива материја. А ако претпоставиме дека само од нешто живо (Бог) може да настане нешто друго живо (живиот свет), тогаш се наметнува прашањето од што настанал Бог? Ако твојот одговор е „Бог отсекогаш постоел“, јас ќе ти одговорам „Живиот свет отсекогаш постоел“ - и повторно, хипотезата за „биогенеза“ е сосема лесно остварлива, без потребата од постоење на Бог.
Значи Хитлер умрел со автосугестија дека ги направил најдобрите дела во историјата на човековата историја по принципот по сугестивно делење на тоа што е лошо а што добро... Интересно да ти кажам...
@HellAngel ај кога и ти и EvAngelos упорно тврдите дека не може животот сам од себе да настанал и дека живо од живо настанува кажете ми - Ако и Господ е "живо" и неккава интелигенција а и ние сме интелигнеција, тогаш кој го создал Бог?
Tochno e deka eden ist grev ima razlichna tezina.Kolku si poblisku do Boga i grevot poveke ke ti tezi. Ima mnogu mladi koi ne gi interesira,ama veruvaj ima i mladi koi si ziveat pobozno so blagodat. Ako si ateist tvoj izbor,samo znaj deka grevot bez ogled na tezinata sepak grev e,pa makar i neznaen grev da bide i sekoj za nego ke odgovara.
Не, всушност обратно е од тоа што мислиш. Секоја вера учи дека таа е најточна и најсвета, а секоја друга е грешна, вклучувајќи го и неверувањето. Што значи да, според религијата, сите други групи на луѓе што не ја следат, се грешници.
Биогенезата ја побива Еволуцијата во самата нејзина срж а тоа е постанокот на универзумот.Значи живата материја неможе да настане од мртва.Што значи ако неможе од мртва да настане тогаш мора од нешто живо а ако е живо тогаш единствено нешто што нас ние познато на луѓето е Бог.... Бог е вечно битие,зошто на нешто што е вечно му треба почеток и крај? Како живиот свет од секогаш да постои кога според Атеистичката Наука се настанало преку Биг Бенг пред 14 милијарди години.Значи има почеток а Бог нема. П.С за волја на вистината,најголемите светски научници биле Христијани.
Со човечки јазик кажано,Бог е минато,сегашност и иднина.Како што вели и тој самиот "Јас сум Алфа и Омега, почетокот и крајот, Кој е и Кој беше и Кој иде - Сèмоќниот“ од Откровението на Апостол Јован (стихови 1:8, 21:6, и 22 : 13). Бог е вечно Битие кое нема почеток и нема крај.Тој е едноставно над времето и простор и не е ограничен со нив.Во еден аквариум рибите имаат ограничен простор на движење и ограничен животен век(не знам точно колку живеат аквариумските риби).Човекот не е ограничен со просторот,може да се движи околу аквариумот,надвор од куќата,државата,планетата.Е сеа тој има просечен животен век а Бог нема.Тој е бесмртен. Вака некако изгледа тоа.
Сеа ќе следи прашањето како постојат моите родители, па баба ми, па ќе ми ја изнареди цела фамилија до 90то колено.
Со ова само покажуваш дека не знаеш што е еволуција. И јас, и други на темава ти укажавме дека настанокот на живиот свет е нешто тотално различно и неповрзано со еволуцијата. Еволуцијата воопшто не се занимава со тоа како настанал живиот свет, туку дава објаснување како се развивал и диверзифицирал. А ти у еволуција умеша уште и космологија и Big Bang. Каша-попара. Ако више ти се дискутира на тема еволуција, дај барем едуцирај се малце, прочитај нешто за неа, па да правиме муабет. Ако не - имаш милион теми за религија, па изложи си ги своите толкувања таму.
Ма фала богу што некој ме разбра конечно. Велам фала богу од навика а не затоа што чувствувам некаква благодарност кон бога да не се разбереме погрешно. Гревот е дискутабилна работа, ако е така тогаш зошто бог нема ист аршин за сите? Тоа и го реков. Затоа мој избор е науката а не религијата. Јас верувам во еволуцијата дека го создала човекот а не бог. Ако верувате во бога и во библијата прочитајте го стариот завет када изобилува со инцест, дали тоа значи дека подржувате инцест? Ако човекот настанал од Адам, а Ева од реброто на Адам и почнале да се парат мегусебно, зошто тогаш инцестот не е ок ако сите сме потомци на инцест?