1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини да се биде атеист

Дискусија во 'Религија' започната од Alchemist, 17 јули 2010.

  1. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Твоето не може да се нарече дискусија, во тоа е проблемот.
     
  2. Alchemist

    Alchemist Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    63

    Бог, земјата е преполна со паранормални појави, секое чудно откритие се тврди дека е изобилство од страна на Бог.

    Доколку се однесува до мене, да тврдам што е бог, ќе кажам дека е голема светлина со неограничена моќ, а не дедо со бела брада кој прави добри работи.
    Доколку неговата добрина беше таква, зошто во светот владеат немири?, зошто гинат невини луѓе?, зошто земјата е на чекор пред уништување?
     
  3. Alchemist

    Alchemist Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    63

    Треба да ја сватиш поентата на темата за подоцна да дискутираш, искажи што ти мислиш не copy-paste од нечиј пост.
     
  4. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Тоа беше мој пост во друга тема. Текстов го има во една книга со теолошка содржина. Кажав што мислам одма, само што ти не сакаш да одговориш на моите прашања.


    Знаеме дека се се стреми кон хаос,неред,бесконечна ентропија,како е тогаш можно во целиот свет од овој неред да стане "ред" (ова е во наводници поради фактот дека совршен ред НЕ постои) и тоа не е само една форма на "ред",туку повеќе варијации,кога тоа ги крши сите закони на физиката и хемијата ??? Ова е прашањето,а хипотезата е:Само нешто надприродно може да направи ред од АПСОЛУТЕН НЕРЕД !!! Е ова е тезата со која се побиваат сите научни тврдења за настанокот на светот !
    За тоа дека доколку Господ би постоел не би ги имало тие неправди неможам да објаснувам.
     
  5. Alchemist

    Alchemist Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    63
    Јас сум си јас, никој мене нема да ми кажува што да правам, имам здрав разум и сум доволно интелегентен да проценам што е правилно а што погрешно.

    За разлика од вас, не очекувам бог да ми купи алишта, да ми даде пари, да ми подготви јадење, едноставно така сум го сватил мојот живот, а мојот став не го менувам ни најмалце за нечиј тврдења.
     
  6. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Постои Пекол, Рај и она помеѓу пеколот и Рајот, тоа е овој свет.
    Овој свет не е рај , не е ни пекол, не е апсолутно лош, ниту апсолутно добар. Овој свет е и добар и лош , има и добро и зло.
    Ако вертикално ги поставиш имаш РАЈ- ЗЕМЈА (ОВОЈ СВЕТ)- ПЕКОЛ
    Ти си атеист, не веруваш во Бог ниту пак во делата на Бог ,значи не веруваш ни во Божја казна. Зошто тогаш оној кој те нервира , кој ти сторил нешто лошо не го однесеш во планина, никој нема да види, никој нема да знае , убиј го. Ако го убиеш ,нема Бог одма да ти врати, нема да те убие.
    Ама секогаш ќе знаеш дека не си сам , има нешто што постојано те следи и е во тебе, не е тоа Бог , тоа е твојата душа, која е дел од Бог, он ја поседувал, ја издвоил од себе и ти ја вдахнал, сите сме Божји чеда.
    Божјата казна и Божјата награда не стигаат на овој свет. Земјата е место каде душите престојуваат отелотворени, и според нивните постапки на овој свет, ќе отидат или во рајот или во пеколот. Ти ќе го убиеш човекот, ќе стане леш , ама душата нема да ја убиеш , туку ќе премине на другата страна исто како што лешот пак ќе постои како материја ама во друга форма.
     
  7. Alchemist

    Alchemist Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    63


    Значи, јас сум атеист но не сум Божји противник, не го мразам НИ најмалце, го сакам.

    Не ја сваќате поентата што сакам да ја изјаснам, едноставно овој живот го живеам јас, не очекувам никој да се грижи за мене, еве пример, - Седни на маса и речи, Господе гладна сум те молам дај ми нешто да јадам, или легни во кревет и речи денес не одам на работа верувам во Бог дека ќе ме оправда.

    - Можеби Бог е човекот кој сите нас не создал и нашата иднина е предвреме напишана, но свати дека животот тече како што ние ќе го градиме.
     
  8. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    E прочитав се. И господине што сакаш сега да направиш со ова? Како прво да ти кажам дека требало најпрвин да прочиташ правила па да отвараш тема. Темава е двојна. Kоментарите -> drugata-nauka/ateisti-t2286/#p105764
    И си кажа дека си атеист, добро.
    Е да те прашам сега јас. Па ти од каде знаеш дека Бог не постои? Да не случајно чекаш да ти се појави за да го видиш. Е неможе така. И самата религија вели дека треба да веруваш па ќе го спознаеш Бог. Ти си атеист-па нема.
    За да го сватиш Бог треба најпрвин да умееш да ги сфаќаш другите, бидејќи бог е семоќен и севишен. Ако можел да го создаде светот сигурно има идеи многу поголеми од твоите.
    За да успееш да го осетиш присуството на Бог треба да се познаваш самиот себеси. Бидејќи Бог е во секого од нас. Треба да погледнеш и во она духовното, а не да го гледаш само материјалното. Треба да имаш верба.
    Религиските догми не се во контрадикција со она што секојдневно ни се случува. Тебе со што те казнил Бог? И од каде си сигурен дека нема живот после смртта? Тогаш каде оди духот на луѓето после смртта?
    Тоа со јаболкото го покажува љубопитството кај луѓето и желбата да проба, да види се' што го опкружува.
    т.е. Љубопитноста ја убила мачката.
    Но, кога ќе успееш да се воздржи од определено задоволство си покажуваш себеси дека умееш да управуваш со самиот себе. Дека не секогаш се вспушташ во акција за да ја оствариш секоја своја желба и задоволиш своја потреба.
    Тоа со хумор тестот не ти било воопшто потребно, бидејќи со тоа ја повредуваш вербата на мнозинството од луѓето што не се атеисти. И го омаловажуваш Бог, кој иако не веруваш во него сигурно внимава и на тебе, бидејќи за Бог се сите еднакви.
    И за на крај да ти кажам дека можеш да си веруаш во што сакаш или пак да си останеш неутрален.
     
  9. Alchemist

    Alchemist Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    63

    Повторно ќе се најде некој умен член и ќе тврди дека јас го омаложувам бог, дека го мразам итн.

    Па дајте бе луѓе, размислете пред да напишите.
     
  10. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со тебе, од Бог не треба да бараш материјални нешта, тоа е погрешно .Бог е душата, а не материјата, од Бог може да бараш верба, истрајност, може да бараш сила да успееш во нешто, за материјата може само да му заблагодариш на Бог што ја донесол на овој свет и им оставил на луѓето да располагаат со неа.
     
  11. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    Добро, а знаеш што сакаш или не?
    Ние што сме верници, сигурно не чекаме да ни падни јадењето или парите од небо. И не се молиме за повеќе пари.
    Па тука на овој свет, сите се раѓаме, живееме определен период, достигнуваме успеси, падови, а со тоа повеќе искуство и што е најважно сите се трудиме да останеме забележани со нешто. И да животот тече како што ние го градиме, но кога се соочуваш со неуспех, не ти се случило ли побараш помош од некого. Нели си останал свесен и приземјен и не си ја изгубил вербата
     
  12. Alchemist

    Alchemist Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    63
    Конечно некој член да ја разбере поентата на мојот разговор.

    Јас сум благодарен на Бог што тој ми овозможил да живеам на овој свет, а понатамошниот живот ќе си го живеам лично за себе.
     
  13. Alchemist

    Alchemist Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    63
    Неколку души тврдевте дека Бог ќе се погрижи за вас и затоа дадов таков пример, моите приватни проблеми сум ги решавал со моите најблиски и пријатели, ни најмалку не сум се молел на Бога што јас сум неспособен и неможам да се справам со мојот личен проблем.
     
  14. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    Знаеш ли зошто гинат невини луѓе и светот е пред уништување. Бидејќи ние самите-луѓето сме виновни за тоа. Не размислуваме за нашите постапки, па најчесто се каеме и бараме прошка. А оние кои не веруваат во силата и постоењето на Бог, па тие се спремни да ги превземат тие чекори, да убиваат и да создаваат немири. А знаеш ли зошто? Бидејќи немаат совет која би ги гризела и не би можеле да спијат навечер поради тоа. А совеста и преставува нематеријалното во нас- душата. И немој ни случајно да помислиш дека ова со убијците се однесува за тебе како атеист или како неутрален како што самиот си се нарече. ;) И ова не значи дека и верниците не се спремни да направат злодело, само после имаат гриша на совест, кога си спомнуваат за божјата казна.
     
  15. Alchemist

    Alchemist Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    63
    Како што и самата спомена ние луѓето ги донесуваме тие погрешни чекори без разлика на верата и честа.
    Незначи дека доколку веруваш во Бога ќе бидиш цвеќе кое само ќе цвета и ќе биди пријатно за околината, се зависи од психата на човекот и неговото размислување.



    Се што сакам да кажам е, Бог ми даде живот, ќе го живеам според мој цели и стандарди, неочекувам Бог да ги донесува моите успеси.
     
  16. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Јас верувам во Бога, па не очекувам тој да ги донесува моите успеси. Како што самиот спомна, тој ни дал живот, а религијата никаде не учи дека треба да седиш со скрстени раце и да чекаш Бог да ги донесува твоите успеси.
     
  17. Alchemist

    Alchemist Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    63

    Вашата голема верба ве доведува до лудило, а штом и ти не чекаш Бог да ти ги донесува успесите и ти на некој начин си живееш за себе.

    Што тогаш имаш против моите размислувања и начинот на живеење? :x


    Бог те доведува на овој свет, репутацијата, падовите, успесите, си ги донесуваш самиот.
    Доволно е Бог да не се мрази.
     
  18. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    А бре според тебе, не треба да веруваме во Бог, само затоа што Бог препуштил сами да сев грижиме за себе, а? Е па тогаш значи тебе ти смета што тој не дреми по цел ден со тебе и не ти овозможува се што ќе посакаш. Мене така ми изгледа.
    Бог не створил, ни дал ум и разум, ни дал можности, фала богу треба сами да си ги оствариме. За мене е тоа доволно за да верувам. И тоа што јас не сум го запознала лично, не ми е воопшто неверно, најмногу го гледам тоа што кога навистина ми требала негова помош, сум ја добила. Ги слушнал моите молитви, ме извел на прав пат. Доволно.
     
  19. Alchemist

    Alchemist Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    63

    Како што самата кажуваш ни дал чист разум и можности, мене ништо повеќе не ми треба.

    Доколку ти се молиш за утре да грее сонце а да не врне дожд тоа е сосема друга работа.
     
  20. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Не се работи за преголема верба која доведува до лудило. Се работи за индивидуална перцепција на Бог .
    Божјите патишта не се јасни, тоа отвара простор за индивидуално перцепирање. Секој човек според својот ментален склоп и според животните околности си создава сопствена слика и логика за Бог.
    Едни сакајќи да го материјализираат велат дека тоа е сонцето , затоа што без него нема живот, други мислат дека е месечината затоа што ако не ја олади земјата пак ќе нема живот.
    Човековите сетила се ограничени, не може се да види, се да слушне , се да знае. Затоа секој бара начини да го доведе Бог до форма слична на својата ,така полесно ќе го перцепира.
    Од тука произлегува погрешното толкување на Божјата СЕМОЌ. Таа семоќ е на повисоко ниво од материјалното. Бог нема да ти купи компјутер и да те поврзе на нет , ниту да ти отвори профил на ФБ.
    Бог е создателот а двигателот, во овој живот ние сме двигатели на на нашите тела, на нашите мисли и само ние одговараме за нашите постапки.